TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Со вперен пиштол нападната и ограбена продавачка

Вест - 11.09.2004

ВООРУЖЕН ГРАБЕЖ ВО КОЛОНИЈАЛ ВО СКОПСКОТО СЕЛО ВИЗБЕГОВО Две лица вооружени со пиштол завчера нападнале и ограбиле продавачка во колонијалната продавница Две лица вооружени со пиштол завчера нападнале и ограбиле продавачка во колонијалната продавница "Делфин" во скопското село Визбегово.

Вооружени разбојници ограбиле продавачка

Време - 11.09.2004

СЕЛО ВИЗБЕГОВО, СКОПСКО Двајца разбојници, вооружени со пиштоли ограбиле продавачка, од која зеле 18.000 денари во колонијална продавница, завчера во скопското село Визбегово. Според информациите на полицијата, разбојништвото се случило во 20.30 часот во колонијалот „Делфин“, сопственост на С. М..

ДВАЈЦА МАСКИРАНИ "СОГОЛИЛЕ" ПРОДАВНИЦА

Вечер Прес - 11.09.2004

Во четвртокот вечерта во Визбегово се случи оружено разбојништво. Две маскирани лица вооружени со пиштоли влегле во продавницата "Делфин" и ја нападнале продавачката. Заканувајќ и и се дека ќе ја убијат, побарале да им ги даде парите од касата. Го зеле дневниот промет, а потоа избегале.

Уапсена банда што пустошела низ скопскиот центар

Дневник - 09.09.2004

МВР Полицијата деновиве уапси тричлена разбојничка банда, која за шест месеци изврши дузина разбојништва во центарот на Скопје, информираше МВР. Според полицијата, станува збор за браќата А.Б. (25) и Д.Б. (19), како и С.В. (22), сите од Скопје.

Разбојничка група ограбила 7 жители од гостиварското село Врањовце

А1 - 08.09.2004

Разбојничка група, за која се претпоставува дека е од Албанија, вчеравечер ограбила седум жители на гостиварското село Врањовце. Според МВР вчера околу 19 часот тројца разбојници вооружени со автоматски пушки, претепале и ограбиле седум македонски државјани, кои собирале дрва во шумата во близината ...

Фатена тричлена банда разбојници во Скопје

Вест - 07.09.2004

ВО ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА Скопската полиција деновиве ги открила извршителите на 15 тешки кривични дела од кои 11 разбојништва, две кривични дела одземање на моторни возила и едно кривично дело тешка кражба. Станува збор за браќата Д.Б.(19) и А.Б. како и С.Д. (22) сите од Скопје.

Шест месеци ограбувале во Центар и во Карпош

Време - 07.09.2004

РАЗБИЕНА РАЗБОЈНИЧКА БАНДА ВО СКОПЈЕ Тројца скопјани биле осомничени дека извршиле петнаесетина разбојништва и кражби минативе шест месеци во центарот на Скопје и во населбата Карпош. Скопската полиција вчера поднела кривични пријави против браќата Д. Б. (19) и А. Б. (25) и против С. В.

Разбојник зел 200 евра од аптека

Време - 06.09.2004

БИТОЛА Маскиран разбојник, вооружен со пиштол, зел 13.000 денари од аптека, во саботата во Битола. Според информациите на битолските полицајци, разбојништвото се случило во 20 часот во аптеката „Гемицијана“, која се наоѓа на улицата 4 Ноември.

Разбојништво во аптека во Битола

Вест - 06.09.2004

Маскирано лице, вооружено со пиштол, завчера упаднало во аптеката "Геницијана" во Битола и од таму одзел 13.000 денари и избегал. Непознатиот напаѓач во аптеката влегол околу 22 часот кога внатре биле вработените К.З. (23) и Н.П. (21). Веднаш и го вперил пиштолот на К.З.

Приведени петмина разбојници кои одземале училишни ранци и пари

Вест - 06.09.2004

РАСВЕТЛЕНИ ДВЕ УЛИЧНИ РАЗБОЈНИШТВА ВО СКОПЈЕ Скопската полиција деновиве расветли два случаи на улични разбојништва над малолетници и поднесе кривични пријави против Ф.И. (16), С.А. (14), Н.А. (16) како и против В.П. (21) и Д.М.

Разбојници ограбиле деца и го претепале таткото на една од жртвите

Време - 06.09.2004

НАСЕЛБА ЈАНЕ САНДАНСКИ Двајца скопски младинци ограбиле две деца од кои зеле 1.000 денари, во саботата напладне на булеварот Јане Сандански. Во моментот додека го извршувале разбојништвото наишол таткото на една од жртвите, но го нападнале и него и избегале.

Oграбeна аптека

Дневник - 06.09.2004

БИТОЛА Маскиран разбојник вооружен со пиштол ограбил аптека во саботата во Битола, соопшти МВР. Според полицијата, засега непознатиот разбојник влегол во аптеката "Геницијана" и со закана дека ќе ја убие вработената К.З.(23) украл 13.000 денари , а потоа ...