Од синоќа на полноќ официјално стартуваше кампањата на политичките партии и другите учесници на предвремените парламентарни избори што ќе се одржат на 1 јуни. Партиите, коалициите и независните кандидати кои се пријавија за учество на изборите, во наредните 20 дена ќе можат да ги претстават своите ...
Колони од автомобили и автобуси излепени со плакати и украсени со партиски знамиња се упатуваа кон Охрид, Штип и Гостивар, од каде што вечерва поголемите политички партии ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДПА и нивните коалициони партнери го почнаа своето претставување на првиот ден од официјалниот стар на ...
Број на гласачи: 285.166 (на изборите во 2006 ) Листи: ПСД, ТМРО, РССМ, ДУИ, ДНЕТ, ДПА, ТМОРО-ВЕП, Коалиција „Сонце“ предводена од СДСМ, СДПМ, Коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Сојуз на Титови леви сили Општини: Берово, Велес, Виница, Градско, Делчево, Зелениково, Зрновци, Илинден, Кочани, ...
В НЕДЕЛА ПОЧНУВА ИЗБОРНАТА КАМПАЊА Ана Велјановска Четирите најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДПА и ДУИ, ги завршија подготовките за изборната кампања која официјално почнува в недела, 11 мај. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, „За подобра Македонија“, ќе тргне од Охрид и ќе заврши ...
Државната изборна комисија вчера ја поништи веќе потврдената кандидатска листа на ВМРО – Народна, бидејќи партијата не го испочитувала рокот за поднесување жиро-сметка, потврди портпаролот на ДИК, Зоран Таневски. Според Изборниот законик, партиите се должни во рок од 48 часа од потврдувањето на ...
СОВЕТ ЗА РАДИОДИФУЗИЈА Политичките партии и медиумите го злоупотребија периодот пред почетокот на изборната кампања, што е недозволиво и ваквата практика не смее да продолжи бидејќи може да ја доведе во прашање регуларноста на целиот изборен процес, констатира вчера Советот за радиодифузија.
Завршните митинзи ќе бидат на 30 мај, на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, а на СДСМ во Куманово Оливера Војновска Утре официјално тргнуваат изборните карвани на двата блока- патриотско-портокаловиот и европскиот, кои ќе ги одмерат силите на јунските вонредни парламентарни избори.
„Сонце-коалицијата за Европа“ е втора, а Коалицијата „За подобра Македонија“ е 11-та на листата во првата изборна единица Државната изборна комисија вчера со ждрепка го утврди редоследот на листите со кандидати за избор на пратеници за претстојните,први вонредни парламентарни избори.
ДИК ГО УТВРДИ РАСПОРЕДОТ НА ГЛАСАЧКИТЕ ЛИВЧИЊА Весна Тодоровска Државната изборна комисија вчера со ждрепка го утврди редоследот на партиите на гласачките ливчиња за претстојните парламентарни изброи. Изненадување е партијата на Хисни Шаќири, Националната демократска унија, која ќе се најде под ...
ВМРО-Народна партија нема да учествува на парламентарните избори бидејќи Државната изборна комисија и' ја поништи единствената кандидатска листа во шестата изборна единица. Причината за поништувањето е тоа што партијата не го почитувала рокот да отвори жиро-сметка за изборната кампања.Портпаролот ...
Светлана Унковска Само два дена пред официјалниот старт на изборната кампања Советот за радиодифузија ги повика медиумите и партиите веднаш да престанат со злоупотребата на овој период кога законски се' уште не е почната кампањата.
Државната изборна комисија вчера со жрепка го утврди редоследот на кандидатските листи за претстојните парламентарни избори. Во првата ИЕ, лидерот на ВМРОДПМНЕ Никола Груевски под реден број 11, ќе ја предводи листата на коалицијата "За подобра Македонија", додека за неговиот конкурент Радмила ...
ВМРО-НП нема да учествува на изборите. Државната изборна комисија денеска едногласно ја отфрли веќе потврдената листа на кандидати, бидејќи партијата во рок не доставила жиро сметка. „Се обидовме да воспоставиме контакт со Ѓорѓи Трендафилов, но на неговиот мобилен не се јавуваше.
Електронските и печатените медиуми интензивно ја загреваат изборната атмосфера во државата, а некои од нив отворено ја поддржуваат предвремената изборна кампања на определени политички партии. Ова се првичните констатации на изборниот мониторинг на медиумите „Медиумско огледало“ што од почетокот на ...
