TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Црвенковски го потпиша Законот за пратениците

Дневник - 01.10.2005

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ СЕ РЕШИ Претседателот Бранко Црвенковски вчера го потпиша указот за Законот за пратениците. Тој, иако не се согласува со одредбите на Законот, мораше да го потпише указот откако Собранието вторпат го изгласа истиот текст на Законот.

Црвенковски ги потпиша пратеничките привилегии

Време - 01.10.2005

И ПОКРАЈ РЕВОЛТОТ ВО ЈАВНОСТА, КОНТРОВЕРЗНИОТ ЗАКОН СТАПУВА ВО СИЛА Претседателот Бранко Црвенковски вчера го потпишал указот за прогласување на Законот за пратеници, бидејќи Собранието вторпат го усвои со повеќе од 61 глас. До вторник контроверзниот закон со кој пратениците си обезбедија одредени ...

Владејачките пратеници се поделија за пензионирањето

Утрински - 01.10.2005

СОБРАНИЕ Пратениците од владејачките партии СДСМ и ЛДП меѓу себе се поделија околу иницијативата за одложување на стартот за примена на новите услови за пензионирање, според кои вработените ќе се пензионираат само по основа на возраст од 62 години за жените и 64 за мажите, со минимум 15 години ...

Црвенковски потпиша за привилегиите на пратениците

Утрински - 01.10.2005

УКАЗ Шефот на државата, Бранко Црвенковски, вчера го потпиша указот на Законот за пратеници, со кој парламентарците си обезбедија бенефициран стаж откако по втор пат со огромно мнозинство беше изгласан во Собранието. Веднаш по репризното усвојување на Законот во парламентот, од Кабинетот на ...

Пратениците си делеа морални лекции за туѓите пензии

Дневник - 01.10.2005

ЖЕСТОКА ДЕБАТА ЗА СТАРИТЕ УСЛОВИ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ Пратениците имаат морална обврска да го поддржат законот со кој граѓаните и во идните две години ќе може да се пензионираат со 35 години стаж за жени и 40 години за мажи, бидејќи за себе си обезбедија бенифицирани услови за пензионирање, порачаа ...

Црвенковски го потпиша Указот на Законот за пратеници

Вечер Прес - 01.10.2005

Претседателот Бранко Црвенковски, вчера, го потпиша Указот на законот за пратеници, што народните избраници го донесоа пред три дена и покрај спротивставувањето на целокупната македонска јавност. Шефот на државата, како што наведуваат од неговиот кабинет, го стави парафот на Законот само поради ...

Бели тигри, вторпат

Вечер Прес - 01.10.2005

"Роди ме мајко со к'смет, да станам пратеник". Ова, веројатно, во идина ќе биде една од народните мудрости, произлезена од "мудрите" постапки на денешните народни избраници. А кој не би сакал бенефициран стаж, редовна плата, превоз, хранарина, дневници за службени патувања и за (не)присуство на ...

Црвенковски да не го потпишува Законот за пратениците

Дневник - 30.09.2005

ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ го повика претседателот Бранко Црвенковски да не го потпише Законот за пратениците и да го следи примерот на починатиот претседател Борис Трајковски, кој не потпиша сличен закон. - И покрај заканата од импичмент, Трајковски не се произнесе по сличен закон донесен од ...

Црвенковски да не го потпишува законот за пратеници

Време - 30.09.2005

ВМРО-ДПМНЕ АПЕЛИРА Претседателот Бранко Црвенковски да не се изјаснува за Законот за пратеници, следејќи го примерот на починатиот претседател Борис Трајковски, побара вчера ВМРО-ДПМНЕ. - Бидејќи во Уставот не е утврден рок за изјаснување во однос на потпишувањето на указот, сметаме дека ...

Пратенички привилегии за социјален бунт

Време - 30.09.2005

СИНДИКАТОТ КОНТРА НОВИОТ ЗАКОН Срамен, неетички, неморален и неуставен се епитетите со кои вчера Сојузот на синдикатите на Македонија го оцени новиот Закон за пратеници. Таков став вчера донел Советот на ССМ, кој смета дека одлуката на пратениците само ќе го разгневи народот.

Ќе работат како граѓани, ќе се пензионираат како богови

Време - 30.09.2005

ПРАТЕНИЧКИ РЕАКЦИИ На првиот парламентарец Љупчо Јордановски по завршувањето на овој мандат ќе му недостигаат уште две години за да може да замине во предвремена пензија, според условите од новиот Закон за пратеници. Сепак, тој вели дека не размислува за пензионирање.

Иницијатива пред Уставниот суд за оценување на Законот за пратеници

Утрински - 30.09.2005

ВМРО ДПМНЕ Скопје - Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе поведе иницијатива пред Уставниот суд за оценување на уставноста на Законот и ќе бара негово поништување доколку претседателот Бранко Црвенковски го потпише указот за прогласување на Законот за пратеници.

Пратениците алчни за пари

Дневник - 30.09.2005

ССМ Синдикатот вчера го осуди донесувањето на Законот за пратеници, со кој се зголемуваат привилегиите на народните претставници и смета дека не треба да се носи ваков закон, во период која економската и социјалната состојба во земјата е катастрофална.

