TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ОМД - Бакојани лаже

Макфакс - 01.10.2006

Вашингтон/Скопје Провокативна лага е последната изјавата на шефот на грчката дипломатија Дора Бакојани за непостоење на македонско малцинство во Грција. Ова го соопшти Обединетата македонска дијаспора (ОМД) со седиште во Вашингтон, една од најголемите организации на македонската емиграција во ...

Плати носи

Вест - 30.09.2006

Сакам да кажам Меѓународна размена: два македонски премиера за еден млад јапонски 1 Алал да им е на брачната двојка Николиќ. Успеале да соберат милиони евра од продавање непостојни станови. Фи-ком е бренд што треба да се заштити. Тие не краделе. Тие здружувале пари.

Европските зелени шокирани од Бакојани

Дневник - 30.09.2006

Европските пратеници се шокирани од заканувачката изјава на министерката за надворешни работи на Грција, Дора Бакојани, која пред неколку дена рече дека Грција нема да дозволи влез на Македонија во ЕУ и во НАТО се' додека не се најде заеднички прифатливо решение за проблемот со името.

Нимиц засега нема да преземе нови чекори за името

Дневник - 30.09.2006

Грција презеде низа специфични конструктивни чекори. Прашањето отсега натаму е на другата страна - е пораката што министерка за надворешни работи на Грција, Дора Бакојани, му ја изнела завчера на посредникот на ОН, Метју Нимиц, во спорот за името на Македонија, со кого се сретна во Њујорк.

Бакојани е О.К.

Вест - 30.09.2006

Шефот на македонската дипломатија Антониот Милошоски не и се лути на грчката министерка Дора Бакојани. Таа по средбата со него во Њујорк за грчките медиуми изјавила "министерот е неискусен, многу млад и не можеше ништо да каже, но сепак јас имав можност да ја образложам позицијата на Грција".

Атина чека потег од Скопје, Нимиц без нови предлози

Време - 30.09.2006

БАКОЈАНИ СЕ СРЕТНА СО НИМИЦ Посредникот во грчко-македонскиот спор за името не планира нови скорашни предлози, изјави портпаролот на грчкото министерство за надворешни работи Јоргос Кумуцакос по разговорите во Њујорк меѓу шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани и посредникот Метју Нимиц.

Отсега, вие сте на потег!

Вечер Прес - 30.09.2006

Грција досега презела низа конструктивни чекори за решавањето на спорот со уставното име, за разлика од Македонија. Оваа порака му ја пренела министерката за надворешни работи на Грција Дора Бакојани на посредникот во преговорите Метју Нимиц, на нивната завчерашна средба во Њујорк, јави грчката ...

Грција ја повтори уцената за македонската евроинтеграција

А1 - 29.09.2006

Грчкиот Парламент нема да го ратификува договорот за влез на Македонија во НАТО и ЕУ доколку претходно не се реши спорот со името, потврди портпаролот на МНР. Тој информира дека синоќа во Њујорк дошло до средба на Дора Бакојани со посредникот Метју Нимиц.

Во Њујорк средба Бакојани-Нимиц

Канал5 - 29.09.2006

Грчкиот министер за надворешни работи Дора Бакојани синоќа во Њујорк се сретна посредникот во спорот меѓу Атина и Скопје во врска со уставното име на Македонија Метју Нимиц, јави АНА-МПА. Њујорк, 29 септември (МИА) - Грчкиот министер за надворешни работи Дора Бакојани синоќа во Њујорк се сретна ...

Бакојани разговараше со Рајс за Балканот, Косово и името

А1 - 28.09.2006

Грчката министерка за надворешни Дора Бакојани синоќа разговараше со американскиот државен секретар за прашања од Балканот, Косово и проблемот со името. Бакојани на Рајс и нагласила дека е потребно да се најде заедничко прифатливо решение.

Милошоски не и се лути на Бакојани

Утрински - 28.09.2006

Министерот Антонио Милошоски не ч се лути на грчката шефица на дипломатијата, Дора Бакојани, која според грчката телевизија ЕРТ го нарекла „млад и неискусен", а според агенцијата АНА „премногу нов" на функцијата за да има изградено став за спорот околу името.

