TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

МУ ОДГОВОРИВМЕ НА НИМИЦ, ГИ НЕМА ЗАБЕЛЕШКИТЕ

Канал5 - 16.10.2005

Во одговорот до Метју Нимиц македонската Влада не ги доставила забелешките кои таа и опозицијата ги имаат за последниот предлог на медијаторот, дознава Канал 5. Според нашите извори во писмениот документ кој му бил доставен на посредникот пишувало само дека Македонија предлогот го смета за добра ...

САД не го напишаа предлогот на Нимиц

Утрински - 15.10.2005

Николас Барнс, потсекретар за политички прашања во Стејт департмент, за спорот околу името,за Косово, за НАТО Американската поддршка на Македонија секогаш беше силна СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА Господине Барнс, што ќе биде главната порака на претседателот Џорџ Буш до нашиот премиер Владо Бучковски на ...

МЕНУВАМ ИМЕ ЗА ВЛАДА

Вест - 15.10.2005

ЕВТИНИ ПРИКАЗНИ - Биљана Секуловска НЕМА ДА БИДЕМЕ МАКЕДОНЦИ, ТУКУ ГРАѓАНИ НА РМ. ВЛАДАТА ВИКА - НЕ Е ЛОШ ПРЕДЛОГ. ЈА РАЗБИРАМЕ. ЗАМИСЛЕТЕ ДА БЕШЕ - ВЛАДА НА СЕЛАНИ НА РМ? Птичјиот грип напаѓа - Бугарија, Турција, Романија се првите земји од регионов, само во Македонија нашата влада вика дека нема ...

Касандра република

Дневник - 15.10.2005

Милан Банов Во некоја друга, значи, нормална држава, настаните би оделе по овој редослед: Метју Нимиц го дава предлогот за името на Македонија, Владата излегува со став (што впрочем и го направи) дека тоа е добра основа за решавање на проблемот и потоа го чекаме натамошниот развој на работите, ...

Нимиц не подготвува нов предлог

Дневник - 15.10.2005

Посредникот Метју Нимиц ги демантира шпекулативните најави од Грција дека тој во наредните денови ќе излезе со нов, конечен предлог за името, за кој двете страни ќе мораат да донесат одлука. - Во оваа фаза од преговорите ништо не коментирам.

Нимиц и САД имаат намера конечно да го решат проблемот со името

Дневник - 15.10.2005

интервЈу: ЉУБОМИР ФРЧКОСКИ, ПРОФЕСОР ПО МЕЃУНАРОДНО ПРАВО Последниот предлог на посредникот Метју Нимиц влегува во големата геополитичка слика, чија прва точка е дека Американците решиле проблемот со името на Македонија и генерално стабилизирањето на Македонија да го завршат пред почнувањето на ...

Изгорени од лаги

Време - 15.10.2005

ГЕОРГИ БАРБАРОВСКИ Да беше предлогот на Нимиц: Република Македонија - англиска транскрипција, и Грција по некоја случајност да се согласеше со тој предлог, во земјава ќе се кренеше истиот бран на недоверба. Не! - ќе кликневме - ова мора да е некаков заговор штом Грците го прифаќаат.

Владата му одговори на Нимиц

Дневник - 15.10.2005

ИСПРАТЕНИ ЗАБЕЛЕШКИТЕ НА ПРЕДЛОГОТ ЗА ИМЕТО Македонската влада го испрати во Њујорк одговорот на последниот предлог на Метју Нимиц за решавање на спорот за името, заедно со предлозите и забелешките на Владата и на опозицијата, соопшти вчера премиерот Владо Бучковски.

Предлогот на Нимиц е декрет за однародување

Време - 15.10.2005

ЕКСПЕРТИТЕ СО НОВИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ДО ВЛАДАТА Боби Христов Македонската влада и преговарачот во Њујорк да ги отфрлат последните предлози на Нимиц со кои се забранува користење на придавката „македонски“, како и делот за националната припадност, бидејќи се опасни за македонскиот идентитет, култура и ...

Името не се потврдува со губење на државата

Дневник - 15.10.2005

Слободан Чашуле Името е неменливо! Никој не може да го смени. Не постои човек, партија, парламент или влада што има мандат или може да се повика на мандат да го смени името. Нема кој да му го даде тој мандат! Дури ни македонскиот народ и сите со него рамноправни заедници во Република Македонија не ...

