TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Преговорите за децентрализација ќе продолжат в понеделник

А1 - 12.06.2004

Преговорите за децентрализација меѓу владеачките партии најверојатно ќе продолжат в понеделник, најави попладнево во Богданци премиерот Хари Костов. Тој додаде оти и понатаму остануваат спорни прашањата за поделбата на Скопје, Кичево и Струга, како и некои ситни забелешки што се однесуваат на ...

ДПА: „Во преговорите за децентрализација треба да учествува и опозицијата“

А1 - 12.06.2004

Во договарањето на битни прашања за државата како што е пакетот закони за децентрализација не треба да учествуваат само партиите на власт туку и опозицијата смета ДПА. „Ваквите закони по правило се носат многу ретко и не треба да се носат без учество на опозицијата“, рече Имер Селмани.

Коалициска криза - блеф пред компромисот

Утрински - 12.06.2004

Кога СДСМ и ЛДП нудат двојазичност за Скопје, а ДУИ размислува за етничка доминација Кризата во преговорите на коалициските партнери за трите клучни закони од децентрализацискиот пакет не претставува сериозна опасност од испуштање на терминот за локалните избори, тврдат партиски извори.

Олеснувачи и за општинските меѓи?

Утрински - 11.06.2004

Парализираните преговори на коалициските партнери за децентрализацијата го доведуваат во прашање одржувањето на локалните избори Преговорите на коалициските партнери за клучните закони од децентрализацискиот пакет се парализирани и извесно е дека во финалното кроење на општинските меѓи во ...

Загрижен сум кога нема дијалог за прашањата

Утрински - 11.06.2004

ПЕТЕРСЕН Парламентарната група на ВМРО е разединета. Се прашувам со кого би можела власта да седне на маса и да разговарате за законите за децентрализација Не сум многу загрижен дали опозицијата ќе гласа против законите кои се дел од пакетот за децентрализација, но многу сум загрижен од ситуација ...

Територијалната заглави во рамковниот

Време - 11.06.2004

Сунчица Стојановска Децентрализацијата повторно заглави во политичките калкулации меѓу коалициските партнери. Граѓаните пак станаа бројки и проценти со кои партнерите во власта калкулираат за да се добие формула што ќе ги задоволи и барањето на ДУИ за двојазично Скопје и условот на СДСМ Ахмети да ...

Пазар за двојна победа на локалните избори

Вест - 11.06.2004

ДВОЈАЗИЧНОСТА НА ГЛАВНИОТ ГРАД ВО ИЗБОРНИТЕ МАТЕМАТИКИ НА СДСМ И ДУИ Во СДСМ процениле дека дури и со спојувањето на селските општини кон Скопје, со што главниот град ќе стане двојазичен, имаат големи изгледи да победат на изборите во Центар, Карпош, Ѓорче Петров, во Кисела Вода и Нема преговори ...

Странци ќе ги приближуваат СДСМ и ДУИ

Време - 11.06.2004

„ПУКНА ТИКВАТА“ МЕЃУ КОАЛИЦИСКИТЕ ПАРТНЕРИ Сунчица Стојановска Кавгата за територијалната поделба може да го загрози опстанокот на коалицијата на СДСМ, ЛДП и ДУИ. Бидејќи е нарушена и нормалната комуникација меѓу преговарачите, неизвесно е кога ќе продолжат блокираните преговори за спорните точки ...

Двојазично Скопје само ако се припојат Сарај и Кондово

А1 - 10.06.2004

ДУИ не попуштаат за Струга и Кичево и инсистира за двојазично Скопје, опција која станува реалност само со припојување на Сарај и Кондово кон главниот град затоа што само со тој начин се обезбедува застапеноста на Албанците со над 20 %.

ЕУ повикува на побрз компромис за децентрализацијата

А1 - 10.06.2004

Законите за децентрализација се клучен дел од Рамковниот договор и прв приоритет треба да биде владините партнери што побргу да постигнат договор, а потоа Собранието да ги усвои навреме, велат во претставништвото на ЕУ во Македонија.

Владата ја отвори децентрализацијата без клучните закони

Утрински - 10.06.2004

Кабинетот на Костов вчера доцна попладне расправаше за локалните реформи низ 22 парцијални закони Законите за територијално организирање, за градот Скопје и за финансиската децентрализација одложени на неодредено време КАТИЦА ЧАНГОВА Кабинетот на Хари Костов, вчера доцна попладне, отвори расправа ...

Договорено финансирањето, преговорите продолжуваат

Време - 10.06.2004

ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА Партиите на власт го договориле финансирањето на општините, но не и територијалната карта, поради инсистирањето на ДУИ за промена на етничката структура на Струга и Кичево и за двојазичност во Скопје, велат партиски извори.

Битка за Скопје

Вест - 10.06.2004

ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈАТА БЛОКИРАНА Коалиционите партнери СДСМ и ДУИ се скараа околу тоа како да се постигне албанскиот јазик да биде втор официјален во Скопје Блокирани се разговорите меѓу владините партнери за постигнување договор за законите за децентрализација.

