TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Запрено производството на јаглен во РЕК „Битола“

А1 - 27.01.2008

По активирањето на свлечиштето во јужниот дел на рудникот „Суводол“, од вчера во 18 часот е прекинато производството на јаглен во РЕК „Битола“. Околу 500.000 тони јаглен и јаловина се срушија врз транспортниот систем на истото место каде што се случи дефектот на 17 ноември, кога производството на ...

Одрон на 500.000 тони јаглен во рудникот Суводол го прекинаа дотурот на јаглен

Канал5 - 27.01.2008

Екипи на РЕК Битола денеска интензивно работат на санирање на состојбите по синоќешниот одрон на земјиште односно јаглен, во јужниот дел од рудникот Суводол на истото место каде пред извесен период веќе имаше еден одрон. Денеска јаглен до депонијата се пренесува со механизација, бидејќи свлечиште ...

Инцидентите во рудникот можат да се избегнат, велат експертите, но не е така едноставно

Канал5 - 27.01.2008

Инцидентите во рудникот Суводол можеле да се избегнат само ако интензивно прво се работело на отстранување на земјата наместо да се откопувал јаглен. Од друга страна без јагленот би застанало производството на струја и земјава би била во мрак.

Не знам, не би можел во овој момент да кажам

Утрински - 26.01.2008

Мислења ЈАНИ МАКРАДУЛИ Oд стенограмот на една собраниска седница (Седницата на Собранието започна со редовните еден час задоцнување) На седницата беа поставувани пратенички прашања. Опозицијата: Дали е точно дека хеликоптерот „МИ-17“ учествуваше во акцијата во Бродец? Премиерот: Не знам, не би ...

Македонија има две милијарди тони јаглен

Вечер Прес - 26.01.2008

Македонија располага со над две милијарди тони резерви на јаглен, од кои околу 660 милиони тони може да се користат, соопшти вчера опозициската СДСМ. Според партискиот портпарол, Емилијан Станковиќ во Македонија годишно се искористуваат само седум милиони тони.

Енергетичарите ја разгледуваа состојбата со јагленот

А1 - 25.01.2008

И Здружението на енергетичари денеска ја разгледуваше состојбата со резервите на јаглен. На состанокот присуствувале претставници на РЕК „Битола“ и ТЕЦ „Осломеј“. Нема детали за тоа каква состојба прикажале за резервите на јаглен.

ЕЛЕМ бара вина кај претходното раководство на РЕК „Битола“

Дневник - 25.01.2008

Раководството на РЕК „Битола“ го вложува целиот свој стручен и организациски потенцијал за да обезбеди континуирана работа на рудникот и на термоцентралата, во што засега успева. Вака вчера реагираа од „Електрани на Македонија“ на предупредувањата од енергетичарите дека неодговорното работење е ...

СДСМ: Македонија располага со над две милијарди тони резерви на јаглен

Канал5 - 25.01.2008

Македонија располага со над две милијарди тони резерви на јаглен од кои околу 660 милиони тони може да се користат, а на годишно ниво се искористуваат само седум милиони тони, процениле во СДСМ. Од таму велат дека јавноста има право да знае зошто земјата се соочува со ризик да нема струја и зошто ...

СДСМ прашува за мотивите на Владата за забрана на извоз на јаглен

Утрински - 25.01.2008

СДСМ ја обвини Владата дека ја замајува јавноста со одлуката за забрана на извоз на јаглен во првите шест месеци од годинава. „Експертската јавност вели дека во изминатите 20 години воопшто немало извоз на јаглен. Доказ за тоа се енергетските биланси на Македонија за 2007 и 2008 година усвоени од ...

СДСМ праша кој извезувал јаглен

Дневник - 25.01.2008

СДСМ ја обвини Владата дека ја замајува јавноста со одлуката за забрана за извоз на јаглен. - Во изминатите 20 години воопшто немало извоз на јаглен. Доказ за тоа се енергетските биланси на Македонија за 2007 и за 2008 година усвоени од Владата - изјави вчера партискиот портпарол Емилијан Станковиќ.

Се носат забрани, а 20 години не сме извезувале јаглен

Вечер Прес - 25.01.2008

Опозициската СДСМ вчера ја обвини Владата дека ја замајува јавноста со одлуката за забрана на извоз на јаглен во првите шест месеци од годинава. Според портпаролот на СДСМ, Емилијан Станковиќ во изминативе 20 години воопшто немало извоз на јаглен.

Забраната за извоз на јаглен важи за бизнис заедницата

А1 - 24.01.2008

Забраната за извоз на јаглен важи за целата бизнис заедница во Македонија. Ова е одговорот на владата, по сериозните критики од домашната експертска јавност за тоа кој извезувал јаглен. Власта ниту демантира ниту потврдува дека имало извоз, не сака да каже кој и дали извезувал јаглен во државата.

