TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Идејата за поделба на Косово го раздвижи македонскиот врв

А1 - 18.08.2007

Идејата за поделба на Косово го раздвижи македонскиот државен врв. Шефот на државата и Владата следната недела на седница на Националниот совет за безбедност ќе ги стават на маса сите можни сценарија. Тоа што најмногу ги плаши e поделба по етнички граници.

Преговорите меѓу Белград и Приштина треба да почнат на 30 август

Време - 18.08.2007

ПО ПОВИКОТ ОД ТРОЈКАТА НА КОНТАКТ-ГРУПАТА Контакт-групата на неодамнешната посета во Приштина упатила повик до косовскиот преговарачки тим за состанок со српскиот преговарачки тим во Виена на 30 август. Повик за учество во преговорите е испратен и до српското министерство за надворешни работи, јави ...

Поделба на Косово зашто не е можен компромис?

Утрински - 18.08.2007

Ако дојде до еднострано признавање на независноста на Косово, ќе биде остварена фактичка поделба на покраината БЕЛГРАД - Историчарот Чедомир Антиќ истакнува дека идејата за поделба на Косово се јавила поради процената дека компромис меѓу Белград и Приштина не е можен.

Црвенковски - Поделба на Косово најлошо решение

Канал5 - 18.08.2007

Идната седмица ќе заседава Советот за безбедност за да расправа за Косово. Идната седмица ќе заседава Советот за безбедност за да расправа за Косово. Одлуката да ги собере премиерот, спикерот, министрите за внатрешни, за надворешни работи и за одбрана, претседателот Црвенковски ја донел по серијата ...

Нема индиции за зголемена борбена готовност во Македонија

Време - 17.08.2007

ЛАЗАР ЕЛЕНОВСКИ Нема индиции што би наложиле потреба од зголемен степен на борбена готовност. Македонија целосно ја контролира својата територија, а така и ќе остане, изјави Лазар Еленовски, министерот за одбрана на прашање на новинарите дали се погласните најави за поделба на Косово можат ...

Во декември државите ќе мора да се изјаснат за Косово

Време - 17.08.2007

СПОРЕД АМЕРИКАНСКИОТ ПРАТЕНИК ФРЕНК ВИЗНЕР Американскиот преговарач за Косово Френк Визнер изјави дека САД имаат долгорочни и силни односи со Србија, кои сакаат да ги обноват, но дека Америка воедно сака мир и стабилност на Балканот, поради што косовското прашање мора да биде решено.

Еленовски_ Косово не е закана за Македонија

Утрински - 17.08.2007

„Нема случувања кои налагаат зголемен степен на борбена готовност. Македонија целосно ја контролира својата територија, а така и ќе остане“, изјави министерот за одбрана, Лазар Еленовски, на прашање на новинарите дали се' погласните најави за поделба на Косово можат негативно да се одразат на ...

Еленовски: Го следиме Косово

Дневник - 17.08.2007

Нема индиции за зголемување на борбената готовност. Македонија целосно ја контролира својата територија, а така и ќе остане, изјави вчера министерот за одбрана Лазар Еленовски на прашање на новинарите дали се' погласните најави за поделба на Косово може негативно да се одразат врз безбедносната ...

Македонија ја контолира својата територија

Вечер - 17.08.2007

Експертите веднаш по најавата дека е можна поделба на Косово, доколку на тоа се согласат и Белгарад и Приштина, повикаа на внимателност, со оглед што во земјава живеат значителен број Албанци, кои во тој случај, би можеле да побараат поделба на Македонија, федерализација или, пак, порадикален ...

„Тројката“ ќе води одделни разговори во Виена

А1 - 16.08.2007

„Тројката“ ќе води одделни разговори за време на наредниот состанок со двете страни што ќе се одржи во Виена. Ова го изјави рускиот претставник во преговарачката тројка Александар Боцан Харченко, додавајќи дека се уште не јасно на кое ниво ќе се претстават Белград и Приштина.

