Акцијата на "Дневник" и "Утрински весник", купи весник и со доплата од 140 денари на колпортерот можеш да се снабдиш со одредена актуелна книга, заинтересира голем број лица од читателската публика. Неодамна, домашната библиотека токму со оваа акција можеше да се збогати и со романот "Тромбот" на ...
"Меѓу четири ѕида" е деби албумот со кој официјално на македонската музичка сцена зачекорува "Дени те чува". Своите теми, овој бенд (составен од навистина квалитетни музичари) ги промовираше со жива свирка во ноќниот клуб "Вега".
Еден од најголемите и најпопуларни производители на спортска опрема во светот - "Најк", конечно ги призна долгогодишните малтретирања и експлоатација на работниците кои работат во 700 фабрики во светот, чии места се кријат како деловни тајни.
Експертскиот тим на Бучковски во кој се вклучени еминентни професори од земјава, како и експертот од Словенија, Владо Димовски, ја изработија првичната верзија на економска програма со која треба, конечно, да се раздвижи македонската економија.
Зградата на Светскиот бизнис центар повторно ќе се продава на тендер, откако првиот пропадна бидејќи никој не пројави интерес. Владата, в понеделник, треба да донесе формална одлука овој атрактивен објект во центарот на Скопје и вторпат да го понуди како целина на заинтересиран купувач.
Едно лице загина, а три се повредени во сообраќајната несреќа што во четвртокот вечерта се случи на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка. Камион со бугарски национални ознаки се судрил со автомобил "форд". Увид на местото на несреќата направија полицијата, дежурен истражен судија и заменик ...
Ние не ја контролираме и не можеме да ја контролираме "зелената граница" меѓу Македонија и Косово, односно стоката што се пренесува низ територијата надвор од граничните премини. Но можеме да ги контролираме пазарите каде што се упатуваат шверцуваните стоки, кои илегално се пренесуваат низ дивите ...
Членовите на ВМРО-ДПМНЕ не можат да бидат членови на друга партија - истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој вчера ја почна најавената акција на проверување на верноста на членството на оваа партија. - Нашите членови сега имаат избор да одлучат дали ќе бидат со нас или не - рече ...
ПИШУВА: Зденка ПАВКОВИЌ Владата ќе правела стратегија како да му се одмазди на "Матав" затоа што ја "насанка" и и вети многу пари, а таа веднаш се растрча и почна да прави планови каде ќе ги потроши многуте милиони евра. Милионите ги нема никаде, па Владата сега е лута.
Во рамките на проектот "Пилот решенија за спречување на одливот на мозоци во ЈИЕ", наменет за Република Македонија, денеска во 10 часот, во тркалезната сала на Ректоратот на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" ќе се одржи средба на високи претставници на Владата на РМ, меѓународните организации, ...
Станарите од зградата 155, лоцирана на булеварот "Партизански одреди", остро реагираат на доградбата на локалот девет лоциран на пасажот во центарот "Порта Влае". Тие велат дека се узурпира заеднички простор од околу 100 метри квадратни, а притоа не се води сметка дека ако бидат поставени ...
Отсега "визи" ќе ни требаат за влегување и во Косово. Иако не се работи за стандардни визи, сепак од 1 мај ќе треба да се вади дозвола за влегување. Тие ќе траат 90 дена, а ќе можат да се продолжат во полициските станици во покраината.
Неполни три месеци по преземањето на комбинатот "ФЕНИ-Индустри" од новите сопственици "АФЕРОН" и "БСГ" - Корпорацијата, во март е забележано рекордно производство од 548,2 тони фероникел. "Овој резултат е постигнат само за два и пол месеци откако е воведен новиот режим на работа.
Српското Министерство за земјоделство подготвува нов закон за жестоки пијалоци, со кој сака да му стави крај на се пораширеното производство на сомнителни ракии "од кои боли глава". Такви "брливки" ќе бидат забранети за производство и пласман, не само во продажната мрежа, туку и на пазарите, кои ...
Марјан Србиновски, кошаркар ветеран во редовите на Маврово, влезе во клубот на великаните. Исклучително мотивиран, со "лепак" на прстите ја скротуваше топката и упатуваше во кошот на Поло Трејд. Постигна неверојатни 52 поена од кои имаше реализација 16-10 за тројка.
