TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Полицијата пред 4 месеци ги имала обвинувањата за „Тиквеш“

А1 - 17.07.2005

Полицијата уште пред 4 месеци ги имала исказите за тешките обвинувања на екс директорот на „Тиквеш“ против Свето Пивара. Според информации на А1, Коцевски уште тогаш бил во кавадаречката полиција. Проговорил за случајот. Исказот, како што тврдат извори за А1, бил евидентиран.

Превртена пирамида

Време - 16.07.2005

ГЕОРГИ БАРБАРОВСКИ Официјално потврдувам дека од достапните информации во ниту еден од документите не се спомнува името на Светозар Јаневски, ниту на винарската визба „Тиквеш“, ниту на скопската пиварница, ниту на „Мекдоналдс“, изјави портпаролот Владо Бучковски, привремено вработен како македонски ...

За преземањето на "Тиквеш" никој не се жалел навреме

Вест - 16.07.2005

КОМИСИЈАТА ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ НЕ МАТКАЛА ВО ПРИВАТИЗАЦИЈАТА НА КАВАДАРЕЧКАТА ВИНАРИЈА Комисијата за хартии од вредност не учествувала во приватизацијата на АД "Тиквеш" туку само по процедурата за преземање. "Најодговорно тврдам дека постапката е спроведена во согласност со Законот за преземање ...

Само Прчевски ќе го испитувал случајот „Тиквеш“

Време - 16.07.2005

ОТКАКО ФИРМАТА „М6“ ПОБАРА ДЕТАЛНА ИСТРАГА Гоце Трпковски Јавниот обвинител Александар Прчевски е единствениот што ќе поведе истрага за случајот „Тиквеш“, откако фирмата „М6“, во чија сопственост е винарницата, преку соопштение до медиумите ги повика сите надлежни институции да го истражат ...

Никој не го обжалил преземањето на ,,Тиквеш" во законскиот рок

Утрински - 16.07.2005

Комисијата за хартии од вредност тврди дека не е вмешана во приватизацијата на винарската визба Пендовска Најодговорно тврдам дека постапката за преземање на "Тиквеш" е спроведена законски Во законскиот рок од 15 дена никој не ја обжалил постапката за преземање на ,,Тиквешши од Кавадарци.

Преземањето на "Тиквеш" е законско

Дневник - 16.07.2005

И КОМИСИЈАТА ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ ЗАСТАНА ЗАД ЈАНЕВСКИ Преземањето на најголемата винарска визба во земјава "Тиквеш" од групацијата "М6" е успешно и целосно е во согласност со законот. Ова вчера го изјави Весна Пендевска, претседателка на Комисијата за хартии од вредност (КХВ), која го дозволи ...

Преземањето беше законско!

Вечер Прес - 16.07.2005

Најодговорно тврдам дека постапката за преземање на винарската визба "Тиквеш" е целосно спроведена во согласност со Законот за преземање на акционерските друштва. Ова вчера на прес-конференција го истакна претседателката на Комисијата за хартии од вредност д-р Весна Пендовска, која рече дека КХВ не ...

Јавното обвинителство се вклучува во случајот „Тиквеш“

А1 - 15.07.2005

Јавното обвинителство се вклучува во случајот „Тиквеш“. Предметот е отворен. Истрага за тешките обвинувања против бизнисменот Јаневски. Ќе го водат обвинителството и полицијата од Кавадарци. Ова за А1 го изјави јавниот обвинител Прчевски. Не гледа причина за драма, вели, обичен случај.

М6:Државата нека ја исконтролира приватизацијата на "Тиквеш"

Вест - 15.07.2005

Компанијата М6 што менаџира со винарската визба "Тиквеш", по обвинувањата од ексдиректорот на винаријата Ангел Коцевски, вчера се огласи со соопштение. "Поради големиот интерес на медиумите, предизвикан со невистините и тенденциозни наводи во емисијата 'Во центарот', емитувана на Канал 5 ТВ, на 12 ...

„М6“ ги вика инспекторите да извршат увид во „Тиквеш“

Време - 15.07.2005

ПО ИЗЈАВИТЕ НА АНТОНИО КОЦЕВСКИ Фирмата „М6“ ќе ја стави на располагање целокупната своја документација и онаа на винарската визба „Тиквеш“ за да се спроведе истрага во врска со наводите и обвинувањата на Антонио Коцевски. Поранешниот комерцијален директор на „Тиквеш“ во емисијата „Во центар“ на ...

Бучковски: Свето е чист

Вест - 15.07.2005

СОВЕТНИКОТ НА ПРЕМИЕРОТ НЕ БИЛ ВО ДАНОЧНАТА ПИРАМИДА Премиерот Владо Бучковски го одбрани својот советник, ексдиректорот на "Пивара" Свето Јаневски. Бучковски вчера изјави дека од достапните информации, во ниту еден документ за даночното затајување не се споменувало името на Јаневски, ниту на ...

