Италијанскиот премиер Силвио Берлускони, за време на Самитот во Прага, се сретнал со лидерите на Македонија, Албанија, Хрватска, Ерменија, Романија и Казахстан, како и со украинскиот претседател Леонид Кучма, пишува во денешниот број италијанскиот весник „Кориере дела Сера“.
„Најоптимистичката варијанта е поканата за членство во НАТО да ја добиеме во 2004-та, но јас сум умерен оптимист и ќе бидам задоволен ако тоа се случи во 2006-та година“, изјави министерот за одбрана Владо Бучковски во интервју за Македонското радио, по самитот во Прага.
Наш специјален известувач Слободанка Јовановска Лидерите на НАТО, на заедничкиот самит вчера во Прага, побараа од земјите- членки на Партнерството за мир да застанат со нив рамо до рамо во борбата против тероризмот и другите предизвици за Алијансата.
Седма средба меѓу Владимир Путин и Џорџ Буш по Самитот на НАТО во Прага Од нашиот дописник Бранко ВлаховиЌ МОСКВА - Рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Џорџ Буш вчера попладне се состанаа во Екатеринскиот дворец во Царското село, недалеку од Санкт Петербург.
Претседателот на Русија, Путин, му предложи на Буш нивната следна средба да се одржи во Калининград. Доаѓањето на двајцата претседатели би имало симболика зашто Калининград се смета за најзападната точка на Русија. Меѓутоа, американската страна не се согласи поради "технички причини".
Нано Ружин - Алијансата по самитот во Прага Неполни 24 часа по терористичкиот напад, на 12.9. 2001 првпат во историјата на НАТО, членките го активираа членот 5 од Вашингтонскиот договор, со што се декларираа дека нападот врз САД, претставувал и напад против сите 19 членки на Алијансата.
Алијансата ја смирува Москва по приемот на новите седум членки ПРАГА - НАТО вчера се обиде да ја убеди Русија дека неговото проширување на поранешната советска територија не претставува закана, по "трансформацискиот самит"м чија цел беше Западната алијанса да се адаптира за да одговори на ...
Американскиот претседател Џорџ Буш вчера пристигна во Русија за да го увери својот руски колега Владимир Путин дека ширењето на НАТО кон териториите на бившите советски републики не претствавува закана за Русија, а се разговараше и за теми како што с САНКТ ПЕТЕРБУРГ, Русија, 23 ноември (Ројтерс) - ...
ЗАВРШИ САМИТОТ НА НАТО ВО ПРАГА Благодарни сме што политиката на отворена врата ќе остане основен принцип, рече македонскиот претседател Македонија е спремна да учествува во трансформацијата на Алијансата и така да помогне во борбата против тероризмот и оружјето за масовно уништување.
Самитот на НАТО и земјите од Партнерството за мир во Прага денеска заврши со инцидент. На крајот на завршната конференција за новинари, на генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон две лица му пријдоа и фрлија кон него домати, а според други, балони наполнети со вода.
Министрите за одбрана и за надворешни работи Владо Бучковски и Илинка Митрева денеска во Прага го изразија задоволството од третманот на Македонија во завршната декларација од Самитот во Прага, кого го сметаат за историски момент во еволуцијата на Алијансата.
Претседателот Борис Трајковски денеска во рамките на Самитот на НАТО во Прага ја поздрави политика на отворени врати, што останува основен принцип и во иднина, се додека не заврши процесот на интеграција. „При идното проширување на НАТО, Македонија не сака да биде привилегирана без причина, но не ...
МАНДАТ НА НАТО ВО МАКЕДОНИЈА Македонија од НАТО бара зајакнување на цивилната компонента во функција на приближувањето на европските земји кон евроатлантските интеграции Македонија вчера и официјално побара продолжување на мандатот на НАТО за дополнителни шест месеци.
САМИТ Лидерите на земјите-членки на НАТО решија вчера во Прага да ги прошират границите на Алијансата и таа, од воен сојуз на 19 земји, да стане сојуз на 26 партнери, бришејќи ја источно-западната граница. Со приемот на Бугарија и Романија, Алијансата го почна проширувањето и кон Балканот , ...
