TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Фатен разбојник што нападна жена

Утрински - 12.01.2008

Фатен разбојник кој нападна и ограби жена во Радовиш. Тој околу два часот на булеварот „Александар Македонски“ ја пресретнал педесет и тригодишната струмичанка В.П. на која и удрил неколку тупаници и и' ја украл чантата. Полицијата неколку часа подоцна го привела разбојникот У.У.

Разбојништво врз жена

Вечер Прес - 12.01.2008

Триесет и тригодишен радовишанец е приведен откако вчераноќ извршил разбојништво врз сограѓанка. Разбојникот У.У. е фатен и против него полицијата поднесе кривична пријава за сторено разбојништво. Според пријавата на радовишката полиција, во петокот во 2,10 часот, во Радовиш на булевар "Александар ...

Осомничени тројца кумановци

Вест - 11.01.2008

СЕ ТРАГА ПО РАЗБОЈНИЦИТЕ КОИ НАПАДНАА МАЖ И ЖЕНА ВО ДРАЧЕВО Тројца кумановци се осомничени за разбојништвото врз брачната двојка Младен и Љуба Савевски, која пред два дена беше брутално претепана и ограбена во својата куќа во скопското село Драчево.

За крвнички пари, доживотна робија

Вечер Прес - 11.01.2008

За разбојништа кои со живот ги платија стари лица, неколкумина станаа доживотни станари на Идризово Старци и пензионери се почесто се жртви на грабежи на безмилосни насилници и разбојници. Сопружници, стари баби и дедовци крвнички тепани за пари се повеќе евидентираат во полициските билтени.

Баба и дедо брутално претепани и ограбени

Време - 10.01.2008

РАЗБОЈНИШТВО ВО СКОПСКО ДРАЧЕВО Тројца маскирани разбојници провалиле во семејна куќа, ги претепале седумдесет и петгодишниот сопственик и неговата сопруга, а потоа со селотејп-лента и телефонски кабел ги врзале за стол, пребарувале низ куќата и однеле околу 200.000 денари и 200 американски долари, ...

Претепани и ограбени сопружници во скопско Драчево

Дневник - 10.01.2008

Сопружници од скопското село Драчево биле брутално претепани и ограбени од тројца разбојници вчераутро, во нивната семејна куќа во селото, соопшти МВР. Станува збор за М.С.(75) и неговата сопруга Љ.С.(79), кои по разбојништвото биле однесени во Градската болница, од каде што, поради сериозноста на ...

Разбојници претепале и ограбиле брачна двојка

Вест - 10.01.2008

НАСИЛСТВО ВО КУЌА ВО СКОПСКОТО СЕЛО ДРАЧЕВО Три маскирани лица, со црни фантомки на главите, вчераутро во два часот, провалиле во куќа на улицата Сердарот во скопската населба Драчево. Ги претепале сопствениците на куќата М.С.(75) и неговата сопруга Љ.С.

Претепана и ограбена брачна двојка во Драчево

Утрински - 10.01.2008

Мажот и жената биле врзани и тепани додека не кажале каде ги чуваат парите Маскирани разбојници претепале и ограбиле брачна двојка во скопската населба Драчево. Тие им украле 200.000 денари и 200 американски долари откако претходно ги извлекле од брачниот кревет, ги тепале и малтретирале врзувајќи ...

Крвнички претепани и ограбени сопружници

Вечер Прес - 10.01.2008

Тројца маскирани разбојници, вчераноќ, крвнички ги претепале сопружниците Младен (73) и Љуба Савевски (79). Од семејната куќа се украдени 200 илјади денари и 200 американски долари. "Алфа ромео" со која разбојниците се превезувале удрила во ограда од мост, по што напаѓачите пеш побегнале Сопружници ...

Претепана и ограбена брачна двојка во Скопје

А1 - 09.01.2008

Младен и Љуба Савески синоќа биле брутално претепани и ограбени во својата семејна куќа во скопско Драчево. Разбојниците, старците ги нападнале околу 2 часот по полноќ, додека спиеле. Според полицијата, 75-годишниот Младен и неговата сопруга, 79-годишната Љуба, биле сами дома.

Претепани и ограбени завршија во болница

Канал5 - 09.01.2008

Малтретирани, истепани и ограбени двајца старци во Скопско Драчево. Ноќта околу 2 часот по полноќ тројца разбојници провалиле во куќата на брачниот пар Савески. Старците 75 годишниот Младен и неговата сопруга, 4 години постарата Љуба спиеле.

Претепана и ограбена постара брачна двојка

Макфакс - 09.01.2008

Скопје Возрасна брачна двојка од Скопје ноќеска била брутално претепана и ограбена во нивниот дом во населбата Драчево, од тројца маскирани лица. Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил околу 02,00 часот на улица „Сердарот“, кога маскираните разбојници со ...