TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Одложувањето на одлуката за статусот ја бранува косовската јавност

А1 - 09.06.2007

Одложувањето на одлуката за идниот статус на Косово ја бранува косовската јавност. Косово треба да прогласи независност, вториот ден по завршувањето на самитот Буш-Путин на почетокот на јули, е мислењето кое преовладува во приштинските медиуми.

Косово повеќе сака вето отколку нов „тајмаут“

Дневник - 09.06.2007

Замрзнувањето на процесот на гласање во Советот за безбедност, за косовските Албанци,е тревога дека решавањето на статусот на Косово ќе влезе во фаза на преговори за поделба Властите во Приштина повеќе сакаат да се соочат со вето од Русија и самите да прогласат независност на Косово отколку да го ...

Лидерите на Г- 8 да не ја изневерат довербата на Косовците

Утрински - 09.06.2007

Приштина - Косовскиот премиер Агим Чеку им порача вчера на западните земји „да не ја изневерат довербата“ на косовските Албанци за планот на Обединете нации за независност на покраината. Неговата изјава следуваше по објавување на предлогот што францускиот претседател Никола Саркози им го упати на ...

Сејдиу: Косово ќе бара алтернативен пат за независност

Макфакс - 09.06.2007

Приштина Косовските институции ќе бараат алтернатива за да добијат независност ако не успее предлогот на специјалниот претставник Марти Ахтисари. Ваква оценка дал косовскиот претседател Фатмир Сејдиу чија изјава денеска ја пренесоа електронските гласила во Приштина.

Јеремиќ:Србија е готова да понуди автономија за Косово

Макфакс - 09.06.2007

Атина Србија е готова да „склучи договор“ за идниот статус со покраината Косово предлагајќи автономија и самоуправа, за да се зачува стабилноста на Балканот. Ова денеска го изјави српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ, кој се наоѓа во официјална посета на Атина.

ООН: Русија отфрли уште една нацрт резолуција за Косово

Макфакс - 09.06.2007

Њујорк САД, Велика Британија и Франција ја претставија во Советот за безбедност на ООН, новата, четврта по ред, нацрт резолуција за Косово која Русија повторно ја отфрли, јавуваат светските агенции. Истите извори, повикувајќи се на дипломати, наведуваат дека во новата нацрт-резолуција експлицитно ...

Нема договор за Косово на самитот на Г-8

А1 - 08.06.2007

Нема договор за Косово, остануваат разликите меѓу Русија од една и САД и останатите земји на осумчлениот клуб најбогати земји од друга страна. Затоа барем засега американската резолуција за Косово нема да се најде пред Советот за безбедност на Обединетите Нации.

„Глас јавности“: Приштина најави дека ќе прогласи независност

А1 - 08.06.2007

Косовскиот Парламент подготвил нацрт-резолуција за прогласување независност на покраината, пишува денеска белградскиот весник „Глас јавности“, повикувајќи се на свои извори во Хајлигендам блиски до косовската Влада. „Се сметаше дека планот на Марти Ахтисари ќе помине.

„Глас јавности“: Приштина најави дека ќе прогласи независност

Канал5 - 08.06.2007

Косовскиот Парламент подготвил нацрт-резолуција за прогласување независност на покраината, пишува денеска белградскиот весник „Глас јавности“, повикувајќи се на свои извори во Хајлигендам блиски до косовската Влада. Белград, 8 јуни (МИА) - Косовскиот Парламент подготвил нацрт-резолуција за ...

Средба на министрите за внатрешни работи на Македонија и Косово

Макфакс - 08.06.2007

Скопје Делегации на министерствата за внатрешни работи на Македонија и на Косово денеска треба да се состанат во Скопје. Македонската министерка Гордана Јанкулоска и нејзиниот косовски колега Блерим Куќи, како што е најавено, ќе имаат најнапред кратка средба.

Белград од Атина бара поддршка за Косово

Макфакс - 08.06.2007

Атина Министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ, кој денеска ја започнува посетата на Атина, изјави дека очекува Грција да го поддржи ставот на Србија за „компромис” при решавањето на статусот на Косово. „Само компромис и прифатливо решение за двете страни за идниот статус на Косово би ...

Мисијата на САД во Косово го изработува новото косовско знаме

Макфакс - 08.06.2007

Приштина Американското биро во Приштина го подготви конечниот предлог за идното знаме на Косово, пренесуваат електронските медиуми во Косово. Предлогот за знамето се очекува денеска да биде предаден на косовскиот преговарачки тим.

Полициите на Македонија и Косово ќе се координираат против криминалот

Макфакс - 08.06.2007

Скопје Заеднички патроли на границите меѓу Македонија и Косово и серија други мерки против криминалот договорија на денешната средба во Скопје министрите за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и Блерим Куќи. Според Јанкуловска, двете Министерства ќе ја унапредуваат соработката во борбата против ...