Вниманието кое го побудија неодамна прикажаните фустани на Кралицата на песната Есма Реџепова- Теодосиевска, е големо. Ревијата наиде на големо задоволство, комплименти, но не и на очекуваниот финансиски ефект, е оценката на организаторката Зорана Костовска.
АТИНА, 15 АПРИЛ (МИА). - Србија и Црна Гора ќе го прифатат името на Македонија за кое ќе се договорат Атина и Скопје за време на преговорите, изјави министерот за надворешни работи на СЦГ, Вук Драшковиќ, при посетата на Атина.
Вечерва на полноќ, во дискотеката "Процес", свој настап во рамките на "Кока Кола фјужн фестивал" има "МАСТЕР Х", еден од најеминентните артисти на париската денс-сцена или поточно на француската хаус сцена. Тој е еден од главните ДЈ-и на Soma Records, за која, исто така, издаваат артисти како: Funk ...
Дека новинарската професија е многу ризична, најсвеж доказ е вчерашниот напад на новинарска екипа на "Вечер" во Трговскиот центар "Порта Влае". Наш новинар и фоторепортер, кои по едно јавување на читател дека нешто сериозно се случува во Влае беа испратени на местото на настанот за да ја проверат ...
Со звуците на пијаното на Јана Павловска и сопранот Александра Лазаревска, прексиноќа во изложбените салони 1 и 2 на КИЦ беше отворена изложбата на академскиот сликар Емил Шулајковски. "Уметничките дела на Шулајковски говорат за неговата творечка енергија, за длабочината на неговата душа и ...
Човекот со најголем рејтинг во Бугарија, главниот секретар на МВР, генералот Бојко Борисов, влегува во политиката, објавија вчера сите бугарски весници. Премиерот и лидер на НДСВ, Симеон Сакскобурготски го извади својот предизборен "џокер" и го определи Борисов за предводник на листите на царските ...
СКОПЈЕ, 14 АПРИЛ (МИА) - Лекарската комора на Македонија ја осудува постапката во врска со случајот во Клиниката за кардиологија, поради повреда на морално-етичките норми, но не и актерите во постапката, бидејќи како што истакнуваат оттаму тие не можат однапред да осудуваат некого пред тоа да го ...
Дел од народната архитектура, народни носии, фрескоживопис и иконопис испреплетено со музичко творештво, се новата визит-карта за Република Македонија видена низ призмата на група автори во атрактивната монографија насловена "Бесмртна креативност" ("UNDYING CREATIVITY") што вечерва ќе биде ...
Амди Бајрам, ниту вчера не се појави во затворот "Идризово", за да одлежи 4-годишна казна затвор. Новиот градоначалник на Шуто Оризари не се јавил ниту во просториите на Општината. Експратеникот воопшто не сака да зборува за затворската казна.
"Електростопанство" мора да се преструктурира и затоа е за поздравување почнатиот процес. Меѓутоа нема потреба од приватизација, а одлуката за продажба на претпријатието не е ништо друго, туку политичка одлука", смета директорот на "Топлификација", Димитар Хаџимишев.
"Вртелешка" - бренд со лична карта позната од Словенија, па се до јужната страна, по пет години вртење во етерот се претвори во нешто многу посериозно и подлабоко. Стана препознатлив и многу поразличен од сето она што досега се емитувало на екраните, а со предзнак - ток шоу.
На 14 април (четврток), во "Порта џез", Пепи Ренџов ќе ги забавува битолчани. Свирката во Битола за него е момент на промоција на новиот албум "Сонот на невестата". "Кобна убавина" ќе се слуша и во Битола. Во сабота, на 16 април, "Мизар" ќе бидат гости во арт клубот "Скарлет".
Како што е познато, пред 20-тина дена ексвладиката на МПЦ и српски егзарх Јован Вранишковски, со македонски пасош, замина во САД, наспроти пресудата од една година затвор за ширење расна, верска и национална омраза. Во Америка, Вранишковски почна да прави обиди да ги посети македонските цркви и да ...
Тешка железничка несреќа се случи вчера напладне на преминот кај Кванташкиот пазар во Маџари, на крстосницата од "Благоја Стевковски" и "Перо Наков". Товарен воз налета на автомобил "рено-4" со скопски таблички (СК-546-АГ) додека возилото ја минувало пругата на црвен сигнал.