Миловановиќ: Грција нема да ја блокира Македонија за НАТО

Вест - 28.09.2006

АМБАСАДОРКАТА НА САД НЕ ГЛЕДА МОЖНОСТ ЗА ГРЧКО ВЕТО Амбасадорката на САД во Македонија Џилиан Миловановиќ смета дека Грција нема да го блокира македонското членство во НАТО заради името, како што изјави деновиве во Њујорк грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани.

Бакојани со Рајс разговараше и за проблемот со името на Македонија

Канал5 - 28.09.2006

Грчката министерка за надворешни работи, Дора Бакојани, со американската државна секретарка, Кондолиза Рајс, во Вашингтон разговарала и за прашањето за името. Грчката министерка за надворешни работи, Дора Бакојани, со американската државна секретарка, Кондолиза Рајс, во Вашингтон разговарала и за ...

Бакојани песимист за скоро решавање на прашањето за името

Утрински - 27.09.2006

Атина - Грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани ја повтори позицијата на Атина дека Македонија нема да може да стане членка на ЕУ или НАТО доколку не се реши прашањето за името. Бакојани по вчерашната средба со генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, рече дека не е оптимист за скоро ...

Годините не се важни

Дневник - 27.09.2006

Изјавата на Дора Бакојани е најдиректен доказ дека искуството и возраста не се гаранција оти еден дипломат не може да скине „зелена“ Изјавата на Дора Бакојани е најдиректен доказ дека искуството и возраста не се гаранција оти еден дипломат не може да скине „зелена“.

Нема напредок кон НАТО и ЕУ ако не се реши името

Време - 27.09.2006

БАКОЈАНИ СЕ ЗАКАНИ СО ВЕТО Македонија не може да смета на грчка поддршка за во евроатлантските структури , ако претходно не се реши спорот со името. Овие закани за грчко вето на приемот на Македонија во НАТО и ЕУ, шефицата на грчката дипломатија ги предочила пред генералниот секретар на ОН, Кофи ...

Бакојани: Европа посилна со вклучување на балканските земји

Канал5 - 27.09.2006

Европа ќе биде посилна и покомпактна ако обезбеди место за вклучувањето на балканските земји, истакна грчкиот министер за надворешни работи Дора Бакојани во обраќањето во Вашингтон на тема „Интегрирана стратегија за југоисточна Европа – Улогата на Грција“, јавува Гласот на Америка на македонски ...

Бакојани го потцени Милошоски

Дневник - 27.09.2006

Министерот е неискусен, многу млад и не може да се обврзе на ништо, изјавила грчката министерка за надворешни работи, коментирајќи го текот на разговорите за спорот поради името Министерката за надворешни работи на Грција, Дора Бакојани, вчера во недипломатски манир го навреди својот македонски ...

Бакојани: Решение за името па влез во ЕУ и НАТО

А1 - 26.09.2006

Грција не се откажува од условот - решение за името или нема влез во Европската Унија и НАТО за Македонија. Министерката за надворешни Бакојани ова јасно му го кажала на генералниот секретар Кофи Анан по средбата во Обединетите Нации.

Вето за прием на Македонија во Унијата - заканата на Бакојани директно од Обединетите нации

Канал5 - 26.09.2006

Грција ја обновува заканата до Македонија. Уцената стигна преку министерката за надворешни Дора Бакојани и тоа од седиштето на Обединетите нации во Њујорк каде двете земји разговараат за разликата за името. Грција ја обновува заканата до Македонија.

Грција може да го блокира нашиот прием во НАТО

А1 - 25.09.2006

И по самитот на трансформација на НАТО во Рига, одлуката за добивање покана за прием ќе мора да биде донесена едногласно, вклучувајќи ја и Грција која според изјавата на грчкото МНР дадена во Њујорк минатата недела, може но, нема да се противи на проширувањето.