Нема нов предлог од Нимиц

Време - 15.10.2005

ОН ГИ ПРЕКИНА ШПЕКУЛАЦИИТЕ Посредникот во спорот за името Метју Нимиц нема намера во овој момент да дава нови предлози за името, соопшти претставник на ОН. - Нимиц имајќи ја предвид сегашната ситуација смета дека е потребен период на тишина во сите процедури - изјавил портпарол на генералниот ...

Како да се реши спорот со името?

Дневник - 15.10.2005

Павле ТраЈанов Господинот Бранко Црвенковски се појави во јавноста. Смрштено и смртно сериозно, драматично & се обрати на нацијата за да ја соопшти историската вест - дошло времето да се реши петнаесетгодишниот спор со Грција.

Нимиц ќе не обезличи како народ

Дневник - 15.10.2005

ЈАВНА РАСПРАВА НА СОЦИЈАЛИСТИЧКАТА ПАРТИЈА Подобро е да продолжат преговорите со Грција за спорот поради името под покровителство на ООН отколку да го прифатиме предлогот на преговарачот Метју Нимиц, оти тој е продолжение на политиката почната од потпишувањето на Рамковниот договор.

Македонија е жртва на светската геополитика!

Утрински - 15.10.2005

Трибина на социјалистите за предлогот за името на медијаторот Метју Нимиц Шкариќ: Со инсистирањето на Македонија како на географски поим, државата станува жртва на геополитиката на ОН која не води сметка за хуманите вредности, туку само за профит и за материјални ресурси Македонија е жртва на ...

НИМИЦ НЕ ПЛАНИРА НОВ ПРЕДЛОГ

Вечер Прес - 15.10.2005

Специјалниот посредник на генералниот секретар на Обединетите нации, Метју Нимиц во овој момент не планира да претстави нова идеја за решавање на спорот меѓу Атина и Скопје за името на Република Македонија. Тоа во Њујорк го изјавил претставник на генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, за солунската ...

Македонија нема да го загуби идентитетот и јазикот

Вечер Прес - 15.10.2005

"Историчарите и лингвистите немаат никакви информации за предлогот и зборат на слепо, од желба да кажат нешто. Прават груба грешка и мислам дека ќе се засрамат поради брзината и невнимателноста - како деца да го искоментираат новиот предлог.

Нимиц: Не планирам нов предлог за името

А1 - 14.10.2005

Нимиц им стави крај на шпекулациите. Тој денеска за А1 потврди, дека засега не планира да поднесе предлог за името. Сака мир, пред да продолжат преговорите. „Во овој момент не планирам да дадам било каков нов предлог до двете страни и имајќи ја в предвид сегашната ситуација, сметам дека треба да ...

Нимиц работи по диктат на САД

Дневник - 14.10.2005

ГРЦИЈА БАРА ВИНОВНИК ЗА ПОСЛЕДНИОТ ПРЕДЛОГ Метју Нимиц е истакнат правник и исклучително способен медијатор, па малку е веројатно дека тој наеднаш се однесува на глупав и неодговорен начин. Па дури и да е така, неговиот нов предлог за решение за официјалното име на ПЈРМ оправдано ја збесна цела ...

Во резолуцијата на Нимиц недостига точка 5

Дневник - 14.10.2005

"ТЕХНИЧКИ" ГРЕШКИ ВО ПРЕДЛОГОТ НА ПОСРЕДНИКОТ Кои се "техничките" грешки во предлогот на посредникот Метју Нимиц за кои се зборувало на лидерската средба кај претседателот? Станува збор за две поголеми нејаснотии во документот.

Чепреганов: Предлогот на Нимиц ќе не обезличи

Утрински - 14.10.2005

Првите луѓе на две национални институции остро се спротивставуваат на предлозите за името од медијаторот на ОН Најкритично е тоа што на Македонија се гледа како на географски простор, а не како на држава во која живее народ со своја традиција БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Првите луѓе на двете национални ...

Да се почека на конечното решение за името - трибина на СПМ

Канал5 - 14.10.2005

Во актуелниот предлог на Нимиц, се почитува уставното име, без разлика дали е на латиница, но се обезличува македонскиот народ, култура и јазик - порача академик Блаже Ристевски. Во актуелниот предлог на Нимиц, се почитува уставното име, без разлика дали е на латиница, но се обезличува македонскиот ...

