TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Пелистер нема да игра во плејофот?

Време - 09.04.2004

РАКОМЕТ Пелистер МБ најави можност да се откаже од учеството во плејофот, дознава „Време“. Тие стравуваат да не им се повтори финалето на Купот и во завршницата од првенството во ракометната суперлига. Ако го направат најавеното, причината ќе биде разочараноста од случувањата во Кавадарци и ...

Гацов: Спорни се 15, а не 5 секунди

Вест - 08.04.2004

РАКОМЕТ - ПЕЛИСТЕРЦИ И НАТАМУ НЕ МОЖАТ ДА СЕ ПОМИРАТ СО ПОРАЗОТ ВО КУПОТ БИТОЛА. - Ни четири дена по одигрувањето на финалниот натпревар за трофејот во националниот ракометен Куп во Кавадарци, не престануваат критиките и обвинувањата од таборот на Пелистер МБ.

Освојувачот на Купот скроен на записничката маса

Утрински - 08.04.2004

Битолчани и натаму гневни За денеска најавена прес-конференција за сите случувања во Кавадарци БИТОЛА - Во таборот на Пелистер МБ се уште не можат да го преболат поразот во финалниот меч од годинешниов ракометен куп што се одржа во неделата во Кавадарци бидејќи сметаат дека на поразот "на седмерци" ...

Жалба на Пелистер МБ до Управниот одбор на РФМ

Утрински - 07.04.2004

Реакција на битолчани за финалето на Купот Пелистер Македонска банка и официјално достави жалба до Ракометната федерација на Македонија, сметајќи дека е оштетен во загубеното финале против Вардар Ватростална во финалето на 12.

Резервистот Петковски стана херој

Вест - 06.04.2004

РАКОМЕТ - ВАРДАР ВАТРОСТАЛНА ПО ПЕТТИ ПАТ ГО ОСВОИ КУПОТ Вардар Ватростална со пет трофеи сега е осамен на врвот според бројот на освоените пехари во ракометниот Куп. Пелистерци имаат за што да жалат, а дубарите со семафорот во последните моменти од мечот им се најмалку виновни за поразот.

Зоран Петковски му го донесе петтиот куп на Вардар В.

Време - 06.04.2004

РАКОМЕТ - ФИНАЛЕ НА КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА, МАЖИ Александра Мазнева Зоран Петковски, капитенот на ракометарите на Вардар Ватростална, на својот клуб му го донесе петтиот трофеј во најмасовното натпреварување, Купот на Македонија, откако во финалето ги одбрани ударите од седум метри на ракометарите на ...

Рекорден петти куп-трофеј за Вардар В.

Утрински - 06.04.2004

Со подоброто изведување пенали против Пелистер МБ во финалето на 12. Куп на Македонија Ракометарите на Вардар Ватростална по подоброто изведување пенали го совладаа Пелистер Македонска банка со 29:27 (регуларниот дел заврши нерешено 25:25) во финалето на 12.

За Пелистер пехарите, за Вардар - Купот

Дневник - 06.04.2004

РАКОМЕТ - КУП НА МАКЕДОНИЈА По изведување седмерци, "црвено-црните" по петти пат го освоија Купот, а пелистерци ги добија наградите за најдобар играч, стрелец и голман Пелистер Македонска банка не успеа да го прекине четиригодишниот пост и во Битола да донесе барем еден трофеј откако во финалето на ...

Вардар В. и Пелистер МБ синоќа се бореа за петтиот трофеј

Време - 05.04.2004

РАКОМЕТ - КУП НА МАКЕДОНИЈА ЗА МАЖИ Бранителот на титулата, Вардар Ватростална, и битолски Пелистер МБ во реприза на ланското финале на Купот на Македонија во ракомет играа синоќа во Кавадарци за 12. пехар од осамостојувањето на Македонија.

Вардар и Пелистер во синоќешното финале

Вест - 05.04.2004

РАКОМЕТЕН КУП НА МАКЕДОНИЈА (МАЖИ) Вардар Ватростална и Пелистер МБ во синоќешното финале се бореа за својот петти трофеј во ракометниот Куп на Македонија. И додека битолчани водеа рамноправна битка со Металург (24:23), вардарци без поголеми потешкотии ја оправдаа улогата на фаворит во дуелот со ...

Реприза на ланската завршница во Радовиш

Утрински - 05.04.2004

Очекувани исходи во полуфиналето на 12. Куп Шампионот Вардар Ватростална и вицешампионот Пелистер Македонска банка ја оправдаа улогата на фаворити во полуфиналните натпревари од 12. Куп на Македонија во ракомет за мажи во Кавадарци и во меѓусебната пресметка во синоќешното финале требаше да го ...

Пелистер, 4. македонски прволигаш на поранешна Југославија

Утрински - 05.04.2004

Слики во времето Миодраг Мицковиќ Љубителите на фудбалот во Битола, и не само во овој град, со носталгија се сеќаваат на овој тим на Пелистер, еден од најдобрите во тогашната единствена Втора лига на поранешна Југославија, кој пред распадот на Југославија играше и во Првата лига како четврти клуб ...

Симултанка на Мојсоски и Ангелов

Дневник - 05.04.2004

РАКОМЕТ - КУП НА МАКЕДОНИЈА ЗА МАЖИ Управите на Вардар Ватростална и Пелистер МБ ќе мора да ги "одврзат кесињата" и да им ја исплатат ветената премија од 10.000 и 11.000 евра на своите играчи ако нивните ракометари го освојат Купот на Македонија.