Јаневски не е дел од пирамидата

Утрински - 15.07.2005

Премиерот вчера целосно застана во одбрана на својот советник, кој е цел на жестоки напади Бучковски: Нападите врз менаџерот се конструкции НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Светозар Јаневски е чист. Тој и неговите компании апсолутно не се дел од даночната пирамида.

Фирмата на Јаневски ги повика надлежните да ја испитаат продажбата на "Тиквеш"

Утрински - 15.07.2005

Групацијата "М-6" го демантира Антонио Коцев Компанијата "М-66и бара од сите надлежни државни институции целосно да ја испитаат приватизацијата на винарската визба "Тиквеш" и нејзиното сегашно работење, за што ќе ја достави на располагање целокупната своја документација.

Бучковски го брани Јаневски

Дневник - 15.07.2005

ДАНОЧНАта ПИРАМИДА го тресе државниот врв Советникот на Владата Светозар Јаневски, ниту некоја од фирмите врзани со него, скопската пиварница, "Мекдоналд" и винарницата "Тиквеш" на ниту еден начин не биле, ниту се вклучени во даночната пирамида, изјави вчера премиерот Владо Бучковски.

Бучковски да расчисти со Свето Јаневски

Дневник - 15.07.2005

ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ го прашува премиерот Владо Бучковски дали ќе преземе соодветни мерки против неговиот советник Свето Јаневски поради обвинувањата за неговите незаконски постапки во приватизација на АД "Тиквеш" изнесени од поранешниот директор, Ангел Коцевски.

КХВ: Нашиот дел од приказната како М6 ја доби Тиквеш е чист

Канал5 - 15.07.2005

Нашиот дел од приказната како Свето Јаневски и „М6 групацијата“ станаа сопственици на винарската визба „Тиквеш“ е чист, се јави денеска директорката на Комисијата за хартии од вредност. Нашиот дел од приказната како Свето Јаневски и М6 групацијата станаа сопственици на винарската визба Тиквеш е ...

Некој е нервозен!

Вечер Прес - 15.07.2005

"Станува интересно што некој станува многу нервозен, што се отвори еден голем финансиски скандал за даночно затајување. Сега се обидува да ја префрли топката на друга страна, прејудицирајќи некои успешни приватизации, кои треба да ја засенат оваа атмосфера.

Бучковски: „Случајот Тиквеш со цел да ја засени даночната пирамида“

А1 - 14.07.2005

Смислена политичка игра која треба да ја засени даночната пирамида што ја обелодени Поповски. Вака премиерот Бучковски го објаснува отворањето на досието Тиквеш, во кое неговиот советник Јаневски е посочен дека учествувал во криминални зделки и фалсификати за купување на винарската визба.

ДПМНЕ: Дали Бучковски ќе превземе нешто во врска со Јаневски?

А1 - 14.07.2005

ВМРО-ДПМНЕ денеска го праша премиерот Владо Бучковски што планира да преземе во врска со обвинувањата против неговиот советник Свето Јаневски за наводните криминални дејствија како доминантен сопственик на винарската визба „Тиквеш“.

„Свето ме тераше да фалсификувам документи“

Време - 14.07.2005

ПОРАНЕШНИОТ ДИРЕКТОР НА ТИКВЕШ ТВРДИ Јавната правобранителка Зоја Лега Станојевска, по информациите што ги добила од медиумите, го информирала заменик-јавниот правобранител од Кавадарци да го испита случајот со долгот на фирмата „Тиквеш“ од осум милиони денари, кој требаше да го плати новиот ...

Бучковски: Светозар Јаневски е чист

Канал5 - 14.07.2005

Светозар Јаневски е чист и нема криминал ниту во „Тиквеш“, ниту во „Пивара„ и „Мекдоналдс“. Со овие зборови премиерот Бучковски цврсто застана зад својот економски советник, во врска со аферата спорна приватизација на „Тиквеш.

Коцевски го обвинува Јаневски за незаконско купување на „Тиквеш“

А1 - 13.07.2005

Со скандалозно, трилер сценарио, моќниот Јаневски, сега владин советник и неговата бизнис елитна група М-6 го купија кавадаречки „Тиквеш“. Платија 3,3 милиони евра. Играта за преземање на винарската визба беше наместена и незаконска. Се се случуваше пред очите на власта.

Јаневски обвинува за блокада на доприватизацијата на „Тиквеш“

А1 - 12.07.2005

Нов судир на бизнис политичките интереси на олигарсите во власта. Јаневски повторно контра Поповски. Обвинува дека институциите под капа на Министерството за финансии ја блокирале доприватизацијата на кавадаречки „Тиквеш“. Во екот на истрагата за даночниот криминал преку јавен оглас познатата ...