Се подготвува теренот за нова платформа на идната влада. ВМРО-ДПМНЕ и потенцијалните партнери ДУИ или ДПА се уште ги усогласуваат заедничките приоритети и услови. „Преродбата во сто чекори“ со која новиот мандатар Груевски освои над 300.000 гласови и ја доби довербата на граѓаните ќе биде новата ...
ПРЕГОВОРИ ЗА НОВА ВЛАДА Сунчица Стојановска ДУИ е незадоволна од понудата на ВМРО-ДПМНЕ за три министерски и едно вицепремиерско место доколку оваа партија влезе во власта, велат партиски извори. Преговарачите од партијата на Ахмети вчера го напуштија седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, одбивајќи да дадат ...
ВМРО-Народна партија со своите пратеници ќе ја поддржи владата што ќе ја формира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски под услов во неа да не учествува ДУИ. Партискиот портпарол Александар Ѓорѓиев рече дека ќе ја поддржуваат владата на ВМРО-ДПМНЕ без да бараат министерски места или функции од ...
ТЕТОВО - „Врховниот суд утврди кражба на гласови во 26 избирачки места од оние што ги обжали ДПА. Ако се отстранат украдените гласови во шестата изборна единица ДПА би била со осум пратеници а ДУИ седум. Слична е состојбата и во другите изборни единици.
ДПА ќе покрене кривична постапка против Сабит Кранли, Фатон Пачуку и Зурап Лимани, судии во Врхвниот суд на Македонија, поради повреда на законот , и за злоупотреба на службената должност. "Ако судиите од Врховниот суд работеа врз основа на докази и закони, ќе ги прифатеа сите жалби на ДПА во ...
САКАМ ДА КАЖАМ - Горан Михајловски Подрж'ми го копилево да и се изнасмеам на копиљарката 1 ДУИ мора да влезе во Владата оти има освоено најмногу гласови. Така вели Али Ахмети. Така вели и Ерван Фуере. Ако е според тоа кој освоил најмногу гласови тогаш ВМРО-ДПМНЕ треба да коалицира со СДСМ.
Судиите Сабит Кранли, Фатон Пачуку и Зураб Лимани се политички комесари на СДСМ и на ДУИ, тврди партијата на Арбен Џафери Демократската партија на Албанците ќе тужи тројца судии на Врховниот суд, кои ги обвинува дека ја злоупотребиле службената должност и ги повредиле законите, бидејќи не ги ...
Демократската унија за интеграции и понатаму инсистира дека во идната влада предводена од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, не би требало да има место за ДПА. Ова прашање било повторно отворено на вчерашната нова рунда разговори меѓу претставниците на двете партии во Скопје.
Зошто е добро и природно ДПА да влезе во владата на Никола Грувски? Затоа што оваа партија беше жесток критичар на „промашувањата на ДУИ“, па така редно е да и' се даде шанса да ги тера работите подобро, што јас не сум баш сигурен, но шансата си ја заслужува Виртуелни аргументи! Да, сметам дека ...
Сметаме дека е добро со МВР да раководи наш кадар, бидејќи може многу да придонесе за сигурноста на државата, велат од преговарачкиот тим на ДУИ Демократската унија за интеграција ако биде дел од владата на Никола Груевски, најверојатно, ќе ги бара министерските места за внатрешни и за надворешни ...
Демократската партија на Албанците е делумно задоволна од усвоените жалби од Врховниот суд и смета дека тој донел редуцирани решенија. Истовремено, од партијата најавија дека ќе поднесат кривични пријави и против тројца судии од Врховниот суд, за кои рекоа дека се политички комесари на СДСМ и ДУИ.
ДПА останува на своето ќе влезат во владата на ВМРО ДПМНЕ но, само под услов таму да не е ДУИ. Аргумент плус денеска за ваквиот став е и решението на врховниот суд со кои ќе се дозволи прегласување во некои места каде што ДПА очекува да добие уште некои мандат.