Предлогот на Нимиц е опасен за македонскиот идентитет

Време - 14.10.2005

ИСТОРИЧАРИТЕ И ЛИНГВИСТИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ Боби Христов Последниот предлог за името на посредникот Метју Нимиц е проблематичен и опасен за македонскиот национален идентитет, јазик и култура, предупредуваат дел историчари и лингвисти.

Одговорот до Нимиц се уште се пишува

Време - 14.10.2005

ПО СЕПАРТИСКИТЕ КОНСУЛТАЦИИ Одговорот на македонските власти до посредникот Метју Нимиц за последниот предлог за решавање на македонско-грчкиот спор за името се уште се пишува. Надлежните македонски власти велат дека со вградувањето на забелешките на Владата и на опозицијата македонскиот одговор во ...

Нимиц ќе понуди нов предлог, тврдат грчките медиуми

Утрински - 14.10.2005

Во Атина не стивнуваат реакциите околу поднесениот предлог за решавање на спорот со името Најновиот предлог за решавање на спорот со името им нанесе тежок удар на грчките очекувања, пишува грчкиот весник „Катимерини“ Посредникот во грчко-македонските преговори за разликите околу името, Метју Нимиц, ...

Непотребно се драматизира предолог на Нимиц

А1 - 13.10.2005

Државниот врв непотребно драматизираше за најновиот предлог на Нимиц околу името. Експертите сметаат дека во моментот кога Грција го одби овој предлог, секоја понатамошна расправа по него е беспредметна, посебно ако се има в предвид дека тој воопшто нема да се најде на преговарачка маса во Њујорк.

САД немаат коментар за предлогот на Нимиц

Утрински - 13.10.2005

СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТ ВаШингтон - Соединетите Американски Држави не ги коментираат предлозите на посредникот на ОН, Метју Нимиц, за решавање на спорот за името на Република Македонија, но ќе ги поддржат напорите за надминување на проблемот, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент, Адам ...

Владата да го отфрли предлогот на Нимиц

Дневник - 13.10.2005

КОАЛИЦИЈА "ТРЕТИОТ ПАТ" Криењето на интегралниот текст од предлогот на преговарачот Метју Нимиц за решавање на спорот со Грција за името на државава е доволна основа да се сомневаме во патриотскиот пристап на Владата кон проблемот, рече Зоран Витанов, потпретседател на Социјалистичка партија.

СПМ: Владата треба да го отфрли предлогот на Нимиц

Утрински - 13.10.2005

СТАВ Социјалистичката партија на Македонија Ј порачува на Владата да го отфрли новиот предлог на Метју Нимиц и смета дека единствената отстапка на која Република Македонија може да се согласи е да Ј се дозволи на Грција таа да го користи името Република Македонија-Скопје само во билатералните ...

Со предлогот на Метју Нимиц го губиме македонскиот јазик

Дневник - 13.10.2005

ИНСТИТУТОТ ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК КАТЕГОРИЧЕН На македонскиот јазик нов кум не му треба, тој веќе постои - вели Снежана Веновска-Антевска, директорка на Институтот за македонски јазик "Крсте Мисирков" Со предлогот на Метју Нимиц, посредникот за решавање на македонско-грчкиот спор за името, ќе го ...

Пратениците поделени за собраниска седница за предлогот на Нимиц

Утрински - 13.10.2005

Новиот предлог на медијаторот за името различно се доживува меѓу парламентарците ДУИ, ВМРО-Народна и ЛП се против, а ВМРО-ДПМНЕ сугерира Собранието да заседава на ова тема ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Пратениците различно ја доживуваа ситуација во која парламентот фактички е ставен на страна од случувањата по ...

ГРЦИТЕ СО НОВА НЕБУЛОЗА ЗА ИМЕТО

Канал5 - 13.10.2005

Грчките медиуми наголемо ја пласираат информацијата дека посредникот Метју Нимиц наскоро ќе објави нов и конечен предлог за решавање на разликите за името. Најдалеку оди весникот „Имерисија“ кој повикувајќи се на неименувани извори пишува дека тоа ќе се случи во наредните 24 часа и дека во новата ...

