TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

МПЦ ја поддржува акцијата за предавање на нелегалното оружје

Утрински - 18.10.2003

СРЕДБА Скопје - "Македонската православна црква дава целосна и безусловна поддршка на акцијата за доброволно предавање на оружјето", изјави митрополитот полошко-кумановски, г. Кирил по вчерашната средба со делегацијата од Координативното тело и Оперативниот центар за спроведување на Законот за ...

МПЦ го поддржува разоружувањето

Дневник - 18.10.2003

АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ НА ОРУЖЈЕТО Македонската православна црква дава целосна и безусловна поддршка за акцијата за доброволно предавање на оружјето, изјави полошко-кумановскиот митрополит, г. Кирил, по вчерашната средба со делегацијата од координативното тело за разоружување.

МПЦ целосна ја поддржува акцијата за разоружување

А1 - 17.10.2003

МПЦ и дава целосна и безусловна поддршка на престојната акција за собирање на нелегалното оружје во Македонија. Ова денеска било речено на средбата на членовите на координативното тело и оперативниот центар за разоружување со синодот на МПЦ.

Албанците не го прифаќаат повикот на Андов

Дневник - 17.10.2003

РАЗОРУЖУВАЊЕ Лидерите на политичките партии на етничките Албанци најверојатно нема да стават свој потпис на јавниот повик за разоружување што завчера го предложи лидерот на ЛП, Стојан Андов. Парламентарните партии на Македонците во најголем дел се подготвени да го потпишат повикот во следната среда.

ДПА и ПДП обратно од сите

Вест - 17.10.2003

ИДНАТА НЕДЕЛА ПАРТИИТЕ ЌЕ ПОТПИШАТ ЗА ИНИЦИЈАТИВАТА НА АНДОВ Сите политички партии прифаЌаат да потпишат јавен повик до граѓаните за предавање на нелњегалното оружје, со исклучок на ДПА и ПДП, кои иницијативата ја сметаат за непотребна и саморекламирање на предлагач "Иницијативата на Стојан Андов ...

Иницијативата за повикување на граѓаните за разоружување е формална

А1 - 16.10.2003

Иницијативата на Андов, лидерите на парламентарните политички партии заедно да ги повикаат граѓаните да го предадат нелегалното оружје за партиите е формална и не е неопходна кога во собранието веќе е изгласан закон за разоружување.

За ДПА акцијата за разоружување е избрзана

Утрински - 16.10.2003

Средба на Координативното тело со раководствата на партии на Албанците во Тетово ТЕТОВО - "Нашата партија дава целосна поддршка на акцијата за собирање на нелегалното оружје. За разлика од други кои само декларативно ја даваат поддршката, имаме причина повеќе бидејќи сме политичка жртва на употреба ...

ДПА не учествува во разоружувањето

Дневник - 16.10.2003

АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ НА ОРУЖЈЕТО Демократската партија на Албанците ја поддржува акцијата за доброволно предавање на нелегалното оружје, но практично нема да се вклучи во неа, изјави Ружди Матоши, генерален секретар на ДПА по вчерашната средба со делегацијата од Координативното тело за доброволно ...

ДПА ја поддржува, но нема да учествува во акцијата за разоружување

А1 - 15.10.2003

По денешната средба на координативното тело и оперативниот центар со претставници на ДПА во Тетово, 33 градоначалници од оваа партија нема да учествуваат во локалните комисии за собирање на доброволно предаденото нелегално оружје.

Источна Македонија порасположена за разоружување

А1 - 15.10.2003

Граѓаните од источниот дел на земјата се порасположени да го предадат оружјето, за разлика од луѓето кои живеат во западна Македонија. Тие како оправдување за да не го предадат оружјето ја наведуваат се уште кревката безбедносна состојба во државава.

Андов бара партиите да ги повикаат граѓаните на разоружување

А1 - 15.10.2003

Во јавниот повик, кој Андов предлага да го потпишат претседателите на сите парламентарни партии, од граѓаните кои поседуваат нелегално оружје се бара да ја манифестираат својата лојалност кон државата и да го предадат оружјето, со што ќе се зајакне безбедноста на сите во земјава.

МАТОШИ ГИ ПОВТОРИ СТАВОВИТЕ НА ДПА ЗА СОБИРАЊЕТО ОРУЖЈЕ

Канал5 - 15.10.2003

Демократската партија на Албанците (ДПА) останува на ставот дека ја подржува хуманитарната акција за собирање на нелегалното оружје, но и дека нивните градоначалници и членови нема активно да учествуваат во неа. Ова денеска во Тетово го изјав Демократската партија на Албанците (ДПА) останува на ...

Ахмети: Партиите нема потреба да ја спречуваатакцијата за разоружување

Утрински - 15.10.2003

Координативното тело за разоружување се сретна со раководствата на СДСМ и на ДУИ Сашко Димевски "Нема потреба Албанците да го чуваат оружјето за Македонците и Македонците истото да го прават за Албанците, бидејќи имаме конкретно решение, а тоа е Охридскиот договор, кој ги решава сите отворени ...

ЛДП и ВМРО-ДПМНЕ ќе дејствуваат меѓу граѓаните да го предадат оружјето

Утрински - 14.10.2003

Оперативниот центар ги почна консултациите со политичките партии Либерално-демократската партија и ВМРО-ДПМНЕ ја поддржуваат акцијата за доброволно предавање на нелегалното оружје и се подготвени активно да дејствуваат на теренот меѓу македонските граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ и ЛДП се вклучија во разоружувањето

Дневник - 14.10.2003

СОБИРАЊЕ НА ОРУЖЈЕТО ВМРО-ДПМНЕ активно ќе се вклучи во акцијата за доброволно предавање на нелегалното оружје, како неопходна и исклучително значајна за безбедноста во земјава, изјави Ганка Самоиловска-Цветанова, потпретседателка на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ активно ќе се вклучи во акцијата за разоружување

А1 - 13.10.2003

„ВМРО-ДПМНЕ има сериозна политичка волја и активно ќе се вклучи во акцијата за доброволно предавање на нелегалното оружје која е неопходна и исклучително значајна за безбедноста во државата“, изјави потпретседателот на партијата Ганка Самоиловска Цветанова, по денешната средба со претставници на ...

ЛДП целосно ја поддржува акцијата за разоружување

А1 - 13.10.2003

„ЛДП целосно ја поддржува акцијата за доброволно предавање на нелегалното оружје и е подготвена активно да делува на теренот меѓу граѓаните“, изјави денеска потпретседателот на ЛДП Зоран Шапуриќ, по средбата на раководството на партијата со претставници на Координативното тело за разоружување.