Чеку: Одложувањето ќе предизвика растечко незадоволство

Макфакс - 08.06.2007

Приштина Западот да не ја “издава довербата“ на косовските Албанци, а секое одложување на косовското решение ќе предизвика растечко незадоволство. Ваква оценка денеска даде косовскиот премиер Агим Чеку по предлогот од Самитот на Г-8 за дополнителни шест месеци за разгледување на конечниот статус на ...

Г-8: Одложување на гласањето за Косово

Макфакс - 08.06.2007

Халигендам Големите сили на Самитот во Германија постигнаа договор за одложување на гласањето на резолуцијата за статусот на Косово во ООН. “Постигнавме договор одредено време резолуцијата да не се изнесува во ООН и заеднички да работиме на изнаоѓање решение“, јави агенцијата Ројтерс повикувајќи се ...

ЕУ денеска за Србија и Косово

Макфакс - 08.06.2007

Брисел Европската унија (ЕУ) денеска се очекува да го поздрави обновувањето на преговорите со Србија и да го охрабри Белград да „продолжи со силни реформи” и соработка со Хаг. „Советот на министри повторно истакнува дека иднината на Србија е во Европската унија и оти Унијата е решена да работи со ...

Одложено гласањето на резолуцијата за Косово во ОН

А1 - 07.06.2007

Европската Унија и Соединетите Американски Држави се договорија да го одложат гласањето на резолуцијата за Косово во Обединетите Нации до крајот на одржувањето на Г-8 самитот во Германија. Американскиот амбасадор при ОН Залмај Калилџад и германскиот амбасадор Томас Матушек, чија што земја ...

Русија стои цврсто зад Србија

Дневник - 07.06.2007

Русија вчера објави цврста солидарност со Србија во врска со Косово, што укажува дека Москва не отстапува ниту педа во очекуваниот судир со западните земји на самитот на осумте најразвиени земји, што се одржува во Германија. - Ја задржуваме цврстата солидарност со вас за прашањето за Косово.

Русија целосно солидарна со Србија за Косово

Утрински - 07.06.2007

МОСКВА - Русија е „цврсто солидарна“ со Србија околу прашањето за Косово, изјави вчера рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, пред новинарите во Москва. „Ние продолжуваме со енергичната солидарност со вас по прашањето околу Косово“, изјави Лавров пред средбата со српскиот министер за ...

ОН: Одложено гласањето на резолуцијата за Косово

Макфакс - 07.06.2007

Њујорк Европската унија(ЕУ) и Соединетите Американски Држави(САД) се договорија да го одложат гласањето на резолуцијата за Косово во Обединетите нации(ОН) до крајот на одржувањето на Г-8 самитот во Германија. Американскиот амбасадор при ОН Залмај Калилџад и германскиот амбасадор Томас Матушек, чија ...

ЕУ в понеделник за Србија и Косово

Макфакс - 07.06.2007

Брисел ЕУ в понеделник се очекува да го поздрави обновувањето на преговорите со Србија и да ја охрабри да „продолжи со силни реформи“ и хашка соработка. „Советот на министри повторно истакнува дека иднината на Србија е во Европската унија и оти Унијата е решена да работи со Србија на остварување на ...

Целосна поддршка за Србија

Вечер Прес - 07.06.2007

Русија во целост ја поддржува Србија за косовското прашање, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пред средбата во Москва со српскиот министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ. "Ги поддржуваме напорите на раководството на Србија за прашањата за решавање на сите задачи" - ...

За независно Косово може да се гласа секој ден

Време - 06.06.2007

САД НАЈАВИЈА РАЗВРСКА ВО СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОН САД најавија дека до крајот на неделава во Советот за безбедност на Обединетите нации ќе се гласа за новата резолуција за Косово, со која Косовците би можеле да прогласат независност, јави новинската агенција МИА.

Многу наскоро независност за Косово?

Утрински - 06.06.2007

ПРИШТИНА - Косово во понеделникот соопшти дека очекува „многу наскоро“ Обединетите нации да му одобрат независност од Србија, и ја повика Русија да се откаже од противењето на Нацрт-резолуцијата доставена до Советот за безбедност од страна на западните сили.

Тадиќ: Избори во Србија пред статусот на Косово

Макфакс - 06.06.2007

Белград Претседателските и локални избори во Србија би можеле да бидат спроведени уште во текот на месец октомври оваа година. Ова, како што јавуваат српските медиуми, денеска го соопштил српскиот претседател Борис Тадиќ, кој е и лидер на Демократската партија, за што ги известил и своите ...

САД - Косово нема да го дестабилизира Балканот

Макфакс - 06.06.2007

Вашингтон Американската Влада ги отфрли тврдењата дека независноста на Косово би било опасен преседан што би го дестабилизирало целиот Балкан. „Соединетите Американски држави сметаат дека Косово нема да претставува преседан, ниту за поширокиот регион, ниту за кое и да е друго место во светот ...

Русија солидарна со Србија за косовското прашање

Макфакс - 06.06.2007

Москва Русија денеска преку шефот на дипломатијата Сергеј Лавров ја повтори поддршката на Србија за прашањето за статусот на Косово. Русија, како и Србија, е против планот на Марти Ахтисари за независност на Косово и настојува продолжување на преговорите меѓу Белград и Приштина.

