TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Како што се договоривме!

Утрински - 04.08.2007

Мислења ЈАНИ МАКРАДУЛИ Веќе 15-ти пат си го преслушав говорот за Илинден и да ти кажам право најдобар сум! Не знам како да го започнам ова писмо, бидејќи уште ме држи трепетот и возбудата од прославата на 2 Август – Илинден на Мечкин Камен, во Крушево.

Груевски: Не смееме да потфрлиме

Вест - 03.08.2007

На Мечкин камен во Крушево беше одбележан македонскиот национален празник Илинден 2 Август и 104 годишнината од Илинденското востание. Традиционалниот народен собир и чествувањето на празникот почна со пристигнувањето на македонската коњаница од 30 комити кои дојдоа од Скопје.

Црвенковски: Нема две Македонии

Вест - 03.08.2007

ИЛИНДЕН ВО ПЕЛИНЦЕ "Нема и не смее да има две Македонии, едната наша, другата ваша, едната во Крушево, другата во Пелинце", порача претседателот Бранко Црвенковски на прославата на 2 Август, во Меморијалниот центар АСНОМ, во Пелинце.

Не е секој ден Илинден

Дневник - 03.08.2007

Никогаш како на Илинден нашите политичари не ги изговараат во толкаво количество зборовите единство, сплотеност, надминување на поделбите... И од Мечкин Камен и од Пелинце ги слушнавме речиси истите заклетви со кои пред многу децении на овие простори се гинеше за денешната држава.

Не смее да има две Македонии - едната во Крушево, другата во Пелинце

Утрински - 03.08.2007

Немаше да има независност без победата на АСНОМ, без илинденскиот мит, истакна Бранко Црвенковски Столе Божиновски ПЕЛИНЦЕ - „Ако Илинден 1903 е македонскиот национален мит и духовно извориште; ако АСНОМ 1944 е моментот на реализирана државотворност и македонската историска победа, ако 8 Септември ...

Не смее да има една наша, друга ваша Македонија

Дневник - 03.08.2007

Во борбата против криминалот и корупцијата јавниот линч не смее да биде посилен од доказите, нагласи шефот на државата Нема и не смее да има две Македонии, интеграцијата во Европската унија и во НАТО треба да биде точка на целосна интегрираност и заедништво, шансата ни е дадена и работите зависат ...

Илинденците не' обврзуваат да отвориме нова илинденска страница

Утрински - 03.08.2007

Треба да најдеме сили за надминување на политичките разлики, рече премиерот Никола Груевски МОНИКА ТАЛЕСКА КРУШЕВО - Највисоката жртва на илинденците и нивните животи не' обврзува да стигнеме до целта, да отвориме нова современа илинденска страница за политичко дејствување, да се обидеме да ...

Груевски:Илинден-традиција што не' задолжува, инспирира и обединува

Вечер Прес - 03.08.2007

-Пред 104 години заколнатите борци на Питу Гули се саможртвуваа пред олтарот на слободата. Се поклонуваме пред тој херојски чин што стана синоним на непокорот и борбата за слободна Македонија. На овој голем ден и оддаваме почит на нашата славна илинденска генерација, традиција што не задолжува, не ...

Црвенковски: Нема "Наша" и "Ваша" Македонија

Вечер Прес - 03.08.2007

- Нема и не смее да има две Македонии, едната "наша", другата "ваша", едната во Крушево, другата во Пелинце. Граѓаните бараат напредок и резултати, бараат да ја обезбедиме нивната иднина. Ние тоа им го должиме и треба заедно да го направиме.

Груевски: Илинден е празник на македонскиот стремеж

А1 - 02.08.2007

По повеќегодишна слаба посетеност, прославата на Илинден на Мечкин Камен ја врати некогашната масовност. Илјадници граѓани од цела Македонија и од соседството, повеќето од нив организирани од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, со силно полициско обезбедување, им оддадоа почит на Илинденците.

Црвенковски: Криминалот нема партиска позадина

А1 - 02.08.2007

Нема и не смее да има две Македонии, едната наша другата ваша, едната во Крушево другата во Пелинце. Претседателот Бранко Црвенковски од меморијалниот центар ја прати пораката за обединување кон единствената цел, евроатлантските интеграции.

Председателот од Пелинце предупреди апсењата да не бидат со политичка нарачка за маркетинг

Канал5 - 02.08.2007

Од Пелинце, во говор со обединувајќи, но и критички тонови, претседателот Црвенковски имаше пораки и за власта и за опозицијата. Од Пелинце, во говор со обединувајќи, но и критички тонови, претседателот Црвенковски имаше пораки и за власта и за опозицијата.