Рочиштето на кое требаше да бидат дадени завршните зборови поради отсуство на Саво Коцарев, адвокат на Никола Тасев, кој во случајот со криминалната продажба на НИП "Нова Македонија" заедно со Ѓорѓи Бошков, Душко Аврамски, Бесник Фетаи, Зоран Стојановиќ и Гордана Кузмановска-Николовска се обвинети ...
Со изнудениот Охридски договор и со промената на Уставот македонскиот јазик условно го зачува службениот статус во Република Македонија, но создаде погодни услови за засилување на апетитите на албанските политички субјекти. Со непромислените предлози од македонските партии во власта за реализација ...
Во просториите на Собранието на град Скопје, вчера беше промовирана веб-страницата "Детско здравје". Се работи за дигитална библиотека на здравствени информации наменети за родители и деца. Според координаторите на проектот, кој е поддржан од невладините организации "Детска насмевка" од Скопје и ...
Скопската полиција поднесе кривична пријава против педесет и тригодишниот В.Ј., воспитувач во затворот во Идризово. Тој се сомничи дека сторил кривично дело - примање поткуп. Истражен судија на осомничениот му одредил 30 дена притвор со цел комплетирањето на случајот.
Оставката на Ганка Самоиловска-Цветанова од потпретседателско место на ВМРО-ДПМНЕ нема да влијае на подобрување на односите со ВМРО-Народна, велат високи извори од "народната партија" на Љубчо Георгиевски. За оваа партија случувањата во ВМРО-ДПМНЕ се завршена работа и "демисионирањето" на Ганка, ...
ПИШУВА: Светлана БЛАЖЕВСКА Реформата во аграрот, што се најавуваше на големи ѕвона како мерка што ќе овозможи илјадници земјоделци да добијат обработлива земја и со тоа да се симнат од социјалните јасли на државата, доживеа целосно фијаско.
Вчера, во студиото на МТВ се доснимуваше последната епизода од серијата "Обични луѓе". Серијата, чие снимање почна на 14 декември, е реализирана во десет продолженија во трање од 40-45 минути. Насловот на серијата е "Обични луѓе", сценариото е на Братислав Димитров, а режијата на Томислав Алексов.
"Експертите се тие што нудат алтернативи, а Владата треба да ја понесе политичката одговорност. Не сакаме да влеземе во каква било политичка заднина дека на мала врата сакаме да го смениме политичкиот систем и од парламентарен да влеземе во полупретседателски систем.
По довршувањето на конзерваторско-реставраторските работи на Камениот мост, се предвидува и "отворање" на кејските ѕидови на делот кон Скопската чаршија и уредување на Плоштадот од оваа страна на мостот. Според надлежните, се работи за посебен проект кој треба да се изведе како наредна фаза, но ...
Република Македонија располага со 166 спортски сали од кои 81 се со големина од 500 метри квадратни, 48 од 500-1000 м2 , 19 од 1000 до 2000 м2 и 18 "модерни". Сите тие потекнуваат од постарите времиња, а поради немањето пари за одржување и нивната шминка стана луксуз.
ЛОНДОН, 12 АПРИЛ (МАКФАКС). - САД и Европската унија се согласија да почнат нови преговори за спорот за субвенциите во авиоиндустријата. Двете страни го поставија денешниот ден како краен рок за решавање на разногласијата за тоа колкави средства треба да добиваат конкурентските фирми "Боинг" и ...
Безбројните нарушувања на бугарското законодавство и огромните штети што ги трпи државата се резултат на потпишувањето на лошиот концесиски договор за изградба на магистралата "Тракија". Тоа го тврди невладината бугарска организација "Просветленост без граници", објави весникот "Труд".
Градот навистина ни е прометен, а доказ за тоа се и "легнатите полицајци", што се почесто се декор на скопските улици. Но, очигледно скопските сообраќајници не се единствено место каде брзо се вози и треба некој да се "забави", па така и на кејот "13 Ноември" вчера беа поставени гумени пречки и тоа ...
Веќе една година во скопската населба Скопје Север, постои наплатен пункт на "Електро Скопје", а поголем број од граѓаните не се информирани за тоа. Така, потрошувачот Стојан Филипов вели дека за свои потреби ги користел службите лоцирани под Кале без да знае дека тоа можел да го стори на многу ...
