TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Човиќ: Некоординираната истрага за „Кингерот“ остави простор за шпекулации

А1 - 11.02.2007

Немање добра комуникација меѓу СФОР и босанската полиција и војска, е причината поради која пред три години, тогашниот претседавач на претседателството Драган Човиќ прво изјави дека екипите кои трагаа по паднатиот „Кингер“ пронашле четири тела, а после информацијата ја демантира.

Многу неодговорени прашања за падот на „Кингерот“

А1 - 10.02.2007

Мостар, три години по смртта на претседателот Трајковски. Многу неодговорени прашања и трагање по вистината. Досието е затворено. Но, сведоштвата на жителите на Ротимље одново ги отвораат сомневањата, што се случи утрото на 26 февруари? Во густата магла го снема авионот со кој патуваше ...

Матна игра го сруши авионот на Трајковски

Време - 10.02.2007

„ВРЕМЕ“ ВО РОТИМЉЕ - ТРИ ГОДИНИ ПОТОА Сунчица Стојановска Наш репортер од Мостар Фоторепортер Роберт Атанасовски Табла со македонско знаме и појаснување дека тука е спомен обележјето на падот на авионот на македонскиот претседател е поставена на влезот од селото Ротимље.

Се отвораат новите докази на МВР за "кингерот"

Вест - 10.02.2007

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО Вчера заменик-јавниот обвинител на РМ Коле Штериев изјави дека Обвинителството почнало да ги отвора новите докази на МВР за авионската несреќа крај Мостар во која загина претседателот Борис Трајковски. Штериев рече дека се уште не знаат што има к Вчера заменик-јавниот обвинител ...

СФОР веднаш дошол на местото на несреќата на авионот на Трајковски

Утрински - 10.02.2007

Ова и денеска, три години по несреќата, за македонските медиуми го тврдат жители од селото Ротимле Неколку возила на СФОР во БиХ беа на местото на несреќата само 20 минути по уривањето на авионот во кој загина македонскиот претседател Борис Трајковски, во близината на Мостар.

Фактите остануваат факти

Дневник - 10.02.2007

Познато е дека во тоа време БиХ не го контролираше своето небо, туку тоа го правеа Србија, Хрватска и СФОР. Како некој што не ја контролирал ситуацијата , може потоа да даде завршен извештај, кога покрај другото не му било дозволено да ги полета своите хеликоптери на 26 февруари 2004 година, ниту ...

Се потврдува контроверзноста околу несреќата кај Мостар

А1 - 09.02.2007

Екипата на А1 што овие два дена престојуваше во Мостар донесе ексклузивни сведоштва на жителите на Ротимље, местото каде што падна владиниот авион во кој настрада претседателот Трајковски. Се потврдува контроверзноста на настанот.

Мостар на највисоко ниво ќе им оддаде почит на загинатите

Време - 09.02.2007

БИХ СЕ ПОДГОТВУВА ДА ОДБЕЛЕЖИ ТРИ ГОДИНИ ОД НЕСРЕЌАТА Сунчица Стојановска, (Наш репортер од Мостар) Градските власти на Мостар вчера го поставија македонското знаме на еден од трите јарболи покрај белиот мермерен споменик во Ротимље.

Обвинителството го проучува доказниот материјал на МВР за „кингерот“

Утрински - 09.02.2007

Посебниот извештај и доказите на Министерството за внатрешни работи околу авионската несреќа со владиниот „кингер“ вчера од скопското Обвинителство беа препратени до вистинската адреса - до заменик-јавниот обвинител од Специјалното одделение за организиран криминал, кој го водеше случајот и во ...

Џиповите на СФОР најматни во истрагата за кингерот

Дневник - 09.02.2007

И кажавме на полицијата дека два џипа веднаш отидоа кон местото на кое падна авионот, вели Ахмет Пехлиќ од Ротимле Жителите од мостарското село Ротимле се' уште чекаат одговор на прашањата што нашле и што правеле војниците на СФОР, кои со два џипа истото утро поминале низ селото и отишле на местото ...

СФОР веднаш бил присутен на местото на авионската несреќа во Ротимље

Макфакс - 09.02.2007

Скопје Неколку возила на СФОР во БиХ беа на местото на несреќата само 20 минути по уривањето на авионот во кој загина македонскиот претседател Борис Трајковски, во близината на Мостар. Ова и денеска, три години по несреќата, за македонските медиуми го тврдат жители од селото Ротимље, во чиј атар се ...

Жители на Ротимље сведочат за уривањето на кингерот

А1 - 08.02.2007

20 минути по уривањето на кингерот, возила на СФОР беа на местото на несреќата, тврдат жители на селото Ротимље и по три години од смртта на претседателот Трајковски. „Видов неколку возила на СФОР, кои со огромна брзина се упатија кон местото на несреќата и веднаш се вратија“, изјави за А1 Омер ...

Би сакал да видам покритие за нова истрага

Време - 08.02.2007

САЛКО БЕГИЌ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМИСИЈАТА ЗА ИСТРАГА НА НЕСРЕЌАТА КАЈ МОСТАР Емица Ниами-Налбантиц, (специјално за „Време“ од Сараево) Од сите причини што се наведуваат за повторна истрага не гледаме ниту една оправдана, ниту пак дека за нив постои покритие, изјави за босанската јавност, Салко Бегиќ, ...