Црвенковски да ги игнорира народните избраници

Вечер Прес - 30.09.2005

ВМРО-ДПМНЕ го повикува претседателот Бранко Црвенковски да не се произнесува по контроверзниот Закон за пратеници, со кој народните избраници си изгласаа поголеми привилегии, особено во делот на пензионирањето. "Сметаме дека Црвенковски, со оглед на фактот дека во Уставот не е утврден рок за ...

Привилегиите на парламентарците - цунами за власта

Вечер Прес - 30.09.2005

Одлуката на 75-те парламентарци да се изгласа Законот за пратеници со кој тие добиваат привилегирано пензионирање, за Сојузот на синдикатите на Македонија е срамна, неморална и противуставна и таа само ќе го разбуди гневот кај обичните граѓани.

ССМ: Законот за пратеници срамен и неморален

А1 - 29.09.2005

Изгласувањето на законот за пратеници е иницијална каписла за социјален бунт и граѓанско незадоволство, констатира Сојузот на синдикатите. Законот е донесен во несоодветно време, кога се кратат работничките права, социјалната помош, отпремнините.

Бранко го проголта Законот за пратеници

Вест - 29.09.2005

ОТКАКО НЕПОСЛУШНИТЕ ПРАТЕНИЦИ ПО ВТОР ПАТ СИ ГИ УСВОИЈА ПРИВИЛЕГИИТЕ Претседателот Бранко Црвенковски останува на ставот дека Законот за пратеници е неприфатлив, но нема намера да го оспори пред Уставниот суд Претседателот на државата останува на ставот дека Законот за пратеници, кој беше изгласан ...

На пратениците им се поважни привилегиите одошто мислењето на јавноста

Утрински - 29.09.2005

По репризното усвојување на Законот за пратеници со кој парламентарците си обезбедија бенефициран стаж Поповски: Парламентот одлучи спротивно на мислењето на Владата и на претседателот ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Шефот на државата, Бранко Црвенковски, иако не се согласува со Законот за пратеници, кој им ...

Пратеници, патеници, платеници...

Дневник - 29.09.2005

мариела траЈковска Пратениците очекувано и со големо мнозинство си ги потврдија веќе еднаш изгласаните привилегии и со тоа дефинитивно им дадоа до знаење на граѓаните што им помогнаа да седнат во собраниските фотелји, дека се "посебна сорта".

Пратениците најплатени пензионери

Дневник - 29.09.2005

СПОРЕД НОВИОТ ЗАКОН Пратениците ќе земаат околу 36.000 денари пензија, речиси 10.000 денари повеќе од највисоката пензија што се исплатува сега во земјава. Со новиот Закон за пратеници, кој беше усвоен завчера, пензијата на парламентарците ќе изнесува 80 отсто од просечната пратеничка плата ...

Пратениците си обезбедија предвремени пензии

Вечер Прес - 29.09.2005

Пратениците повторно си го изгласаа законот што им овозможува предвремена пензија со минимум 25 години работен стаж или 55 години старост. Со тоа, директно се спротивставија на одлуките на извршната власт и претседателот на државата, кои се изјаснија против законот.

Поповски: Владата ќе најде пари за пратениците

А1 - 28.09.2005

Владата ќе најде пари да ги исплати пратениците. За министерот за финансии Никола Поповски, тоа се само трошки во буџетот. „За вкупните финансии тоа се само ронки - повеќе за мене е моралното право да тоа се имплементира. Владата нема друг избор освен да го имплеметира тоа што ќе се објави во ...

Реакции за Закон за пратеници

Канал5 - 28.09.2005

Пратениците си обезбедија мирни пензионерски денови. Црвенковски сега е должен да го потпише указот за прогласување на законот. Поповски не се плаши од дополнителни давачки. Го доведува во прашање моралот на народните избраници срамота - велат граѓаните.

За две пратенички години - пензија од 600 евра

Време - 28.09.2005

СОБРАНИЕТО ПОСТАВИ НЕСЛАВЕН РЕКОРД Александра М. Митевска Пензија од околу 36 илјади или близу 600 евра ќе може да добијат сите пратеници кои најмалку две години биле професионално ангажирани во Собранието. Пратеничките ќе може да заминат во пензија откако ќе го прослават 53 роденден, а пратениците ...

Привилегиите поминаа како Устав

Време - 28.09.2005

КОГА ГЛАСААТ ЗА СЕБЕ НЕМА ПАРТИСКИ БОИ Без вообичаените проблеми со кворумот и меѓупартиски надмудрувања, пратениците завчера со респектабилно мнозинство го усвоија Законот со кој си ги потврдија привилегиите, наспроти ветото од шефот на државата и негативното мислење од Владата.

Пратенички машки се борат за пензискиот стаж

Дневник - 27.09.2005

ЗАКОНОТ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ ЈА ПОДЕЛИ СДСМ Законот за пензионирање со кој за одење во пензија ќе биде пресудна старосната граница ја подели пратеничката група на СДСМ. Дел од пратениците нема да го почитува партискиот став и на денешната собраниска седница ќе ја поддржи иницијативата уште две години да ...

Противењето за законот за пратеници е маркетинг

Вечер Прес - 27.09.2005

"Пратениците и претставниците на Владата, кои се против Законот за пратеници, се обидуваат да си направат само сопствен маркетинг и на најлош начин ги злоупотребуваат положбите и функциите", тврди професорот по европски студии на Штуловиот универзитет и поранешен пратеник, Назми Малиќи.