TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Блер ја реконструира владата

А1 - 07.05.2005

Британскиот премиер Тони Блер изврши реконструкција на владата по победата на неговата Лабуристичка партија на парламентарните избори. Клучните министри во владиниот кабинет - за финансии Гордон Браун, за надворешни работи Џек Стро и за внатрешни работи Чарлс Кларк ги задржаа своите ресори.

Историско постигнување на Тони Блер

Утрински - 07.05.2005

Британските лабуристи извојуваа трета едноподруго победа на парламентарните избори Ниту Ирак не му наштети на премиерот Од наШиот дописник Томислав Ивановски Лондон - Тони Блер е првиот лидер во историјата на британските лабуристи кој успеа трипати едноподруго да победи на парламентарните избори и ...

Тони Блер по трет пат премиер

Вест - 07.05.2005

ЛАБУРИСТИТЕ ТЕНКО ПОБЕДИЈА НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ ВО БРИТАНИЈА ЛОНДОН, 7 мај (Ројтерс) - Премиерот на Велика Британија го преживеа противењето на војната против Ирак и вчера си ја обезбеди историската, трета по ред победа, меѓутоа драстично намаленото мнозинство во парлам ЛОНДОН, 7 мај (Ројтерс) ...

Тони Блер третпат премиер

Дневник - 07.05.2005

ПОБЕДА НА ЛАБУРИСТИТЕ ВО БРИТАНИЈА Горд сум поради оваа трета едноподруго извојувана победа на изборите, а треба и сите лабуристи да бидат горди на она што заедно го постигнавме, изјави британскиот премиер Тони Блер во обраќањето пред приврзаниците во центарот на Лондон, јави МИА.

Блер ја претстави владината програма

Макфакс - 07.05.2005

Лондон Британскиот премиер Тони Блер денеска и официјално го започна третиот мандат, објавувајќи нов пакет закони со што треба да ги зајакне разнишаните позиции на неговата Лабуристичка партија. Законите се однесуваат на образовниот систем, социјалната заштита, здравството, имиграционата служба, ...

Хет-трик на Тони Блер

Вечер Прес - 07.05.2005

Британскиот премиер Тони Блер и неговата Лабуристичка партија победија на парламентарните избори во Велика Британија. Лабуристите остануваат на власт, извојувајќи историска победа, затоа што ова е првпат во историјата еден лабуристички премиер трипати едноподруго да победи на избори.

Победа на Блер и Лабуристичката партија на изборите

А1 - 06.05.2005

Вчера на Британските парламентарни избори трет пат по ред победи Лабуристичката партија. Тони Блер повторно ќе формира влада. За разлика од изборите во 2001 и во 1997 година Лабуристите немаа толку огромно мнозинство во Парламентот. Туку само 66 пратеници повеќе од Конзервативците.

Блер го очекува третиот мандат, последен за него

Утрински - 06.05.2005

Британците вчера гласаа на парламентарните избори. Промени не се на повидок Лидерот на конзервативците, Мајкл Хауард, може да остане на функцијата само ако не загуби премногу Од наШиот известуваЧ Слободанка Јовановска Лондон - Британците вчера гласаа кому да му ја дадат довербата да ја води земјата ...

Блер е фаворит на изборите во Британија

Дневник - 06.05.2005

ПРОГНОЗА НА ПОЛИТИЧКИТЕ АНАЛИТИЧАРИ Во Британија вчера се одржаа парламентарните избори, на кои, според последните анкети, фаворити се лабуристите на премиерот Тони Блер, јави Макфакс. Политичките аналитичари прогнозираат победа на Блер, но истакнуваат дека неговата иднина како премиер ќе зависи од ...

Елизабета Втора го одобри формирањето на новата влада на Блер

Макфакс - 06.05.2005

Лондон Британската кралица Елизабета Втора официјално му одобри на премиерот Тони Блер да формира нова влада по победата на вчерашните парламентарни избори. Според медиумите, се очекува Блер да го соопшти новиот владин кабинет уште вечерва.

Лабуристите повторно на кормилото на Велика Британија

Макфакс - 06.05.2005

Лондон Лабуристичката партија освои нов мандат да управува со Велика Британија, но мора со мудрост да одговори на очекувањата на избирачите, изјави денеска британскиот премиер Тони Блер, ден по победата што ја освоија неговите лабуристи на парламентарните избори.

