TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

МКЦК со повик за донирање 7,8 милиони долари за настраданите реони од земјотресот во Пакистан

Канал5 - 02.11.2008

Исламабад, 2 ноември (МИА) – Меѓународниот комитет на Црвениот крст повика за донирање 7,8 милиони долари за помош на назелението на Пакистан во реоните каде земјотресот во средата однесе 300 животи. Земјотресот погоди планински регион во државата што се наоѓа во близина на границата со Авганистан.

Пакистан: Осум загинати во самоубиствен бомбашки напад

Алсат-М - 02.11.2008

Најмалку 8 пакистански војници загинаа во самоубиствен бомбашки напад врз контролен армиски пункт во пакистанскиот пограничен регион со Авганистан. Според официјалните информации, самоубиецот се судрил со возилото полно со експлозив во контролен пункт близу Ванес, најзначаен град во југот на Вазиристан.

МКЦК со повик за донирање 7,8 милиони долари за настраданите реони од земјотресот во Пакистан

Сител - 02.11.2008

Меѓународниот комитет на Црвениот крст повика за донирање 7,8 милиони долари за помош на назелението на Пакистан во реоните каде земјотресот во средата однесе 300 животи. Земјотресот погоди планински регион во државата што се наоѓа во близина на границата со Авганистан. Според МКЦК меѓу 20.000 и 30.000 луѓе биле погодени од последиците на потресот со интензитет од 6,4 по Рихтер.

Исламабад: Командантот на трупите во Ирак и Авганистан во посета на Пакистан

Р.С.Европа - 02.11.2008

Американскиот генерал Дејвид Петрус кој е командант на трупите во Ирак и Авганистан, денеска пристигна во Пакистан, каде ќе оствари средби со пакистанските власти и армија. Ова посета следи откако односите меѓу Соединетите држави и Пакистан се ...

Црвениот крст бара седум милиони за Пакистан

Форум - 02.11.2008

Меѓународниот комитет на црвениот крст побара од меѓународната заедница седум милиони долари за помош на загрозените од најновиот катастрофален земјотрес во Пакистан. Со овие пари треба да се поддржат напорите на пакистанската организација на Црвената полумесечина за обезбедување соодветно сместување за погодените спроти доаѓањето на зимата.

Американски воздушен напад во Пакистан

Алсат-М - 01.11.2008

Околу 20 луѓе се убиени при американско беспилотно летало во Пакистан во близина на границата со Авганистан. Во воздушниот напад биле испукани две ракети кон куќа и автомобил западно од Градот Мир Али во провинцијата Вазиристан, а цел како што јавуваат агенциите бил локалниот лидер на терористичката организација Ал Каеда, Абу Акаш.

Пакистанските доктори бараат лекови за настраданите во земјотресот

Вест - 01.11.2008

ЗИАРАТ, Пакистан, 1 ноември (АП) - Докторите вчера соопштија дека имаат недостаток од лекови и вештачки екстремитети за жртвите од земјотресот во југозападен Пакистан додека се стравува дека црниот биланс би можел да ја надмине бројката од 300.

Исламабад: Пакистанските власти ги продолжија напорите за спасување на погодените од земјотресот

Р.С.Европа - 01.11.2008

Пакистанските власти соопштија дека ги продолжуваат напорите за помош на околу седумдесет и пет илјади луѓе кои остнаа без своите домови од замјотресот што во средата ја погоди провинцијата Балучистан. Во земјотресот загинаа над двесте ...

Осуммина загинаа во самоубиствен напад во Пакистан

А1 - 31.10.2008

Осум луѓе загинаа денеска во самоубиствен напад во Пакистан. Во инцидентот што се случил во селото Мардан, на 50 километри североисточно од Пешавар, ранети се 24 лица. Според очевидци, атентатот бил извршен пред домот на началникот на локалната полиција.

Пакистанската полиција спречи свадба меѓу две деца

А1 - 31.10.2008

Пакистанската полиција прекинала свадбена церемонија меѓу две деца во градот Карачи. Имамот кој ја водел церемонијата за стапување во брак на 4-годишно девојче и 7-годишно момче е приведен. Сведоци изјавиле пред полицијата дека девојчето било ветено како исплаќање долг на нејзиниот татко од 500.000 рупии (7.500 евра). Полицијата го уапсила и таткото на момчето, додека таткото на девојчето избегал.