МВР ги достави доказите за кингерот

Дневник - 08.02.2007

Претставници од МВР вчера ги доставиле во скопското Основно обвинителство материјалите до кои дошле во потрагата по нови докази со чија помош би можело повторно да се отвори истрага за случајот „Кингер“. Скопското обвинителство материјалите со барањето за повторно отворање на предметот денеска ќе ...

Груевски:МВР повторно ќе побара отворање на случајот „Кингер“

Макфакс - 08.02.2007

Скопје Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со предистражната постапка за случајот со падот на владиниот „Кингер” во кој загина претседателот Борис Трајковски. Ова денеска, по посетата на спортската сала „Борис Трајковски”, го изјави премиерот Никола Груевски.

Подготовки за одбележување на годишнината од несреќата кај Мостар

А1 - 07.02.2007

Во Мостар почнуваат подготовките за одбележување на тригодишнината од смртта на претседателот Трајковски и осумтемина негови соработници и членови на екипажот. Повторно во Ротимље македонска делегација и семејствата на загинатите ќе го посетат местото каде на 26 февруари 2004-тата се урна владиниот ...

Полицијата истржува како полетал „Кингерот“

Време - 07.02.2007

МВР ИНТЕНЗИВНО СОБИРА НОВИ ДОКАЗИ Претставници на Министерството за внатрешни работи што работат на собирање податоци за авионската несреќа кај Мостар во која пред три години загинаа претседателот Борис Трајковски и осум члена на делегацијата и на екипажот разговарале со контролорите на летање од ...

Американците без пристап до кингерот

Дневник - 07.02.2007

Не е расчистено од какво гориво изгореле нашите блиски, велат роднини на загинатите Американските адвокати не ги добија од македонските служби деловите од урнатиот авион за да утврдат од што изгореле претседателот Борис Трајковски и осумтемина сопатници во несреќата кај Мостар, во февруари 2004 ...

Грубешиќ: Истрагата за „Кингерот“ за нас е завршена

А1 - 06.02.2007

Сите информации што ги поседува обвинителството на БиХ ги поседува и обвинителството на Македонија. Истрагата за нас е завршена, изјави портпаролот на босанското јавно обвинителство Борис Грубешиќ, без да даде коментар на забелешките на парламентарците на Советот на Европа за недостатоците во ...

МВР го проверува горивото во „кингерот“

Време - 06.02.2007

РЕВИЗИЈА НА АВИОНСКАТА НЕСРЕЌА КАЈ МОСТАР Министерството за внатрешни работи вчера побарало од Јавното обвинителство да го поништи решението донесено во времето на поранешниот обвинител Александар Прчевски со кое државното обвинителство го прогласило случајот „Кингер“ за затворен.

МВР побара од Обвинителство обнова на истрагата за Трајковски

Вест - 06.02.2007

МВР вчера и официјално побара од Републичкото јавно обвинителство да го укине решението со кое случајот околу падот и загинувањето на претседателот Борис Трајковски и неговата делегација кај Мостар во Босна и Херцеговина беше затворен како несреќен случај.

Нови докази ќе го отворат случајот „Кингер“

Дневник - 06.02.2007

За Обвинителството, случајот е завршен, но ако полицијата приложи нови, валидни докази, ќе го отвориме предметот , вели заменик-јавниот обвинител Штерјов МВР бара Обвинителството да ја поништи одлуката за затварање на случајот „Кингер“ и бара предметот повторно да се отвори и преиспита Писменото ...

МВР не се откажува од отворање на случајот за кингерот

Канал5 - 06.02.2007

МВР не се откажува од намерата да го отвори досието за авионската несреќа со владиниот кингер. По објавениот став на јавното обвинителство дека случајот може да биде отворен само со откриени нови докази, полицијата денеска напиша нов писмен извештај со список на докази.

МВР бара поништување на одлуката за затворен предмет

Вечер Прес - 06.02.2007

МВР вчера побарало од Републичкото јавно обвинителство поништување на одлуката за затворен предмет околу случајот "Кингер", тогаш потпишан од екс обвинителот Александар Прчевски и повторното отворање на случајоѕ за трагичната смрт на претседателот Трајковски, дознава "Вечер" од полициски извори.

МВР бара обвинителството да го отвори досието „Кингер“

А1 - 05.02.2007

МВР бара обвинителството да им го отвори досието „Кингер“. Да им дозволи увид во документацијата и да го поништи решението со кое е затворен случајот и смртта на на претседателот Трајковски и неговите соработници е заведена како авионска несреќа.

Падот на „кингерот“ беше несреќа, но не и несреќен случај

Време - 05.02.2007

АДВОКАТОТ ИГЊАТ ПАНЧЕВСКИ ТВРДИ Огнен Чанчаревиќ Падот на „кингерот“ во кој загинаа претседателот Борис Трајковски и членови на неговиот кабинет е класичен атентат, тврди адвокатот Игњат Панчевски. Тој застапува дел од семејствата на загинатите во несреќата и, според доказите што ги има добиено од ...