НА САМИОТ ВО ПРАГА Бугарите со шампањ среде Софија го прославија приемот во НАТО ПРАГА, 22 ноември (Ројтерс) - НАТО вчера се согласи на историско поместување кон исток со проширувањето на членството надвор од границите на поранешниот Советски Сојуз среде измените кои треба да одговорат на новите ...
КОНСЕНЗУС ПРАГА - Лидерите на НАТО вчера се согласија да воспостават сили за напад за поинтензивна војна и ветија дека ќе ги обноват воените капацитети за совладување на нови закани на безбедноста, вклучувајќи тероризам и оружја за масовно уништување.
Откако САД извршија притисок врз Алијансата за поддршка за разоружување на Ирак Блер: НАТО е обединет во однос на потребата да се разоружи Садам, а како ќе се случи, тоа е негов избор ПРАГА - Земјите-членки на НАТО вчера постигнаа согласност да ги поддржат напорите на ОН за разоружување на Ирак, но ...
РЕАКЦИЈА Првата реакција на претседателотБорис Трајковски вчера во Прага беше дека не е среќен поради одлуката на НАТО да не ја прими Македонија и да не и вети датум за членство, но дека таа сепак е објективна. "Свесни сме, рече Трајковски, дека во реформите не постигнавме толку колку што требаше ...
САМИТ НА НАТО ВО ПРАГА Македонија и Албанија ќе останат можни кандидати за членство на НАТО. Ова се наведува во декларацијата усвоена на крајот од состанокот на шефовите на држави и на влади на земјите-членки на НАТО на вчерашната средба на Северноатлантскиот совет, кој се одржува во главниот град ...
„Безбедносната состојба е подобрена, така што е оправдано намалувањето на военото присуство на НАТО во Македонија“, му пишува Трајковски на Робертсон, објаснувајќи ја потребата од нова, помала мисија на Алијансата во земјава по 15-ти декември.
„Македонија на крајот ќе се приклучи на Северноатлантското семејство, а целта на нејзините лидери е да ја однесат таму што поскоро“, изјави македонскиот претседател Борис Трајковски на денешниот форум на лидерите на Атлантскиот совет, што во организација на Радио Слободна Европа се одржува на ...
„Македонија останува во предвид за идно членство во НАТО“, тоа е заклучокот за Македонија во декларацијата од Прашкиот самит, каде Словенија, Словачка, Естонија, Летонија, Литванија, Романија и Бугарија денеска и официјално беа поканети да и се придружат на Северно-атлантската алијанса.
Доколку Садам Хусеин одбие да се откаже од смртоносниот арсенал Буш: Доколку се донесе одлука да се употреби воена сила, ќе се консултираме со нашите пријатели и се надеваме дека тие ќе ни се приклучат ПРАГА - Американскиот претседател Џорџ Буш вчера изјави дека ќе побара од земјите-сојузнички во ...
ОДЛУКА Брисел - НАТО донесе одлука Мисијата на Алијансата во Македонија да биде продолжена за уште шест месеци, соопштија за Макфакс дипломатски извори во Брисел. Според истите извори, новата Мисија на НАТО во Македонија ќе биде значително помалубројна и ќе има, најверојатно, стотина припадници.
Македонската делегација со скромни очекувања во Прага Чешкиот лидер Вацлав Хавел вчера на тркалезна маса, на која беше присутен и генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, побара од НАТО да не ги заборави земјите на Балканот и побрзо или подоцна и тие да бидат примени во Алијансата.
ДЕНЕСКА ПОЧНУВА САМИТОТ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА АЛИЈАНСАТА Чешкиот претсдеател Хавел, на ден пред историскиот Самит, во прашкиот дворец го прими американскиот претседател Буш ПРАГА, 21 ноември (АП) - Глобалниот тероризам ги оневозможува традиционално неутралните европски земји да останат надвор од ...
СОВЕТОТ НА АЛИЈАНСАТА ОДЛУЧИ ДА НЕ ЈА НАПУШТА МАКЕДОНИЈА ПО 15 ДЕКЕМВРИ Новата мисија ќе биде драстично помала, велат дипломати од Алијансата, нема да има водечка нација како досега, а оставена е и можноста да се прави ревизија на подготвеноста на ЕУ силите да го сменат НАТО, вед Северноатлантскиот ...