Премиерот од Мечкин Камен порача бескомпромисна битка против криминалот

Канал5 - 02.08.2007

Со задоцнување од час, веројатно поради говорот на Црвенковски на Пелинце, започна денешниот народен собир на Мечкин Камен. Со задоцнување од час, веројатно поради говорот на Црвенковски на Пелинце, започна денешниот народен собир на Мечкин Камен.

Црвенковски на Пелинце: Илинден ден за средба со историјата и поглед кон иднината на Македонија

Канал5 - 02.08.2007

Илинден, 2 Август, е најголемиот празник на Македонија и на сите Македонци ширум светот. Ден за средба со историјата и поглед кон иднината. Пелинце, 2 август (МИА) - Илинден, 2 Август, е најголемиот празник на Македонија и на сите Македонци ширум светот.

Илинденскиот непокор ќе прозвучи од Крушево и од Пелинце

Време - 02.08.2007

ДЕНЕСКА СЕ СЛАВИ НАЈГОЛЕМИОТ НАЦИОНАЛЕН ПРАЗНИК Со народни собири во Крушево и во Пелинце и со поздравни обраќања на претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски денеска ќе се одбележи најголемиот национален празник - Илинден, по повод 104 години од Илинденското востание и 63 години ...

Македонија го одбележа Илинден

Макфакс - 02.08.2007

Пелинце, Крушево Македонија денеска го одбележа Националниот празник Илинденa со народни собири, во присуство на државниот врв, на Мечкин Камен, крај Крушево и Меморијалниот комплекс Пелинце, близу Куманово. На централното одбележување по повод 63 годишнината од првото заседание на АСНОМ во Пелинце ...

Црвенковски – Иднината на Македонија е во ЕУ и НАТО

Макфакс - 02.08.2007

Пелинце Македонија немаше да има независност без асномската победа и без илинденскиот мит, а нејзината иднина е проектирана во заедничкиот европски дом, како дел од ЕУ и НАТО. Ова денеска го изјави претседателот на Македонија Бранко Црвенковски, во говорот во Меморијалниот комплекс Пелинце по повод ...

Посебен сообраќаен режим во Крушево

Дневник - 01.08.2007

Сообраќајот на улиците во Крушево и на пристапните патиштата кон градот денеска и утре ќе се одвива под посебен режим, соопшти Министерството за внатрешни работи. На 1 август почнувајќи од 17 до 24 часот сообраќајот низ улиците на Крушево ќе биде редуциран, а во одредени периоди ќе биде целосно ...

Помирување на Илинден

Вест - 01.08.2007

ШТО СЛАВИМЕ И ЗОШТО СЕ КАРАМЕ? Тв и радио водителката Марија Стојниќ ( 21) облечена како партизанка и Магде Николовска ( 23) како комитка позираат на Пелинце пред меморијалниот музеј на АСНОМ. Девојките ги фрлија дрвените кубури на зем Тв и радио водителката Марија Стојниќ ( 21) облечена како ...

Илиндени на непокорот

Дневник - 01.08.2007

Двата Илиндена, првиот од 1903 и вториот од 1944 година, неизбришливо се вткаени во историјата на македонскиот народ . Истрелите на илинденските востаници, создавањето на Крушевската Република пред 104 години, го најавија втемелувањето на македонската држава, што се оствари на Првото заседание на ...

Цвенковски ќе говори во Пелинце, Груевски на Мечкин Камен

Утрински - 01.08.2007

Од Кабинетот на Црвенковски вчера информираа дека во Меморијалниот центар на АСНОМ официјалниот дел од програмата ќе започне во 10,30 часот. „На свеченоста по повод 104-годишнина од Илинденското востание и Крушевската Република и 63-годишнина од Првото заседание на АСНОМ ќе зборува претседателот ...

Политичарите пак го делат народот за Илинден

Утрински - 01.08.2007

Двата Илиндена не можат да се делат, тие се континуитет на македонската борба ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ Политичарите и натаму продолжуваат да го делат македонското минато. Годинава Илинден на Мечкин Камен ќе го слават вмровците, а прославата во Пелинце им ја препуштаат на сдсмовците, како наследници на ...