Не коментираме

Време - 13.10.2005

ВАШИНГТОН САД не ги коментираат предлозите на посредникот на ОН Метју Нимиц за решавање на спорот за името на Република Македонија, но ќе ги поддржат напорите за надминување на проблемот, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент, Адам Ирели.

Задоцнет и нерационален документ

Време - 13.10.2005

ТОШЕВСКИ И ДИМИТРОВ РЕАГИРААТ Државниот врв непотребно крева тензија и прави театар за последниот предлог на посредникот во преговорите за името Метју Нимиц бидејќи сосема е јасно дека наскоро нема да има разврска за овој проблем.

Предлогот на Нимиц ги подели пратениците

Дневник - 13.10.2005

НЕИЗВЕСНА НАЈАВЕНАТА СОБРАНИСКА СЕДНИЦА Иако шефот на државата најави дека Собранието ќе расправа за предлогот на Нимиц, претседателот на законодавниот дом не добил ни информација ни барање да закаже посебна седница Пратениците се поделија по прашањето дали Собранието треба да расправа за предлогот ...

И пратениците сакаат да го видат предлогот за името

Време - 13.10.2005

ЌЕ ИМА ЛИ СОБРАНИСКА СЕДНИЦА ЗА ИМЕТО? Собранието треба да расправа за последниот предлог за името, сметаат дел пратеници, оценувајќи дека така и граѓаните ќе бидат упатени во прашањето што е од стратегиско значење за земјава.

Македонија нема да биде Македониџа

Утрински - 13.10.2005

Експертите не гледаат опасност во предлозите на Метју Нимиц Предлогот на медијаторот Метју Нимиц за спорот околу името на Македонија покрена многу реакции чија поента е дека со некои дополнителни решенија се менува идентитетот на нацијата, се бришат името на МПЦ и Македонците како народ, а ќе ...

Република Македонија е идеја на Бранко од 1997 година

Вест - 13.10.2005

ШОУТО Е НОВО, АМА ИГРАЧИТЕ СЕ СТАРИ Власта малку се изместила од поентата на преговорите во Њујорк пред ОН, каде, според резолуциите на Советот за безбедност и одредбите на привремената спогодба меѓу Македонија и Грција, двете земји преговараат само за името што ќе се користи во ОН и м Последниот ...

"Та неа": Република Македонија ќе се пишува на српски јазик !?

Утрински - 13.10.2005

Грчкиот весник шпекулира дека ќе има нов предлог Атина - Специјалниот посредник на Обединетите нации во спорот со Грција за употребата на уставното името на Македонија, Метју Нимиц, во наредните денови ќе излезе со трет конечен предлог, објави атинскиот дневен весник „Та неа", повикувајќи се на ...

ПОДДРШКА ЗА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОТ ЗА ИМЕТО

Вечер Прес - 13.10.2005

Вашингтон.- Соединетите Американски Држави не ги коментираат предлозите на посредникот на ОН Метју Нимиц за решавање на спорот за името на Република Македонија, но ќе ги поддржат напорите за надминување на проблемот, изјави Адам Ирели, портпаролот на американскиот Стејт департмент.

Опасност од отворање нови дилеми

Вечер Прес - 13.10.2005

Пратеничките групи се поделија околу тоа дали Собранието треба да расправа за најновиот предлог на Метју Нимиц за името на државата. Засега, од Јордановски никој не побарал да закаже седница, а Владата се уште ја нема доставено информацијата по однос на предлогот.

СПМ: Владата да не го прифати предлогот на Нимиц

А1 - 12.10.2005

Социјалистичката партија на Македонија и порачува на Владата да го отфрли новиот предлог на Метју Нимиц и смета дека единствената отстапка на која Република Македонија може да се согласи е да и се дозволи на Грција таа да го користи името Република Македонија - Скопје само во билатералните односи ...

Собранието нема да расправа за името

А1 - 12.10.2005

Македонските пратениците засега нема да расправаат за најновиот предлог на Нимиц, иако претседателот Црвенковски најави ваква можност. „ Сеуште нема никакво барање ниту од Владата, ниту од претседателот Црвенковски и по деловникот 20 пратеници можат да побараат свикување на седница“, изјави Љупчо ...

