TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Нема одмор додека трае ИСТРАГАТА!

Време - 14.09.2007

ШТО СЕ СЛУЧУВА ЗАД ВРАТИТЕ НА СУДОТ ДОДЕКА СЕ РАСПЛЕТКУВААТ ГОЛЕМИТЕ АФЕРИ? Мери Јордановска Судиите не спијат, не смеат да го напуштат судот додека не заврши распитот, јадат тоа што ќе им го донесат колегите. Обвинетите не смеат да бидат во меѓусебен контакт, а адвокатите можат да гледаат ...

Седуммина во притвор

Вест - 14.09.2007

ПО ТРИЕСЕТ ЧАСА РАСПИТ ПРЕД ИСТРАЖЕН СУДИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ "ЈАКА ТАБАК" Седуммина, од петнаесет осомничени за финансиски малверзации со тутун од Бирото за стоковни резерви, по над триесет часа распит пред истражен судија, во средата на полноќ беа однесени во затворот "Скопје", бидејќи им беше одреден ...

Половина од приведените во притвор во Шутка

Време - 14.09.2007

МАРАТОНСКИ РАСПИТ НА 14-ТЕ ОСОМНИЧЕНИ ЗА АФЕРАТА СО ДРЖАВЕН ТУТУН Сунчица Стојановска Притвор за седум лица, другите седуммина ќе се бранат од слобода, одлучи истражниот судија, кој речиси три дена ги испрашуваше осомничените во скандалот со продажбата на тутун од државните резерви на „Јака табак“, ...

Седуммина од приведените во тутунската афера завршија во притвор

Утрински - 14.09.2007

Истражниот судија изрече 30 дена притвор за судијка, заменик-јавен правобранител... ЉУБИША СТАНКОВИЌ По повеќе од 30 часа поминати во Кривичното истражно одделение, само осуммина од 15-те обвинети за злоупотреба на складираниот тутун на државните резерви се најдоа на слобода.

Седуммина во притвор за случајот „Јака табак“

Дневник - 14.09.2007

Седуммина од вкупно 15 осомничени за тутунската афера со фирмата „Јака табак“ добија притвор, а останатите се пуштени да се бранат од слобода. Ова е епилогот од истрагата што со кратки прекини траеше повеќе од 24 часа во Основниот суд Скопје 1.

Во притвор седуммина актери во тутунската афера

Вечер - 14.09.2007

Од петнаесеттемина осомничени за аферата со тутунот, вчераноќ седуммина беа притворени. Истражниот судија на Радован Поповски поранешен директор на Бирото за стокови резерви, Мирјана Панајотова заменик јавен правобранител, Ѓорѓи Теневски генерален директор во Јака табак, Димитраки Георгиев екс ...

Притвор за седуммина од „Јака табак“

А1 - 13.09.2007

По 33 часа распит, истражниот судија им одреди 30-дневен притвор на седуммина осомничени во милионската афера со тутунот. Останатите седуммина ќе се бранат од слобода, но одземени им се пасошите. Во истражниот затвор Шутка на полноќ заминаа првоосомничениот - поранешниот директор на Бирото за ...

Се оспорува и тендерот за продажбата на тутунот

Време - 13.09.2007

ДОДЕКА ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА КРИМИНАЛ СО ДРЖАВНИ РЕЗЕРВИ ОДГОВАРАА ПРЕД СУД Сунчица Стојановска Со кривичните пријави против раководството на „Јака табак“, судијка и правобранителка од Струмица и владините проценители не се затвора кругот на скандалозната продажба на три тони тутун од државните резерви, ...

Обвинителството и одбраната го бараат тутунот

Вест - 13.09.2007

МАРАТОНСКА ИСТРАГА ЗА СЛУЧАЈОТ "ЈАКА ТАБАК" Повеќе од 24 часа, со мали паузи за одмор, траеше истрагата во Основниот суд 1 во Скопје за случајот "Јака табак", во која 15 лица се осомничени за финансиски малверзации со тутун од Бирото за стоковни резерви.

Струмичката судијка остана без имунитет поради тутунскиот скандал

Утрински - 13.09.2007

Распитот на 13-те осомничени трае повеќе од 24 часа, а за вчера беше предвидено своја одбрана да даде и судијката Роза Делева ЉУБИША СТАНКОВИЌ Распитот на 13 од 15-темина осомничени во тутунската афера што започна завчера попладне продолжи и во текот на вчерашниот ден.

Осомничените за „Јака Табак“ повеќе од 24 часа пред истражен судија

Дневник - 13.09.2007

Тринаесеттемина осомничени за тутунската афера, тешка над 11 милиони евра, кои завчера беа уапсени во голема полициска акција, повеќе од 24 часа беа испрашувани од истражен судија во Основниот суд Скопје 1. Испрашувањето почна завчера околу 15 часот, а вчера до доцна попладне се' уште не беше ...

Притворени седум од 15 обвинети за продажба на државен тутун преку „ЈАКА ТАБАК“

Канал5 - 13.09.2007

По 33 часа распит, истражниот судија Седат Реџепагиќ од скопскиот кривичен суд донесе решение за истрага и определи притвор за седум од 15-те обвинети за продажба на тутун од државните резерви преку „ЈАКА ТАБАК“ од Радовиш. По 33 часа распит, истражниот судија Седат Реџепагиќ од скопскиот кривичен ...