По вчерашниот ден одмор, денеска продолжуваа преговорите за состав на новата влада Политичките партии што учествуваат во преговорите за состав на новата влада вчерашниот ден го искористија за последни внатрепартиски консултации во пресрет на конечната разврска околу идното парламентарно мнозинство.
ВЧЕРА ПАУЗА ВО ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА По три министерски и едно вицепремиерско место ако само една од албанските партии влезе во власта, или по две министерства и еден потпретседател на влада ако во владата учествуваат и ДУИ и ДПА, е последната понуда на ВМРО-ДПМНЕ до раководствата на ...
Теута Арифи го мерка МНР, Гзим Острени ресорот одбрана, Фатмир Бесими - финансии, а ДУИ сака да ги задржи и ресорите транспорт и земјоделие ВМРО-ДПМНЕ ќе и' понуди на ДУИ три министерски места плус едно вицепремиерско, дознаваме од извори во партијата на Никола Груевски.
Продолжуваат разговорите со мандатарот за составување на новата влада. Ова е кусиот одговор на потпретседателот на ДПА Мендух Тачи, по завчерашната двочасовна средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Тачи не сакаше да открие детали од разговорот, ниту пак да коментира колкави се шансите да ...
- Ако не дојдеше до упадите од Косово и до страшните напади, тогаш последната влада сигурно ќе имаше уште поголеми успеси во соработката со Албанците - рече Пак. Шефот на делегацијата на Европскиот парламент за односи со Југоисточна Европа, Дорис Пак, во интервју за радиото Дојче веле - Македонска ...
Во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ заседава Извршниот комитет на партијата. Ќе реферира нивниот преговарачки тим за разговорите околу формирањето на новата влада со ДУИ и ДПА. Според информациите, овие две партии вечерва треба да одржат состанок со своите преговарачки тимови.
Најверојатно и ДУИ и ДПА ќе се најдат во владата на Груевски. Ова е препорака и од меѓународната заедница. Причината е Косово и дефинирањето на неговиот статус, што треба да се случи во текот на оваа година. Затоа Македонија мора да биде стабилна и тоа преку влегување на двете партии на Албанците ...
ТРЕТ ДЕН ПРЕГОВОРИ МЕЃУ ВМРО-ДПМНЕ И ДУИ Сунчица Стојановска Коалиција уште не е договорена, а се разговара за измени во законите со кои ќе се спречува криминалот и корупцијата и за тоа како би функционирала евентуална влада со ВМРО-ДПМНЕ и со ДУИ, велат од двете партии по вчерашната претпладневна ...
Музичкото ЦД на Јордановски вчера една од темите на разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Чуден тек добиваат разговорите на ВМРО-ДПМНЕ со партиите-кандидати за влез во идната влада. Од повеќекратните секојдневни средби меѓу претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во јавноста се испраќаат ...
По две министерски места за двете албански партии и по едно вицепремиерско. Ова е понудата што на маса ќе ја стави ВМРО ДПМНЕ за евентуалното партнерство во новата влада со ДУИ и со ДПА. По две министерски места за двете албански партии и по едно вицепремиерско.
Неизвесно е дали ДПА ќе продолжи да преговара со ВМРО-ДПМНЕ за свое учество во идната влада. Вчера во ДПА не сакаа да ја откријат завчерашната одлука на највисокиот партиски орган. Таму потврдија дека има одлука, но дека неа ќе ја соопшти претседателот на ДПА Арбен Џафери или неговиот заменик ...
Интензивни лобирања од меѓународната заедница и од „кибицерите" во домашната политика Соња Крамарска Владата на Груевски веројатно е единствената досега што се формира во атмосфера на интензивни лобирања од страна на меѓународната заедница и од таканаречените кибицери од домашната политичка сцена.
ПРОДЛЖУВААТ ПРЕГОВОРИТЕ ЗА НОВА ВЛАДА Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека е рано да се зборува за распределба на места, но најавуваат дека квотата од шест министерски и едно вицепремиерско место за Албанците, ќе се задржи и таа нема да биде надмината.
