TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Полска го продолжи мандатот на своите војници во Ирак до крајот на 2007

Макфакс - 03.12.2006

Варшава Полска ќе ја продолжи мисијата на својот контингент во Ирак до крајот на 2007 година, соопшти Владислав Стасек, директор на Бирото за национална безбедност. Полскиот контингент го сочинуваат 1.200 војници, од кои 900 ќе останат во Ирак, а останатите 300 во резерва на територијата на Полска.

Мнозинството Европејци и Американци се за повлекување на војските од Ирак

Макфакс - 03.12.2006

Париз Мнозинството Европејци и Американци се залагаат за брзо повлекување на меѓународните војски од Ирак. Ова е заклучок од анкетата што синоќа беше објавена во Париз. Вкупно 66 отсто од Американците, 90 отсто од Французите и 83 отсто од Британците се изјасниле за повлекување на меѓународните сили ...

Новите мировници на старото место

Дневник - 02.12.2006

Собранието вчера едногласно ја поддржа одлуката за испраќање единици на АРМ за учество во мировната мисија во Ирак. Македонија овој месец ќе испрати во Ирак вод за специјални намени со 35 припадници на АРМ, кои во наредните шест месеци ќе бидат во состав на Американскиот контингент во мисијата ...

Извештај:Повлекување на американската војска од Ирак на почетокот на 2008

Макфакс - 02.12.2006

Вашингтон Американските сили од Ирак треба да се повлечат до почетокот на 2008 година. Ова е препораката во Извештајот на Бејкеровата комисија, што треба да биде објавен следната недела. Двопартиската Студиска група за Ирак, што ја предводат бившиот американски државен секретар Џејмс Бејкер и ...

Можно зголемување на британските трупи во Ирак и Авганистан

Макфакс - 02.12.2006

Лондон Британскиот министер за одбрана Ден Браун, најави можност за зголемување на бројот на британските трупи распоредени во Ирак и Авганистан. Браун, како што пренесуваат британските медиуми, предложил и дополнителна обука за војниците кои во иднина ќе се испраќаат во овие региони, со цел полесно ...

Усвоена одлуката за испраќање војници во Ирак

А1 - 01.12.2006

Собранието претпладнево едногласно ја усвои одлуката за испраќање единици на Армијата на Република Македонија за учество во мировната мисија во Ирак, единствената точка од дневниот ред на 18-тата седница. Македонија овој месец ќе испрати во Ирак вод за специјални намени со 35 припадници на АРМ кои ...

Ал-Малики: До јуни 2007-ма Ирак ќе биде под ирачка контрола

А1 - 01.12.2006

До јуни 2007 година ирачките безбедносни сили ќе можат да ја преземат контролата врз состојбата во земјата од САД, со што ќе се овозможи повлекување на американските сили од Ирак, изјави ирачкиот премиер Нури ал-Малики. „Не можам да говорам во името на САД, но можам да ви кажам дека, што се ...

Буш: Малики е "вистинскиот човек" за Ирак

Вест - 01.12.2006

АМАН, 1 декември (Ројтерс) - Американскиот претседател Џорџ Буш вчера му даде силна поддршка за ирачкиот премиер Нури ал-Малики велејќи дека ирачките сили ќе бидат подготвени многу побрзо за да ја преземат безбедноста во свои раце и дека Вашингтон не АМАН, 1 декември (Ројтерс) - Американскиот ...

САД да се затворат во базите

Време - 01.12.2006

ПРЕДЛОГ НА ГРУПАТА ЗА ИРАК Американскиот весник „Њујорк тајмс“ дошол до информации од групата експерти ангажирани да дадат предлози за Ирак, и според весникот тие ќе препорачаат постепено повлекување на американските сили, заедно со директни преговори со ирачките соседи Иран и Сирија.

Буш му го спасува угледот на ирачкиот премиер Малики

Утрински - 01.12.2006

АМАН - Американскиот претседател Џорџ Буш вчера го пофали ирачкиот премиер Нури ал-Малики како „силен лидер“ и изјави дека се согласува со него дека каква била поделба на Ирак само ќе го зголеми насилството. Поддршката на Буш за Малики дојде откако американски официјални лица инсистираа ирачкиот ...

Буш има доверба во Малики

Дневник - 01.12.2006

Американскиот претседател Џорџ Буш вчера изутрината во јорданската престолнина Аман се сретна со ирачкиот премиер Нури ал Малики на работен појадок на кој беа разгледани начините за запирање на верските насилствата во Ирак, јави Ројтерс.

