TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

„Банкерс петролеум“ ќе бара нафта, не кажува до кога

Време - 09.05.2006

ОВЧЕПОЛИЕТО ПОД ЛУПА Канадско-британската компанијата „Банкерс петролеум“ ќе ги истражува можностите за експлоатација на нафта во Македонија, договорија официјално вчера министерот за економија Фатмир Бесими и претставник на компанијата.

Банкерс петролеум ќе бара нафта во Македонија

Вест - 09.05.2006

Канадско-британската компанија од нафтениот бизнис, Банкерс петролеум ќе ги добие доверливите информации од Владата за можните наоѓалишта на нафта, и ако процени дека е економски исплатливо, ќе почне подетални истражувања. Вчера ова го договорија претставникот на Компанијата кој раководи со ...

„Банкерс петролеум“ верува дека во Македонија има нафта

Дневник - 09.05.2006

Канадско-британската компанија „Банкерс петролеум“ и Владата вчера потпишаа меморандум за соработка, која предвидува истражување на бушотините во Овче Поле за наоѓање нафта. - Пред да одлучиме што било, ќе ги погледнеме резултатите од истражувањата што се извршени досега.

Канаѓани по нафта во Македонија

Утрински - 09.05.2006

Фирмата "Банкерс петролеум° од Канада подготвена да инвестира во истражување на извори на нафта и гас во земјава Канадската компанија "Банкерс петролеум" е подготвена да инвестира средства во изнаоѓање извори на нафта и на природен гас во источна Македонија.

„Банкерс Петролеум“ ќе бара нафта во овчеполието

А1 - 08.05.2006

Канаѓаните од „Банкерс Петролеум“ дојдоа во Македонија за да проверат дали по Албанија, земјава ќе им стане следната бизнис дестинација. Ќе бараат нафта во овчеполието, ама не знаат кога. Со Министерот за економија се договорија прво да склучат преддоговор, па дури тогаш да почнат да копаат во ...

„Банкерс петролеум“ ќе бара нафта во Овчеполието

Време - 08.05.2006

КАНАЃАНИ ДОАЃААТ ВО МАКЕДОНИЈА Нафтената компанија „Банкерс петролеум“ сака да црпи нафта од Овчеполието, јавува интернет-порталот „Тотал“. Во Министерството за економија потврдија дека претставници на канадско-британската компанија во текот на неделава треба да се сретнат со Фатмир Бесими, ...

Нафтената компанија Банкерс Петроклеум дојде во Македонија

Канал5 - 08.05.2006

Британско- Канадската компанија Банкерс Петролеум дојде да преговара со Владата за можностите да бара нафта во земјава. Без конкретни понуди, проекти и детали првично од министерот Бесими ги побарале податоците за досегашните истражувања правени во земјава.

„Банкерс петролеум“ бара информации за нафта во Македонија

Дневник - 08.05.2006

Претставници на канадската компанија „Банкерс петролеум“ денеска треба да пристигнат во Македонија за да ги разгледаат можностите за експлоатација на нафта во Овче Поле. Предвидено е тие да се сретнат и со министерот за економија Фатмир Бесими, објави „Тотал“.