Македонија интензивно се подготвува за настап на судот во Париз, каде е тужена од „Хеленик петролеум“ за случајот ОКТА. Идната недела во Скопје пристигнуваат швајцарските владини адвокати. Ќе се утврдува одбранбената стратегија.
МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА НАРЕДИ ЗАТВОРАЊЕ НА ПОГОНОТ ЗА ДЕСУЛФУРИЗАЦИЈА Државниот инспекторат за животна средина донел решение за затвиорање на погонот за десулфуризација на горивото екодизел на рафинеријата "Окта", но никој не кажува дали погонот сега работи.
Средба Евентуалното прекумерно загадување на животната средина предизвикано од работата на Рафинеријата ОКТА треба да биде поткрепено со резултати од дополнителни испитувања, а Министерството за животна средина не може туку-така да пломбира и затвора погони без претходно да споведе детаљни анализи.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА Министерството за животна средина се обврза да ја следи работата на ОКТА, која до први јануари мора да постави заштитни филтри на оџаците, а жителите на општината Илинден синоќа требаше да решат дали ќе продолжат со протести против загадувањето.
Нема опипливи резултати од вчерашниот тричасовен состанок на министерот за животна средина Зоран Шапуриќ, главниот извршен директор на ОКТА, главниот инспектор за животна средина и претставниците на месните заедници од селата околу рафинеријата и претставници на Минстерството за земјоделство, ...
ОКТА во рок од 48 часа да го затвори погонот за десулфуризација. Ваква решил Државниот инспекторат за животна средина, по вчерашните снимки од рафинеријата на кои се гледало црн густ чад. „Погонот ние не можеме со сила да го затвориме.
И ПОКРАЈ ПРЕДУПРЕДУВАЊАТА „Окта“ нема намера да го затвори погонот за десулфатизација за кој жителите од околните скопски села тврдат дека ги труе, и покрај тоа што завчера дежурниот Инспекторат за животна средина и наложил на грчката рафинерија да го стори тоа во рок од 48 часа.
Државниот инспекторат за животна средина бара еден од погоните на рафинеријата да прекине со работа во рок од 48 часа. Ќе биде ли ОКТА затворена? Државниот инспекторат за животна средина бара еден од погоните на рафинеријата да прекине со работа во рок од 48 часа.
ЖИТЕЛИТЕ СЕ ЗАКАНУВААТ СО НОВИ БЛОКАДИ Катерина Нешкова Темен густ облак вчера надвиснал над скопските села Миладиновци, Бујковци и Мршевци откако од оџаците на рафинеријата „Окта“ неколку часа излегувал црн чад. Населението се жали дека вчера во овие села, кои се протегаат на површина од повеќе од ...
ЕКОТРЕВОГАТА ВО ИЛИНДЕН СЕ ПОЈАКА Катерина Нешкова „Окта“ пред меѓународен суд, а Бучковски и Шапуриќ да ги донесат нивните деца да живеат тука, порачаа вчера неколку стотици жители од скопските села Миладиновци, Бујковци, Мршевци, Текија, Кадино и Делјадровци.
ЖИТЕЛИТЕ ОД ОПШТИНА ИЛИНДЕН ГИ БЛОКИРАА ДВАТА ВЛЕЗА ВО РАФИНЕРИЈАТА Ако Рафинеријата веднаш не престане да ги труе со прекумерно испуштање на сулфурдиоксид, жителите на Општина Илинден од петок деноноќно ќе ја блокираат "Окта" Стотина жители од Општина Илинден вчера во 10 часот ги блокираа ...
ПОРАДИ ЗАГАДУВАЊЕТО Жителите од скопските села што се наоѓаат во општината Илинден денеска ќе ги блокираат двата главни и едниот спореден влез на фабриката „Окта“ поради загадувањето што оваа рафинерија го прави на околината во која живеат, информираат од Иницијативниот одбор во општината.
Чадот е секојдневие за жителите на селата околу рафинеријата Окта. Го чувствуваат на здравјето. Велат, многу тешко дишат, особено наутро и навечер. Чадот е секојдневие за жителите на селата околу рафинеријата Окта. Го чувствуваат на здравјето. Велат, многу тешко дишат, особено наутро и навечер.
СЕЛАТА ОКОЛУ РАФИНЕРИЈАТА ПРЕКРИЕНИ СО ЦРНИ ОБЛАЦИ "Чадот штипе за очи и не гуши, не можеме од дома да излеземе. Зеленчукот што го садиме целиот ни изгоре, ништо не остана", се жалат жителите на селото Миладиновци, кое е веднаш под рафинеријата.