ДОДЕКА ВМРО-ДПМНЕ И ДУИ ПРЕГОВАРААТ ДПА по никоја цена нема да влезе во новата влада заедно со ДУИ, одлучило партиското раководство на завчерашниот состанок во Тетово. Според високи партиски извори, ДПА одлучила да го почека исходот од преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а дури потоа да излезе со ...
Во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ пристигна потпретседателот на ДПА Мендух Тачи на средба со Никола Груевски. Досега никој од двете партии не кажа за што ќе разговараат челниците на ДПА и на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа средба новинарите ја дознаа молчешкум, без најава на двете партии.
Велат, не договориле коалиција, а ги фиксираат деталите како ќе работи нивната влада. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ само ноќта не ја поминаа заедно. Утрово на нова рунда преговори договарале како ќе работи извршната и судската власт. „Се разгледани можностите за суштински реформи во Јавното обвинителство, во ...
Знаете до каде се преговорите околу составот на новата влада, со насмевка на новинарско прашање одговори заменик претседателот на ДПА Мендух Тачи. По средбата со американскиот заменик амбасадор, Тачи рече дека не очекува сугерирање околу составот на новата влада.
ПРЕГОВОРИТЕ НА ГРУЕВСКИ ВЛЕГОА ВО ДЕЛИКАТНА ФАЗА Сунчица Стојановска ДУИ веќе размислува кои министерства и кои министри ќе бидат дел од новата влада, а ДПА најавува протести. Ова е пресвртот што вчера се случил во преговорите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и двете најголеми партии од албанскиот политички блок ...
На Груевски му се потребни стабилни позиции во парламентот, обезбедена двотретинска поддршка за реформските закони што ќе треба да ги турка, а со неа условени. На Груевски му се потребни стабилни позиции во парламентот, обезбедена двотретинска поддршка за реформските закони што ќе треба да ги ...
ВМРО- ДПМНЕ инсистира, ДУИ избегнува да каже колку и кои ресори сака да ги има. Ова, како што дознава Канал 5, било првото прашање кое и денеска како и синоќа претставниците на Груевски им го поставиле на соработниците на Ахмети.
Се очекува ДУИ да ги отвори картите и да соопшти кои ресори ги посакува во идната влада БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Пресврт во разговорите за состав на новата влада или уште еден обид на ДПА да извлече колку што е можно подобра позиција во преговорите со неформалниот мандатар Никола Груевски? Дилемата ја ...
Според некои информации, новиот предлог за ДПА, веројатно и последен, ќе биде двете албански партии да влезат во владата барем до решавањето на статусот на Косово, а потоа одново да се разгледа учеството ДПА и' ја откажала коалцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Пресвртот во преговорите за составување на нова влада и се поизвесното коалицирање на ВМРО ДПМНЕ со ДУИ, за ВМРО Народна се големо предавство. Пресвртот во преговорите за составување на нова влада и се поизвесното коалицирање на ВМРО ДПМНЕ со ДУИ, за ВМРО Народна се големо предавство.
ЛУТА ШТО ГРУЕВСКИ САКА ДА ЈА ВДОМИ ДУИ ВО ВЛАДАТА Во партијата на Арбен Џафери сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ја фатило амнезија за однесувањето на ДУИ во владата на СДСМ, но и за нејзиниот "учинок" во воениот конфликт Ако ВМРО-ДПМНЕ се договори со ДУИ за приклучок во новото парламентарно мнозинство, ДПА ...
Со голем број коалициски партнери тешко дека ќе може владата ефикасно да работи Соња Крамарска Идната влада на Груевски би можела да се соочи со силни внатрешни тензии доколку во неа како партнери влезат повеќе партии. Коалициската распределба на колачот ќе се најде во ќор-сокак многу брзо, бидејќи ...
Претседателствата на ДПА и ДУИ синоќа одржаа нови состаноци на кои е разговарано за прифаќање на платформата предложена од ВМРО-ДПМНЕ. Овие состаноци следуваат по третата рунда преговори меѓу делегациите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, предводени од Антонио Милошоски и Теута Арифи.
