TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Разбојници вооружени до заби ограбиле менувачница

Време - 08.10.2005

БИТ ПАЗАР Четворица разбојници, вооружени со автоматски пушки и пиштоли, среде бел ден ја ограбиле менувачницата „Желка“, која се наоѓа на Бит-пазар во Скопје. Ограбувачите го впериле оружјето во вработените заканувајќи им се дека ќе ги убијат и им зеле околу 4.000 евра.

Од скопјанец одземена чанта со 172.000 евра

Вест - 06.10.2005

ВООРУЖЕНО РАЗБОЈНИШТВО НА УЛИЦА ВЛАДИМИР КОМАРОВ ВО СКОПСКАТА НАСЕЛБА АЕРОДРОМ М.Ш. бил нападнат на едно од паркиралиштата кога со трите чанти од кои едната била полна со девизи имал намера да влезе во една од тамошните згради каде што најверојатно живеел Две непознати и вооружени лица завчеравечер ...

Разбојници украле 172.000 евра

Време - 06.10.2005

СКОПЈЕ Двајца насилници вооружени со пиштоли нападнале скопјанец, од кого зеле торба во која имало 172.000 евра. Разбојништвото се случило завчера во близината на Транспортниот центар. Ограбувачите го начекале педесет и четиригодишниот скопјанец и му се заканиле дека ќе го убијат ако не им ги даде ...

По втор пат ограбена менувачницаа "Искра"

Вест - 06.10.2005

РАЗБОЈНИШТВО ВО ЦЕНТАРОТ НА ТЕТОВО Ноќта меѓу вторникот и средата, непознат разбојник украл 3.000 денари од менувачницата "Искра" сопственост на Неџбија Неџби од селото Палатица, лоцирана во најфрекфентниот реон на центарот на Тетово, во комплексот на градскиот пазар на булеварот Маршал Тито.

Разбојник ограбил менувачница

Време - 05.10.2005

ВЕЛЕС Разбојник вооружен со пиштол-плашливец нападнал вработена во менувачница и и ја зел чантата, во која имало околу 10.000 евра, завчера наутро, на улица во градот. Напаѓачот во менувачницата „Давос“ на улицата Димо Хаџи Димов влегол околу 7 часот и од непосредна близина пукал неколкупати во ...

Од благајничка во менувачница одземена чанта со пари

Вест - 05.10.2005

РАЗБОЈНИШТВО НА УЛИЦА ВО ВЕЛЕС Завчера утрото разбојник нападнал и ограбил работничка на менувачница во Велес. Од неа ја одзедел службената чанта со 174.000 денари, 5.500 американски долари, 6.000 евра и 300 швајцарски франци.

Скопските менувачници работат во 24-часовен страв

Време - 04.10.2005

НЕМА ДЕРМАН ОД РАЗБОЈНИЦИТЕ Александар Божиновски Скопските менувачници се повторно една од најпривлечните цели на разбојниците и покрај зголемениот ангажман на полициските „алфи“. Ова го покажува последниот случај на улицата Пластичарска во Скопје, каде што полицијата истражува можна изнуда на ...

Со репетиран пиштол украл чанта си пари

Вест - 03.10.2005

РАЗБОЈНИШТВО НА БЕНЗИНСКАТА НА "МАКПЕТРОЛ" НА "ИЛИНДЕНСКА" ВО СКОПЈЕ Засега непознато лице во петокот извршил разбојништво со пиштол во бензинската пумпа на "Макпетрол" на булеварот Илинден во Скопје, соопшти МВР. Разбојништвото се случило околу 21.30 часот додека вработениот на бензинската се ...