TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Владата незаконски дели откази

Време - 19.02.2005

МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ Синдикатите во ЈП „Македонски железници“ вчера го обвинија Дејан Кошутиќ, заменик-министер за транспорт и врски, дека не ја почитувал обврската списоците со технолошки вишок да не се објавуваат се додека не се дефинира износот на социјалниот пакет.

Паника и револт кај отпуштените во МЖ

А1 - 18.02.2005

Паника и револт кај отпуштените во Македонски железници. Некои од нив ги потпишале отказните решенија, но голем дел од работниците одбиле да го сторат тоа. Никој од фирмата и денеска не им кажува по кој критериуми и зошто се избркани од работа. Биле повикани да ги потпишуваат отказите.

Прекубројните не ги потпишуваат отказите

Време - 18.02.2005

МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ Отпуштените од „Македонски железници“ не ги потпишаа отказните решенија зашто во нив немало никакво образложение за критериумите според кои биле бодувани вработените. Откако беа објавени списоците со 755 вработени што Управниот одбор на јавното претпријатие ги прогласи за ...

Од МЖ заминуваат и самохрани мајки, инвалиди на трудот...

Утрински - 18.02.2005

Во „Македонски железници“ тешко се соочуваат со објавените списоци Синдикатите, по објавувањето на листата за технолошки вишок, вршат анализа според кои критериуми е извршено рангирањето на вработените ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА >†Каде да барам работа кога имам 55 години. Никој нема да ме прими.

Отпуштените од МЖ да не ги потпишуваат отказите

Дневник - 18.02.2005

СИНДИКАЛЦИТЕ АПЕЛИРААТ Синдикалците од "Македонски железници" вчера ги повикаа 755-те вработени, кои добија известување дека им престанува работниот однос, да не ги потпишуваат отказните договори бидејќи во нив нема правно образложение.

Избрканите го чекаат социјалниот пакет

Вечер - 18.02.2005

Вчерашната средба меѓу заменик-министерот за транспорт и врски, Дејан Кошутиќ, и преставниците на независните синдикати на "Македонски железници" заврши без постигнување договор или барем приближување на ставовите околу висината на социјалниот пакет што ќе го добијат 755-те железничари кои веќе се ...

Почнаа да се делат отказите во МЖ

А1 - 17.02.2005

И денеска луѓето од железница си ги бараа имињата во списоците за отпуштање. Велат дека вчера, немале храброст да го сторат тоа. Некои дознале од колегите, но сепак доаѓаат за да се уверат со свои очи. „Ми беше страв да ја подигнам слушалката. Кога се јавив ми рекоа дека ме има на список.

Железница отпушти 755 вработени

Вест - 17.02.2005

УПРАВНИОТ ОДБОР ГИ ОБЈАВИ СПИСОЦИТЕ СО ТЕХНОЛОШКИОТ ВИШОК Од "Македонски железници" соопштија дека, согласно одлуката на Управниот одбор, 118 вработени доброволно ги напуштаат работните места, а останатите 637 се прогласени за технолошки вишок, според критериу "Македонски железници" ги објави ...

Објавен списокот на отпуштени во МЖ

Утрински - 17.02.2005

ВИШОК Вработените во ЈП †Македонски железнициии од вчера имаат увид во списокот на технолошки вишок. Со одлука на Управниот одбор на листата на отпуштање се наоѓаат 755 лица, од кои 118 се согласиле доброволно да им престане работниот однос, додека 737 вработени се најдоа на списокот согласно со ...

Отказ за 755 железничари

Дневник - 17.02.2005

ОБЈАВЕНИ СПИСОЦИТЕ ВО "МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ" Во управната зграда на "Македонски железници" вчера беа објавени списоците со 755 вработени, кои за три месеци, колку што трае жалбената постапка, треба да си одат од претпријатието како технолошки вишок.

Меѓу прекубројните и самохрани родители и социјални случаи

Вечер - 17.02.2005

Пред огласните табли во дирекцијата и во сите подружници на "Македонски железници" низ Републиката, вчера, имаше турканици каде што вработените ги проверуваа списоците за технолошки вишок и проверуваа случајно да не го прочитаат своето име на нив.