Скопје ги скара СДСМ и ДУИ

Дневник - 10.06.2004

ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈАТА ВО ЌОР-СОКАК Коалициските партии ги замрзнаа преговорите за територијалната поделба и таа сега е во ќор-сокак поради разликите за статусот на Скопје, Кичево и на Струга. ДУИ инсистира на двојазично Скопје и на нови меѓи на Кичево и Струга, со кои тие општини ќе имаат доминантно ...

Припојување на Кондово, Сарај или Арачиново - двојазичност на Скопје

А1 - 09.06.2004

Евентуалното припојување на Кондово, Сарај или Арачиново кон Скопје, ќе значи двојазичност на главниот град, зашто во ваков случај албанската заедница во Скопје од сегашните 15% ќе се зголеми на над 20%. Ова го потврдува и професорот Поповски кој како советник на поранешниот шеф на државата, ...

Владата го разгледува пакетот закони за децентрализација

А1 - 09.06.2004

Владата денеска ќе го разгледува пакетот од над 20 закони кои се однесуваат на трансферот на надлежностите од централно на локално ниво. Законите за територијалната организација и за градот Скопје нема да се најдат на денешната владина седница, откако и на вчерашната трета рунда од преговорите меѓу ...

ДУИ бара во Скопје да се вратат сите села

Вест - 09.06.2004

ИТНА СРЕДБА ЦРВЕНКОВСКИ - АХМЕТИ Старо-нова карта за двојазично Скопје - со спојување на Сарај, Кондово, Студеничани и Арачиново се добива над 20-процентна застапеност на Албанците Претседателот на државата Бранко Црвенковски вчера имаше итна средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети, на која единствена ...

Скопје ќе ги реши Кичево и Струга?

Дневник - 09.06.2004

ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА Лидерот на ДУИ вчера пред продолжувањето на преговорите се сретнал со претседателот Црвенковски, кому му ги повторил позициите на партијата Во границите на Скопје да влезат Кондово, Сарај, Матка и Рашче, со што главниот град станува двојазичен, а Струга и Кичево да останат со ...

ДУИ инсистира на двојазично Скопје

Време - 09.06.2004

„ТРЕТА СРЕЌА“ ЗА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈАТА Сунчица Стојановска Демократската унија за интеграција (ДУИ) нема да отстапи од барањето албанскиот јазик да биде во службена употреба во Скопје - ова е ставот што го зазеде претседателството на партијата по состанокот што беше одржан вчеравечер.

Преговорите запнаа за двојазично Скопје

Утрински - 09.06.2004

СДСМ, ЛДП и ДУИ влегоа во ќор-сокак кроејќи ја територијалната карта на Република Македонија Коалициските партнери во власта на вчерашната средба во Владата не нашле заеднички јазик за општинските меѓи и за градот Скопје. Преговарачките тимови на СДСМ, ЛДП и ДУИ, кроејќи ја територијалната карта на ...

Не е постигнат договор за децентрализација

А1 - 08.06.2004

Коалиционите владини партнери и денеска не постигна договор за територијалната поделба, за Скопје и за финансирање на општините. Овие три клучни закони од пакетот за децентрализација утре нема да се најдат ниту на владината седница.

Кичево и Струга отидоа курбан

Време - 08.06.2004

МАКЕДОНИЈА СО 77 ОПШТИНИ Сунчица Стојановска Новата територијална карта на државата ќе има 77 општини, од кои девет во Скопје. Тоа се шест општини повеќе од првично предложените 71. Границите на Струга и Кичево ќе се променат во корист на албанското население.

Границите на Струга и Кичево ќе се пазарат со Скопје?

Утрински - 08.06.2004

Коалициските партнери СДСМ, ЛДП и ДУИ заглавија во преговори за пакетот децентрализациски закони И покрај тешкотиите во преговорите не се отстапува од замислата, в среда, на посебна владина седница да бидат визирани сите 29 закони поврзани со локалните реформи КАТИЦА ЧАНГОВА Омеѓувањето на ...

Се бара клуч за двојазично Скопје

Дневник - 08.06.2004

децентрализациЈа Законската основа да се протне двојазично Скопје, без притоа да се прошират границите на метрополата, е главниот проблем со кој се соочуваат коалициските партнери во кроењето на територијалната карта. Неофицијално дознаваме дека ДУИ по секоја цена бара Скопје да стане двојазично, а ...

Неизвесно дали Скопје ќе стане двојазично

А1 - 07.06.2004

Со оглед на тоа дека денеска средбата во Владата траеше доста кусо по однос на она што се случуваше вчера цел ден, информациите кои ги имаме не говорат дека има некаков договор, но сепак се дознава дека има прегрупирање на ставовите.

Дуи бара Чаир да се прошири кон Вардар

Утрински - 07.06.2004

Меѓупартиски консултации за децентрализациските закони пред владиното усвојување Премиерот Хари Костов, министрите за локална самоуправа и за финансии, Александар Гештаковски и Никола Поповски, и партиските врвови на коалициските партнери од власта вчера во Владата одржаа состанок за усогласување ...