TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Во Прилеп повторно се проблематизира откупот на тутун

А1 - 25.02.2006

Во Прилеп повторно се проблематизира откупот. Тутунарите крајно незадоволни од динамиката на откуп и ниската цена во помалите откупни претпријатија „Струмица табак“, „Алијанса“ и „Центро табак“. Прилепските тутунарите бараат Владата да изврши притисок врз откупните монополи , повеќе да се откупува, ...

Струмичките тутунари разочарани од ниските цени

А1 - 25.02.2006

Уште ланското производство не сме го предале, новата сезона ни е на прагот, треба пари за производството што ќе го почнеме во март, велат во семејството Јаневи од селото Сушево, каде во полн ек е втората тура од манипулацијата на тутунот.

Тутунарите чекаат некој да им го откупи тутунот

А1 - 23.02.2006

Ваит Ајдаровски е еден од многуте од Дебреште кој чека пред откупните пунктови некој да му го откупи тутунот. Слична е и состојбата со другите тутунопроизводители од селата во Долненска општина на кои тутунот им е единствена егзистенција.

Донесен законот за тутун

Време - 23.02.2006

СОБРАНИЕ Со 60 гласа „за“, два против и ниту еден воздржан, Собранието завчеравечер го донесе Законот за тутун и тутунски производи, со кој се уредуваат финансирањето, откупот и обработката на тутунот, прометот на ферментиран тутун, како и производството и прометот на тутунските производи, јави МИА.

Нема заштитна цена за тутунот?

Време - 22.02.2006

СОБРАНИСКА РАСПРАВА ЗА ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ Со заштитна цена на тутунот само ќе им се наштети на производителите, а нема да се стимулира квалитетот на производството, оцени Санде Џамбазовски, заменикот-министер за земјоделство, на вчерашното продолжение на собраниската расправа за законот за тутун и ...

Протестираат тутунарите

Време - 22.02.2006

РЕВОЛТ ВО ПРИЛЕП Незадоволни од процената на тутунот прилепските тутунари вчера ја блокираа работата на два откупни пункта на „Струмица табак“. Тие се жалат дека оваа фирма веќе не сака да им го откупува тутунот. Од Министерството за земјоделство, пак, велат дека се прават напори за продолжување на ...

Пак не лажат со оцените за квалитетот на тутунот

Време - 21.02.2006

ПРИЛЕПСКИТЕ ТУТУНАРИ НЕЗАДОВОЛНИ Не сме задоволни од одвивањето на откупот на тутунот во прилепскиот регион. Тој не само што се оценува како Б-3 класа, туку откупувачите даваат и четврта класа, велат тутунопроизводителите. - Попусти беа напорите да издејствуваме пореална откупна цена.