Парламентарни избори во Британија

А1 - 05.05.2005

Денес Британците гласаат на парламентарни избори. 645 изборни единици ги отворија гласачките места во 7 часот изутрина и лидерите на трите најголеми партии веќе гласаа. На овие избори 6 милиони гласачи имаа можност да гласаат по пошта, но веќе беа утврдени неколку случаи на фалсификување на ...

Блер: Не казнувајте ме за Ирак

Вест - 05.05.2005

ЛОНДОН, 5 мај (Ројтерс) - Во предвечерјето на изборите кои, најверојатно, ќе му обезбедат историски трет мандат, Тони Блер вчера апелираше до гласачите да ги проголтаат сомнежите во врска со Ирак и да го вратат на власт како награда за здравата економија на Велика Британија.

Уапсени лица поради измами во гласањето по пошта

Утрински - 05.05.2005

Скандал во предвечерието на парламентарните избори во Велика Британија Вкупниот број на гласачите во Британија изнесува над 44 милиони, па бројот на оние кои гласаат преку пошта не може драстично да влијае врз вкупното гласање ОД НАШИОТ ДОПИСНИК ТОМИСЛАВ ИВАНОВСКИ ЛОНДОН - Едно лице е уапсено, а ...

Третиот мандат му се смешка на премиерот Блер

Дневник - 05.05.2005

ЗАВРШИ ПРЕДИЗБОРНАТА КАМПАЊА ВО БРИТАНИЈА Во завршницата на предизборната кампања во Британија вчера се заостри и реториката помеѓу ривалите за нов премиер - претседателот на владата и прв човек на Лабуристичката партија, Тони Блер и лидерот на Конзервативната партија, Мајкл Хауард, јави Ројтерс.

Трет мандат за Тони Блер?

Време - 05.05.2005

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ВО БРИТАНИЈА Во Британија денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои се очекува нова, трета убедлива победа на Лабуристичката партија на Тони Блер. Последните анкети, спроведени 24 часа пред отворањето на гласачките места, покажале дека дури 41 процент од граѓаните ...

Избори во Британија-лабуристите фаворити

Макфакс - 05.05.2005

Лондон Парламентарни избори денеска се одржуваат во Британија, на кои, според последните анкети, фаворити се лабуристите на премиерот Тони Блер. Аналитичарите очекуваат победа на Блер, но истакнуваат дека неговата иднина како премиер, ќе зависи од тоа колку голема ќе биде победата на Лабуристите, ...

Блер пред трет мандат?

Вечер Прес - 05.05.2005

Според последните сондажи на јавното мислење , пред денешните отшти избори во Британија, лабуристите на премиерот Тони Блер, веројатно, ќе успеат да победат, а тој да остане во Даунинг стрит 10. Ако тоа се случи, оваа партија првпат во својата историја би успала да освои трет едноподруго премиерски ...

Блер и Хауард се подготвуваат за избори, партиите за пуч

Утрински - 04.05.2005

Еден ден пред парламентарните избори во Велика Британија граѓаните чекаат кој и што ќе им понуди како визија за во иднина Дури и весниците деновиве застанаа на страна на политичкото статус кво, порачувајќи во уредничките коментари дека не е време за промена на власта во Британија, и оти изборот на ...

Лабуристите со мала предност пред конзервативците

Макфакс - 04.05.2005

Лондон Само еден ден пред парламентарните избори во Велика Британија, лабуристите имаат минимална предност пред конзервативците, покажува последното испитување на јавното мислење. Владеачката Лабуристичка партија во предизборната кампања се фокусираше врз економските планови, додека Конзервативната ...

Нападот врз Ирак бил незаконски

Вечер Прес - 04.05.2005

ЛОНДОН, 4 МАЈ (МИА). - Британското Министерство за надворешни работи го предупредил премиерот Тони Блер дека нападот на Ирак би бил незаконски уште во март 2002 година, односно една година пред почетокот на инвазијата, пишува денешен "Индепендент он сандеј", публикувајќи еден документ што правната ...