Бугарија двојно ги зголеми гарантираните штедни влогови. СофиЈа - Народното собрание вчера усвои закон со кој повеќе од двојно се зголемува вредноста на банкарските депозити што ги гарантира државата. Со ваквиот закон, усвоен како мерка за справување со последиците од глобалната финансиска криза, вредноста на гарантираните депозити од досегашните 20.000 евра се зголемува на 50.000 евра.
Промена на каматните стапки во Комерцијална. Приспособувајќи се на новонастанатите пазарни услови, а во пресрет на потребите и барањата на своите коминтенти, Комерцијална банка, почнувајќи од 1 ноември, ќе ги зголеми пасивните каматни стапки на депозитите на физички лица и тоа за денарско штедење до 9 отсто, а за девизно штедење во ЕУР до 5,50 проценти.
И покрај светската финансиска криза довербата во македонскиот банкарски систем постојано се зголемува. Од извештајот на НБРМ се дознава дека оваа година капиталот на банките е зголемен за 8 отсто а влоговите на физичките и правните лица се зголемени за 10 отсто. Банките за да се справат со финансиската криза во светот се одлучија да ги зголемат каматните стапки за денарските и девизните влогови.
Почнувајќи од 17 октомври ТТК Банка воведе ТОП Депозит за граѓаните со највисоки каматни стапки за денарски и девизни штедни влогови што досега граѓаните имаат добиено. Како што соопштуваат од Банката, промотивната акција на највисоки каматни стапки за штедни влогови започна на 17 октомври годинава и ќе трае до 17 ноември 2008 година.
Софија, 30 октомври (МИА) - Бугарското Народно собрание денеска усвои закон со кој повеќе од двојно се зголемува вредноста на банкарските депозити што ги гарантира државата. Со ваквиот закон, усвоен како мерка за справување со последиците од глобалната финансиска криза, вредноста на гарантираните депозити од досегашните 40 илјади лева (20 илјади евра) се зголемува на 100 илјади лева (50 илјади ...
Стевче Јакимовски Кога новите газди со свои пари отвораа банкротирани рудници и фабрики во црната и во обоената металургија, претставниците на власта во континуитет се фалеа дека тие ги отвориле овие капацитети. Па ќе ги видите како шетаат со бели шлемови на главата низ погоните опиени од виртуелниот занос на божемниот сопствен успех.
УНИ Банка денеска информираше дека ги подигнува годишните каматни стапки на штедење на 10 отсто за денарско и 6 отсто за девизно штедење и тоа на 13 месеци. Овој продукт се пласира на меѓународниот ден на штедењето 31 октомври, со цел промовирање на политиката на ...
Каде е дното на обезвреднување на компаниите, а со тоа и на капиталот во Македонија, што веќе силно се чувствува под ударот на светската финансиска криза? До кога ќе чека Владата да преземе конкретни чекори или барем со проактивен однос да ги смири граѓаните? На пример, да соопшти некои анализи и бројки и онака во нејзин стил, на групна министерска прес-конференција, да каже како кризата се ...
Каматите на кредитите ќе се зголемуваат. Банкарите во Македонија без оптимистички прогнози за поевтинување на кредитите, иако во Европа, каматите се намалуваат. Поскапувањето на капиталот, тренд што ќе продолжи најверојатно и догодина најмногу се правда со рестриктивната политика на Централната банка, но и со зголемувањето на каматите на штедните влогови.
СДСМ бара државна гаранција на влоговите до 50 илјади евра. Пратеничката група на СДСМ вчера поднесе до Собранието предлог- закон за измени и дополнување на Законот за Фондот за осигурување на депозитите. „Бараме државата наместо до 10 илјади евра банкарски влог на граѓаните сега да гарантира за влогови до 50 илјади евра“, изјави Цветанка Иванова од СДСМ.
Каматите на орочените штедни влогови ќе се оданочуваат од ...
Пратеничката група на СДСМ денеска до Собранието поднесе Предлог - закон за измени и дополнување на Законот за Фондот за осигурување на депозитите. “ Бараме државата наместо до 10 илјади евра банкарски влог на граѓаните сега да гарантира за влогови до 50-илјади евра.
Опозициската СДСМ поднесе предлог закон до Парламентот со кој се бара државата да им ги гарантира на граѓаните штедните влогови до 50 илјади евра. - Со овој предлог измени бараме државата наместо за 10 илјади евра банкарски долг на граѓаните, сега да гарантира за 50 илјдаи евра.