САД ќе испратат помош од еден милион долари за настраданите од земјотресот во Пакистан

Канал5 - 31.10.2008

Вашингтон, 31 октомври (МИА) - Официјален Вашингтон вчера соопшти дека САД ќе испратат помош од еден милион долари за настраданите од силниот земјотрес во југозападниот дел на Пакистан, во кој загинаа над 300 лица. - Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) ќе испрати првична помош од еден милион долари за основните потреби на настраданите од земјотресот.

Се зголемува бројот на загинати

Време - 31.10.2008

Бројот на загинати во завчерашниот земјотрес во пакистанската провинција Белуџистан се зголеми на 222 лица и, според локалните медиуми, постојано расте. Во округот Зиарат, во близина на главниот провинциски град Квета, целосно се урнати повеќе од илјада куќи, 15.000 се без покрив над главата и ја поминале ноќта на отворено, на температури близу до нулата.

Осуммина загинаа во самоубиствен напад во Пакистан

Канал5 - 31.10.2008

Осум луѓе загинаа денеска во самоубиствен напад во Пакистан. Во инцидентот што се случил во селото Мардан, на 50 километри североисточно од Пешавар, ранети се 24 лица. Според очевидци атентатот бил извршен пред домот на началникот на локалната полиција.

Пакистанската полиција спречи свадба меѓу две деца

Канал5 - 31.10.2008

Карачи, 31 октомври (МИА) - Пакистанската полиција прекинала свадбена церемонија меѓу две деца во градот Карачи. Имамот кој ја водел церемонијата за стапување во брак на 4-годишно девојче и 7-годишно момче е приведен. Сведоци изјавиле пред полицијата дека девојчето било ветено како исплаќање долг на нејзииот татко од 500.000 рупии (7.500 евра).

Исламабад: Најмалку осум загинати во самоубиствен напад

Р.С.Европа - 31.10.2008

Најмалку 8 лица загинаа, а 25 се ранети во самоубиствен напад во северо-западен Пакистан. Бомбаш самоубиец се разнесол во близина на полициски конвој при што 3 од жртвите се полицајци. Регионот Баџаур во близина на авганистанската граница се чести судирите меѓу пакистанските сили за безбедност и исламските ...

Имам сакал да венча две деца во Пакистан

Сител - 31.10.2008

Имамот кој ја водел церемонијата за стапување во брак на 4-годишно девојче и 7-годишно момче е приведен. Сведоци изјавиле пред полицијата дека девојчето било ветено како исплаќање долг на нејзииот татко од 500.000 рупии (7.500 евра). Полицијата го уапсила и таткото на момчето, додека таткото на девојчето избегал. Според законите во Пакистан, не е дозволен брак на лица помлади од 18 години.

Расте црниот биланс од земјотресот во Пакистан

А1 - 30.10.2008

Бројот на загинатите во вчерашниот земјотрес со интензитет од 6,4 степени во пакистанската провинција Белуџистан е 222 лица и според локални медиуми, тој постојано расте. Во округот Зиарат, во близина на главниот провинциски град Квета наполно се урнати над илјада куќи, 15.000 се без покрив над главата и ја поминале ноќта на отворено, на температури близу до нулата.

Разорен земјотрес однесе повеќе од 160 животи

Време - 30.10.2008

Земјотрес со интензитет од 6,5 степени по Рихтеровата скала вчера изутрина го погоди југозападниот дел на Пакистан при што загинаа повеќе од 160 луѓе, а стотици се повредени, пренесуваат светските агенции. Најголем дел од жртвите се од долината Зиарат, во провинцијата Белуџистан.

160 мртви во земјотрес во Пакистан

Вест - 30.10.2008

ВАМ, Пакистан, 30 октомври (Ројтерс) - Пакистанските спасувачки екипи извлекоа 160 тела од урнатите на стотици куќи од кал кои беа урнати од силниот земјотрес што вчера ја погоди југозападната провинција Балучистан, соопштија владини претставници.

Се зголемува бројт на загинатите во земјотресот во Пакистан

Канал5 - 30.10.2008

Исламабад, 30 октомври (МИА) - Бројот на загинатите во вчерашниот земјотрес со интензитет од 6,4 степени во пакистанската провинција Белуџистан е 222 лица и според локални медиуми, тој постојано расте. Во округот Зиарат, во близина на главниот провинциски град Квета наполно се урнати над илјада куќи, 15.000 се без покрив над главата и ја поминале ноќта на отворено, на температури близу до нулата.