Собрание – свечена седница по повод Денот на Републиката

Макфакс - 01.08.2007

Скопје Собранието на Македонија денеска треба да одржи свечена седница со која ќе го одбележи Денот на Републиката – 2.август. Свечената седница на Собранието е закажана за попладне. Централни манифестации, по повод прославата на Илинденското востание од 1903 и на Првото заседание на АСНОМ 1944.

Празничен сообраќаен режим во Крушево

Макфакс - 01.08.2007

Скопје Поради прославата на националниот празник Илинден на Мечкин камен сообраќајот во Крушево денеска и в четврток ќе се одвива според посебен режим. Денеска во периодот од 17,00 до 24,00 часот сообраќајот ќе биде редуциран, а во поедини периоди улиците во Крушево ќе бидат целосно затворени за ...

Илинден во Крушево - АСНОМ во Пелинце

Вечер Прес - 01.08.2007

Прославата на 104-годишнината од Илинденското востание и оваа година традиционално ќе се одржи на Мечкин Камен кај Крушево. Пред присутните, на големиот народен собир, под мотото "Секоја генерација има своја битка" ќе говори премиерот Никола Груевски, а ќе учествува и бројна собраниска делегација.

СДСМ го обвини Груевски дека се откажал од АСНОМ

Дневник - 31.07.2007

Премиерот реши Илинден да биде ден на поделби и конфронтации, со што им ја олеснува работата на сите оние што водат антимакедонска политика, посочуваат во СДСМ Премиерот Никола Груевски ја партизира прославата на Илинден на Мечкин Камен во Крушево и се откажува од придобивките на АСНОМ, обвини ...

СДСМ и Владата во клинч околу прославата на Илинден

Утрински - 31.07.2007

Владиниот портпарол Ивица Боцевски одбележувањето на 63-годишнината од АСНОМ во Пелинце го нарече герилска прослава Опозицијата праша преку кој јавен тендер се потрошени парите за финансирање на медиумската кампања Опозицискиот СДСМ вчера ги обвини премиерот Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ за ...

Мечкин Камен како запуштена ливада

Време - 31.07.2007

БЕЗ ЗАШТИТА ЕДЕН ОД НАЈВАЖНИТЕ СПОМЕНИЦИ ЗА ДРЖАВАТА Сунчица Стојановска Просторот околу споменикот на Мечкин Камен не е под заштита ниту на државата, ниту на општината Крушево. Овој локалитет не е заштитен со ниту еден закон, иако пред две години побаравме од Управата за заштита на културно ...

СДСМ ОБВИНУВА ЗА ПАРТИЗАЦИЈА НА ИЛИНДЕН

Вечер Прес - 31.07.2007

ВЛАДАТА ТВРДИ ДЕКА НЕ ГО НЕГИРА АСНОМ. Боцевски тврди дека оваа Влада ја нема праксата на наследниците на комунистичката партија, националните празници да ги користи како ретки моменти за себепромоција, бидејќи отчетот пред граѓаните го давале секојдневно.

Обвинувања за партизација на двата Илиндена

А1 - 30.07.2007

Традиционално пред Илинден, чествувањето на празникот тема на партиски препукувања. И СДСМ и Владата денеска си упатија обвинувања дека го партизираат Илинден 1903-та и АСНОМ 1944-та. „Во изминативе десетина дена целата јавност беше сведок на целосната партизација на еден од најсветлите мигови во ...

Изгубени во вселената

Утрински - 30.07.2007

Транзит ЅВЕЗДАН ГЕОРГИЕВСКИ Ова е мал чекор за еден претседател на држава, ама е голем за Македонската радио-телевизија Прославата што следува за 2 Август, односно Илинден, ме потсети на некои дамнешни времиња кога татко ми ме разбуди рано сабајлето да го гледам лансирањето на Аполо 11, вселенското ...

СДСМ обвини за партизација на двата Илиндена

Канал5 - 30.07.2007

Да се издигнеме над теснопартиските интереси и да им оддадеме почит на сите кои ја соаздадоа современа Македонија, заедно, без разлика дали сме на Мечкин Камен, Пелинце или можеби некаде во дијаспората, е повикот што СДСМ денеска го упати до граѓаните на Република Македонија.

Ќе има ТВ пренос од Пелинце и Мечкин Камен

Вест - 30.07.2007

МТВ ќе врши директен пренос од одбележувањето на празникот Илинден на Пелинце и на Мечкин Камен. Ова е конечниот став од Македонската телевизија откако во петокот од Кабинетот на претседателот информираа дека јавниот радиодифузен сервис побарал финансиска помош за да го реализира преносот.