ВМРО-ДПМНЕ предложиле и од ДУИ добиле начелна согласност да биде изменет законот за јавното обвинителство, да се донесе од европска земја докажан професионалец во борбата со корупцијата и организираниот криминал. Министрите да одговараат пред премиерот и парламентарното мнозинство за својата ...
Во ВМРО ДПМНЕ официјално молк за одлуката на ДПА. Најавата дека Џафери и Тачи ги напуштаат преговорите се прима со резерва во победничката партија. Официјално само е потврдено дека денеска попладне потпретседателот на ДПА Мендух Тачи во телефонскиот разговор со Груевски го известил дека неговата ...
Како што неофицијално дознаваме, ДПА преку заменик претседателот Тачи, попладнево му соопштиле на Груевски дека нема да бидат во иста влада со ДУИ. Оваа одлука му ја пренел при телефонскиот разговор кој го имал со него. Но одлуката не е конечна додека не ја потврди највисокото тело партијата, ...
Не прифаќаме влада заедно со ДПА. Ова е конечниот став на ПДП донесен денеска на централното претседателство на партијата во Тетово. „Не доаѓа во предвид ние, коалицијата ДУИ-ПДП, да влегуваме во влада заедно со ДПА “, изјави Сафет Незири портпарол на ПДП.
Ахмети и Џафери треба да одлучат дали им е прифатливо да седат заедно во иста влада БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Сж поизвесно е дека Демократската унија за интеграции ќе биде дел од новата владина коалиција, која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.
МНОГУ КАНДИДАТИ Има многу кандидати за нови министри, но ВМРО - ДПМНЕ ќе ги соопшти имињата откако ќе се расчисти дилемата дали и ДУИ ќе влезе во владејачката коалиција, велат во партијата на Груевски. - Ќе почекаме да се договориме која партија кои министерства ќе ги раководи, а потоа ќе ги ...
ПРЕГОВОРИ ВМРО-ДПМНЕ - ДУИ ВМРО-ДПМНЕ за синоќа очекуваше дефинитивен одговор од ДУИ - дали ќе се приклучи во новото парламентарно мнозинство под условите што ги нуди Никола Груевски Раководството на ВМРО-ДПМНЕ за синоќа очекувало дефинитивен одговор од ДУИ, дали ќе се приклучи на веќе обезбеденото ...
ВМРО - ДПМНЕ И ДУИ ГИ ПОЧНАА ПРЕГОВОРИТЕ Сунчица Стојановска Не падна договор за коалиција по првата средба меѓу претставници на ВМРО - ДПМНЕ и ДУИ во неделата вечерта. ДУИ не ја отфрла можноста да влезе во власта и покрај тоа што Груевски веќе начелно се договори со ДПА, велат извори од двете ...
Со самото тоа што ја поканивме ДУИ на разговори демонстриравме дека имаме интерес и волја за соработка, велат во ВМРО-ДПМНЕ Се' поизвесно е дека и Демократската унија за интеграција ќе биде дел од владино мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ.
"Груевски нема обврска да коалицира со Демократската унија за интеграција. Коалицијата "За подобра Македонија" на парламентарните избори освои најмногу гласови и Груевски единствено има должност да обезбеди парламентарно мнозинство од 61 пратеник.
ДУИ не ја отфрла можноста заедно со ДПА да влезе во новата влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. "Се ќе зависи од тоа дали со ВМРО-ДПМНЕ ќе ги усогласиме принципите и програмските определби". Ова е кусиот одговор од ДУИ по првата средба на Муса Џафери и Фатмир Бесими со претставниците на ...
Меѓународната заедница денеска вмеша прсти во составувањето на новата влада. Амбасадорот на ЕУ во Скопје Ерван Фуере денеска порача дека меѓународната заедница во новата влада би сакала да ги види застапени партиите кои добија мнозинство на изборите во двете заедници - македонската и албанската.
