TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Митрева ќе заработи интерпелација за случајот Адеми

А1 - 15.01.2005

Министерката Митрева ќе заработи интерпелација за случајот Џевад Адеми. Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ наредната недела до Собранието ќе достави предлог за разрешување на Митрева, поради дипломатскиот гаф, за амбасадор во Софија да биде предложен човек, кој се наоѓа на американската црна листа.

Митрева не чувствува одговорност за Адеми

Вест - 15.01.2005

МИНИСТЕРКАТА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ СЕ ОПРАВДА ЗА ГРЕШКАТА СО НЕСУДЕНИОТ АМБАСАДОР ВО СОФИЈА "Не се чувствувам одговорна. Во сите договарања на профилите на кандидатите учествуваат коалиционите партнери, Претседателот на државата и премиерот", изјави вчера Митрева Министерката за надворешни работи ...

СЕ БАРА: АМБАСАДОР

Вест - 15.01.2005

ЕВТИНИ ПРИКАЗНИ - Билљана Секуловска НЕЛИ, ДО ВЧЕРА СО БУГАРИЈА БЕВМЕ ИСТАТА ХОРА? ТОА КАЈ АЛБАНЦИТЕ НЕ ПОМИНУВА. Е, АЈ СЕГА ДА ГИ ВИДАМ ДА НАПРАВАТ ОД АДЕМИ - АДЕМОВ! Зошто да биде скандал Џевад Адеми? Бил на црната листа на Америка, а сакал да биде амбасадор во Софија. Па, тоа скандал ли е? Не е.

Два шофера

Вест - 15.01.2005

САКАМ ДА КАЖАМ - Горан Михајловски Ние немаме цунами. Си имаме влада. 1 Избегната е првата жртва на пеколниот јуриш на македонската дипломатија. Бугарите се спасија од кадровската политика на владејачката коалиција. Софиските весници напишаа: "Македонија ни праќа албански терорист за амбасадор".

ВМРО-ДПМНЕ да си ги усогласи ставовите

Време - 15.01.2005

МИТРЕВА ОДГОВАРА НА НАПАДИТЕ Министерката за надворешни работи Илинка Митрева смета дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ треба се одлучи дали за надворешната политика на Македонија е валидна оцената на лидерот Никола Груевски или на портпаролот на партијата.

Митрева се брани дека Адеми не го избрала сама

Утрински - 15.01.2005

Шефицата на дипломатијата не помислува на оставка по барањето на опозицијата Митрева: Предлозите за амбасадор се прашање на владин договор, на владина процедура и во сите договарања на кандидатите учествуваат коалициските партнери, претседателот и премиерот Слободанка Јовановска Министерката Илинка ...

Митрева: Не сум одговорна за случајот Адеми

Дневник - 15.01.2005

ПО ОБВИНУВАЊАТА ОД ВМРО-ДПМНЕ Министерката за надворешни работи Илинка Митрева ги отфрли барањата на ВМРО-ДПМНЕ да си поднесе оставка и обвинувањата за скандалот со предлогот Џеват Адеми да биде нов амбасадор во Софија. - Не чувствувам одговорност, бидејќи тоа не е избор од министерот за надворешни ...

ВМРО ДПМНЕ идната седмица до собранието ќе поднесе интерпелација за министерката за надворешни работи Илинка Митрева

Канал5 - 15.01.2005

.. Ваквиот чекор на партијата на Груевски следи по пропустот на владата која го предложи Џевад Адеми за амбасадор во Бугарија, заборавајќи дека тој се уште се наоѓа на црната листа на американскиот претседател Џорџ Буш.. Митрева изјави дека не чувствува о ..

Адеми не беше мој избор

Вечер Прес - 15.01.2005

"Не чувствувам одговорност, поради Џевад Адеми.Тој не е избор на министерот за надворешни работи, тоа е прашање на владин договор, на владина процедура. Во сите договарања на профилите на кандидатите учествуваат коалиционите партнери, претседателот на државата и премиерот.

Митрева: „ВМРО-ДПМНЕ треба да има усогласени мислења“

А1 - 14.01.2005

Министерката за надворешни работи Илинка Митрева смета дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ треба да има усогласени мислења за актуелната политика и оти треба да се одлучи дали за надворешната политика на Македонија е валидна оценката на лидерот Никола Груевски или на портпаролот на партијата.

Митрева да поднесе оставка

Време - 14.01.2005

ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од министерката за надворешни работи, Илинка Митрева. Како што изјави портпаролот на оваа партија, Александар Бичиклиски, поради предлогот Џеват Адеми да биде амбасадор во Софија, шефицата на дипломатијата треба да се повлече од функцијата.

Од ДУИ се бара сериозен кандидат за амбасадор

Време - 14.01.2005

СРЕДБА БУЧКОВСКИ - МИТРЕВА Ивица Антески <> Министерката за надворешни работи, Илинка Митрева, побара од ДУИ да предложат нов кандидат за амбасадорското место во Софија. На вчерашната средба со премиерот Владо Бучковски, таа рече дека е можно ова место да и се даде на некоја од другите партии од ...

ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од Митрева поради Адеми

Утрински - 14.01.2005

ОПОЗИЦИЈА Министерката за надворешни работи, Илинка Митрева, треба да поднесе неотповиклива оставка по најновиот скандал со доставувањето на предлогот Џевад Адеми, кој се наоѓа на црната листа на САД, да биде новиот македонски амбасадор во Бугарија.

Тачи и Адеми останаа на црната листа на САД

Утрински - 14.01.2005

ПОТВРДА Потпретседателот на ДПА, Мендух Тачи, и несудениот македонски амбасадор во Софија Џеват Адеми остануваат и понатаму на црната листа на САД, објавена од страна на американското Министерство за финансии. Вкупно тринаесет македонски државјани се наоѓаат на листата, како лица кои преземаат ...

Митрева доби два месеца за законот за надворешни работи

Утрински - 14.01.2005

Премиерот Бучковски со посета на МНР го започна циклусот обиколки Дивидендата од "Телеком" ќе се троши на купување амбасади во странство Слободанка Јовановска Премиерот Владо Бучковски вчера Ј даде куп задачи на министерката Илинка Митрева, од тие што таа си ги зададе самата кога дојде на ...

Бучковски и даде куп задачи на Митрева

Дневник - 14.01.2005

ПРЕМИЕРОТ ВО ПОСЕТА НА МНР МНР треба засилено и агресивно да работи заради интеграцијата на Македонија во ЕУ и во НАТО, да ја забрза постапката за отворање македонско трговско претставништво во Приштина и во рок од 60 дена да го пушти во собраниска процедура законот за надворешни работи, кој се ...

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Митрева

Дневник - 14.01.2005

ПО ГАФОТ НА МНР Ако премиерот Владо Бучковски не ја смени министерката Илинка Митрева, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе барање за отповикување во Собранието Министерката Илинка Митрева не треба да чека да ја сменат, туку самата да поднесе оставка за скандалот со предлогот Џевад Адеми да биде македонски ...

Ако не е сериозна, ДУИ да се прости од Софија

Дневник - 14.01.2005

МИНИСТЕРКАТА МИТРЕВА ПРЕДУПРЕДУВА Министерката за надворешни работи Илинка Митрева вчера и порача на ДУИ да биде посериозна со предлагањето кандидат за амбасадор во Софија, зашто, во спротивно, може да го загуби тоа место по скандалот со Џеват Адеми.

Бучковски ја построи Митрева

Вечер Прес - 14.01.2005

Премиерот Владо Бучковски, вчера и наложи на шефицата на дипломатијата Илинка Митрева да се погрижи долго најавуваниот закон за надворешни работи во рок од 60 дена да влезе во собраниска процедура. Митрева доби обврска да организира јавни расправи, консултации со експерти и да го подготви овој ...

Сите се правдаат дека не знаеле за црната листа на САД

А1 - 13.01.2005

Официјална Бугарија е шокирана, добија од македонската дипломатија 2 шлаканици во само три месеци. Трагите од првиот удар се уште се свежи. Кога беше повлечен Ризван Сулејмани тој во октомври ја доби согласноста од Софија и требаше да биде таму македонски амбасадор.

ДПМНЕ бара оставка од Митрева за случајот Адеми

А1 - 13.01.2005

ВМРО-ДПМНЕ смета дека министерот за надворешни работи Илинка Митрева треба да поднесе неотповиклива оставка поради предложувањето на Џевад Адеми, кој се наоѓа на црната листа на САД, за амбасадор на Македонија во Бугарија. „Со овој чин македонската дипломатија уште еднаш по којзнае кој пат со ...

Бучко ја прекина постапката за Адеми

Вест - 13.01.2005

ПО ЖЕСТОКИТЕ РЕАКЦИИ ВО ЈАВНОСТА Премиерот Владо Бучковски ја прекинал постапката за именување на Џевад Адеми за амбасадор во Софија кој од 2001 година е на црната листа на САД и дал насоки до МНР да се преиспита одлуката Премиерот Владо Бучковски ја прекинал постапката за именување на Џевад Адеми ...

МНР се премисли за Адеми

Време - 13.01.2005

ПОРАДИ ЦРНАТА ЛИСТА Министерството за надворешни работи ќе го повлече предлогот Џеват Адеми да биде новиот македонски амбасадор во Софија, по проверката на информацијата дека тој се уште се наоѓа на црната листа на американскиот претседател Буш.

Џевад Адеми нема да оди во Софија, реши ДУИ

Утрински - 13.01.2005

Демократската унија за интеграција ретерираше под притисок на јавноста Со ваков статус Адеми никогаш нема да добие агреман од Софија, оценија американски извори Слободанка Јовановска Штотуку предложениот кандидат за амбасадор на Македонија во Софија, Џевад Адеми, ја заврши амбасадорската кариера ...

Скопје ни испраќа албански терорист за амбасадор, пишува софискиот печат

Утрински - 13.01.2005

Бугарски реакции по информацијата дека Џевад Адеми ќе ја претставува Македонија во Софија Весникот пишува дека Адеми бил агент на Сигурими од 1989 година и шеф на тајната служба на армијата за ослободување на Косово во Македонија ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ Информацијата дека Џевад Адеми ќе биде македонски ...

