TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Рупел за изјавата дека март може да биде доцна за решение за името

Канал5 - 03.02.2008

Изјавата на словенечкиот министер за надворешни работи и претседавач со Европската Унија Димитриј Рупел дека е потребно брзо решение за името зашто март може да биде доцна, е прв јавен настап на претставник на земја-членка на НАТО по Грција, кој вели дека името треба да се затвори пред самитот на ...

Рупел: "Ние сме на ваша страна, но не сме семоќни"

Вест - 02.02.2008

СРЕДБА НА МИНИСТРИТЕ ЗА НАДВОРЕШНИ НА МАКЕДОНИЈА И СЛОВЕНИЈА Мојата земја е на ваша страна и ние едвај чекаме Македонија да влезе во Европската унија, е пораката која вчера ја пренесе министерот за надворешни работи на Словенија, по средбата со неговиот македонски колега Антонио Милошоски.

Рупел_ ЕУ ја чека Македонија

Утрински - 02.02.2008

Сметам дека името не е проблем за НАТО, но моето мислење не е значајно, изјави вчера Рупел Тамара Грнчароска Македонија треба да го почитува принципот на ЕУ за единственост, солидарност и флексибилност и да ги исполни критериумите кои оваа пролет ќе и' бидат дополнително доставени од страна на ...

Стартуваше изградбата на „Ера сити“ во Скопје

Утрински - 02.02.2008

„Ера сити“ треба да стане најголем и најсовремен деловен, трговски и забавен центар во регионот Деспина Трајковска Со поставувањето камен-темелник за изградба на деловна зграда, претседателот на управата на словенечката групација „Ера“ Гвидо Омладич вчера го означи почетокот на проектот „Ера сити“ ...

Скопје ќе има најголем трговски и деловен центар во регионот

Дневник - 02.02.2008

За изградбата на комплексот ќе бидат вложени околу 150 милиони евра и ќе се отворат 800 работни места Почна изградбата на првата зграда од долгонајавуваниот комплекс „Ера сити - Скопје“, на Скопското сајмиште, инвестиција на словенечката групација „Ера сити“.

Рупел: Името не е услов за ЕУ и за НАТО

Дневник - 02.02.2008

За прашањето за името треба да се биде подготвен за конструктивни разговори, за компромиси, изјави Димитриј Рупел Словенечкиот став за проблемот со името со Грција не е важен, исто како што не е важен ни ставот на словенечки министер за надворешни работи.

Градот на ЕРА ќе трасира пат до ЕУ

Вечер Прес - 02.02.2008

Словенечките претпријатија да инвестираат во Македонија и на тој начин да ја поддржат на нејзиниот пат во ЕУ, порача министерот за надворешни работи на Словенија, Димитриј Рупел Почна изградбата на големиот "град во град", како што се нарекува комплексот "ЕРА Сити Скопје", што ќе никне на "Скопски ...

Рупел бара флексибилност од Македонија

Вечер Прес - 02.02.2008

Словенечкиот шеф на дипломатијата, спороивно на тврдењето на СДСМ и на претседателот Бранко Црвенковски, рече дека Македонија ги има исполнето критериумите за членство во НАТО, а единствено спорот со Грција може да не спречи да ја добиеме поканата на Самитот во Букурешт Македонија треба да покаже ...

Шефот на руската дипломатија денеска во Словенија

Макфакс - 02.02.2008

Љубљана Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ќе допатува во Словенија каде в среда ќе учествува во работата на “тројката“ на Европската унија (ЕУ) и Руската федерација. Според најавите, Лавров денеска ќе се сретне со шефот на словенечката дипломатија Димитриј Рупел, а тема на ...

Рупел: Јас сум на ваша страна

А1 - 01.02.2008

„Не ме разбирајте погрешно, јас сум на ваша страна“, рече Димитриј Рупел, министер за надворешни работи на Словенија. Вака словенечкиот министер за надворешни работи се обиде да ги амортизира модифицираните јавни словенечки ставови за проблемот со името.

Се ставија темелите на „Ера сити“

А1 - 01.02.2008

Се ставија темелите на „Ера сити“, огромниот деловно-трговски комплекс кај Скопски саем. Во друштво на владиниот врв, словенечкиот министер за надворешни работи, дипломати, бизнисмени, менаџерите на „Ера“ го означија стартот на изградбата.

Судбински денови за Македонија

Време - 01.02.2008

ЗАГРИЖУВАЧКА ИЗЈАВА НА ДИМИТРИЈ РУПЕЛ ЗА СПОРОТ СО ИМЕТО Март може да биде предоцна за решавање на спорот за името, изјави Димитриј Рупел, шеф на словенечката дипломатија, пред продолжувањето на преговорите за името, кои од Охрид се селат во Грција. - Наближуваат судбински датуми.