Поглед Оливера Војновска Новиот парламент кој во една оптимистичка варијанта - изборите да поминат без поголеми проблеми, би требало да се конституира до крајот на јуни, нема да биде баш нов. Во него ќе седат истите пратеници кои беа и во претходниот собраниски состав.
Советот за радио дифузија реагира дека медиуми и партии го злоупотребиле периодот до изборната кампања – на 11 ти мај официјално стартува кампањата за предвремените парламентарни избори. Ќе се утврдува кој го прекршил законот и ќе следуваат казни најави претседателот на советот, Стефановски.
ВМРО – Народна нема да учествува на овие избори. Државната изборна комисија ја поништи единствената кандидатска листа на оваа партија поради тоа што не го испочитувала рокот за отворање и доставување жиро сметка за изборната кампања, иако нејзиниот лидер Ѓорѓи Трендафилов рекол дека ќе го направи ...
Партиските лидери ќе бидат на еден ист мегдан. На ВМРО-ДПМНЕ на помош со етничките партии Оливера Војновска Извесно е дека на овие први вонредни парламентарни избори најинтересните соочувања ќе бидат во Првата, Четвртата и Шестата изборна единица, каде што силите директно ќе ги одмерат лидерите на ...
ДИК СЕ ОГРАДИ ОД ОДГОВОРНОСТА Ана Велјановска Државната изборна комисија се огради од одговорност по барањето на невладината МОСТ дека треба да се казнат речиси сите политички партии оти предвреме ја почнале предизборната кампањата и со тоа ги прекршиле законите.
Државната изборна комисија има законско право да ги казни партиите-прекршители, вели Дарко Алексов од асоцијацијата МОСТ Предвремените изборни кампањи што партиите ги водат преку собири и телевизиски програми, најверојатно ќе поминат неказнето.
Скопје Државната изборна комисија (ДИК). денеска со жрепка го утврди редоследот на кандидатските листи за сите шест изборни единици за предвремените парламентарни избори. Во Изборната единица 1, има најмногу, 16 кандидатски листи, а ги предводи Националната демократска унија.
Скопје Државната изборна комисија(ДИК) едногласно одлучи да ја поништи потврдената листа на кандидати за избор на пратеници во шестата изборна единица, поднесена од ВМРО-Народна партија. Претседателот на ДИК Јован Јосифовски, на денешната седница, рече дека одлуката е донесена бидејќи ВМРО-НП не ...
Скопје Градоначалникот на Скопје Трифун Костовски денеска ги повика организаторите на изборните кампањи да поставуваат изборни плакати само на местата определени за таа намена. „Да не дозволиме, како и во претходните изборни циклуси, кампањата да остава позади себе нарушен естетски изглед на градот ...
Државната изборна комисија нема законска можност да ги санкционира партиите за предвреме почнатата кампања. Претседателот на ДИК Јован Јосифовски вчера апелираше до партиите да го почитуваат законскиот рок, но посочи оти изборниот законик не предвидува казни за прекршителите.
Електронските и печатените медиуми интензивно ја загреваат изборната атмосфера во државата, а некои од нив отворено ја поддржуваат предвремената изборна кампања на определени политички партии. Ова се првичните констатации на изборниот мониторинг на медиумите „Медиумско огледало“, што од почетокот ...
Четирите големи коалиции почнале со противзаконски предвремени кампањи , предупреди вчера Граѓанската асоцијација МОСТ Противзаконски се предвремените кампањи што ги водат четирите големи партиски коалиции во македонскиот и во албанскиот политички блок, тврдат невладини организации и експерти.
Иако официјално не е започната, изборната кампања наголемо се одвива Соња Крамарска Изборната кампања официјално се' уште не е ниту почната, а на сцена се појавија многу неправилности кои можат да го загрозат изборниот процес.
Македонија, во суштина, живее во двопартиски систем надграден со состојбата кај албанската заедница. Нови партии и нови политичари на овие избори нема. Средни партии, како можен коректив на големите, нема . Мали партии има премногу Имињата на идните пратеници се веќе познати.
Електронските и печатените медиуми интензивно ја загреваат изборната атмосфера во државата, а некои од нив отворено ја поддржуваат предвремената изборна кампања на определени политички партии. Ова се првичните констатации на изборниот мониторинг на медиумите „Медиумско огледало“ што од почетокот на ...
До последен момент беше неизвесно дали Народна воопшто ќе учествува на изборите ВМРО-НП им отворила работа на службите во ДИК, кои прексиноќа морале да ја пречукуваат кандидатската листа на оваа партија која била напишана рачно наместо да биде испечатена од компјутер – како што практикуваат ...
