TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Експлозија на бомба во Париз

Утрински - 07.12.2007

Париз - Експлозијата на бомба на четвртиот кат во зградата број 52 која се наоѓа на булеварот „Малзерб“ во VIII париски арондисман, усмрти едно и рани пет лица. Според првите информации од Префектурата на париската полиција, станува збор за атентат.

Бомба во Призрен

Дневник - 07.12.2007

Седум лица се ранети при експлозија прексиноќа во Призрен, во јужниот дел од Косово, соопшти локалната полиција. Еден од повредените е во критична состојба. Експлозијата одекнала во клуб за кој се смета дека бил центар за проституција и шверц на луѓе.

Уапсен осомничен за експлозијата во Париз

Макфакс - 07.12.2007

Париз Уапсено е едно лице осомничено за пакетот – бомба што вчера експлодираше во зграда во елитниот дел на Париз, при што загина едно лице, а други пет беа ранети. Ова денеска го соопшти претставник на француската полиција, од каде истакнаа дека уапсениот маж е архитект кој во минатото ...

Еден загинат при експлозија на бомба во Париз

А1 - 06.12.2007

Едно лице загина, а пет други се повредени денеска при експлозија на пакет-бомба во Париз. Како што јави „Франс-прес“, еден од повредените се наоѓа во критична состојба. Експлозијата се случила во зграда каде се сместени повеќе адвокатски канцеларии.

Експлозија во Париз – еден загинат

Макфакс - 06.12.2007

Париз Најмалку едно лице загина, а пет се ранети во експлозија што денеска се случи во зградата, во која е сместена поранешната адвокатска канцеларија на францускиот претседател Николас Саркози во Париз. Жртвата била секретарка во една од адвокатските канцеларии во елитниот дел на градот.

Седум повредени во експлозија во јавна куќа

Утрински - 04.12.2007

Седум лица се повредени, од кои едно тешко, во експлозија што во неделата вечер се случи во Призрен, Косово. Како што изјави командантот на регионалната Косовска полициска служба, Неџми Красниќи, меѓу повредените се и по една државјанка на Бугарија и на Албанија.

Седум лица ранети во експлозија во Призрен

Макфакс - 03.12.2007

Призрен Седум лица се ранети ноќеска во една кафеана во Призрен, во експлозија на бомба, при што едно лице се наоѓа во животна опасност, соопшти локалната полиција. Командантот на регионалната косовска полициска служба, Неџми Красниќи потврди дека меѓу повредените има една бугарска и една албанска ...