TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Пекинг повторно ќе ги отвори училиштата

А1 - 18.05.2003

Во Пекинг од САРС починаа уште две лица, а за последните 24 часа се регистрирани 28 нови заразени, соопшти денеска кинеското Министерство за здравство. Сепак, Пекинг во четврток следната недела повторно ќе ги отвори училиштата за 1,37 милиони ученици, што беа затворени еден месец поради појавата на ...

Нови жртви на САРС во Кина и Хонгконг

А1 - 17.05.2003

Од тешкиот акутен респираторен синдром САРС денеска во Кина починаа уште 12 лица, а регистрирани се и повеќе десетици нови заразени, соопштија кинеските медицински власти. Според кинеското Министерство за здравство, во Кина се регистрирани седум нови смртни случаи од САРС, од кои четири во Пекинг.

Само 39 нови случаи и четворица починати од САРС за 24 часа

Утрински - 17.05.2003

Кина успева да ја контролира опасната пнемвонија ПЕКИНГ - Кина вчера пријави уште четири смртни случаи од САРС и други 39 случаи на заболени во последните 24 часа, што претставува најмало зголемување во евиденцијата откако владата во минатиот месец излезе со јасни бројки.

Под медицински надзор од САРС досега биле 64 лица

А1 - 16.05.2003

Во Македонија под медицински надзор досега биле 64 лица кои пресојувале во земјите погодени од САРС. Последните пет пријавени се лица кои престојувале во Канада. Епидемиолозите велат дека 9 од нив се уште се под 14-дневен медицински надзор.

Полицајците "ловат" САРС без заштитни маски

Дневник - 16.05.2003

И АЕРОДРОМОТ "СКОПЈЕ" СЕ ТРЕСЕ ОД ПНЕВМОНИЈАТА За разлика од нив, цариниците без маски не одат никаде, додека патниците избегнуваат да стојат до лица што дошле од кризните региони Полицајците на аеродромот "Скопје" не носат заштитни маски против САРС, иако речиси секојдневно пристигнуваат патници ...

Во Канада може да се патува, забраната за Кина останува

Утрински - 16.05.2003

Препорака од Министерството за здравство Скопје - Министерството за здравство, поради ширењето на тешкиот акутен респираторен синдром - САРС, им препорачува на македонските граѓани доколку не е неопходно да не патуваат во Кина, особено во областите на Пекинг, Гуандонг, Хонг Конг, регионот Шанкси, ...

Кинезите ќе добијат куршум ако шират САРС

Дневник - 16.05.2003

ПЕКИНГ РЕШИ ДА ЈА ЗАПРЕ ЕПИДЕМИЈАТА Кинеската влада се закани дека лицата болни од САРС што одбиваат да одат во карантин ќе бидат застрелани или казнети со доживотен затвор, јави Ројтерс. - Намерното ширење смртоносни вируси и загрозувањето на јавната безбедност се казнуваат со 10 години затвор до ...

Смртна казна за намерно пренесување вирусот САРС во Кина

Вест - 16.05.2003

Пекинг, 16 мај - Во последното деноноќие во Кина од смртоносниот атипичен респираторен синдром починаа уште четири лица, а пријавени се нови 52 случаи на болеста, што преставува најмал број на заболени и починати откако Пекинг почна секојдневно да информира за жртвите од САРС, соопшти вчера ...

Препорака да не се патува во Кина

А1 - 15.05.2003

Министерството за здравство денеска издаде препорака до граѓаните на Република Македонија, доколку не им е неопходно, да не патуваат во Кина, особено во областите Пекинг, Гуандонг, Хонг-Конг, регионот Шанкси, Внатрешна Молдавија, Тиањин, како и во Тајпеј - Тајван.

Под надзор десетина лица што се вратиле од Кина

Дневник - 15.05.2003

САРС СЕЕ СТРАВ Повеќе од 100 лица се вратиле во земјава од ризичните региони каде што има заболени од САРС. На граничните премини се преземаат неопходните мерки за контрола на сите што доаѓаат од земјите каде што се појавила таа болест, но нема потреба за преземање дополнителни активности по ...

Само стравот не штити од САРС

Дневник - 15.05.2003

Македонските здравствени власти немаат намера да преземат дополнителни мерки за заштита од смртоносната болест ниту по сомневањата дека во соседна Грција и во Србија се регистрирани првите жртви на вирусот САРС. За среќа, лошите вести беа демантирани, односно Светската здравствена организација не ...

Два сомнителни случаи на САРС во Кипар

А1 - 14.05.2003

Во Кипар се регистрирани два сомнителни случаи на САРС, соопштија кипарските медицински власти. Во болницата во Лимасол вчера е хоспитализирана една 32-годишна жена од Филипините, која имала симптоми на САРС. Вториот сомнителен случај е една стујардеса, која е хоспитализирана во Атина, откако ...