Ќе се гради првата зграда од „Ера сити“

Утрински - 01.02.2008

Денеска во Скопски саем ќе биде поставен камен-темелникот на првата зграда од комплексот „Ера сити“ - Скопје. На настанот ќе присуствуваат премиерот Никола Груевски, министерот за надворешни работи на Словенија Димитриј Рупел и претседателот на групацијата Ера Гвидо Омладич.

Димитриј Рупел денеска во Скопје

Дневник - 01.02.2008

Приоритетите на Словенија како актуелен претседавач со ЕУ, особено во однос на побрзото вклучување на Македонија и на другите земји од Западен Балкан во Унијата, ќе биде главна тема на средбите на словенечкиот министер за надворешни работи Димитриј Рупел со македонските власти, денеска во Скопје.

Рупел ретерира – името не е предуслов за НАТО

Канал5 - 01.02.2008

“Не мислам дека прашањето за името е предуслов за Македонија да добие покана за членство во НАТО” - Димитриј Рупел денеска во Скопје се обиде да ја ублажи изјавата дадена во Љубљана дека треба брзо, пред март, да се најде решение за разликата за името, што прозвучи како прогрчка позиција на шефот ...

Камен-темелник за изградба на комплексот ЕРА Сити Скопје

Канал5 - 01.02.2008

Словенечката групација ЕРА денеска ќе ја почне изградбата на објектот ЕРА Сити Скопје, кој треба да биде најголем и најсовремен деловен, трговски и забавен центар во регионот. Скопје, 1 февруари (МИА) - Словенечката групација ЕРА денеска ќе ја почне изградбата на објектот ЕРА Сити Скопје, кој треба ...

Министерот за надворешни работи на Словенија Димитриј Рупел во посета на Македонија

Канал5 - 01.02.2008

Словенечкиот министер за надворешни работи и претседател на Советот на ЕУ за општи прашања и надворешни односи Димитриј Рупел денеска ќе престојува во еднодневна посета на Република Македонија. Скопје, 1 февруари - Словенечкиот министер за надворешни работи и претседател на Советот на ЕУ за општи ...

Почна изградбата на ЕРА сити Скопје, најсовремениот деловен, трговски и забавен центар во регионот

Канал5 - 01.02.2008

ЕРА сити Скопје, најсовремениот деловен трговски центар во регионот почна да се гради. Првиот чекор од проектот се означи со поставување на камен темелникот за изградба на деловната зграда.. Групацијата Ера за пет години преку партнерства ќе ја реализира најголемата словенечка инвестиција во ...

Се бара оставка на Рупел

Вечер Прес - 01.02.2008

Независната пратеничка група Липа вчера апелираше до премиерот Јанез Јанша да побара оставка од шефот на дипломатијата Димитриј Рупел, поради обелоденувањето на тајната дипломатска пошта. Смената на директорот Дробнич за нив е само префрлање на вината на пониско ниво, со што се забошотува ...

Димитриј Рупел во Македонија

Вечер Прес - 01.02.2008

Словенечкиот министер за надворешни работи и претседател на Советот на ЕУ за општи прашања и надворешни односи Димитриј Рупел денеска ќе престојува во еднодневна посета на Република Македонија. Шефот на словенечката дипломатија ќе има средба со македонскиот министер за надворешни работи Антонио ...

Камен темелник за Ера сити Скопје

Макфакс - 01.02.2008

Скопје Камен темелник за најсовремениот деловен и забавен центар во регионот Ера сити Скопје ќе положат премиерот Никола Груевски, шефот на словенечката дипломатија Димитриј Рупел и првиот човек на компанијата ЕРА Гвидо Омладич.

Почна изградбата на Ера сити Скопје

Макфакс - 01.02.2008

Скопје Изградбата на најсовремениот деловен и забавен центар во регионот Ера сити Скопје почна денеска со симболично поставување камен темелник. „Концептот на оваа инвестиција, вредна околу 150 милиони евра, е во ЕРА Сити Скопје да бидат привлечени повеќе препознатливи меѓународни брендови преку ...

Рупел - само името пречка за НАТО

Макфакс - 01.02.2008

Скопје Министерот за надворешни работи на Република Словенија и актуелен претседавач со Советот на министри на Европската Унија(ЕУ) Димитриј Рупел денеска ќе престојува во еднодневна посета на Македонија. Посетата официјално се оценува како потврда за принципиелната поддршка на Словенечкото ...

Рупел – Македонија има шанси за датум за преговори

Макфакс - 01.02.2008

Скопје Постојат добри можности Македонија оваа година да добие датум за преговори за членство во Европската унија (ЕУ). Ова денеска во Скопје го порача претседавачот на Советот на министри на Европската унија, шефот на словенечката дипломатија Димитриј Рупел, по средбата со министерот за надворешни ...