755 вработени во МЖ прогласени за технолошки вишок

А1 - 16.02.2005

Шокирани, потресени и разочарани, се 755 луѓе, кои утрото се видоа на списокот отпуштени од Македонски железници. Чувари, чистачи, техничари, одржувачи на пруги, самохрани мајки, инвалиди и само еден директор, кој доброволно се пријавил.

Бугарија нема да ги прости долговите на МЖ

А1 - 16.02.2005

Бугарската државна железница нема да им го прости долгот на „Македонски железници“, соопшти денеска прес-службата на бугарското Министерство за транспорт. Заменик-министерот за транспорт и врски на Бугарија, Анелија Крушкова, која се наоѓа во тридневна официјална посета на Македонија, како што јави ...

Пруга кон Бугарија - третпат

Време - 16.02.2005

СОФИЈА СЕ НАФАТИ ДА НИ НАЈДЕ ФИНАНСИЕРИ Мирче Котевски Бугарската влада ќе лобира кај Светската банка за да и обезбеди на Македонија повеќе од 230 милиони евра потребни за доизградба на пругата од Куманово до Деве Баир. Градежните работи на оваа пруга, која требаше да ги поврзе Македонија и ...

Македонија и Бугарија заедно ќе бараат пари за довршување на пругата

Утрински - 16.02.2005

Средба на замениците-министри за транспорт и врски ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА Македонија и Бугарија подготвуваат стратегија за заеднички настап пред меѓународните институции за добивање средства за довршување на железничката пруга, која ќе ги поврзе двете земји.

Списокот на технолошки вишок во МЖ ќе се објави денеска

Утрински - 16.02.2005

Управниот одбор на †Македонски железнициии вчера го верификува списокот на вработени кои ќе бидат прогласени за технолошки вишок, како резултат на трансформацијата на претпријатието. Станува збор за 755 лица кои ќе бидат отпуштени, а листата ќе биде објавена денеска.

Бугарија ќе бара пари за македонската пруга

Дневник - 16.02.2005

МАКЕДОНСКАТА И БУГАРСКАТА ВЛАДА СЕ ДОГОВОРИЈА Бугарската влада ќе бара пари од странски финансиски институции за доизградба на пругата, која треба да ги поврзе македонската и бугарската железница. Бугарија ќе лобира за околу 230 милиони евра, за изградба на 28 километри од пругата на наша ...

Утре ќе се знае кој од МЖ ќе остане без работа

А1 - 15.02.2005

Утре ќе се знае кои 755 луѓе од македонски железници ќе останат без работа, како технолошки вишок. Вака денеска реши Управниот одбор на железницата. Извори од ова јавно претпријатие, за А1 велат, дека 120 работници веќе потпишале дека од железницата си заминуваат доброволно.

Се возобновува идејата за пругата кон Бугарија

А1 - 15.02.2005

Македонската и бугарската влада од меѓународни институции заедно ќе бараат 230 милиони евра - пари потребни за доизградба на пругата кон Бугарија. Ова го договорија замениците министри за транспорт на Македонија и Бугарија, Кошутиќ и Крушкова. Во Македонија неизградени остануваат околу 28 километри.

Македонија и Бугарија ќе бараат пари за доизградба на Железниците од Коридорот 8

Канал5 - 15.02.2005

Македонија и Бугарија заедно ќе лобираат кај меѓународните институции за да обезбедат пари со кои ќе се заврши пругата што треба железнички да ги поврзе двете земји,како дел од коридорот 8. Вака денеска се договорија замениците министри за транспорт Македонија и Бугарија заедно ќе лобираат кај ...

Владата бара Бугарија да и прости 2 милиони евра на МЖ

А1 - 14.02.2005

Македонската Влада во Скопје денеска ги убедуваше бугарските власти да простат половина од долгот што го има македонската кон бугарската Железница. Заменик министерот за транспорт Кошутиќ и раководството на железницата преговарале со бугарскиот заменик министер за транспорт, Анелија Крушкова.

Железничарите не се откажуваат од отпремнините

Време - 14.02.2005

ИАКО ГО ПРЕКИНАА ШТРАЈКОТ Железничарите ќе работат и нивните синдикати ќе ги продолжат преговорите со Владата, соопшти Латко Јовановски, претставник на синдикатот на машиновозачите, вчера, еден ден по прекинувањето на нивниот штрајк, кој веќе пет дена го парализира железничкиот сообраќај во земјава.