TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Спасени 11 кинески рудари затрупани пет дена

А1 - 09.12.2007

Локалните власти во северна Кина денеска успеаја да ги спасат сите 11 рудари кои повеќе од пет дена поминаа затрупани во рудник за железо. Сите рудари, кои работеле во приватен рудник во Ченгде, северно од Пекинг, се во стабилна состојба и сместени се во локалната болница.

Расте бројот на жртвите во кинескиот рудник

А1 - 07.12.2007

Бројот на жртвите од вчерашната експлозија на гас во рудник за јаглен во близина на градот Линфен во северната кинеска провинција Шанси се искачи на 105, откако денеска од окното беа извлечени уште 26 тела, јави кинеската новинска агенција Ксинхуа.

Стотина жртви во јагленокоп во Кина

Дневник - 07.12.2007

Најмалку 96 рудари загинаа при експлозија на гас во јегленокоп вчера во Кина, јави МИА. Бројот на загинати може да биде уште поголем, бидејќи локалните власти немаа прецизни податоци колку луѓе имало во рудникот Линфен кога одекнала експлозијата.

Расте бројот на жртвите од експлозијата во кинескиот рудник за јаглен

Канал5 - 07.12.2007

Бројот на жртвите од вчерашната експлозија на гас во рудник за јаглен во близина на градот Линфен во северната кинеска провинција Шанси се искачи на 105, откако денеска од окното беа извлечени уште 26 тела, јави кинеската новинска агенција Ксинхуа.

Загинаа 105 кинески рудари

Макфакс - 07.12.2007

Пекинг Вкупно 105 рудари загинаа во Кина при експлозија во јагленокоп на северниот дел од земјата, пренесуваат медиумите. Инцидентот се случи вчера наутро, но спасувачките екипи постојано наоѓаат нови трупови. Во моментот на експлозијата во рудникот имало најмалку 120 рудари.

Загинале 100-тина рудари?

Вечер Прес - 07.12.2007

Се стравува дека над 96 лица загинале при експлозија во рудник за јаглен во близина на градот Линфан, провинцијата Шенси, соопшти кинеската државна телевизија. Претходно властите известија дека загинале над 70 рудари, додека судбината на останатите во окното е неизвесна.

Уапсени 33 лица за експлозијата во рудникот

Макфакс - 07.12.2007

Пекинг Уапсени се 33 лица осомничени за експлозијата што вчера утрото се случи во рудник во северна Кина каде загинаа најмалку 105 лица, јавија локалните медиуми. „Полицијата уапси 33 лица и доби наредба да го уапси и сопственикот на рудникот што се наоѓа во близина на градот Хунтун во северната ...

90-тина загинати во експлозија во рудник во Кина

А1 - 06.12.2007

Бројот на загинатите рудари во Кина во експлозијата на гас во еден рудник за јаглен се искачи на 96, но се стравува дека таа бројка може да биде поголема, јави агенцијата Синхуа. Локалните власти се уште немаат податок колку точно рудари се нашле во времето на несреќата во рудникот Линфен.

Најмалку 40 загинати во рудник во Кина

Макфакс - 06.12.2007

Пекинг Најмалку 40 лица загинаа, а 74 се сметаат за исчезнати по експлозијата што изутрината се случи во рудник за јаглен во Кина. Инцидентот се случил во општината Хунтун во северната провинција Шанси, која што се смета за најголем производител на јаглен.

Најмалку 90 загинати во јагленокоп во Кина

Макфакс - 06.12.2007

Пекинг Бројот на загинатите рудари во Кина во експлозијата на гас во еден рудник за јаглен се искачи на 96, но се стравува дека таа бројка може да биде поголема, јави агенцијата Синхуа. Локалните власти се уште немаат податок колку точно рудари се нашле во времето на несреќата во рудникот Линфен.

Петмина загинати во рудникот „Засјадко“

Време - 04.12.2007

ТРЕТА НЕСРЕЌА ЗА ПЕТНАЕСЕТ ДЕНА Во експлозија на метан во украинскиот рудник за јаглен „Засјадко“ во областа Доњецк загинаа пет спасувачи. Во инцидентот биле повредени уште 22 рудари и 33 спасувачи, пренесе МИА. Во моментот на експлозијата во рудникот работеле 231 лице, од кои 195 припадници на ...

Петмина загинати во рудник во Украина

А1 - 03.12.2007

Според најновиот биланс, во синоќешната експлозија на метан во рудникот за јаглен Засјадко во Доњецката област во Украина, загинаа петмина спасувачи, а 22 рудари и 33 спасувачи се повредени, соопшти прес-службата на обласната администрација.

Најмалку 18 загинати во експлозија на рудник во Кина

Макфакс - 03.12.2007

Пекинг Најмалку 18 рудари загинаа, а 43 се исчезнати во денешната експлозија на рудник на јаглен во југозападна Кина, соопштија локалните власти. Кинеската рударска индустрија е најсмртоносна на светот. Само во првото полугодие годинава во 1.320 инциденти загинаа 2.163 рудари.