Џеват Адеми остана на црната, а отпадна од амбасадорската листа

Дневник - 13.01.2005

ПО ПОТВРДАТА ОД СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ По реакциите во медиумите и потврдата дека Адеми е на црната листа на Буш, премиерот Бучковски побара да се прекине постапката за негово назначување Министерката за надворешни работи Илинка Митрева на наредната седница на Владата од ДУИ ќе побара нов предлог за ...

ВМРО-ДПМНЕ БАРА ОСТАВКА ОД МИНИСТЕРКАТА МИТРЕВА ЗА СЛУЧАЈОТ АДЕМИ

Канал5 - 13.01.2005

ВМРО-ДПМНЕ смета дека министерот за надворешни работи Илинка Митрева треба да поднесе неотповиклива оставка поради предложувањето на Џевад Адеми, кој се наоѓа на црната листа на САД, за амбасадор на Македонија во Бугарија. “Со овој чин македонск ВМРО-ДПМНЕ смета дека министерот за надворешни работи ...

Бучковски ја прекина постапката за именување на Адеми за амбасадор

А1 - 12.01.2005

Џевад Адеми, напола спакуваните дипломатски куфери ги фрли длабоко во плакарот. Тој денеска се збогуваше со кандидатурата за амбасадор во Софија. Што всушност се случи? Адеми пред два дена помина без проблем на Владата како предлог за прв дипломат, но откако А1 ја објави веста дека тој е на црната ...

Рушани не работела ништо, Јанкуловски не работел добро

Време - 12.01.2005

СМЕНЕТИ АМБАСАДОРИТЕ ВО РИМ И ВО СТРАЗБУР Ивица Антески Тројцата нови македонски дипломати, Елеонора Петрова-Митевска, Љупчо Тозија и Џеват Адеми, чекаат указ од Црвенковски за и официјално да станат амбасадори во Стразбур, Рим и во Софија.

Одлуката за Џеват Адеми не била конечна

Дневник - 12.01.2005

МНР РЕТЕРИРА ЗА НОВИТЕ АМБАСАДОРИ Во МНР чекаат официјална информација од Стејт департментот дали Адеми се уште е на црната листа на Буш, а во ДУИ немаат никакви дилеми, бидејќи предлогот е прифатен од Владата Одлуката на Владата Џевад Адеми да стане македонски амбасадор во Софија, Бугарија, не е ...

МНР не знае дали Адеми е на црната листа на САД

А1 - 11.01.2005

Случајот Адеми добива скандалозни размери, МНР не знае воопшто кој е Џевад Адеми, не знае дека тој се наоѓа на црната листа на Америка, информација која вчера ја објави А1. МНР допрва ќе поведе истрага, изјавуваат за А1 извори од МНР.

Нови амбасадори на Македонија во Рим, Стразбур и во Софија

Утрински - 11.01.2005

Со одлука на Владата на вчерашната седница Слободанка Јовановска Нови амбасадори на Македонија во Рим, Стразбур и во Софија ќе бидат Љупчо Тозија, Елеонора Петрова-Митевска и Џеват Адеми. Ова е одлука од вчерашната седница на Владата, на која беше предложено Тозија да замине за Рим, Петрова за ...

Петрова, Адеми и Тозија отидоа во амбасадори

Дневник - 11.01.2005

КАДРОВСКИ РЕШЕНИЈА Пратеничката Елеонора Петрова-Митевска од СДСМ ќе биде новата македонска амбасадорка во Советот на Европа во Стразбур, а Џеват Адеми од ДУИ го доби амбасадорското место во Софија, дознаваме од владини извори. Во македонската амбасада во Рим, пак, ќе замине Љупчо Тозија.

Адеми во Софија, Петрова во Стразбур, Тозија во Рим

Вечер Прес - 11.01.2005

Џевад Адеми, Елеонора Петрова и Љупчо Тозија се новите македонски амбасадори. Адеми како кадар на ДУИ заминува во Софија, место и кое порано беше резервирано за оваа партија. На тоа место беше именуван Ризван Сулејмани, сегашниот министер за локална самоуправа.

Од црната листа директно во амбасадорска фотеља

А1 - 10.01.2005

Бивш припадник на ОНА, режисер и пратеник - тоа се тројцата нови амбасадори кои одат во Софија, Рим и Стразбур- ова е одлука на денешната седница на Владата- дознава А1 високи владини извори Во бугарската престолнина оди Џевад Адеми од ДУИ, човекот кој сеуште е на црниот список на Џорџ Буш.

Софија, Рим и Стразбур добиваат нови амбасадори

А1 - 10.01.2005

Софија, Рим и Стразбур добиваат нови амбасадори. Во бугарската престолнина оди Џевад Адеми од ДУИ, човекот кој сеуште е на црниот список на Џорџ Буш, поранешен затвореник во Пожаревац и Идризово, обвинет за иредентизам, беше припадник на ОНА, има завршено новинарство во Тирана.