Заврши состанокот на раководството на ДУИ, чии членови беа собрани во седиштето во Мала Речица. Најверојатно тие го разгледуваа предлогот што синоќа оваа партија го доби од ВМРО-ДПМНЕ за составување на нова влада. Детали од средбата не се соопштуваат, а претставници од оваа партија не кажуваат ни ...
ТЕТОВО - Вклучувајќи се во прославата на победата на изборите, младите на ДУИ и на ПДП на плоштадот во Тетово во саботата доцна навечер организираа музички хепенинг на кои настапија солисти од Македонија и Косово, пеејќи за ОНА, за војната и за командантите.
ГРУЕВСКИ ОБЕЗБЕДИ МНОЗИНСТВО ЗА НОВАТА ВЛАДА Сунчица Стојановска Арбен Џафери, Тито Петковски, Лилјана Поповска и Фијат Цаноски, лидери на ДПА, НСДП, ДОМ и на ПЕИ, се коалициските партнери во новата влада, објави вчера ВМРО-ДПМНЕ.
АЛИ АХМЕТИ ТВРДИ Ние сме легитимните претставници на албанскиот народ во Македонија врз основа на изборниот резултат, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети завчера на прес-конференција. Според него, ДУИ и партнерите сметаат дека новата влада треба да биде влада што има легитимитет и мандат од гласачите ...
ВМРО-ДПМНЕ ОБЕЗБЕДИ МНОЗИСТВО ВО СОБРАНИЕТО Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Бичиклиски тврди дека за коалиција ќе разговараат и со ДУИ, но дали и оваа партија ќе влезе во новата влада ќе зависи од нејзините барања ВМРО-ДПМНЕ вчера објави дека постигна начелна согласност со три политички партии ...
Ахмети вели дека новата влада треба да се бори со корупцијата ГоЈко Ефтоски ТЕТОВО - „Почитувајќи ги изборните резултати од 5 јули, коалицијата ДУИ и ПДП, во која е и Лигата на Бошњаците, сме легитимните претставници на албанскиот народ во Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ ќе и понуди соработка и на ДУИ, но во партијата на Ахмети не се одушевени Борис Георгиевски Составот на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ е познат, останува само да се види дали во неа ќе се сместат една или две албански политички партии.
"Според резултатите од парламентарните избори, коалицијата ДУИ-ПДП е легитимен претставник на албанскиот народ во Македонија. При формирањето на владата треба да се има предвид субјектот што ја одразува вољата на тој народ", категорично изјави лидерот Али Ахмети завчера во Мала Речица.
НА ПРОСЛАВАТА НА ПЛОШТАДОТ ВО ТЕТОВО Активистите на ДУИ и на ДПА во саботата на градскиот плоштад за малку ќе се испотепаа меѓусебе. Младинскиот форум на ДУИ уште дента, за 19 часот, закажа музички хепенинг и прослава на плоштадот по повод победата на изборите во т.н. албански политички блок.
Дали и ДУИ ќе влезе во владината коалиција ќе се реши деновиве, по средбите на претставниците на двете партии Лидерот на коалицијата „За подобра Македонија“, Никола Груевски, обезбеди мнозинство за состав на влада. Тој во изминатите неколку дена им понудил коалиција и начелно се договорил со ...
Лидерите на ДУИ и ПДП, Али Ахмети и Абдуљади Вејсели, во Мала Речица истакнаа дека врз основа на изборните резултати тие се легитимни претставници на албанскиот народ во Македонија. - ДУИ и партнерите сметаат дека новата влада треба да биде влада којашто има легитимитет и мандат од гласачите за да ...
ВМРО-ДПМНЕ обезбеди парламентарно мнозинство, објавија вчера во партијата која го доби мандатот од граѓаните да формира влада. Лидерот Никола Груевски добил начелна согласност за коалиција од првите луѓе на НСДП, ДПА и ДОМ. Тито Петковски, Мендух Тачи и Лилјана Поповска ја прифатиле програмата и ...