TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Владата и годинава не знае дали ќе оди во Прохор Пчински

А1 - 24.07.2005

На недела пред големиот празник Илинден, сеуште е неизвесно дали државниот врв ќе успее да ги убеди српските Владици, да дозволат македонска делегација да положи цвеќе на местото каде пред 61 година се одржало 1-вото заседание на АСНОМ.

Јордановски во Крушево, Бучковски во Пелинце, Црвенковски каде сака

Вест - 22.07.2005

ВЛАДАТА ВЧЕРА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ПРОСЛАВА НА ДВАТА ИЛИНДЕНА За полагање венец во Прохор Пчински МНР треба да ги исконтактира надлежните органи на Србија Вчера на вонредна седница, Владата на Република Македонија ја усвои програмата со која годинава ќе се одбележат годишнините на Илинден и на АСНОМ на ...

„Св. Прохор Пчињски“ се подалеку од Илинден

Време - 22.07.2005

ПРАЗНИКОТ И ПОНАТАМУ ЖРТВА НА „ДОБРОСОСЕДСКАТА“ ПОЛИТИКА Сунчица Стојановска Неизвесно е дали и оваа година државниот врв ќе го одбележи АСНОМ во манастирот „ Свети Прохор Пчињски“. Владата вчера го задолжи Министерството за надворешни работи по дипломатски пат да побара помош од српските власти, ...

Властите се подготвуваат за прославата на 2-ри Август

А1 - 21.07.2005

Општонародна веселба. Ова е накратко одлуката на владата за годинешнава прослава на националниот празник 2-ри Август. Ќе се слави во Крушево и меморијалниот центар Пелинце, а Министерството за култура од чиј што буџет се финансираат сите манифестации за празникот, сугерирало да нема многу ...

Пахомие ќе го затвори "Прохор Пчињски" за Илинден?

Дневник - 21.07.2005

НЕИЗВЕСНА ПРОСЛАВА Прашајте ги вашите таму долу дали ќе има чествување на Илинден во манастирот "Свети Прохор Пчињски", изјави вчера врањскиот владика Пахомие. Вака одговори тој на прашањето дали СПЦ годинава ќе и дозволи на македонската делегација да ја одбележи 61-годишнината од Првото заседание ...

Влада чека зелено светло од Белград за посета на Прохор Пчињски

Канал5 - 21.07.2005

Македонските власти се уште не знаат дали на Илинден ќе можат да го посетат манастирот Св. „Прохор Пчињски“ за да одбележат 61 година од одржувањето на првото заседание на АСНОМ. Се чека дозвола од српските авторитети. Ако одговорот биде позитивен, македонската делегација ќе ја предводи ...

Оригинална прослава во алтернативното Пелинце

Вечер Прес - 21.07.2005

Меморијалниот центар Пелинце, новиот локалитет за прослава на вториот македонски Илинден, неполни две недели пред 2 Август, интензивно се подготвува за достојно одбележување на 61 година од Првото заседание на АСНОМ, кое се одржа во манастирот "Прохор Пчињски".

"Прохор Пчињски" отпишан

Дневник - 20.07.2005

ПОДГОТОВКИ ЗА ПРОСЛАВА НА илинден Македонскиот државен врв за Илинден нема да го посети манастирот "Прохор Пчињски", а се уште е неизвесно каде и како ќе го прослави големиот македонски празник. Досега е извесно само дека претседателот на Собранието ќе оди во Крушево.