Во Ирак уште 40 војници

Дневник - 01.12.2006

Македонија ќе испрати 35 војници и пет офицери од постојниот состав на Армијата, кои ќе учествуваат за обезбедување на стабилноста и поддршката на Ирак, реши Владата. Војниците ќе заминат во Ирак за период од шест месеци, почнувајќи од декември 2006 година и ќе учествуваат во операцијата „Слобода ...

Писмо до Американците

Вечер Прес - 01.12.2006

"Сега, кога Ирак има Устав, независна Влада и Парламент, не е ли поразумно американските војници и офицери да се вратат дома, а астрономските суми за воени трошоци во Ирак да бидат пренасочени кон просперитет на американскиот народ?", прашува иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад во писмото до ...

Буш призна дека САД не победуваат во Ирак

Макфакс - 01.12.2006

Вашингтон Американскиот претседател Џорџ Буш денеска во интервју за американскиот весник „Вашингтон пост“ за првпат призна дека американската војска не победува во војната во Ирак. Буш, меѓудругото, за првпат изјавил и дека размислува за повлекување на американската војска од Ирак, на што се ...

Пентагон бара 100 милијарди долари за војните во Ирак и Авганистан

Макфакс - 01.12.2006

Вашингтон Пентагон бара од Белата куќа дополнителни 100 милијарди долари за финансирање на војните во Ирак и Авганистан. Доколку американскиот претседател Џорџ Буш и Конгресот го одобрат барањето на Министерството за одбрана, овогодишните одобрени средства за војните во Ирак и Авганистан, би се ...

Буш не ги сака Сирија и Иран за решавање на Ирачката криза

Макфакс - 01.12.2006

Вашингтон Американскиот претседател Џорџ Буш повторно ја одби иницијативата во преговорите за смирување на состојбата во Ирак да се вклучат Иран и Сирија. Буш, како што јавуваат американските медиуми, го предупреди Техеран за неговата нуклеарна програма, како и Дамаск за дестабилизирањето на Либан.

Новиот американски министер за одбрана во посета на Ирак

Макфакс - 01.12.2006

Багдад Новиот американски министер за одбрана Роберт Гејтс денеска пристигна во Багдад, за да добие информации од прва рака за текот на воените дејства во Ирак, јавуваат медиумите. Бившиот директор на ЦИА се води според новиот извештај на Пентагон, според кој насилството во Ирак го достигнува ...

Собранието за испраќање војници во Ирак

Макфакс - 01.12.2006

Скопје Македонското Собрание денеска ќе ја одржи 18. седница на чиј дневен ред ќе се најде предлог на одлука за испраќање на единица на АРМ во мировната операција во Ирак. Македонија ќе испрати 35 војници и пет офицери од постојниот состав на Армијата, кои ќе учествуваат во обезбедување на ...

Италијанците целосно се повлекоа од Ирак

Макфакс - 01.12.2006

Багдад Последните италијански војници денеска го напуштија Ирак, јавуваат италијанските медиуми. Италијанците ја предадоа нивната база што се наоѓаше во јужниот дел на земјата на ирачките сили за безбедност. ...

Собранието едногласно донесе одлука за испраќање војници во Ирак

Макфакс - 01.12.2006

Скопје Македонското Собрание на денешната 18. седница донесе одлука за испраќање на единица на АРМ во мировната операција во Ирак. Одлуката за испраќање 35 војници и пет офицери од постојниот состав на Армијата, кои ќе учествуваат во обезбедување на стабилноста и поддршката на Ирак, беше донесена ...

Малики: Насилствата во Ирак се од приврзаниците на Садам Хусеин

Макфакс - 01.12.2006

Багдад Одговорноста за сегашното насилство во Ирак ја носат приврзаниците на Садам Хусеин и сунитските екстремисти, изјави денеска ирачкиот премиер Нури ал Малики. „Сите терористички операции во Ирак имаат политичка мотивација“, нагласил Малики, по средбата со новиот американски министер за одбрана ...

Насилството во Ирак ќе се третира како „граѓанска војна“

Утрински - 30.11.2006

„Њујорк тајмс“ и други американски весници го прифатија терминот „граѓанска војна“ за борбите во Ирак ВАШИНГТОН - По противењето од страна на Белата куќа, „Њујорк тајмс“ и други американски весници, го прифатија терминот „граѓанска војна“ за борбите во Ирак, рефлектирајќи се' поголем консензус дека ...