Прв сомнителен случај на САРС во Грција

Утрински - 14.05.2003

Смртоносниот вирус се приближува кон Македонија АТИНА - Грција вчера излезе со соопштение дека има прв осомничен случај со САРС, а некои медиуми изјавија дека можната жртва е странска стјуардеса која неодамна била во Хонгконг.

Стјуардеса од Јужна Африка донела САРС во Грција?

Дневник - 14.05.2003

СМРТОНОСНАТА ПНЕВМОНИЈА НА БАЛКАНОТ Бугарската амбасада во Скопје објави дека единствениот сомнителен случај на САРС во Бугарија бил лажна тревога Грчката Влада соопшти дека во болницата во Атина е сместена стјуардеса од Јужна Африка што имала симптоми на смртоносната пневмонија САРС, јави Ројтерс.

Прв сомнителен случај на САРС и во Грција

А1 - 13.05.2003

Првиот случај со можни симптоми на САРС се појави и во Грција. Пациентот е стјуардеса од Јужна Африка која пристигнала во Грција пред два дена и која претходно престојувала во Хонг Конг, објавија грчките медиуми. „Ова е случај што одговара на критериумите за САРС, но се уште не е потврден и ...

Владо Атанасовски со САРС патешествие од Кина

А1 - 13.05.2003

Во средината на минатиот месец Владо Атанасовски, генерален директор на „МЗТ Хепос“, и неговиот заменик една недела службено престојувале во Кина, токму во екот на епидемијата на САРС. „Пред да тргнеме се консултиравме со надлежните здравствени служби“, изјави Атанасовски, кој го раскажува своето ...

Канскиот фестивал стравува од САРС

Дневник - 13.05.2003

УТРЕ ПОЧНУВА ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО КАН Фестивалот ќе биде отворен со римејкот на филмот "Fanfan la Tulipe" Педесет и шестиот Кански филмски фестивал, кој почнува утре, се соочува со многу проблеми, меѓу кои е и со грижата за безбедноста и стравувањата дека азиските учесници може да го донесат со ...

Белграѓани исплашени, скопјани болни по информации за САРС

Дневник - 13.05.2003

СРБИЈА ПОД ЗНАКОТ НА СМРТОНОСНАТА БОЛЕСТ Белград е во страв од САРС откако завчера во градот еден Кинез бил хоспитализиран под сомневање дека е заболен од смртоносната пневмонија. Македонската здравствена власт смета дека нема потреба за дополнителни превентивни мерки на границата со Србија.

Прв можен случај на САРС во Србија

Утрински - 13.05.2003

Белград Прв случај на потенцијален пациент, заболен од САРС, е регистриран за време на викендот во Белград, во соседна Србија, јавуваат локалните електронски медиуми. Станува збор за Кинез, дел од групата илегални емигранти кои вчера претпладне биле приведени од страна на белградската полиција, ...

Кинезот задржан во Белград не бил заболен од САРС

А1 - 12.05.2003

Кинескиот државјанин, кој вчера е задржан во Институтот за инфективни и тропски болести во Белград, поради сомнение дека е заболен од САРС, е во добра состојба и нема симптоми на болеста, изјави денеска српскиот министер за здравство Томица Милосављевиќ.

Амино киселини со кои се лечи СИДА помагаат во лечење на САРС

А1 - 12.05.2003

Синтетички пептиди-амино киселини кои го забавуваат напредувањето на сидата даваат позитивни резултати и кај вирусот на САРС, тврди пионерот во истражувањето на сидата д-р Дејвид Хо, научен директор на центарот за истражување „Аерон Дајмонд“ во Њујорк.

САРС уби 2.000 и зарази над 10.000 лица

Вест - 12.05.2003

ХОНГ КОНГ/ПЕКИНГ/ТАЈПЕЈ, 12 мај, (Ројтерс) - Властите во Хонг Конг соопштија вчера дека од САРС починале уште тројца пациенти, а се заболени уште четворица. Со најновите бројки, вкупниот број на заболени од САРС во Хонг Конг се искачи на 1678, а бројот на починатите е 215.

Забрана за плукање како мерка во борбата против САРС

Утрински - 12.05.2003

Кина во напорите да се спречи ширењето на смртоносниот вирус Официјални лица во северниот кинески град Гуангжу испратија илјада санитетски работници за да ги спречат луѓето да плукаат на улиците, во напорите да се спречи ширењето на вирусот САРС.

САРС во Нигерија, ебола во Судан

Дневник - 12.05.2003

ЕПИДЕМИИ ВО АФРИКА Нигерија вчера ја известила Светската здравствена организација дека еден Кинез, кој неодамна пристигнал од Тајван, починал во болница во Најроби откако манифестирал симптоми на атипичната пневмонија САРС, јави МИА.