Денеска историски Самит на НАТО во Прага на кој ќе учествуваат 45 лидери на земјите-членки и партнери НАТО денеска ќе добие екстра-мускули- е сублимат на вкупните реакции околу денешниот самит на Алијансата во Прага, кој ќе собере 45 лидери на земјите-членки и партнери во обид да го сменат ...
КОНТАКТИ Расправата со Северноатланскиот совет која резултираше со едногласна решеност на сите земји-членки да продолжи помошта и поддршката на НАТО кон Македонија, е темата на вчерашниот телефонски разговор на претседателот Борис Трајковски со генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон.
АЛИЈАНСАТА ДОНЕСЕ ОДЛУКА Промовирањето на евросилите ќе зависи од постигнувањето рамковен договор меѓу НАТО и ЕУ за користење на капацитетите и од тоа дали Македонија ќе сака и дали ќе # треба меѓународно присуство, изјави за "Дневник" Кристина Галах, портпаролка на Солана НАТО вчера постигна ...
ДЕНЕСКА ПОЧНУВА САМИТОТ НА НАТО Поканата на седум нови членки во НАТО, новиот безбедносен концепт и можната интервенција во Ирак се трите клучни прашања на самитот (Наш специјален известувач од Прага) Македонија е подготвена да помогне во новиот концепт на борбата против тероризмот - е клучната ...
Северноатланската aлијанса се очекува на Самитот во Прага, што започнува утре, да ја потврди политиката на отворени врати и да изрази очекување дека Македонија во иднина ќе биде примена во членство. Токму затоа во Прага амбициозно отпатуваа претседателот Борис Трајковски, шефицата на дипломатијата ...
НАТО е формиран на 4-ти април 1949-та година врз основа на Северноатланската спогодба, со која беше оформен сојузот за колективна одбрана, како што е дефиниран со Конститутивната декларација на Обединетите Нации. Северноатланската спогодба, позната и како Вашингтонска, беше склучена на неопределено ...
Советот на НАТО изутрината го прифатил предлогот на Политичко-воениот комитет за испраќање на нова мисија во Македонија за временски период не подолг од шест месеци. Новата мисија на НАТО нема да има име, бидејќи ќе нема ниту оперативен план, а со тоа ниту водечка нација.
УТРЕ ВО ПРАГА ПОЧНУВА САМИОТ НА АЛИЈАНСАТА Самитот во Прага ќе го обезбедуваат 12 илјади полицајци, но сепак се стравува од терористички напади ВАШИНГТОН, 20 ноември (АП) - Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека во текот на оваа недела ќе го увери својот руски колега Владимир Путин дека ...
Пред самитот на НАТО во Чешка ПРАГА - Чешката полиција пронајде мала бомба на железничка пруга во Прага, неколку часа пред да пристигне американскиот претседател Џорџ Буш во чешката престолнина на самитот во НАТО. Околу девет часот, во предградието на Прага, работниците кои ги проверувале пругите ...
Висока делегација од Македонија, предводена од претседателот Трајковски, денеска заминува на Самитот на Алијансата во Прага Македонија нема да добие покана за членство во НАТО, но се надева дека барем ќе добие гаранција за отворена врата за прием во Алијансата - е очекувањето на претседателот Борис ...
МИСИЈА Франција вчера повторно го блокира продолжувањето на мисијата на НАТО во Македонија, инсистирајќи да и се даде можност на Европската унија да ја преземе мисијата во земјава. Расправата околу новата мисија добива маратонска димензија, па и вчера до затворањето на весникот не беше донесена ...
Ханс Бликс и првите триесет експерти за разоружување ја почнаа работата во Ирак Буш: Садам Хусеин на овој или на оној начин, ќе биде разоружен и во сечиј интерес е да се случи тоа БАГДАД - Главниот инспектор за оружје на ОН, Ханс Бликс, и тим од околу 30 експерти го почнаа првиот ден на работа во ...
Според американскиот претседател Џорџ Буш ВИЛНУС - Американскиот претседател Џорџ Буш вчера изјави дека проширувањето на НАТО, со кое ќе бидат опфатени Литванија и другите поранешни советски балтички републики, е во интерес на Русија.
ИЗЈАВА Скопје - НАТО ќе остане отворен за прием на нови земји-членки и по Самитот на Алијансата во Прага, кога се очекува драматично проширување со нови седум земји кои ќе бидат поканети во полноправно членство, изјави британскиот секретар за надворешни работи, Џек Строу.
УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА НАТО Алијансата ветува дека нема да ги затвори вратите за нови членки, а Македонија настапува со регионален концепт, заеднички со Хрватска и со Албанија На самитот на НАТО, кој почнува утре во Прага и е оценет како "историски", Македонија очекува Алијансата да ја продолжи ...
ГЕРМАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА Мисијата на НАТО во Македонија мора да биде заменета со воени сили на Европската Унија, кои, како што е планирано, ќе бидат формирани во 2003 година, изјави вчера во Брисел германскиот министер за одбрана Петер Штрук.
Делегацијата на Македонија на дводневниот Самит на НАТО и земјите членки на Партнерството за мир, што треба да започне во четврток во Прага, ќе ја предводи претседателот Борис Трајковски, а нејзини членови се министрите за надворешни работи и за одбрана Митрева и Бучковски.
„НАТО ќе остане отворен за прием на нови земји - членки и по Самитот на Алијансата во Прага, кога се очекува драматично проширување со нови седум земји кои ќе бидат поканети во полноправно членство“, изјави британскиот секретар за надворешни работи Џек Строу.
Вашингтон, 19 ноември - Американскиот претседател, Џорџ Буш в петок по Самитот на НАТО во Прага, накратко ќе ја посети Русија, на разговори со рускиот претседател Владимир Путин. Се очекува американскиот претседател на средбата да се обиде да го увери Владимир Путин дека проширувањето на НАТО не е ...
Реј Лахуд, републикански конгресмен и член на Комисијата за разоружување Специјално за "Утрински весник" Владица Кокаловиќ Непосредно пред самитот на НАТО во Прага, неофицијално е најавено дека Вашингтон нема да го поддржи зачленувањето на Македонија.
Делегација Скопје - "И покрај тоа што Македонија на Самитот на НАТО, што ќе се одржи идната недела во Прага, нема да добие покана за членство во Алијансата, ние уште повеќе го засилуваме спроведувањето на реформите во одбраната и другите сегменти во државата", изјави шефот на собраниската ...
Новата мисија на НАТО во Македонија вчера беше причина за жестока расправа во Северноатлантскиот совет на Алијансата по сў изгледа поради спротивставените концепти на САД и на Франција околу идното безбедносно присуство во нашава земја.
БРИСЕЛ Амбасадорскиот совет на НАТО, кој вчера одлучуваше за новата мисија на Алијансата во Македонија, се соочи со обидите на Франција да го одбие предлогот за новата мисија на НАТО во нашата земја. Оваа земја-членка на НАТО бара начин да обезбеди период што ќе дозволи ЕУ сепак воено да дебитира ...
Македонија, Албанија и Хрватска побараа од НАТО да ја продолжи политиката на проширување на Алијансата и по претстојниот самит во Прага. Ваквото барање е содржано во заедничкиот амандман на нацрт - резолуцијата „Зајакнување на трансатлантското поврзување“, кој го поднесоа делегациите од овие три ...
НАТО денеска официјално треба да донесе одлука за изгледот на новата мисија во Македонија по 15-ти декември, кога завршува едногодишниот мандат на постоечката мисија на Алијансата, „Килибарни лисици“. Дипломатски извори потврдија дека новата мисија ќе биде со значително помал контингент војници и ...
МЕЃУНАРОДНАТА КРИЗНА ГРУПА ПРЕОПРАЧУВА "Без разлика дали преку НАТО или ЕУ, меѓународната заедница мора да продолжи да и помага на Македнија во периодот на транзиција. Затоа НАТО би требало да остане уште 6 месеци или се додека ЕУ не биде подготвена да ги преземе безбедносните функции.
Трајковски за МРТВ "Сў поизвесно е дека Република Македонија нема да биде примена во НАТО во овој круг на проширување. Според моите досегашни сознанија, само седум од десетте држави од Вилнус-групата ќе бидат на претстојниот прашки самит поканети за членство во Алијансата.
НАТО Новата мисија на НАТО во Македонија, што ќе ги замени "лисиците", ќе нема име и ќе биде значително редуцирана по големина. Како што се дознава неофицијално, одлуката за мисијата треба да биде донесена неделава, а веројатно уште денеска и таа, за разлика од досегашнава, ќе има безбедносна и ...