Средба на Буш со ирачкиот премиер

Канал5 - 30.11.2006

Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека со ирачкиот премиер Нури ал Малики на денешната средба се договориле да се забрза предавањето на одговорноста за безбедноста во Ирак на локалната армија и полицијата. Аман, 30 ноември (МИА) - Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека со ирачкиот ...

Иранскиот претседател го критикува Буш во писмо до Американците

Канал5 - 30.11.2006

Во необично писмо до Американците, иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад ја критикува надворешната политика на претседателот на САД Џорџ Буш и побара повлекување на американските војници од Ирак. Њујорк, 30 ноември (МИА) - Во необично писмо до Американците, иранскиот претседател Махмуд ...

Пентагон ќе ги повлече војниците

Вечер Прес - 30.11.2006

Американските сили ниту можат да ги разбијат бунтовниците во западен Ирак, ниту пак можат ја спречат растечката популарност на терористичката мрежа Ал Каеда во областа, тврди "Вашингтон пост " Пентагон размислува да ги повлече војниците од Западен Ирак, јави ТВ каналот Еј-Би-Си Њуз повикувајќи се ...

Ирак и официјално во граѓанска војна

Време - 29.11.2006

ОДЛУКА НА ВОДЕЧКИТЕ АМЕРИКАНСКИ МЕДИУМИ Некои од водечките американски медиуми решија да ги прогласат судирите во Ирак за граѓанска војна, иако Вашингтон официјално не се согласува со тоа, слично предупредување дојде и од генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан.

Медиумите прогласија граѓанска војна во Ирак

Дневник - 29.11.2006

Граничната линија за Америка е да се повлече пред да мора да фати некоја страна - укажуваат аналитичарите Американскиот претседател Џорџ Буш вчера жестоко реагираше на првиот новинарски извештај во САД дека конфликтот во Ирак претставува „граѓанска војна“, јави Ројтерс.

Иран е подготвен да соработува за нормализирање на Ирак

А1 - 28.11.2006

Иран е подготвен да соработува со САД и неговите сојузници за нормализирање на ситуацијата во Ирак, ако Вашингтон ја промени политиката. Ова синоќа во Техеран го изјави иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, во врска со американското барање, Иран и Сирија да се вклучат во смирување на ...

САД не можат да ги разбијат бунтовниците во западен Ирак

А1 - 28.11.2006

Американските сили ниту можат да ги разбијат бунтовниците во западен Ирак, ниту пак, можат да ја спречат растечката популарност на терористичката мрежа Ал Каеда во областа, објавува денеска „Вашингтон пост“, цитирајќи таен разузнавачки извештај на Маринскиот корпус.

Буш: Иран и Сирија ја дестабилизираат демократијата во Ирак

А1 - 28.11.2006

Иран и Сирија ја дестабилизираат кревката демократија во Ирак, обвини денеска американскиот претседател Џорџ Буш на прес-конференција во естонскиот главен град Талин. Пред неговото заминување на средбата на врвот на НАТО во Летонија, Буш нагласи дека ирачката Влада треба да одлучи дали двете ...

Ирачаните по мир во Техеран

Време - 28.11.2006

ВОЈНА ВО ИРАК Ирачкиот претседател Џалал Талабани вчера отпатувал во посета на Иран, а премиерот Нури ал Малики се подготвува за самитот со американскиот претседател Џорџ В. Буш, во време кога безбедносната состојба во земјата се повеќе се влошува со зачестените пресметки меѓу ирачките сунити и ...

„Вашингтон пост“: Ал Каеда го контролира западен Ирак

Канал5 - 28.11.2006

Американските сили ниту можат да ги разбијат бунтовниците во западен Ирак, ниту пак можат ја спречат растечката популарност на терористичката мрежа Ал Каеда во областа, објавува денеска „Вашингтон пост“, цитирајќи таен разузнавачки извештај на Маринскиот корпус.

Иран ќе им помогне на САД и Британија ако се повлечат од Ирак

А1 - 27.11.2006

Иран е подготвен да им укаже помош на Соединетите Американски Држави (САД) и на Велика Британија, доколку тие ги повлечат своите војски од Ирак. Ова, синоќа во Техеран, го изјави иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад. Изјавата на Ахмединеџад е одговор на молбата на САД, упатена кон Сирија и ...

Лондон бара конструктивна улога на Иран во Ирак

А1 - 27.11.2006

Велика Британија денеска го осуди како неприфатливо однесување на Иран кое „води кон разгорување на насилствата во соседен Ирак“ и го повика Техеран да биде конструктивен партнер со Западот. „Иран има влијание врз Ирак кое може да ја разгори или смири омразата, да го продолжи или стопира дијалогот.