TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Три основни училишта со двајца директори

Вечер Прес - 10.09.2005

Функционирањето на основните училишта "Кузман Јосифовски-Питу", "Кирил Пејчиновиќ" и "Климент Охридски", кои се наоѓаат на територија на Општина Кисела Вода, деновиве е доведено во знак прашање поради колизијата која во процесот на образовната децентрализација настана помеѓу Министерството за ...

Едно училиште, двајца директори

А1 - 09.09.2005

Едно училиште, двајца директори. Едниот поставен од позицијата, другиот од опозицијата. И двајцата велат дека не се партиски луѓе, ама и едниот и другиот доаѓаат по смената на власта. Вака е во 20-тина училишта во земјава. И скопското „Кирил Пејчиновиќ“ е со двајца директори.

Разрешени директори украле училишни печати

А1 - 08.09.2005

Разрешените директори на основите училишта Кузман Јосифовски Питу, Кирил Пејчиновиќ и Климент Охридски ги украле училишните печати, обвинува градоначалникот на општина Кисела Вода, Џорџе Арсов. „Новите директори не може да функционираат, зато што нивните потписи не може да бидат верифицирани во ...

Поранешните директорки ги однеле печатите дома

Време - 08.09.2005

ПРОБЛЕМИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО Општината Кисела Вода ќе поднесе кривични пријави против три поранешни директорки на основни училишта, бидејќи одбивале да ги вратат печатите и покрај тоа што биле сменети од должноста, најавуваат од општината.

Незаконските смени добиваат разврска

Време - 07.09.2005

ДВОЈНО ДИРЕКТОРУВАЊЕ ВО УЧИЛИШТАТА Седум директори на училишта биле незаконски именувани од градоначалниците, заклучи завчеравечер второстепената комисија на Владата. Нерешени остануваат уште 15 случаи, каде што градоначалниците без да свикаат училиштен одбор, разрешиле директори на училишта и ...

Разрешени уште 3-ца директори на училишта

А1 - 05.09.2005

Разрешени уште 3-ца директори на училишта. Отказ им дал градоначалникот на Кисела Вода, Џорџе Арсов. Како што изјави за А1, отказните решенија ги поделил по сопствена проценка за неефективно работење на директорите. Со ова, бројката на разрешени училишни директори се зголеми на 24.