Најмалку 17 лица биле повредени во експлозија на автомобил-бомба на паркинг на универзитетски кампус во северниот шпански град Памплона. Шпанските власти соопштиле дека за нападот најверојатно стои сепаратистичката баскиска група ЕТА, јави АФП. Автомобилот-бомба бил паркиран во близината на главната зграда на универзитетот на Навара.
Најмалку 17 лица се полесно повредени при вчерашната експлозија на автомобил-бомба на паркингот на универзитетскиот кампус во северниот шпански град Памплона, јави АФП. Автомобилот-бомба бил паркиран во близина на главната зграда на Универзитетот од Навара.
Шпанската полиција уапси утринава четворица членови на баскиската сепаратистичка организација ЕТА. Кај нив биле пронајдени експлозиви, при што се осомничени дека се дел од група, која што подготвувала напад. Ова денеска го соопшти шпанскиот министер за внатрешни работи, Алфредо Перес Рубалкаба, кој истакна дека „акцијата била превентивна“.