Еленовски: Поделбата на Косово е шпекулација

А1 - 16.08.2007

Сценариото за поделба на Косово е шпекулација, смета министерот за одбрана, кој тврди дека нема причини за зголемен степен на борбена готовност во Македонија. Контроверзните изјави за поделба, како една од опциите дадени од европретставникот Волфганг Ишингер и шефот на Пактот за стабилност на ...

Визнер: САД се подготвуваат за признавање независност на Косово

А1 - 16.08.2007

Американскиот дипломат Френк Визнер навести дека САД се подготвуваат да ја признаат еднострано прогласената независност на Косово. Во изјава за „Гласот на Америка“, што ја пренесува Би-Би-Си, Визнер вели дека Вашингтон е подготвен за тоа, доколку до 10 декември, кога истекува рокот од новото ...

Не поделбата, туку независно Косово ќе доведе до голема Албанија

Време - 16.08.2007

СПОРЕД АНАЛИТИЧАРОТ ТЕД КАРПЕНТЕР Независноста на Косово ќе го разбуди албанскиот сон за голема држава, предупредува американскиот аналитичар Тед Гален Карпентер, од аналитичката група „Кејто“, која се противи на косовската независност.

Поделбата на Косово добива поддршка од разни страни

Утрински - 16.08.2007

Ерхард Бусек Ерхард Бусек од Пактот за стабилност вели дека поделбата е возможно решение иако и тоа е лошо Поделбата на Косово, од сите лоши решенија, барем е возможно решение, оценува во изјава за Радио Дојче веле координаторот на Пактот за стабилност, Ерхард Бусек.

Пукна пробниот балон на Ишингер

Дневник - 16.08.2007

Весникот „Политика“ коментира дека САД се во ситуација кога „немаат ниту доволно голем морков ниту доволно цврст стап“ за да ја убедат Србија да се откаже од Косово Идејата за поделба на Косово, која прв официјално ја спомна посредникот Волфганг Ишингер, е отфрлена и од Белград и од Приштина, и од ...

Поделбата би значело нов конфликт

Дневник - 16.08.2007

Шпекулациите за поделба на Косово предизвикаа силна реакција од Тирана, а премиерот Сали Бериша предупреди дека вакво решение не само што нема да го реши статусот на провинцијата туку и му се заканува на мирот и стабилноста на регионот.

Независно Косово го буди сонот за Голема Албанија

Дневник - 16.08.2007

Американскиот експерт Тед Гејлен Карпентер, од институтот „Кејто“ во Вашингтон, оцени дека политиката на Западот кон Косово е мотивирана со стравот од албански бунт, за кој сметаат дека е неминовен ако на Косово му биде ускратена независноста, јави МИА.

Еленовски: Нема безбедносни закани за Македонија

Канал5 - 16.08.2007

Додека регионот е мобилизиран по промовирањето на поделбата како можно решение за Косово, од македонската влада веруваат дека се уште е актуелен планот на Марти Ахтисари. Додека регионот е мобилизиран по промовирањето на поделбата како можно решение за Косово, од македонската влада веруваат дека се ...

Продолжува тестирањето на идејата за поделба на Косово- Знаете ли подобра солуција? - прашува Бусек

Канал5 - 16.08.2007

Опцијата за поделба на Косово секојдневно добива нови поддржувачи. Она што до пред еден месец беше незамисливо сега се погласно се заговора во кругови на меѓународната заедница. Опцијата за поделба на Косово секојдневно добива нови поддржувачи.

Бусек: Поделбата на Косово барем е возможна

А1 - 15.08.2007

Поделбата на Косово, од сите лоши решенија, барем е возможно решение, оценува во изјава за Радио Дојче Веле координаторот на Пактот за стабилност Ерхард Бусек. „Од сите лоши решенија, тоа е барем возможно. Единствено постои можност или да се постигне виртуелно приближување или да се одлучи на овој ...

Денес излегува првиот извештај на Тројката за Косово

Вест - 15.08.2007

ПРИШТИНА, 15 август - Посредничката група за преговорите за идниот статус на Косово, наречена Тројка, денес ќе ги информира земјите членки на Контакт групата за резултатите од посетите на Белград и Приштина, јави приштинскиот весник Зери повикувајќи се на дипломатски извори.

