TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Истрагата за атентатот на Ѓинѓиќ недвосмислено води кон „Земунскиот клан“

А1 - 23.03.2003

Истрагата за атентатот на премиерот Зоран Ѓинѓиќ недвосмислено покажува дека „Земунскиот клан“, предводен од Милорад Луковиќ - Легија, Душан Спасојевиќ - Шиптар и Миле Луковиќ - Кум директно го организирале и извршиле убиството, соопшти денеска српското МВР.

Приведени 2.647 осомничени за атентатот на Ѓинѓиќ

А1 - 22.03.2003

Српските сили за безбедност во досегашниот тек од истрагата за убиството на премиерот Зоран Ѓинѓиќ привеле вкупно 2.647 лица, соопшти Владата на Србија. Од оваа бројка, 907 се задржани во притвор, додека на 317 лица им е одредена затворска казна.

Српскиот заменик-обвинител ја призна поврзаноста со земунскиот клан

Утрински - 22.03.2003

Апсењата за убиството на Зоран Ѓинѓиќ достигнаа бројка од илјада лица БЕЛГРАД - Српските власти соопштија дека повеќе од илјада лица биле уапсени во врска со убиството на премиерот Зоран Ѓинѓиќ. Владата, исто така, соопшти дека српскиот заменик-обвинител Милан Сарајлиќ, кој беше уапсен во средата, ...

Ѓинѓиќ жртва на подземјето и на безбедносниот апарат

Утрински - 21.03.2003

Според оцените на Меѓународната кризна група Меѓународната кризна група тврди дека зад убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ стојат структури во сенка, тесно поврзани со подземјето и со државниот безбедносен апарат кои, според изнесената оцена, долго го експлоатирале ривалството меѓу него и ...

Уапсен заменик - јавниот обвинител

Утрински - 21.03.2003

Во континуираната потрага по убијците на премиерот Зоран Ѓинѓиќ Саралиќ поврзан со криминална група БЕЛГРАД - Полицијата во Србија соопшти дека го уапсила заменик-јавниот обвинител Милан Саралиќ, во рамки на континуираната потрага по убијците на премиерот Зоран Ѓинѓиќ.

Агонијата на Балканот

Дневник - 21.03.2003

Колумна - Љубчо Георгиевски Иницијативата на лордот Овен и на уште од неколку западни дипломати за балканска конференција за промена на границите и за создавање етнички чисти држави ја сметам за многу поблиска до идејата за трајно решавање на агонијата на Балканот во која се наоѓаме сега Во ...

Партиите на Шешељ и Аркан на удар поради врски со "земунците"

Дневник - 21.03.2003

СРБИЈА ВО ВОНРЕДНА СОСТОЈБА Српската полиција го уапсила заменик-јавниот обвинител Милан Сарајлиќ под обвинение дека бил поврзан со Земунскиот мафијашки клан, групата осомничена дека го извршила атентатот врз српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, јави Ројтерс.

Српскиот заменик-јавен обвинител бил на платниот список на „земунците“

А1 - 20.03.2003

Уапсениот заменик-јавен обвинител Милан Сарајлиќ, во текот на истрагата што се води против него, признал дека бил на платниот список на Душан Спасоевиќ - Шиптар, односно на „Земунскиот клан“, соопшти денеска српската влада. Сарајлиќ од Кланот добивал пари за опструкција на судските процеси што се ...

Што ја чека Србија и Црна Гора?

Капитал - 20.03.2003

По убиството на премиерот Зоран ЃинѓиќШто ја чека Србија и Црна Гора?Иднината на државата зависи од успехот што власта ќе го има во елиминирањето на мафијата, што ја сочинуваат поранешни и сегашни припадници на државната безбедност, полицијата и на специјалните единици, криминалци и воени ...

Легија - галениче на режимот на Милошевиќ

Капитал - 20.03.2003

Кој е архитектот на атентатот врз ЃинѓиќЛегија - галениче на режимот на МилошевиќМилорад Луковиќ - Легија, кој се смета за "мозок" на убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, пред свртувањето кон организираниот криминал беше галениче на режимот на Слободан Милошевиќ.Во времето кога ја водеше ...

Живковиќ нов премиер, нема национално единство по убиството на Ѓинѓиќ

Дневник - 20.03.2003

СРБИЈА ВО ВОНРЕДНА СОСТОЈБА Зоран Живковиќ, кој завчера попладне беше избран за нов премиер на Србија, вети дека ќе ги најде и ќе ги уапси убијците на неговиот претходник Зоран Ѓинѓиќ. Предлогот на Живковиќ за премиер остро го подели српскиот Парламент, при што на една страна застана Демократската ...

Заминувањето на "српскиот Кенеди"

Капитал - 20.03.2003

Србија остана без својот прв некомунистички премиерЗаминувањето на "српскиот Кенеди" Говорејќи за загубата со убиството на Зоран Ѓинѓиќ, грчкиот министер за надворешни работи Андреас Папандреу рече: "Загубивме голем пријател на Европа".