Вашингтон не го коментира предлогот на Нимиц

А1 - 12.10.2005

Во грчките политички кругови последниот предлог на Нимиц се коментира како сериозен удар за Атина од страната на САД. Претставникот пак, на Стејт Департментот Антон Ерели јасно истакнува дека САД нема намера да го коментира процесот на преговори кој го води претставникот ОН, Метју Нимиц, ниту пак ...

ВМРО-ДПМНЕ бара да не се избрзува со прифаќање на предлогот

Утрински - 12.10.2005

Опозициските партии, со исклучок на ВМРО-Народна, го отфрлија новото решение на медијаторот Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Светскиот македонски конгрес и Демократскиот сојуз на Павле Трајанов се изјаснија против предлогот на медијаторот Метју Нимиц за решавање на спорот за името со Грција.

Велепредавство!

Дневник - 12.10.2005

ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ, ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ Прифаќањето на предлогот на Нимиц е велепредавство, смета Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз, и бара на плоштадот Македонија во Скопје да се постави столб на срамот со имињата на велепредавниците што досега се согласиле да се промени името на земјата.

ПОДЕЛЕНИ МИСЛЕЊА ЗА СЕДНИЦА ЗА ИМЕ

Канал5 - 12.10.2005

Кај пратениците преовладува мислењето дека во моментов не е потребна собраниска седница на која би се расправало за новиот предлог на Метју Нимиц. Образложенијата се различни. Кај пратениците преовладува мислењето дека во моментов не е потребна собраниска седница на која би се расправало за новиот ...

Новиот предлог на Нимиц е добра основа за решавање на спорот со името

Утрински - 12.10.2005

Бучковски "Официјален став на македонската Влада е дека новиот предлог на посредникот на Обединетите нации, Метју Нимиц, е добра основа за изнаоѓање решение за спорот со Грција за употребата на уставното име на Република Македонија", соопшти премиерот Владо Бучковски.

Ексминистрите за надворешни работи со позитивни оцени за предлогот на Нимиц

Утрински - 12.10.2005

Претседателот Бранко Црвенковски се сретна со поранешните шефови на дипломатијата Ексминистрите за надворешни работи Љубомир Фрчкоски, Слободан Чашуле и Денко Малески ги повикаа Владата и претседателот да го прифатат последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц за решавање на спорот со името со ...

Се брише се што е македонско?

Дневник - 12.10.2005

ШТО Е СПОРНОТО ВО ПРЕДЛОГОТ НА НИМИЦ Две одредби од предлогот на Метју Нимиц за решавање на македонско-грчкиот спор за името, кој Владата завчера го прифати како добра основа за понатамошни разговори, се особено спорни и од повеќе места се оценети како сериозна опасност за обезличување на ...

„Национален срам“ коментираат на грчките медиуми за проблемот со името

Канал5 - 12.10.2005

По четиридневен молк, денеска се огласија грчките медиуми. Предлогот на Нимиц е понижувачки за нацијата се коментарите на насловните страници кои ја критикуваат и политиката што ја води официјална Атина. По четиридневен молк, денеска се огласија грчките медиуми.

Предлогот на Нимиц е едностран

Дневник - 12.10.2005

ГРЦИЈА СЕ ЗАКАНУВА СО ВЕТО Новиот предлог на ООН ја фаворизира само позицијата на Македонија и е целосно едностран, реагира официјална Атина по завчерашната изјава на премиерот Владо Бучковски дека македонската Влада го прифаќа новиот предлог од посредникот Метју Нимиц како добра основа за ...

Нема македонско вино, туку вино од Македониџа!

Време - 12.10.2005

ШТО СОДРЖИ ПРЕДЛОГОТ НА НИМИЦ? Диана Младеновска Најновиот предлог на посредникот во преговорите за името Метју Нимиц за државниот врв на Македонија е добра основа за решавање на спорот за името. Владата и релевантните политички партии од опозицијата имаат неколку суштински забелешки што деновиве ...

Грција се заканува со вето во ЕУ

Утрински - 12.10.2005

Негативни реакции од Атина по изјавата на премиерот Бучковски дека за Владата предлогот на медијаторот Метју Нимиц е прифатлив Според грчкото МНР, предлогот на Нимиц е едностран Слободанка Јовановска Најновиот предлог на Нимиц беше дочекан како студен туш во Атина, при што грчката влада одговори на ...

