TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Презентација на концептот за државна матура

А1 - 22.09.2007

Се е јасно околу полагањето на државната матура, велат директорите и педагозите од средните училишта од државава, кои денеска сепак дојдоа во Скопје на презентацијата на концептот за последниот испит на средношколците. „Директорот ми рече дека сме повикани од страна на министерот, не знам точно ...

Матурантите ќе полагаат пет предмети

Дневник - 22.09.2007

Протестите на средношколците продолжија и вчера во повеќе градови, а директорите на училиштата најавуваат дека изгубените часови дополнително ќе бидат одработени Не два, туку пет предмети ќе полагаат средношколците во рамките на државната матура на крајот на оваа учебна година, соопшти вчера ...

Канцеларии во средните училишта информирање на учениците и родителите за државната матура

Канал5 - 22.09.2007

Министерството за образование ќе отвора канцеларии во средните училишта, за да ги информира учениците и родителите за државната матура. Министерството за образование ќе отвора канцеларии во средните училишта, за да ги информира учениците и родителите за државната матура.

Министерството не попушта - матура ќе има

Утрински - 22.09.2007

Учениците и вчера протестираа на скопските улици СВЕТЛАНА УНКОВСКА Средношколците на крајот на оваа учебна година ќе полагаат матура која, според измените на Законот за средно образование, од годинава мора да се воведе. Oва е цврстиот став на Министерството за образование и на претставниците на ...

Министерството не ги разубеди средношколците

Време - 22.09.2007

ПРОДОЛЖИЈА ПРОТЕСТИТЕ ПРОТИВ ДРЖАВНАТА МАТУРА Скопските матуранти вчера повторно се собраа пред Министерството за образование и наука за да протестираат против полагањето државна матура, која, според новите измени на законот, важи од оваа учебна година.

Средношколците ќе ги одработуваат деновите

Вест - 22.09.2007

ПРОСВЕТНИТЕ ИНСПЕКТОРИ ЌЕ ГИ БРОЈАТ ИЗГУБЕНИТЕ ЧАСОВИ Средношколската унија на Македонија вчера преку прес-конференција се огради од протестите Матурантите во Скопје вчера повторно се собраа пред Министерството за образование и наука и протестираат против полагањето државна матура која, според ...

Наместо два, матурантите ќе полагаат четири предмети

Вечер Прес - 22.09.2007

Матурантите втор ден својот револт против полагањето на матурата го искажуваат пред Министерството за образование, Владата и Собранието на РМ. Велат дека не биле доволно информирани за тоа како ќе се полага испитот и не се подготвени за тоа, а исто така добиле и различни информации за бројот на ...

Државна матура ќе се полага, протестите продолжуваат

А1 - 21.09.2007

И по вториот ден од протестите на средношколците, Министерството за образование не попушта, ќе се полага државна матура, и тоа пет предмети, онака како што тврдеа учениците, а не два, како што кажа вчера заменик министерот за образование Јован Лазаров.

Средношколците со јајца и домати против матурата

Утрински - 21.09.2007

Против одлуката за воведување матура вчера се изјаснија и средношколците во Крива Паланка и Струмица СВЕТЛАНА УНКОВСКА Матурантите од средните училишта во Скопје вчера излегоа на масовен протест пред Министерството за образование, а потоа и пред Владата го изразија незадоволството од обврската за ...

Ученици со јајца се борат против матурата

Дневник - 21.09.2007

Нема причини за одлагање на матурските испити, одговори Министерството за образование набарањата за ослободување од матура Јајца и домати кон зградата на Министерството за образование вчера, во Скопје, фрлаа неколку стотици средношколци, кои протестираа барајќи да им се укине задолжителниот ...

Средношколците се обединија против државната матура

Време - 21.09.2007

ПРОТЕСТИ ВО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ ВО ЗЕМЈАВА Матуранти од цела Македонија вчера ја прекинаа наставата и излегоа на улиците за да го изразат својот револт против полагањето државна матура. Протестираа ученици од повеќе средни училишта од Скопје, Струмица, Крива Паланка и од Штип, кои не се задоволни од ...

Со домати и јајца против матурата

Вест - 21.09.2007

ПРОТЕСТИ Заменик-министерот за образование и наука Јован Лазаров го оцени како недолично однесувањето на учениците и преку медиумите им порача дека полагањето матура е во нивни интерес Ученици од неколку средни училишта во Скопје вчера протестираа пред Министерството за образование и наука и пред ...

Владата не попушта ќе има државна матура - изгубените часови ќе се одработуваат

Канал5 - 21.09.2007

Делегација од матурантите кои неколку дена масовно штрајкуваат против полагањето матурски испит со своите аргументи денеска настапи пред претставници на владата и министерството за образование. Делегација од матурантите кои неколку дена масовно штрајкуваат против полагањето матурски испит со своите ...

Матурантите со јајца против матурата

Вечер Прес - 21.09.2007

Учениците сметаат дека како прва генерација која треба да го полага матурскиот испит во 2008 година, не се соодветно подготвени успешно да го поминат испитот, бидејќи им останува малку време за учење. Надлежните тврдат нема причини да се одложи матурата годинава Средношколците од Скопје вчера ...

Средношколците протестираа против матурскиот испит

А1 - 20.09.2007

Со фрлање јајца и домати кон Министерството за образование, средношколците бараа да се одложи и годинава полагањето на матурскиот испит. Пред Министерството се собраа околу 2.000 средношколци од сите скопски училишта. Масовни беа и протестите против полагањето на матурата во Струмица и Штип.

Матурантите не сакаат да полагаат матура

Време - 20.09.2007

ПРОТЕСТИ ВО ШТИП Не сакаме матура и не сакаме да учиме, извикуваа матурантите од две штипски средни училишта, кои вчера протестираа по улиците на Штип. Бараат да не полагаат државна матура, која се воведува од оваа учебна година.

Матурантите против матура

Дневник - 20.09.2007

Околу 200 ученици во четвртата година во средните училишта од Штип вчера протестираа во центарот на градот со барање да се укине матурскиот испит. Тие велат дека учат според стара наставна програма, која не го предвидува матурски испит.

Протести на матурантите низ повеќе градови во Македонија

Канал5 - 20.09.2007

Матурантите од повеќе скопски училишта протестираа против полагањето матура пред министерството за образование, владата и собранието. Бараат министерот Рушити да ги ослободи од државната матура, обврска што за нив произлезе од измените на законот кој важи од оваа година.

Матуранти протестираа против државната матура

Вечер Прес - 20.09.2007

Учениците од две средни училишта во Штип вчера протестираа по штипските улици, барајќи да не полагаат државна матура, која од оваа година се воведува на крајот од средното образование. - Ние сме последна генерација што учи по старата програма и затоа не треба да полагаме матура, велат учениците и ...

Штипските матуранти протестираа против државната матура

Канал5 - 19.09.2007

Над стотина штипски матуранти денеска часовите ги заменија со скандирање по улиците незадоволни од задолжителното полагање на матурски испит. Тврдат, протести ќе има се додека не се исполни барањето. Над стотина штипски матуранти денеска часовите ги заменија со скандирање по улиците незадоволни од ...