Преговорите за децентрализација меѓу владеачките партии најверојатно ќе продолжат в понеделник, најави попладнево во Богданци премиерот Хари Костов. Тој додаде оти и понатаму остануваат спорни прашањата за поделбата на Скопје, Кичево и Струга, како и некои ситни забелешки што се однесуваат на ...
Во договарањето на битни прашања за државата како што е пакетот закони за децентрализација не треба да учествуваат само партиите на власт туку и опозицијата смета ДПА. „Ваквите закони по правило се носат многу ретко и не треба да се носат без учество на опозицијата“, рече Имер Селмани.
Кога СДСМ и ЛДП нудат двојазичност за Скопје, а ДУИ размислува за етничка доминација Кризата во преговорите на коалициските партнери за трите клучни закони од децентрализацискиот пакет не претставува сериозна опасност од испуштање на терминот за локалните избори, тврдат партиски извори.
Парализираните преговори на коалициските партнери за децентрализацијата го доведуваат во прашање одржувањето на локалните избори Преговорите на коалициските партнери за клучните закони од децентрализацискиот пакет се парализирани и извесно е дека во финалното кроење на општинските меѓи во ...
ПЕТЕРСЕН Парламентарната група на ВМРО е разединета. Се прашувам со кого би можела власта да седне на маса и да разговарате за законите за децентрализација Не сум многу загрижен дали опозицијата ќе гласа против законите кои се дел од пакетот за децентрализација, но многу сум загрижен од ситуација ...
Сунчица Стојановска Децентрализацијата повторно заглави во политичките калкулации меѓу коалициските партнери. Граѓаните пак станаа бројки и проценти со кои партнерите во власта калкулираат за да се добие формула што ќе ги задоволи и барањето на ДУИ за двојазично Скопје и условот на СДСМ Ахмети да ...
ДВОЈАЗИЧНОСТА НА ГЛАВНИОТ ГРАД ВО ИЗБОРНИТЕ МАТЕМАТИКИ НА СДСМ И ДУИ Во СДСМ процениле дека дури и со спојувањето на селските општини кон Скопје, со што главниот град ќе стане двојазичен, имаат големи изгледи да победат на изборите во Центар, Карпош, Ѓорче Петров, во Кисела Вода и Нема преговори ...
„ПУКНА ТИКВАТА“ МЕЃУ КОАЛИЦИСКИТЕ ПАРТНЕРИ Сунчица Стојановска Кавгата за територијалната поделба може да го загрози опстанокот на коалицијата на СДСМ, ЛДП и ДУИ. Бидејќи е нарушена и нормалната комуникација меѓу преговарачите, неизвесно е кога ќе продолжат блокираните преговори за спорните точки ...
ДУИ не попуштаат за Струга и Кичево и инсистира за двојазично Скопје, опција која станува реалност само со припојување на Сарај и Кондово кон главниот град затоа што само со тој начин се обезбедува застапеноста на Албанците со над 20 %.
Законите за децентрализација се клучен дел од Рамковниот договор и прв приоритет треба да биде владините партнери што побргу да постигнат договор, а потоа Собранието да ги усвои навреме, велат во претставништвото на ЕУ во Македонија.
Кабинетот на Костов вчера доцна попладне расправаше за локалните реформи низ 22 парцијални закони Законите за територијално организирање, за градот Скопје и за финансиската децентрализација одложени на неодредено време КАТИЦА ЧАНГОВА Кабинетот на Хари Костов, вчера доцна попладне, отвори расправа ...
ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА Партиите на власт го договориле финансирањето на општините, но не и територијалната карта, поради инсистирањето на ДУИ за промена на етничката структура на Струга и Кичево и за двојазичност во Скопје, велат партиски извори.
ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈАТА БЛОКИРАНА Коалиционите партнери СДСМ и ДУИ се скараа околу тоа како да се постигне албанскиот јазик да биде втор официјален во Скопје Блокирани се разговорите меѓу владините партнери за постигнување договор за законите за децентрализација.
ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈАТА ВО ЌОР-СОКАК Коалициските партии ги замрзнаа преговорите за територијалната поделба и таа сега е во ќор-сокак поради разликите за статусот на Скопје, Кичево и на Струга. ДУИ инсистира на двојазично Скопје и на нови меѓи на Кичево и Струга, со кои тие општини ќе имаат доминантно ...
Евентуалното припојување на Кондово, Сарај или Арачиново кон Скопје, ќе значи двојазичност на главниот град, зашто во ваков случај албанската заедница во Скопје од сегашните 15% ќе се зголеми на над 20%. Ова го потврдува и професорот Поповски кој како советник на поранешниот шеф на државата, ...
Владата денеска ќе го разгледува пакетот од над 20 закони кои се однесуваат на трансферот на надлежностите од централно на локално ниво. Законите за територијалната организација и за градот Скопје нема да се најдат на денешната владина седница, откако и на вчерашната трета рунда од преговорите меѓу ...
ИТНА СРЕДБА ЦРВЕНКОВСКИ - АХМЕТИ Старо-нова карта за двојазично Скопје - со спојување на Сарај, Кондово, Студеничани и Арачиново се добива над 20-процентна застапеност на Албанците Претседателот на државата Бранко Црвенковски вчера имаше итна средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети, на која единствена ...
ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА Лидерот на ДУИ вчера пред продолжувањето на преговорите се сретнал со претседателот Црвенковски, кому му ги повторил позициите на партијата Во границите на Скопје да влезат Кондово, Сарај, Матка и Рашче, со што главниот град станува двојазичен, а Струга и Кичево да останат со ...
„ТРЕТА СРЕЌА“ ЗА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈАТА Сунчица Стојановска Демократската унија за интеграција (ДУИ) нема да отстапи од барањето албанскиот јазик да биде во службена употреба во Скопје - ова е ставот што го зазеде претседателството на партијата по состанокот што беше одржан вчеравечер.
СДСМ, ЛДП и ДУИ влегоа во ќор-сокак кроејќи ја територијалната карта на Република Македонија Коалициските партнери во власта на вчерашната средба во Владата не нашле заеднички јазик за општинските меѓи и за градот Скопје. Преговарачките тимови на СДСМ, ЛДП и ДУИ, кроејќи ја територијалната карта на ...
Коалиционите владини партнери и денеска не постигна договор за територијалната поделба, за Скопје и за финансирање на општините. Овие три клучни закони од пакетот за децентрализација утре нема да се најдат ниту на владината седница.
МАКЕДОНИЈА СО 77 ОПШТИНИ Сунчица Стојановска Новата територијална карта на државата ќе има 77 општини, од кои девет во Скопје. Тоа се шест општини повеќе од првично предложените 71. Границите на Струга и Кичево ќе се променат во корист на албанското население.
Коалициските партнери СДСМ, ЛДП и ДУИ заглавија во преговори за пакетот децентрализациски закони И покрај тешкотиите во преговорите не се отстапува од замислата, в среда, на посебна владина седница да бидат визирани сите 29 закони поврзани со локалните реформи КАТИЦА ЧАНГОВА Омеѓувањето на ...
децентрализациЈа Законската основа да се протне двојазично Скопје, без притоа да се прошират границите на метрополата, е главниот проблем со кој се соочуваат коалициските партнери во кроењето на територијалната карта. Неофицијално дознаваме дека ДУИ по секоја цена бара Скопје да стане двојазично, а ...
Со оглед на тоа дека денеска средбата во Владата траеше доста кусо по однос на она што се случуваше вчера цел ден, информациите кои ги имаме не говорат дека има некаков договор, но сепак се дознава дека има прегрупирање на ставовите.
Меѓупартиски консултации за децентрализациските закони пред владиното усвојување Премиерот Хари Костов, министрите за локална самоуправа и за финансии, Александар Гештаковски и Никола Поповски, и партиските врвови на коалициските партнери од власта вчера во Владата одржаа состанок за усогласување ...