Шоу за кооперативност

Вест - 12.10.2005

ЗОШТО БРАНКО И БУЧКО НЕ САКААТ ДА КАЖАТ "НЕ"? Собранието нема да расправа за предлогот на Нимиц со што пропадна последната епизода во мини - серијата на претседателот за мобилизација на цела држава околу најновата идеја која Грција ја отфрли истата се Претседателот Бранко Црвенковски и ...

Грците деморализирани по предлогот на Нимиц

Канал5 - 12.10.2005

„Ја загуби ли Атина битката за името?“, прашува грчки ,,Катимерини“. Последниот предлог на медијаторот Нимиц според коментарот во весникот претставува сериозен удар за грчките очекувања. Ја загуби ли Атина битката за името? , прашува грчки ,,Катимерини .

Добра основа за разрешница

Вечер Прес - 12.10.2005

Македонија го прифати предлогот на Метју Нимиц за името, но има неколку забелешки и ќе побара дообјаснување на одредени делови од текстот. "На вчерашната седница на Владата заклучивме дека предлогот на посредникот Нимиц претставува добра основа за решавање на разликите што ги имаме со Република ...

Опозицијата - воздржана

Вечер Прес - 12.10.2005

"ВМРО-ДПМНЕ не го отфрла новиот предлог за решавање на спорот околу употребата на уставното име на Република Македонија на посредникот Метју Нимиц, но не го ни прифаќа, со оглед на тоа што во него има спорни точки кои се однесуваат на јазикот, етничката припадност, но и други битни прашања", изјави ...

ДС: Македонија треба да го одбие предлогот на Нимиц

А1 - 11.10.2005

Демократскиот сојуз смета дека предлогот на Нимиц треба да се одбие. Предлогот, смета ДС, во себе крие опасност Македонија и македонскиот народ да ги снема од картата на државите. „Досега интегралниот текст, дури ниту една буква од текстот не е објавен од нашите официјални, надлежни, државни ...

Атина: Новиот предлог од Нимиц е едностран

А1 - 11.10.2005

Денеска во Атина се состанаа премиерот Караманлис и министерот за надворешни работи Петрос Моливијатис. По состанокот Моливијатис изјави: Грчката Влада има право да се спротивстави на интеграцијата на соседна Македонија во меѓународните организации под било кое друго име, освен името ПЈРМ.

Владата ќе испрати писмен одговор до Нимиц

А1 - 11.10.2005

Владата го кажа своето „да“ за предлогот на Нимиц, а во наредните неколку дена ќе се подготвува писмениот одговор, кој потоа ќе биде и официјално препратен до Нимиц. Во него, освен позитивниот одговор, ќе бидат содржани серијата забелешки на новиот план на Нимиц.

Бучковски за предлогот, Груевски бара подетална анализа

А1 - 10.10.2005

Владата и официјално соопшти - најновиот предлог на медијаторот Метју Нимиц е позитивен за Македонија и тој е добра основа за решавање на спорот со Грција. Премиерот Бучковски изјави - дека и покрај тоа што предлогот е добар, државниот врв има одредени забелешки кои ќе му бидат испратени до нашиот ...

Поранешните министри сметаат дека предлогот на Нимиц е позитивен

А1 - 10.10.2005

Поранешните Министри за надворешни работи, сметаат дека новиот предлог на посредникот во спорот за името, Метју Нимиц, е позитивен за Македонија и дека тој треба сериозно да се разгледа. Првиот Министер за надворешни работи во независна Македонија, Денко Малевски, побара политичката елита да го ...

Според предлогот на Нимиц нема Македонци

А1 - 10.10.2005

Најновиот предлог на специјалниот пратеник на Генералниот секретар на ООН Метју Нимиц за уставното име на државата е составен од три точки и два анекса. Првата точка е тројната формула за името. Втората точка се однесува на националноста.

Предлогот на Нимиц има 7 верзии, објавуваат грчките медиуми

А1 - 10.10.2005

Според дописникот од Њујорк од грчкиот весник „Етнос“, новиот предлог од посредникот Нимиц дефинитивно го содржи името Македонија. Имено, предлогот што Метју Нимиц го упатил до двете страни има 7 различни верзии во начинот на пишување - кирилица и латиница и определени наставки, со препорака секоја ...