Двете големи коалиции во македонскиот блок и двете коалиции во албанскиот блок ги прекршиле изборните правила со прерано почнување на изборната кампања, оцени вчера Граѓанската асоцијација „Мост“ и побара надлежните институции да преземат соодветни мерки.
ГРАЃАНСКА АСОЦИЈАЦИЈА МОСТ Гоце Михајловски Коалициите „За подобра Македонија“ и „Сонце“ во македонскиот блок и коалициите предводени од ДПА и ДУИ во албанскиот блок ги прекршија изборните правила со прераното почнување на изборната кампања, оцени вчера граѓанската асоцијација МОСТ.
Партиски конвенции, трибини, хепенинзи. Коалициите „За подобра Македонија“ и „Сонце“ во македонскиот блок и коалициите предводени од ДПА и ДУИ во албанскиот блок ги прекршија изборните правила со прераното почнување на изборната кампања, оцени денеска Граѓанската асоцијација МОСТ.
Треба да го подобруваме процесот на секои наредни избори, а не да гледаме под кое ниво не смееме да отидеме, вели Алексов Изборната регулатива овозможува регуларни избори, но само ако партиите имаат волја и политичка култура да ја почитуваат и да се однесуваат фер и демократски, смета Дарко ...
Според предложените листи, во Собранието повторно ќе ги гледаме истите лица од минатиот состав Оливера Војновска Во новиот парламент- шести по ред, што треба да се конституира по вонредните парламентарни избори закажани за 1 јуни, нема да има многу нови лица.
Политичките партии предвреме ја започнаа изборната кампања – реагира граѓанската асоцијација МОСТ. Со претставувањето на кандидатите за пратеници, промоциите на изборните програми ги прекршиле изборните правила. Според законот изборната кампања почнува на 11 ти мај.
ПОЗНАТИ СИТЕ КАНДИДАТСКИ ЛИСТИ Државната изборна комисија ги потврди пратеничките листи од 19 подносители за предвремените парламентарни, кои ќе се одржат на 1 јуни. За пратенички места ќе се борат две коалиции предводени од најголемите партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, и петнаесет партии и групи-избирачи ...
Скопје Државната изборна комисија (ДИК) соопшти денеска дека ги завршила подготовките за предвремените парламентарни избори што ќе се одржат во недела, на 1 јуни. На седницата одржана денеска, ДИК донесе одлука за зголемување на надоместоците за членовите на изборните органи, пред се на избирачките ...
Скопје Двете големи коалиции во македонскиот и во албанскиот блок ги прекршија изборните правила, соопшти денеска на прес конференција Дарко Алексов, извршен директор на Граѓанската асоцијација Мост. Според него, претставувањето на изборните кандидати требало да започне 20 дена пред денот определен ...
Изборни листи Кликнете на сликата за комплетен ...
Изборни листи Кликнете на сликата за комплетен ...
Скопје Пред и за време на изборната кампања, во медиумскиот простор, доминираат кампањите на техничката Влада, како и кампањата на ВМРО-ДПМНЕ со „Коалицијата за подобра Македонија“. Овие кампањи видливо го потиснаа присуството на другите коалиции и партии, учесници во Парламентарните избори 2008, ...
Скопје Македонската влада наложи во изборната кампања да се прекинат сите владини кампањи за поддршка за политиките во образованието, здравството и друго. Портпаролот Ивица Боцевски соопшти дека владата одлуката ја донела „почитувајќи ги принципите на фер и демократска изборна борба, како и ...
Најголема битка во македонскиот блок во „единицата“, а албанските лидери ќе го проверат рејтингот во „шестката“ Гордана Дувњак Дваесет политички актери ќе се борат за освојување на довербата на избирачите, како и за добивање колку што може поголем број гласови кои треба да им обезбедат мандати на ...
ПАРТИИТЕ ГИ ДОСТАВИЈА ИЗБОРНИТЕ ЛИСТИ Ана Велјановска Политичките партии, кои ќе настапат на претстојните парламентарни избори на први јуни, ги доставија своите изборни листи до Државната изборна комисија која до синоќа на полноќ требаше да ги провери и да ги официјализира.
Со кандидатурата на струмичкиот градоначалник Зоран Заев и првиот човек на Карпош Андреј Петров за идни пратеници, тие ќе мора веднаш по изборот да ги напуштат градоначалничките фотелји и да ги прекинат почнатите проекти и постигнатите резултати во своите општини Државната изборна комисија вчера ги ...