TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Аргументи за и против

Дневник - 15.02.2008

Македонските производствени и трговски компании во оваа тешка ситуација эза граѓаните, покажаа висок степен на општествена свест. Реагираа како што многу респектабилни светски компании се однесуваат кон заедницата во која работат, применувајќи го начелото на корпоративна социјална одговорност ...

Храната најскапа во Македонија

Дневник - 15.02.2008

Млекото, зејтинот и лебот кај нас се поскапи отколку во Србија и во Хрватска, а Словенците повеќе пари даваат само за лебот Цените на млекото, зејтинот и на лебот се највисоки во Македонија, споредено со другите земји во регионот, а просечната плата е најниска.

Не паднаа цените на храната во Демир Капија

Дневник - 14.02.2008

Цените на прехранбените артикли во продавниците во Демир Капија не се намалени. Лебот и понатаму се продава за 23 и 27 денари, цена постигната при последното зголемување. Пекарите велат дека не размислуваат да ги намалат цените, по препораката од Владата, бидејќи не била намалена цената на брашното.

Поевтинуваат путерот и сирењата

Вест - 13.02.2008

БРАН НА ПОЕВТИНУВАЊА: ГОЛЕМИТЕ ТРГОВЦИ ЌЕ ГИ НАМАЛАТ ЦЕНИТЕ НА НЕКОИ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ Значително намалување на цената на путерот и на други млечни производи се очекува кон крајот на неделата, најави вчера Здружението на трговци од Стопанската комора на Македонија.

Храната поевтина за неколку денари

Време - 13.02.2008

ПРОДОЛЖУВА НАМАЛУВАЊЕТО НА ЦЕНИТЕ Цените на основните прехранбени производи се намалени од два до пет денари. Прв со намалувањето почна „Тинекс“, а од вчера цените ги намалија и „Веро“, „КАМ“ и „Тедико“. Во „Веро“, белиот и полубелиот леб од производителите „Жито лукс“ и „Уни лукс“ се продаваат по ...

Владата во инспекција

Време - 13.02.2008

Владата вчера на својата веб-страница ги објави намалените цени на основните прехранбени производи по трговци, како резултат на спроведените инспекциски контроли во текот на месецов. Во владината контрола беа земени предвид поголемите супермаркети, какви што се „Веропулос“, „Тедико“, „СП маркет“ и ...

Нов бран на поевтинувања од следната недела

Време - 13.02.2008

Здружението на трговци во Македонија од следната недела најавува ново намалување на цените на прехранбените производи. Поголемите синџири на супермаркети, на вчерашната средба изразија подготвеност преку намалување на трговската маржа уште да ги намалат цените на основните производи: лебот, ...

Навали, народе!

Утрински - 13.02.2008

Поглед Нина Нинеска-Фиданоска Се случи и тоа. По неколкудневни маратонски преговори и натегања на релација Влада-трговци-производители, завчера конечно „паднаа“ цените на основните прехранбени продукти. И замислете, млекото на една од нашите млекарници поевтинело за еден денар, од 48 на 47 денари.

Поевтинува храната и во малите маркети

Утрински - 13.02.2008

Трендот на намалување на цените што беше договорен викендот ќе трае најмалку четири месеци Големите маркети најавуваат дека до крајот на неделава ќе ги намалат цените на путерот, павлаката, кајмакот и кашкавалот за 15 отсто. Основните продукти ќе поевтинат и во помалите продавници за храна, иако ...

Млечните производи ќе поевтинат за уште 10 отсто

Дневник - 13.02.2008

Очекуваме и производителите и дистрибутерите да се откажат од дел од заработувачката за поевтинувањето да биде што поголемо, порачаа трговците Сопствениците на супермаркетите во земјава најавија ново намалување на цените на млечните производи, за околу 10 отсто.

Лебот во Западна Македонија се уште има висока цена

Канал5 - 13.02.2008

Трет ден по објавата на Владата за намалување на цената на лебот, Штипјани, Радовишани , Пробиштипјани и Струмичани купуваат леб по стара повисока цена. За граѓаните виновни се трговците и производителите. Трет ден по објавата на Владата за намалување на цената на лебот, Штипјани, Радовишани , ...

Ќе поевтини храната и во малите маркети

Вечер - 13.02.2008

Ќе се намалат цените на основните пренхранбени производи и во малите маркети, а неделава ќе поевтинат и млечните производи, најави вчера Здружението за трговија при Стопанската комора. Во големите маркети до крајот на неделава ќе паднат цените на путерот, павлаката, кајмакот и на кашкавалот за 15 ...