Ишингер вели дека не предложил поделба

Време - 15.08.2007

ОТКАКО НЕГОВАТА ИЗЈАВА ПРЕДИЗВИКА ПОЛИТИЧКА БУРА Европскиот претставник за статусот на Косово Волфганг Ишингер ја објасни својата изјава во која најави дека меѓународната заедница би прифатила поделба на Косово, ако на тоа се договорат Албанците и Србите.

Харченко_ Наводната поделба на Косово е подметнување

Утрински - 15.08.2007

Посредниците се согласни да признаат секаков, па и најневеројатен компромис: Волфганг Ишингер Страните во преговорите сами треба да изработат заемно прифатлив модел на компромис ВИЕНА, БЕЛГРАД - Александар Боцан Харченко изјави дека тврдењата оти „тројката“ е подготвена да помогне во поделбата на ...

Ишингер посредувал за примирје меѓу Визнер и Харченко

Дневник - 15.08.2007

Визнер го опцул својот руски колега Харченко, по што претставниците на САД и на Русија размениле „остри зборови“ , тврди весникот „Вечерње новости“ Претставникот на Европската Унија, Волфганг Ишингер, успешно посредувал во смирувањето на конфликтот не помеѓу Србите и косовските Албанци, туку меѓу ...

Никој не сака да биде потпишан под идејата за поделба на Косово

Дневник - 15.08.2007

И Белград и Приштина и меѓународната заедница официјално ја отфрлаат идејата за поделба на Косово, иако низа аналитичари укажуваат дека тоа е единствениот компромис што може да го направат двете страни со дијаметрално спротивставени ставови.

Трајковиќ: Подобро независност отколку поделба

А1 - 14.08.2007

Србија никако не смее да влезе во проектот за поделба на Косово, изјави еден од лидерите на косовските Срби, Момчило Трајковиќ за новосадски „Дневник“. „Дури и надгледувана независност е подобра од сценариото за поделба на покраината, колку и да звучи тоа еретички“, изјави Трајковиќ.

Харченко против поделба на Косово

А1 - 14.08.2007

Идејата за етничка поделба е отворено подметнување, оцени рускиот преговарач Харченко непосредно пред дипломатската тројка да информира за досегашните преговори со српските и косовските власти. Предлогот за поделбата на покраината е резервна опција за Белград само доколку Приштина се реши на ...

Поделбата на Косово е ризична за Македонија

Време - 14.08.2007

ФРЧКОСКИ ЗА „ШЌИП“ Поделбата на Косово е ризична за Македонија, вели Љубомир Фрчкоски во интервју за албанскиот неделник „Шќип“. Според Фрчкоски, независно Косово е подобро за Македонија. - Независно Косово нема да се одрази негативно на Македонија, напротив, проблем за Македонија е ако се оди на ...

Ишингер отвори можност за поделба на Косово

Време - 14.08.2007

СЕ ОТВОРА „ОПАСНАТА ВАРИЈАНТА“ Германскиот дипломат Волфганг Ишингер, кој ја претставува Европската Унија на преговорите за идниот статус на Косово, изјави дека за него и за колегите од САД и од Русија Френк Визнер и Александар Боцан Харченко, е прифатливо секое решение за кое ќе се договорат ...

Сега и поделбата на Косово е ставена на маса

Утрински - 14.08.2007

Пратеникот на ЕУ во посредничката тројка, Волфганг Ишингер, изјави дека ако Белград и Приштина се согласат, протекторатот може да се подели. Тројката во Приштина ја пречекаа протести на Косовци кои се' уште бараат некаков абер за судбината на своите најблиски Поделбата се најавуваше од ...

Европска унија и без Косово

Утрински - 14.08.2007

Европа-Балкан ИВАН ТОРОВ Српските политичари се шокирани: повеќе од 70 отсто од граѓаните не ја сметаат независноста на покраината за пречка за влегување во Европа БЕЛГРАД - Дел од српската политичка јавност, особено од националистичката провиниенција, беше, во најмала рака шокиран: истражувањето ...