Русија: Не е закажано гласање во СБ за предлог-резолуцијата за Косово

Канал5 - 05.06.2007

Руските дипломати во Обединети нации синоќа ги демантираа најавите на САД дека до крајот на неделата ќе се гласа за новата резолуција за Косово, тврдејќи дека на последните консултации не станало збор за крајни рокови. Њујорк, 5 јуни (МИА) - Руските дипломати во Обединети нации синоќа ги демантираа ...

Соседска опомена

Утрински - 05.06.2007

Европа-Балкан ИВАН ТОРОВ Дали Македонија, заедно со Албанија, прва ќе ги почувствува "реципрочните мерки" на Србија ако го поддржи независно Косово? БЕЛГРАД - За српската дипломатија повеќе ни викендот не е светиња. Додека претседателот на Републиката, Борис Тадиќ, во друштво со Оли Рен во Хелсинки ...

СБ- трета предлог резолуција за Косово

Макфакс - 05.06.2007

Њујорк Експертски состанок на кој ќе се разгледува новата предлог-резолуција за Косово, денеска треба да одржат членките на Советот за безбедност. Најновата, трета нацрт резолуција за Косово, што ја поднесоа Соединетите Американски Држави(САД), Велика Британија и Франција, за прв пат беше ...

КФОР жестоко ќе реагира на немири

Макфакс - 05.06.2007

Брисел Војниците на НАТО на Косово жестоко ќе реагираат на било какви немири или провокации, соопшти денеска Алијансата. „НАТО нема да толерира било какви закани за безбедноста на Косово и ќе реагира брзо и одлучно”, се наведува во соопштението на министрите за одбрана на Алијансата.

МНР: Го поддржуваме планот на Ахтисари

Вест - 04.06.2007

СРПСКОТО МНР ПРОТЕСТИРА ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЛОШОСКИ ЗА КОСОВО Македонското Министерство за надворешни работи не добило реакција од српското Министерство за надворешни работи поради изјавата на министерот Антонио Милошоски во која се прејудицира конечниот статус на Косово.

Словачка и Словенија за усвојување резолуција за Косово во Советот за безбедност на ОН

Канал5 - 04.06.2007

Словачка ќе поддржи усвојување резолуција за статусот на Косово во Советот за безбедност на ОН, изјави синоќа словечкиот премиер Роберт Фицо, истакнувајќи дека неговата земја од резолуцијата очекува зачувување на интересите на Србија и што поголемо влијание на меѓународната заедница на ситуацијата ...

Србија упати протест до Скопје и до Тирана

Дневник - 04.06.2007

Србија „најостро протестира“ по повод изјавите на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Албанија, Антонио Милошоски и Луљзим Баша, во кои се прејудицира конечниот статус на Косово. - Со овие изјави се прејудицира конечниот статус на покраината Косово и Метохија, за што ќе се води дебата во ...

Милошоски однапред го одредува статусот на Косово

Утрински - 04.06.2007

БЕЛГРАД - Министерството за надворешни работи на Србија протестираше во врска со изјавата на шефовите на дипломатијата на Македонија и Албанија за Косово. Министерството протестираше поради изјавата на Антонио Милошоски и Луљзим Баша, за кои смета дека однапред го одредуваат конечниот статус на ...

Штајнмaер: Без скорешно решение за Косово во ООН

Макфакс - 04.06.2007

Брисел Нема изгледи за скорешно решение за Косово во Советот за безбедност (СБ), оценува шефот на германската дипломатија Френк-Валтер Штајнмaер. “Работата околу утврдување на статусот на Косово се уште не е завршена, но и натаму се надеваме дека новиот статус ќе се базира на планот на ...

Реџепи:Независност за Косово, автономија за северот на покраината

Макфакс - 04.06.2007

Приштина Косовското Собрание ќе прогласи независност, а суштинска автономија ќе биде понудена за северниот дел на покраината, изјави за српските медиуми бившиот косовски премиер Бајрам Реџепи. „Можеме да чекаме најмногу уште два-три месеца, а потоа, доколку Русија во Советот за безбедност на ...

КФОР на Косово 6 месеци по одредувањето на статусот

Макфакс - 04.06.2007

Приштина Претставниците на мировните сили на Косово КФОР ќе останат на Косово уште шест месеци по донесувањето на одлуката за конечниот статус. „КФОР ќе остане на Косово во преодниот период, со ист мандат, бројот на трупите и структурата. изјави Мајкл Кноп, претставник на КФОР.

Изјавите на Милошоски и Баша - можност за дестабилизација

Вечер Прес - 04.06.2007

Српското министерство за надворешни работи најостро реагира на изјавите на шефовите на дипломатиите на Македонија и Албанија, Антонио Милошоски и Љуљзим Баша, во врска со идниот статус на Косово, пренесува белградската новинска агенција БЕТА.