Словенија ќе го признае Косово

Макфакс - 01.02.2008

Љубљана Словенија ќе го признае Косово ама за тоа треба да решава Парламентот. Ова синоќа во Љубљана го изјави шефот на словенечката дипломатија Дмитриј Рупел во емисија на државната словенечка телевизија. Според министерот, Словенија и Србија, и покрај случувањата на Косово, ќе ги зачуваат добрите ...

Рупел: Да се најде брзо решение за името

А1 - 31.01.2008

Март може да биде предоцна за наоѓање на решение на спорот за името, загрижувачка изјава на шефот на словенечката дипломатија пред продолжување на преговорите за името, кои од Охрид треба да се преселат во Грција. Рупел оценил дека наближуваат судбински датуми. Март ќе биде малку доцна.

Рупел: Потребно е брзо решение за името

Канал5 - 31.01.2008

Потребно е брзо решение за името, проблемот нема да ја отежне европската интеграција на Македонија, но го загрозува зачленувањето во НАТО. Ако се чека до март ќе биде доцна - вели шефот на словенечката дипломатија и актуелен претседавач на Советот на министрите на Европската Унија во интервју за ...

Рупел: Проблемот со името може да ја оптовари евроатлантската интеграција на Македонија

Канал5 - 31.01.2008

Министерот за надворешни работи Словенија, земја претседавач со ЕУ, Димитриј Рупел во интервју за „Еврозум“ порачува дека проблемот со името може да ја оптовари евроатланската интеграција на Македонија ако во скоро време не се најде решение и сугерира што поскоро да се дојде до него.

Митја Дробнич се повлече од функцијата

Време - 30.01.2008

ПО ДИПЛОМАТСКИОТ СКАНДАЛ Шефот на словенечката дипломатија, Димитриј Рупел, ја прифати оставката на политичкиот директор во Министерството за надворешни работи, Митја Дробнич, кому претставници на американскиот Стејт департмент во документ што беше обелоденет во јавноста му посочија што очекува ...

Македонски парламентарци во мисија во Брисел

Утрински - 30.01.2008

Во Европската комисија укажуваат дека сега не е време за предвремени избори Од нашиот дописник Слободанка Јовановска Брисел - Петар Поп Арсов од ВМРО-ДПМНЕ ги уверувал вчера претставниците на Европската комисија дека Владата не планира предвремени избори во Македонија и дека такво нешто може да се ...

ЕУ сака да испорачаме резултати до септември

Дневник - 30.01.2008

Македонија заслужува да добие безвизен режим со ЕУ, порача словенечкиот министер за надворешни работи и претседавач со Унијата, Димитриј Рупел Македонија заслужува и преговори за зачленување и безвизен режим, но ќе мора прво да ги исполни условите што ги посочи комесарот за проширување Оли Рен.

Дробнич се повлече поради скандалот со тајните преговори во Вашингтон

Дневник - 30.01.2008

Шефот на словенечката дипломатија Димитриј Рупел денеска ја прифати оставката на политичкиот директор во Министерството, Митја Дробнич, зашто „дозволил да протечат до медиумите“ деталите за неговата средба со колегите од Стејт департментот.

Стартува изградбата на ЕРА сити

Вечер Прес - 30.01.2008

Словенечката групација ЕРА во петок ќе ја почне изградбата на деловната зграда што ќе биде лоцирана до сегашната управна зграда на "Скопски саем" во населбата Автокоманда. Зградата ќе биде дел од долгонајавуваниот проект "ЕРА сити".

Прва оставка поради скандалот во Словенија

А1 - 29.01.2008

Досегашниот политички директор во словенечкото Министерство за надворешни работи Митја Дробнич поднесе оставка на функцијата. Како што јавуваат медиумите, Дробнич е прва жртва во скандалот предизвикан со објавувањето на дипломатската белешка за словенечко-американските разговори во Вашингтон, на ...

Рупел доаѓа во Скопје

Време - 28.01.2008

СОРАБОТКА Шефот на словенечката дипломатија, Димитриј Рупел, доаѓа во Скопје. Неговата посета е закажана за први февруари, кога ќе биде поставен камен-темелник на најголемата словенечка инвестиција во Македонија „Ееа сити“, кај управната зграда на Скопскиот саем.

Вашингтон и дава упатства на Словенија

Време - 28.01.2008

ДИПЛОМАТСКИ СКАНДАЛ ВО СЛОВЕНИЈА Пренесувањето во јавност на белешките од декемвриските разговори меѓу САД и Словенија во врска со иднината на Косово предизвика скандал, кој веќе има широки последици, а во иднина уште повеќе ќе одекне не само во Европската Унија, туку и во други земји и тоа со ...