Одземен имунитетот на судијката

Вечер - 13.09.2007

Судскиот совет, вчера на итна седница, и го одзел имунитетот на судијката Розе Делева. Осомничената треба да биде спроведена во судот за распит. Два дена по апсењето во Кривичниот суд трае распитот на инволвираните за злоупотребите во Јака табак Судскиот совет и го одзел имунитетот на судијката ...

Бордот на директори на „Јака табак“ тврди се е регуларно

А1 - 12.09.2007

Бордот на директори на „Јака табак“ Радовиш денеска застана во одбрана на обвинетите. Претседателот на бордот Благој Камчев тврди, дека купопродажбата на тутунот од стокови резерви е избелена во регуларна постапка. „Се изврши судско порамнување, со кое тутунот заложен за обезбедување на ...

Маратонски распит на обвинетите од „Јака табак“

А1 - 12.09.2007

Маратонски распит на осомничените за аферата со тутунот. Повеќе од едно деноноќие еден по еден одговараат пред истражниот судија и обвинителот. Ниту еден од приведените не се брани со молчење. Во Основниот суд 1 вчера беа донесени 13, од вкупно 15 осомничени за милионскиот скандал со тутунот од ...

Осомничени за финансиски малверзации со државен тутун

Вест - 12.09.2007

ПРИВЕДЕНИ ЧЛЕНОВИ НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ЈАКА ТАБАК Тринаесет лица вчера попладне беа донесени пред истражен судија во Основниот суд Скопје 1, сите осомничени дека правеле малверзации со тутун од Бирото за стокови резерви. Меѓу нив има поранешен директор на Бирото за стокови резерви, заменик - јавен ...

Судии, правобранители и раководството на „Јака табак“ пред истражен судија

Време - 12.09.2007

УАПСЕНИ 15 ЛИЦА ЗА КРИМИНАЛОТ СО ДРЖАВНИОТ ТУТУН Сунчица Стојановска Актуелното и поранешното раководство на „Јака табак“, судии, правобранители, вработени во Тутунскиот комбинат во Прилеп и поранешни проценители на тутун вчера даваа исказ пред истражен судија, откако полицијата прексиноќа ги ...

Приведени раководството на „Јака табак“ и членови на Комисијата за процена на тутун

Утрински - 12.09.2007

Меѓу приведените е и ексдиректорот на „Македонија табак“, Страшо Нелковски ЉУБИША СТАНКОВИЌ Полицијата поднесе кривични пријави против 15 поранешни и актуелни раководители на "Јака табак", како и државни функционери осомничени за злоупотреба на службената должност.

Уапсено раководството на „Јака Табак“

Дневник - 12.09.2007

Полицијата уапси 15 лица, меѓу кои неколку директори на „Јака Табак“АД Радовиш, сегашни и поранешни членови на владината Комисија за процена на тутун и вработени во струмичкиот суд Генералниот директор на „Јака Табак“, Ѓорѓи Теневски (46), поранешниот генерален директор Димитар Ѓеорѓиев (58), ...

Осомничените за продажба на државниот тутун 25 часа распрашувани пред истражен судија

Канал5 - 12.09.2007

Четиринаесетте осомничени за продажба на тутун од државните резерви преку „Јака табак“ од Радовиш над 25 часа беа распрашувани од истражниот судија Седат Реџепагиќ во скопскиот Кривичен суд. Тврделе дека не го сториле делото а со тоа не нанеле ниту штета во буџетот од 10 милиони евра како што стои ...

Во 2 суда и 6 полициски станици, уапсени 15 лица за Јака Табак!

Вечер - 12.09.2007

Директори и раководители, членови на управни одбори, адвокати, вработени во Радовишкиот суд, вработени во две фирми на "Јака Табак" и "Табак осигурување", завчера доцна вечерта биле уапсени од полицијата и пренесени на разговор во полициски станици во Радовиш и Скопје, информираат од МВР.

Осомничените од „Јака табак“ пред истражен судија

А1 - 11.09.2007

Директори, владини функционери, судија, правобранител, вкупно 15 луѓе се вмешани во афера тешка 17 милиони евра. Сите се осомничени за злоупотреба на службената положба во матни зделки со тутун од државните резерви. Попладнево со лисици на рацете беа донесени на распит во Основниот суд Скопје 1.

Уапсено раководството на „Јака табак“

А1 - 11.09.2007

Сопственици на „Јака табак“ Радовиш, директори и раководители, членови на управни одбори, адвокати, вработени во Радовишкиот суд и „Табак осигурување“, вкупно 12 осомничени, синоќа се пренесени во полициските станици Радовиш и Скопје.

Уапсени 15 лица затоа што неколку пати продавале тутун од стоковните резерви

Канал5 - 11.09.2007

Поранешните и сегашните директори на „Јака Табак“ од Радовиш, екс директорот на Бирото за стокови резерви, струмичкиот правобранител, судија од Судот во Струмица, и членовите на Владините комисии за процени на квалитетот на тутунот се осомничени дека неколку пати продале тутун од стоковите резерви ...