Трговците најавуваат ново намалување на цените

А1 - 12.02.2008

Ново поевтинување, по ценовниот шок кој ја зафати Македонија. Здружението на трговци најавува ново намалување на цените на прехранбените производи од идната недела, не кажуваат за колку. Најмногу ќе паѓа цената на млекото и млечните производи, сепак ново поевтинување се очекува и на лебот, ...

Лебот поевтин од два до пет денари

Време - 12.02.2008

ГИ НАМАЛИЈА ЦЕНИТЕ Лебот и млекото на одредени производители од вчера се продаваат по пониски цени во големите маркети. Лебот е намален од два до пет денари во зависност од видот, додека млекото, во просек, е поевтино за десет проценти.

По лебот и млекото, се најавуваат и други поевтинувања

Утрински - 12.02.2008

Цените на лебот, млекото и на маслото за јадење се унифицирани во сите поголеми маркети Александрија Стевковска Лебот, брашното и млекото од вчера се продаваат по нови пониски цени за два-три денари. Кај зејтинот е задржана старата цена наспроти најавата дека оваа недела ќе има нагорна корекција на ...

Лебот поевтин за 5 денари, млекото за 10 отсто

Дневник - 12.02.2008

Сопствениците на помали продавници не размислуваат за намалување на цените бидејќи имале мал обрт и одвај издржувале и со сегашните маржи Цените на лебот во поголемите маркети во Скопје од вчера се намалени за два до пет денари, а на млекото - во просек за 10 отсто.

Поевтинуваат и дел од млечните производи

Канал5 - 12.02.2008

Поевтинуваат дел од млечните производи - кашкавалот, павлаката и кајмакот. Големите трговци најавија дека до крајот на неделата ќе ја намалат цената и кај путерот и дел од кондиторските производи. Здружението на трговци се задоволни како се одвива поевтинувањето на храната.

Маркетите ги намалија цените

Вечер - 12.02.2008

Поголемите маркети во земјава вчера ги намалија цените на лебот, млекото, брашното и на јајцата. Со тоа производителите, трговците и дистрибутерите ги применија препораките на Владата основните прехранбени производи да поевтинат од 10 до 15 проценти.

Мало поевтинување на дел од производите

А1 - 11.02.2008

Нови пониски цени на рафтовите во маркетите низ Македонија. Во просек за два денара се намалија цените на дел од прехранбените производи. Граѓаните половично задоволни. Едни тврдат дека во некои супермаркети цените се уште биле исти, повисоки.

Од денеска поевтинуваат лебот и млекото

Утрински - 11.02.2008

Поевтинувањето на основните прехранбени производи може да ги повлечат надолу и цените на другите за 7 до 10 отсто Александрија Стевковска Од денеска лебот и млекото ќе се продаваат по пониски цени за 10 отсто, а зејтинот ќе остане со иста цена, со оглед на тоа дека имаше најава од оваа недела тој ...

Лебот ќе се продава по 20 денари, млекото и брашното поевтини за 10 отсто

Дневник - 11.02.2008

Во маркетите и продавниците поевтинетите производи на рафтовите ќе бидат означени со посебна етикета со три стрелки надолу за полесно да се снаоѓаат граѓаните Од денеска лебот ќе се продава по 20 денари, а брашното и млекото ќе се продаваат за 10 отсто пониска цена од досегашната.

Поевтинуваат лебот, брашното и млекото

Канал5 - 11.02.2008

Лебот, брашното и млекото, според договорот што го постигнаа Владата, произведувачите, трговците и дистрибутерите, од денеска треба да поевтинат и до 20 отсто. Скопје, 11 февруари (МИА) - Лебот, брашното и млекото, според договорот што го постигнаа Владата, произведувачите, трговците и ...

Храната поевтина само кај големите трговци

Канал5 - 11.02.2008

Поевтин леб и млеко само во големите маркети. Во малите дуќани храната се продаваше по стара цена. Вака е на првиот ден од владината мерка прехранбените продукти да поевтинат до 10 отсто со цел да се ублажи ценовниот шок. Малите трговци се правдаат не ја поевтиниле храната бидејќи производителите ...

Од денеска пониски цени на лебот, брашното и млекото

Вечер - 11.02.2008

Цената на маслото за јадење, која изнесува околу 100 денари, засега нема да се намали поради високите цени на тон сурово масло на светските берзи Лебот, брашното и млекото од денеска ќе се продаваат по нови, пониски цени откако Владата, производителите и трговците викендов се договорија да ги ...