Од денеска, 12 април, првиот деби албум на Тамара Тодевска, "Сино" се наоѓа во продажба. Два дена порано, во елитниот ресторан "Ден и ноќ" се одржа свечена промоција, на која продуцентската куќа "Масив скај мјузик" и официјално го престави цедето.
Претседател на "Демократска мрежа" Костадин Костадиновски најавува дека од 26 јуни до 3 јули годинава во Охрид ќе се одржат "Денови на уметноста на децата сираци од балканките земји". Целта на фестивалот е да ги афирмира духовните способности на децата - сираци надарени за култура и уметност, да ...
"Експорт-импорт банка" на Методи Смиленски повеќе не е сопственик на имотот на "Македонка џинс". Основниот суд во Штип донесе одлука со која сите договори меѓу "Експорт- импорт банка" и други фирми, преку кои е овозможено имотот да отиде во рацете на Методи Смиленски, ги поништи.
Кометал Ѓ. Петров е поразен на гостувањето во Виена од стариот познаник ХИПО, во првото полуфинале на Лигата на шампионите со 32:30 (18:13). Во натпревар со многу "искри", голема борбеност и драматичен финиш, нашите девојки, сепак, се изборија за резултат кој дава надеж дека можат да учествуваат во ...
Неприфатлив е грчкиот предлог Република Македонија-Скопје напишано на кирилица да биде името на Македонија, кое ќе се користи во меѓународната комуникација. Ова ќе му биде пренесено од македонскиот амбасадор во САД и преговарач со името на специјалниот пратеник на Обединетите нации, Метју Нимиц, на ...
Измамата од типот "Арапот и сообраќајката" и натаму зема жртви. Во четвртокот полицијата во Скопје повторно регистрираше ваков случај. Единствената разлика е во тоа што "Арапот" сега бил "Изреалец". Настанот се случил околу 11 часот на булеварот "Партизански одреди", кај Трговскиот центар ...
Работнички К. третпат сезонава ја совлада Цементарница, правејќи огромен чекор кон освојувањето на првата титула. Во прилог на "романтичарите" оди и поразот на Вардар против Беласица Г.Ц. За одбележување во 24. коло е и првата победа на Напредок во првенството.
Од некогашниот туристичко-угостителски комплекс Олимписко село, со кој што Градот се гордееше, останаа само руинирани објекти. По неколкугодишно пропаѓање, деновиве на овој просторот се случуваат одредени активности. Така, на земјиште со површина од 22.695 метри квадратни, се подготвува терен за ...
Ако не знаете да пополните формулар за британска виза или ако немате соодветни фотографии за истата, не се секирајте, тука е Тони да ви помогне. Човекот кој случајно живее на педесетина метри од Амбасадата знае се. Тој или неговата "приватна" секретарка за само 400 денари, ќе ви го пополнат ...
Според пишувањата на весникот "Вечерњи лист" групата "Бијело дугме" на 22 јуни ќе одржи концерт во Загреб, на стадионот Динамо на Максимир. Инаку, Горан Бреговиќ ја основа "Бијело Дугме" пред триесет години и цели 15 години ги одушевуваше обожавателите низ бивша Југославија.
Македонскиот амбасадор во САД, Никола Димитров, денеска ќе се сретне со посредникот меѓу Македонија и Грција околу разликите со употребата на името, Метју Нимиц, по што дефинитивно и официјално ќе се знае дали има предлог од негова страна и ако има, каков ќе биде.
На 19 април во белградскиот "Дом на синдикати" ќе се одржи престижната српско-црногорска манифестација Оскар на популарноста. Тијана Дапчевиќ е во најтесен избор за Оскар на популарноста како поп пејачка на годината, заедно со Ивана Јордан и Гоца Тржан собраа најмногу гласови.
Пазарџиите и АД "Скопски пазар" денеска треба да продолжат со преговорите за намалување на услугите за користење на тезгите. Според претставниците на Зелените пазари, штрајкот кој започна минатата недела е ставен во мирување откога во петокот во доцните пладневни часови беше договорено двете страни ...
Спроведување на изборниот процес при локалните избори, особено во првиот круг, е "најматен", а изнуденото забрзување на судските постапки од областа на корупцијата е "најбистар" настан во борбата против корупцијата во текот на март.