Македонските производствени и трговски компании во оваа тешка ситуација эза граѓаните, покажаа висок степен на општествена свест. Реагираа како што многу респектабилни светски компании се однесуваат кон заедницата во која работат, применувајќи го начелото на корпоративна социјална одговорност ...
Млекото, зејтинот и лебот кај нас се поскапи отколку во Србија и во Хрватска, а Словенците повеќе пари даваат само за лебот Цените на млекото, зејтинот и на лебот се највисоки во Македонија, споредено со другите земји во регионот, а просечната плата е најниска.
Цените на прехранбените артикли во продавниците во Демир Капија не се намалени. Лебот и понатаму се продава за 23 и 27 денари, цена постигната при последното зголемување. Пекарите велат дека не размислуваат да ги намалат цените, по препораката од Владата, бидејќи не била намалена цената на брашното.
БРАН НА ПОЕВТИНУВАЊА: ГОЛЕМИТЕ ТРГОВЦИ ЌЕ ГИ НАМАЛАТ ЦЕНИТЕ НА НЕКОИ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ Значително намалување на цената на путерот и на други млечни производи се очекува кон крајот на неделата, најави вчера Здружението на трговци од Стопанската комора на Македонија.
ПРОДОЛЖУВА НАМАЛУВАЊЕТО НА ЦЕНИТЕ Цените на основните прехранбени производи се намалени од два до пет денари. Прв со намалувањето почна „Тинекс“, а од вчера цените ги намалија и „Веро“, „КАМ“ и „Тедико“. Во „Веро“, белиот и полубелиот леб од производителите „Жито лукс“ и „Уни лукс“ се продаваат по ...
Владата вчера на својата веб-страница ги објави намалените цени на основните прехранбени производи по трговци, како резултат на спроведените инспекциски контроли во текот на месецов. Во владината контрола беа земени предвид поголемите супермаркети, какви што се „Веропулос“, „Тедико“, „СП маркет“ и ...
Здружението на трговци во Македонија од следната недела најавува ново намалување на цените на прехранбените производи. Поголемите синџири на супермаркети, на вчерашната средба изразија подготвеност преку намалување на трговската маржа уште да ги намалат цените на основните производи: лебот, ...
Поглед Нина Нинеска-Фиданоска Се случи и тоа. По неколкудневни маратонски преговори и натегања на релација Влада-трговци-производители, завчера конечно „паднаа“ цените на основните прехранбени продукти. И замислете, млекото на една од нашите млекарници поевтинело за еден денар, од 48 на 47 денари.
Трендот на намалување на цените што беше договорен викендот ќе трае најмалку четири месеци Големите маркети најавуваат дека до крајот на неделава ќе ги намалат цените на путерот, павлаката, кајмакот и кашкавалот за 15 отсто. Основните продукти ќе поевтинат и во помалите продавници за храна, иако ...
Очекуваме и производителите и дистрибутерите да се откажат од дел од заработувачката за поевтинувањето да биде што поголемо, порачаа трговците Сопствениците на супермаркетите во земјава најавија ново намалување на цените на млечните производи, за околу 10 отсто.
Трет ден по објавата на Владата за намалување на цената на лебот, Штипјани, Радовишани , Пробиштипјани и Струмичани купуваат леб по стара повисока цена. За граѓаните виновни се трговците и производителите. Трет ден по објавата на Владата за намалување на цената на лебот, Штипјани, Радовишани , ...
Ќе се намалат цените на основните пренхранбени производи и во малите маркети, а неделава ќе поевтинат и млечните производи, најави вчера Здружението за трговија при Стопанската комора. Во големите маркети до крајот на неделава ќе паднат цените на путерот, павлаката, кајмакот и на кашкавалот за 15 ...
Ново поевтинување, по ценовниот шок кој ја зафати Македонија. Здружението на трговци најавува ново намалување на цените на прехранбените производи од идната недела, не кажуваат за колку. Најмногу ќе паѓа цената на млекото и млечните производи, сепак ново поевтинување се очекува и на лебот, ...
ГИ НАМАЛИЈА ЦЕНИТЕ Лебот и млекото на одредени производители од вчера се продаваат по пониски цени во големите маркети. Лебот е намален од два до пет денари во зависност од видот, додека млекото, во просек, е поевтино за десет проценти.
Цените на лебот, млекото и на маслото за јадење се унифицирани во сите поголеми маркети Александрија Стевковска Лебот, брашното и млекото од вчера се продаваат по нови пониски цени за два-три денари. Кај зејтинот е задржана старата цена наспроти најавата дека оваа недела ќе има нагорна корекција на ...
Сопствениците на помали продавници не размислуваат за намалување на цените бидејќи имале мал обрт и одвај издржувале и со сегашните маржи Цените на лебот во поголемите маркети во Скопје од вчера се намалени за два до пет денари, а на млекото - во просек за 10 отсто.
Поевтинуваат дел од млечните производи - кашкавалот, павлаката и кајмакот. Големите трговци најавија дека до крајот на неделата ќе ја намалат цената и кај путерот и дел од кондиторските производи. Здружението на трговци се задоволни како се одвива поевтинувањето на храната.
Поголемите маркети во земјава вчера ги намалија цените на лебот, млекото, брашното и на јајцата. Со тоа производителите, трговците и дистрибутерите ги применија препораките на Владата основните прехранбени производи да поевтинат од 10 до 15 проценти.
Нови пониски цени на рафтовите во маркетите низ Македонија. Во просек за два денара се намалија цените на дел од прехранбените производи. Граѓаните половично задоволни. Едни тврдат дека во некои супермаркети цените се уште биле исти, повисоки.
Поевтинувањето на основните прехранбени производи може да ги повлечат надолу и цените на другите за 7 до 10 отсто Александрија Стевковска Од денеска лебот и млекото ќе се продаваат по пониски цени за 10 отсто, а зејтинот ќе остане со иста цена, со оглед на тоа дека имаше најава од оваа недела тој ...
Во маркетите и продавниците поевтинетите производи на рафтовите ќе бидат означени со посебна етикета со три стрелки надолу за полесно да се снаоѓаат граѓаните Од денеска лебот ќе се продава по 20 денари, а брашното и млекото ќе се продаваат за 10 отсто пониска цена од досегашната.
Лебот, брашното и млекото, според договорот што го постигнаа Владата, произведувачите, трговците и дистрибутерите, од денеска треба да поевтинат и до 20 отсто. Скопје, 11 февруари (МИА) - Лебот, брашното и млекото, според договорот што го постигнаа Владата, произведувачите, трговците и ...
Поевтин леб и млеко само во големите маркети. Во малите дуќани храната се продаваше по стара цена. Вака е на првиот ден од владината мерка прехранбените продукти да поевтинат до 10 отсто со цел да се ублажи ценовниот шок. Малите трговци се правдаат не ја поевтиниле храната бидејќи производителите ...
Цената на маслото за јадење, која изнесува околу 100 денари, засега нема да се намали поради високите цени на тон сурово масло на светските берзи Лебот, брашното и млекото од денеска ќе се продаваат по нови, пониски цени откако Владата, производителите и трговците викендов се договорија да ги ...