СДСМ прашува кои за мотивите за владината одлука за забрана на извоз на јаглен

Канал5 - 24.01.2008

СДСМ ја обвинува Владата дека ја замајува јавноста со одлуката за забрана на извоз на јаглен во првите шест месеци од годинава. Експертската јавност, како што рече на денешната прес-конференција партискиот портпарол Емилијан Станковиќ, во изминативе 20 години воопшто немало извоз на јаглен.

Струјата го враќа ударот

Дневник - 24.01.2008

Може човек да ликува кога се остваруваат прогнозите што повеќепати им ги упати на надлежните, но не може да се радува зашто тие беа црни. Не може ништо да биде поцрно од можноста Македонија да се соочи со сериозен недостиг од електрична енергија, со рестрикции, со мрак.

Увозот на јаглен покрива неодговорно работење

Дневник - 24.01.2008

Јагленот, ако го најдеме на странскиот пазар, нема да биде поевтин од 30 евра за тон и ќе ги зголеми трошоцитезапроизводство на струја, велат експертите Со увоз на 600.000 тони јаглен Македонија нема да ги реши проблемите во снабдувањето со електрична енергија бидејќи овие количества се доволни за ...

За 200 илјади тони јаглен од увоз државата ќе плати 37 милиони евра

Утрински - 24.01.2008

Тендерот за увоз е објавен вчера, а набавката на јаглен ќе оди преку ЕЛЕМ МАЈА ТОМИЌ Македонија никогаш немала јаглен за извоз, но Владата, сепак, реши да го забрани извозот, а за сметка на тоа ЕЛЕМ ќе реализира увоз на овој енергенс.

Да се користат домашните ресурси

Вечер Прес - 24.01.2008

На сите бизнис ентитети во земјава им се забранува извоз на јаглен, изјави владиниот портпарол, Ивица Боцевски. Според него, забраната е донесена со намера да се користат домашните ресурси и да дојде до заживување на домашната економија.

Царинската управа да провери кој извезувал јаглен

А1 - 23.01.2008

Владата бара царинската управа, под итно да провери кој извезувал јаглен. Детално се истражува дали царината евидентирала фирми што лани го продавала во странство овој енергенс, клучен за производство на струја. Од царината за А1 велат, дека се бараат податоците.

ЕЛЕМ ќе увезува јаглен

Вест - 23.01.2008

ЌЕ СЕ ШТЕДАТ РУДНИЦИТЕ НА РЕК БИТОЛА И ОСЛОМЕЈ ЕЛЕМ ќе увезува јаглен за РЕК "Битола" и за ТЕЦ "Осломеј". Владиниот портпарол Ивица Боцевски вчера изјави дека Владата донела и забрана за извоз на јаглен од земјава до 31 јуни 2008.

Владата наложи увоз на јаглен

Дневник - 23.01.2008

Владата забрани извоз на јаглен од земјава до 31 јуни годинава, изјави вчера портпаролот Ивица Боцевски. Тој информира дека „Електрани на Македонија“ ќе распише јавен повик за набавка на годишни количества јаглен за потребите на термоцентралите „Битола“ и „Осломеј“.

Македонија го забрани извозот на јаглен

Утрински - 23.01.2008

Македонија го забрани извозот на јаглен до крајот на јуни годинава, одлучи вчера Владата. Истовремено, деновиве ќе се распише тендер за набавка на јаглен за потребите на ТЕЦ „Осломеј“ и на РЕК „Битола“. Како што образложи вчера владиниот портпарол Ивица Боцевски, тендерот ќе се однесува на 200 ...

Македонија и лани и годинава не планирала да продава и да купува јаглен за струја

Канал5 - 23.01.2008

Македонија и лани и годинава не планирала да продава и да купува јаглен за производство на струја, стои во енергетскиот биланс изготвен од Министерството за економија. Нејасно е зошто на тендер државните електрани бараат јаглен за РЕК Битола и Осломеј.

Забранет извозот на јаглен

А1 - 22.01.2008

Македонија извезувала јаглен и покрај критичната состојба на енергетските капацитети. Владата денеска призна дека имало извоз. Донесе одлука да се забрани и под итно да се увезе јаглен, за РЕК „Битола“ и ТЕЦ „Осломеј“ да произведуваат струја.

Забранет извозот на јаглен

Канал5 - 22.01.2008

Македонија пред енергетски колапс. Снемува јаглен во клучните капацитети РЕК Битола и РЕК Осломеј. Владата забрани да се извезува енергенсот во наредните шест месеци. Македонија пред енергетски колапс. Снемува јаглен во клучните капацитети РЕК Битола и РЕК Осломеј.