Република Македонија / Републиц од Мацедониа

Вест - 10.10.2005

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЈА ДИГНА НА НОЗЕ ВЛАДАТА И ОПОЗИЦИЈАТА ЗА НОВИОТ ПРЕДЛОГ ЗА ИМЕТО Предлогот на Нимиц сугерира уставното име да се користи по дома и за оние земји што досега не имаат признаено под уставното име, во меѓународните организации и во ОН да бидеме именувани како Република Македонија, онака ...

Владата го поддржа предлогот на ОН

Утрински - 10.10.2005

Вонредна седница на македонската Влада за најновиот предлог на Метју Нимиц за името на Република Македонија Македонската Влада, засилена со шефот на државата Бранко Црвенковски, синоќа одржа вонредна седница на која, со одредени забелешки, реши да го поддржи предлогот на медијаторот Метју Нимиц за ...

Метју Нимиц предложил модифицирана двојна формула

Време - 10.10.2005

МАКЕДОНИЈА СЕ МОБИЛИЗИРА ЗА НОВИОТ ПРЕДЛОГ ЗА ИМЕТО Боби Христов Модифицирана двојна формула според која на меѓународен план во ОН, НАТО, ЕУ до 2008 година ќе се користи уставното име напишано на латиница - Република Македонија и транскрипцијата на англиски јазик - Републиц оф Мацедониа, а потоа ...

БУЧКОВСКИ: НОВИОТ ПРЕДЛОГ НА НИМИЦ Е ДОБРА ОСНОВА ЗА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОТ СО ИМЕТО

Канал5 - 10.10.2005

Официјален став на македонската Влада е дека новиот предлог на посредникот на Обединетите нации Метју Нимиц е добра основа за изнаоѓање решение за спорот со Грција за употребата на уставното име на Република Македонија, соопшти денеска премиерот Владо Бучковски.

Да останеме ладнокрвни, името нема цена

Време - 10.10.2005

ЕКСПЕРТИТЕ ГЛЕДААТ ПРЕДНОСТ ЗА МАКЕДОНИЈА Воздржани во очекување на официјалните детали од предлогот на Метју Нимиц за модифицираната двојна формула, некои експерти и партиски претставници ги поздравија намерите на државниот врв за политички консултации.

Уставното име во сите варијанти

Дневник - 10.10.2005

МЕТЈУ НИМИЦ СО НОВ ПРЕДЛОГ ЗА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОТ ЗА ИМЕТО Владата на Македонија има забелешки на последниот предлог на посредникот Метју Нимиц за решавање на спорот со Грција околу името, но смета дека е добра основа за конечно разрешување на долгогодишниот спор, што би било во прилог на двете ...

Студени глави врз жешкиот пакет

Време - 10.10.2005

БОБИ ХРИСТОВ Се отвора ли за Македонија ново битно поглавје во разговорите за името, како што драматично прозвуче изјавата на шефот на државава, или новото продолжение на еднодеценискиот политички двобој ќе заврши со одлуката на Атина да го врати пакетот од Њујорк без да го отвори? Решеноста на ...

Грчки новинари во Скопје

Канал5 - 10.10.2005

Грчките новинари иако вчера не го коментираа и се однесуваа како воопшто да не ги интересира предлогот за името на посредникот - Метју Нимиц, денеска неколку новинари од најголемите медиумски куќи во Грција, дојдоа во Скопје.

Добра основа за архивирање

Утрински - 10.10.2005

По најновиот предлог за решавање на спорот што го води Грција за името на Македонија Бранко Тричковски Предлогот на Нимиц не е волшебната формула што ќе го архивира спорот за името што Грција Ј го наметна на Македонија: категоричното ,,не" на Атина е недвосмислена потврда во таа насока.

Република Македонија во сите варијанти

Вечер Прес - 10.10.2005

Метју Нимиц им даде нов предлог за името на Македонија и Грција, соопшти завчера претседателот Бранко Црвенковски. Која е новата формула засега е тајна. Државниот врв не сака да ја обелодени, се додека не заземе став за неа. Ставот ќе се стокми во наредните денови, откако ќе се одржат консултации ...