Во Пакистан извлечени 160 тела од урнатините од земјотресот

Утрински - 30.10.2008

Американската агенција за геолошки истражувања соопшти дека земјотресот бил од 6,4 степени. КАРАЧИ - Спасувачките екипи извлекоа 160 тела од урнатините на стотиците куќи во провинцијата Белучистан по силниот земјотрес што вчера ја погоди областа, изјави официјални претставници на локалните власти.

Пакистан протестира поради американските ракетни напади

Утрински - 30.10.2008

На американската амбасадорка и' беше кажано дека нападите се повреда на суверенитетот. ИСЛАМАБАД - Пакистан вчера ја повика амбасадорката на САД за да изрази протест околу ракетните напади од беспилотни американски летала на пакистанската страна од границата со Авганистан, изјави портпаролот на пакистанската влада.

Земјотрес уби над 160 луѓе во Пакистан

Дневник - 30.10.2008

Најмалку 160 луѓе загинаа, а повеќе од 296 беа повредени вчера изутрината во југозападен Пакистан откако земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди провинцијата Балуџистан, јави Би-би-си. - Очекуваме бројот на жртвите да расте.

Се зголемува бројoт на загинатите во земјотресот во Пакистан

Алсат-М - 30.10.2008

Бројот на загинатите во вчерашниот земјотрес во пакистанската провинција Белуџистан е 222 лица и според локални медиуми, тој постојано расте. Во округот Зиарат, во близина на главниот провинциски град Квета наполно се урнати над илјада куќи, 15.000 се без покрив над главата и ја поминале ноќта на отворено, на температури близу до нулата.

Повеќе од 200 жртви од земјотресот во Пакистан

Форум - 30.10.2008

И натаму расте бројот на жртвите од силниот земјотрес во пакистанската провинција Белуџистан. Според извештаи во тамошните медиуми, повеќе од 200 лица го загубиле животот, стотици се повредени, а повеќе од 15 илјади луѓе останаа без покрив над главата. Продолжува потрагата по преживеаните под урнатините.

Продолжува потрагата по преживеани во Пакистан

Макфакс - 30.10.2008

Пакистанската војска утринава со хеликоптер ја пребарува планинската област во потрага по преживеани, еден ден по силниот земјотрес што вчера го погоди југозападниот дел од државата, при што загинаа над 200 луѓе. Земјотресот со јачина од 6,4 степени по Рихтер вчера изутрина ја погоди долината Зиарат, во југозападната пакистанска провинција Белуџистан.

Најмалку 170 загинати во земјотрес во Пакистан

Н.Македонија - 30.10.2008

Најмалку 170 лица загинале, а над 400 биле повредени во силниот земјотрес што вчера ја погодил пакистанската провинција Балуџистан. По првичниот земјотрес, со јачина од 6,4 степени според Рихтер, чиј епицентар бил на 60 километри од градот Кета, следувале низа вторнични потреси, од кои најсилниот бил со интензитет од 6,2 степени, јави АФП.

Пакистан и Авганистан ќе воспоставуваат дијалог со талибанците

А1 - 29.10.2008

Пакистански и авганистански официјални претставници, како и племенски старешини од двете земји постигнаа спогодба за воспоставување контакт со талибанците. Тие се состанаа вчера во Исламабад на дводневно минисобрание за да дискутираат за средствата за борба против исламистичкото движење и неговите сојузници од Ал Каеда.

Нов силен земјотрес во Пакистан - засега 160 загинати

А1 - 29.10.2008

Уште еден земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска пакистанската провинција Белуџистан, само 12 часа по првиот потрес со иста јачина, при кој загинаа најмалку 160 лица. Американскиот геолошки институт соопшти дека епицентарот на новиот земјотрес бил на 58 километри североисточно од главниот град на Белџустан, Кета.

Пакистан бара да запрат американските ракетни напади

Канал5 - 29.10.2008

Исламабад, 29 октомври (МИА) - Пакистанското Министрество за надворешни работи денеска побара од САД да претстанат да истрелуваат ракети врз екстремистички цели на територијата на Пакистан. Министертсвото за надворешни работи му врачи протетсно писмо на амбасадорот на САД, во кое се осудуваат ракетните напади и оти истите треба да бидат стопирани.