Србија лишена од најспособниот и најхрабриот политичар

Капитал - 20.03.2003

Како странските медиуми го пренесоа атентатот на Зоран ЃинѓиќСрбија лишена од најспособниот и најхрабриот политичарПротивниците го обвинуваа за клечење пред Западот, особено по испорачувањето на Милошевиќ во Хаг. Но, во периодот како премиер, Ѓинѓиќ направи повеќе за Србија да ја надмине ...

Ѓинѓиќ си ги предвидел убиството

Вест - 19.03.2003

РИМ, 19 март (Ројтерс) - Шефот на воениот трибунал во Хаг Карла дел Понте вчера изјави дека поранешниот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ го предвидел своето убиство и рекол дека ќе се случи поради неговите реформи во обезбедувањето.

Бункер со оружје во вилата на Цеца

Утрински - 19.03.2003

Во акцијата на српската полиција за пронаоѓање на атентаторите на Зоран Ѓинѓиќ Медиумска бомба беше завчерашната вест дека полицијата во понеделникот вечерта ја уапси мегаѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ. Според соопштението на владата на Србија, припадници на жандармеријата и припадници на ...

Ѓинѓиќ знаел дека ќе биде убиен

Утрински - 19.03.2003

Главната обвинителка на Хашкиот трибунал, Карла дел Понте, за италијанска "Република" Зоран Ѓинѓиќ знаел дека ќе биде убиен поради неговата намера да изврши реформа во воените и во полициските структури во земјата, тврди во вчерашна "Република" главната обвинителка на Хашкиот трибунал, Карла дел ...

Пратениците на Коштуница ќе застанат со пратениците на Слобо и на Шешељ

Дневник - 19.03.2003

СРБОЦРНОГОРСКА ПОЛИТИЧКА СЦЕНА Парламентот на Србија и Црна Гора завчеравечер ја избра својата прва влада - Советот на министри, во кој членуваат претседателот на СЦГ, Светозар Маровиќ, и пет министри, а вчера се очекуваше и Србија да добие нов премиер, на местото на Зоран Ѓинѓиќ, јави Ројтерс.

Дел Понте: Ѓинѓиќ знаеше дека ќе го убијат

Дневник - 19.03.2003

хаг Ѓинѓиќ имаше амбициозен план за реформа на српската војска и полиција и знаеше дека тој план ќе го плати со главата - изјави главната обвинителка на Хашкиот трибунал, Карла дел Понте. - На нашата средба на 17 февруари во Белград Ѓинѓиќ детално ми го опиша својот план за реформи.

Белградскиот Централен затвор е претесен за новите "жители"

Дневник - 19.03.2003

АПСЕЊА НИЗ СРБИЈА Управникот на белградскиот Централен затвор преместил осумдесетина затвореници во затворите во внатрешноста на Србија, за да се ослободи место за стотиците нови робијаши собрани од цела Србија. По атентатот врз српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, уапсени се повеќе од 400 членови на ...

Ѓинѓиќ претчуствувал дека ќе биде убиен

А1 - 18.03.2003

„За време на мојата последна средба во Белград со српскиот премиер, Зоран Ѓинѓиќ ми зборуваше за деталите на своите реформски програми и ненадејно рече дека ќе го убијат“, тврди главниот хашки обвинител Дел Понте во интервјуто за италијанскиот весник „Република“.

Зоран Живковиќ наследник на Ѓинѓиќ

А1 - 18.03.2003

Српскиот Парламент денеска со мнозинство гласови го избра потпретседателот на Демократската партија Зоран Живковиќ за премиер на Србија. На собраниската седница беа избрани и потпретседателите и министрите во неговиот кабиент.

Куќата на Цеца под полициска блокада

Вест - 18.03.2003

ТРАЕ АКЦИЈАТА ЗА АПСЕЊЕ НА АТЕНТАТОРИТЕ НА ЃИНЃИЌ Белград, 18 март (Бета) - Силни полициски сили на улицата Љутица Богдан во Белград, вчера утро ја опколиле куќата на познатата фолк пејачка, Светлана Ражњатовиќ - Цеца, која беше приведена пораи можно учество во атентатот врз српскиот премиер, Зоран ...

Затворите во состојба на максимална готовност

Утрински - 18.03.2003

По убиството на Зоран Ѓинѓиќ Затворите во Србија се ставени во состојба на максимална готовност додека и понатаму продолжува потрагата по убијците на поранешниот премиер Зоран Ѓинѓиќ. Српскиот министер за правда Владан Батиќ изјави дека сака да ја спречи секоја комуникација меѓу затворениците и ...