Поделбата на Косово може да ја прекрои Македонија

Дневник - 14.08.2007

Поделбата на Косово може да предизвика поделба на Македонија, федерализација или нов, порадикален Охридски договор, вели професор Владо Поповски, советник на премиерот Никола Груевски Евентуалната поделба на Косово ниту е добра, ниту е решение за ситуацијата во покраината, како ни за Македонија, ...

Боцан-Харченко: Тројката ќе го прифати секој компромис за Косово

Канал5 - 14.08.2007

Тврдењето дека тројката е подготвена да помогне во етничката поделба на Косово е отворено подметнување. Виена, 14 август (МИА) - Тврдењето дека тројката е подготвена да помогне во етничката поделба на Косово е отворено подметнување.

Поделбата на Косово ќе го дестабилизира Балканот

А1 - 13.08.2007

Идејата за можна поделба на Косово ги разбранува страстите во Приштина и донесе страв од можна дестабилизација на Балканот. Косовската тројка денеска побрза да демантира дека некои струи однатре ја поддржуваат поделбата на покраината. Се јавија и инволвираните страни.

Тројката бара од Србите и од Албанците да се договорат

Време - 13.08.2007

ПОДГОТОВКИ ЗА ПРЕГОВОРИ ЗА КОСОВО Претставниците на САД, Русија и на Европската Унија Френк Визнер, Александар Боцан Харченко и Волфганг Ишингер, кои се задолжени за статусот на Косово, изјавија дека нема да даваат предлози, туку ќе ги остават Србите и Албанците сами да се договорат.

Косовските Срби добија гаранции за компромис

Вест - 13.08.2007

ПРИШТИНА, 13 август - Косовските Срби од посредничката тројка вчера во приштина добија гаранции за компромисно решение за статусот на Косово. "Нема прејудицирање на статусот и ограничување на роковите. Тројката по 120 дена ќе го претстави својот извештај, но тоа нема да значи крај на процесот", ...

Контакт-групата бара преговори, Косово се подготвува за независност

Утрински - 13.08.2007

Приштина од меѓународната тројка побара формирање независна и суверена држава Косово Приштина – Посредничката тројка за косовското прашање вчера во Приштина се сретна со претставници на косовските Срби откако во петокот го посети Белград, а во саботата се сретна со приштинските власти.

Косовскиот часовник отчукува

Дневник - 13.08.2007

Приштина не сака ништо помалу од независност, а Белград токму тоа го одбива, па новата Тројка ќе застане онаму каде што застана и Ахтисари, на блокадата меѓу двете страни По дваесет години граѓански немири, разурнувачка војна и осум години меѓународен протекторат врз парче од српската територија, ...

Тројката им гарантираше компромис на косовските Срби

Дневник - 13.08.2007

На разговорите со политичките претставници на косовските Срби вчера за првпат по подолго време, е споменато и прашањето за стандарди на Косово Гаранции за компромисно решение за идниот статус на Косово вчера во Приштина добија косовските Срби од посредничката тројка составена од претставници на ...

Ишингер прави отстапка од шокантната изјава за поделба на Косово

Канал5 - 13.08.2007

„Погрешно бев протолкуван“, изјави претставникот на Европската унија на посредничката тројка за статусот на Косово, Волфганг Ишингер, по вчерашната прес-конференција на која неочекувано изјави оти посредничкиот тим се сложува со секаков консензус меѓу Белград и Приштина, вклучувајќи и поделба на ...

"Тројката" гради мост меѓу Белград и Приштина

Вечер - 13.08.2007

Меѓународната посредничка "тројка" (Визнер, Харченко и Ишингер) нагласи дека нивната мисија не е лесна, но дека "добриот почеток" - согласноста за соработка од Белград и Приштина - влева надеж дека компромисот ќе биде постигнат Членовите на посредничката "тројка" на Контакт-групата за преговори за ...