Земјотрес во Пакистан, над 160 загинати

Алсат-М - 29.10.2008

Разорен земјотрес на југозападот на Пакистан, во кој над 160 лица загинаа, стотици се повредени, а 15 илјади останаа без своите домови. Властите стравуваат дека бројот на жртвите ќе се зголеми. Силата на земјотресот била 6,4 степени според Рихтеровата скала. Фаталниот потрес жителите утринава ги изненадил во сон.

Пакистан протестира поради американските воздушни напади

Алсат-М - 29.10.2008

Министерството за надворешни работи на Пакистан денеска ја повика на разговор американската амбасадорка во земјата во знак на протест против американските воздушни напади со беспилотни летала на пакистанска територија. Властите во Исламабад оценија дека нападите во пограничниот регион кон Авганистан биле повреда на суверенитетот на Пакистан и бараат тие веднаш да престанат.

Во земјотрес во Пакистан загинаа повеќе од 160 луѓе

Канал5 - 29.10.2008

Иако без катаклизмична сила, земјотресот со интензитет од 6,4 степени по Рихтер, беше доволен да срамни со земја цели населби. Трошните колиби од кал и слама беа буквално збришани во двата потреса. Вториот значително посилен, ги затекна жителите на руралната област во постела. Неофицијално, 15 илјади се без покрив над главата.

Најмалку 160 загинати во земјотресот во Пакистан (ДПЛ)

Канал5 - 29.10.2008

Карачи, 29 октомври (МИА) - Спасувачите екипи досега извадија најмалку 160 тела на загинати лица од под урнатините во долината Зиарат во пакистанската провинција Белуџистан, која утрово беше погодена од земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала, соопшти локалната полиција. Според истиот извор, разурнувања се регистрирани во најмалку осум села во југозападниот дел на Пакистан.

Најмалку 80 мртви во земјотрес во Пакистан

Макфакс - 29.10.2008

Најмалку 80 луѓе загинаа во силниот земјотрес што денеска го погоди северозападен Пакистан, а се очекува бројот на жртвите да расте. Локален претставник соопшти дека во земјотресот се урнале стотина куќи изградени од земја. Американскиот геолошки завод соопшти дека земјотресот со јачина од 6,4 степени пред мугрите погодил област на 60 километри североисточно од градот Кета.

Бројот на загинати во земјотресот во Пакистан се искачи над 135

Макфакс - 29.10.2008

Над 135 лица загинаа во земјотресот што денеска го погоди југозападен Пакистан, во близина на границата со Авганистан, соопшти локален претставник. „Имаме информации за над 135 загинати“, изјави министерот во регионалната влада, Замарак Кан.

Силен земјотрес во Пакистан

Сител - 29.10.2008

Два силни земјотреси ја погодија пакистанската провинција Белуџистан. Вториот потрес се случил само 12 часа по првиот со иста јачина од 6,2 степени по Рихтер во кој загинаа над 160 лица, голем број се повредени и исчезнати. Епиценатарот на првиот потрес бил регистриран на 10 км под земјата во Белуџистан, една од најсиромашните провинции во Пакистан.

Пакистан: Повеќе од сто загинати во земјотрес

Нетпрес - 29.10.2008

Повеќе од сто луѓе загинале во силниот земјотрес што ноќеска ги погодил југоисточните делови на Пакистан. Многумина се повредени. Се стравува дека билансот на жртвите е многу повеќе, бидејќи во провинцијата Балучистан имало многу урнати куќи, и активирани лизгања на земјиште, јавува агенцијата “Ројтерс“, повикувајќи се на локални извори.

Пакистан бара да запрат американските ракетни напади

Кирилица - 29.10.2008

Американската армија наведува дека пакистанските власти не вршат доволен притисок врз бунтовниците, а официјален Исламабад тврди дека со ракетирањето се нарушува суверенитетот и наместо тоа да помогне во борбата со екстремизмот, истата ја разгорува.

Повеќе од сто луѓе загинаа во земјотресот во Пакистан

Сител - 29.10.2008

Жртвите се од долината Зиарат, провинцијата Белуџистан. Портпаролот на локалната полиција наведе стравува оти бројот на жртвите ќе биде поголем, бидејќи од земјотресот погодени се осум села во долината Зиарат. Епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри. Долината Зиарат е една од туристичките атракции во Пакистан, што се наоѓа на 70 километри североисточно од градот Кета.