Опасноста од криминално-политичкото подземје не смее да се потцени

Утрински - 18.03.2003

Премиерот Црвенковски вчера одговараше на прашања на македонски и на бугарски новинари Соња Крамарска Каков е Вашиот коментар на оцената на главниот секретар на бугарското МВР, Борко Борисов, дека напролет е можна нова ескалација на меѓуетиничките односи во Македонија под влијание на тензиите во ...

Кој го мразеше Ѓинѓиќ

Утрински - 18.03.2003

Регион Драган Николиќ Убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ е настан од најголема релевантност за Западен Балкан. Западните аналитичари тврдат дека во сите држави на Западен Балкан постојат слични политичко-полициско-криминални групи.

Куќата на Аркан под опсада, Цеца вторпат притворена

Дневник - 18.03.2003

ГОЛЕМА ЧИСТКА НА КРИМИНАЛЦИ ВО СРБИЈА По убиството на Ѓинѓиќ, српското Министерство за внатрешни работи уапсило вкупно 318 лица осомничени дека имале врска со атентаторите Полициски сили вчера ја опколиле куќата на убиениот паравоен лидер Жељко Ражњатовиќ Аркан и вторпат во рок од четири дена ја ...

„Земунскиот клан“ поврзан со колумбискиот нарко-картел

А1 - 17.03.2003

Четири лица од уапсените, поврзани со убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, кои побарале статус на заштитен сведок, ги потврдија сомневањата дека „Земунскиот клан“, со помош на припадниците на Службата за државна безбедност во времето на режимот на Милошевиќ, директно била поврзана со ...

Уапсена фолк ѕвездата Цеца

А1 - 17.03.2003

Српската полиција ја уапси фолк пејачката Цеца Ражнатовиќ, јави белградското радио „Б-92“, повикувајќи се на високи полициски извори. Цеца е уапсена поради блиските врски со Милорад Луковиќ-Легија, Душан Спасоевиќ-Шиптар и Дејан Миленковиќ-Багзи, главните осомничени за атентатот врз премиерот Зоран ...

Живковиќ предложен за наследник на Ѓинѓиќ

Вест - 17.03.2003

СРБИЈА НЕДЕЛАВА ЌЕ ДОБИЕ НОВ ПРЕМИЕР Белград, 17 март - Зоран Живковиќ, потпретседател на Демократската партија е предложен кандидат за нов претседател на Владата на Србија. Кандидатурата на Живковиќ ја одобри раководството на ДП, а во .......

Уапсен еден од водачите на земунскиот клан

Утрински - 17.03.2003

Во полициската акција против бандата која стои зад убиството на Зоран Ѓинѓиќ БЕЛГРАД - Властите во Србија соопштија дека уапсиле еден од лидерите на криминалните банди кои стојат зад убиството на премиерот Зоран Ѓинѓиќ. Осомничениот познат како Стаорец бил уапсен од полицијата во едно село, околу ...

Стотици илјади луѓе го испратија Ѓинѓиќ за последен пат

Утрински - 17.03.2003

Убиениот српски премиер погребан со највисоки почести во Алејата на великаните во Белград БЕЛГРАД - Неколку стотици илјади луѓе во саботата тивко ја следеа погребната поворка на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, убиен од снајперист за кој се верува дека дејствувал по наредна на предводниците на ...

Зоран Живковиќ предложен за нов премиер на Србија

Утрински - 17.03.2003

Наследник БЕЛГРАД - Партијата на убиениот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ вчера за нов премиер го предложи неговиот голем сојузник, поранешниот југословенски министер за внарешни работи Зоран Живковиќ. Номинацијата на Живковиќ треба да биде одобрена од парламентот, каде што партиите на ДОС имаат ...

Половина милион луѓе молкум чекореа на последната прошетка на Ѓинѓиќ низ Белград

Дневник - 17.03.2003

СО НАЈВИСОКИ ПОЧЕСТИ ПОГРЕБЕН СРПСКИОТ ПРЕМИЕР Српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, кој беше убиен во средата пред зградата на Владата на Србија, завчера беше погребан во Алејата на великаните на гробиштата во Белград со највисоки државни и воени почести.

Приведени стотици осомничени мафијаши на чело со Пацов

Дневник - 17.03.2003

српската полиција ги Чисти криминалните гнезда Српската полиција ја продолжи големата акција за пронаоѓање на членовите на мафијашкиот Земунски клан, обвинет за убиството на премиерот. "Најкрупната риба" во полициската мрежа засега е Млаѓани Мичиќ - Пацов, кој е уапсен во саботата вечер заедно со ...

Сеќавање

Дневник - 17.03.2003

Колумна - Ѓорѓи Марјановиќ Не можев ни да помислам дека тој толку вреден човек за Србија ќе заврши вака тажно, волку бесмислено. Дотолку повеќе ми е жал што, ева, изгоре поради политиката, иако имаше и способности и сили да го запаметат како голем филозоф.