Најмалку 160 загинати во земјотресот во Пакистан

Кирилица - 29.10.2008

Пакистанскиот град Кета беше разурнат од земјотрес во 1935 година, при што загинаа околу 30.000 луѓе. Најсилниот земјотерс од 7,5 степени по Рихтер во регионот се случи во октомври 2005 година, при што загинаа 75.000 лица, а повеќе од 3,5 милиони останаа без своите домови.

Силен земјотрес во Пакистан

Форум - 29.10.2008

Југозападот на Пакистан во граничниот регион спрема Авганистан е погоден од силен земјотрес. Според официјални наводи, има најмалку 135 загинати. Земјотресот бил со сила од 6,2 степена според Рихтеровата скала и разурнал многу куќи, па може да се очекува бројот на жртвите да биде и повисок.

Исламабад: 160 лица загинаа во земјотресот што го погоди југозападен Пакистан

Р.С.Европа - 29.10.2008

Над 160 луѓе загинале во земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, што изутрината го погоди југо-западен Пакистан, во близина на границата со Авганистан. Пакистанските власти соопштија дека бројот на жртвите не е конечен, многу куќи се уништени од лизгање на земјиштето, а некои патишта се затрупани.

Исламабад: Пакистанските и авганистанските власти ги повикаа на дијалог талибанските бунтовници

Р.С.Европа - 29.10.2008

Пакистанските и авганистанските власти ги повикаа на дијалог Талибанските бунтовници, соопштувајќи дека сега вратата е отвоена за примирје. Изјавата на политичките лидери од двете земји следува по дводневните разговори во Исламабад. На состанокот биле формирани комисии кои ќе ги следат односите меѓу сите страни кои се вклучени во конфликтот кој се протега до Авганистанско-Пакистанската граница.

Исламабад: 80 лица повредени во земјотрес што го погоди југозападен Пакистан

Р.С.Европа - 29.10.2008

Најмалку 80 лица се повредени во земјотресот што го погоди југозападен Пакистан, во близина на границата со Авганистан. Како што јавуваат агенциите земјотресот бил со јачина од 6, 4 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил почуствуван на 70 километри од градот Кета, областа во која пред три години од земјотрес загинаа повеќе од 75 000 луѓе.

Нов биланс: 160 загинати во земјотресот во Пакистан

Макфакс - 29.10.2008

Спасувачките екипи досега ги извлекле телата на 160 луѓе кои загинаа во силниот земјотрес што денеска го погоди југозападен Пакистан, соопштија пакистанските власти. Првично беше јавено за стотина загинати, но властите стравуваат дека бројот на жртвите би можел да порасне, затоа што многу луѓе за затрупани под урнатините на куќите изградени од земја.

Над 160 луѓе загинаа

Вечер Прес - 29.10.2008

Земјотрес со интензитет од 6,4 степени по Рихтеровата скала вчераутро го погоди југозападниот дел на Пакистан, при што во осум села загинаа повеќе од 160 луѓе, а над 15.000 останаа без трошните домови. Жртвите се од долината Зиарат во провинцијата Белуџистан каде по 12 часа од првиот, уследи и втор земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтер.

Лидер на пакистанските талибанци убиен во ракетен напад во Пакистан

Канал5 - 27.10.2008

Пешавар, 27 октомври (МИА) - Лидер на пакистанските талибанци обвинет за организирање напади врз меѓународните сили во Авганистан беше убиен вчера во ракетен напад во Пакистан, извршен веројатно од американско беспилотно летало. Во нападот извршен врз камп за обука на исламисти во Јужен Вазиристан на границата со Авганистан, биле убиени 16 лица.

Пакистан: Убиени најмалку 20 Талибанци

Алсат-М - 27.10.2008

Најмалку 20 лица, меѓу кои и водечки лидер на Талибанците, се убиени во воздушен напад денеска на северозападот на Пакистан. Пакистанските власти се сомневаат дека нападот го извело американско беспилотно летало, а мета бил објект во провинцијата Јужен Ваџиристан во сопственост на убиениот талибански лидер Мохамад Омар. Вашингтон не ги коментираа овие информации.

Серија земјотреси во Азија и во САД

Н.Македонија - 27.10.2008

Серија земјотреси вчера биле регистрирани во неколку азиски земји, како и во американската сојузна држава Калифорнија, јави АФП. Земјотрес со интензитет од 6,4 степени по Рихтеровата скала го погодил индонезискиот остров Сулавези, но засега нема информации за евентуални жртви и повредени, како и за причинетата материјална штета.