TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Шестоодделенците се' уште без учебници

Утрински - 22.11.2008

Шестоодделенците се' уште без учебници. Новоименуваната директорка на Педагошката служба Надежда Узелац не знаеше да одговори за кои од учебници за шесто одделение се поднесени жалби, кои од нив не се избрани и кој ќе ја понесе одговорноста поради тоа што три месеци доцнат учебниците.

Узелац: Ќе се регулира учебникарската дејност

Н.Македонија - 22.11.2008

Првпат имаме посебен Закон за учебници во основното и средно образование, кој ќе ја регулира учебникарската дејност, рече вчера Надежда Узелац, новата директорка на Педагошката служба. - Од идната учебна година учебниците за сите ќе бидат бесплатни. Печатењето ќе го финансира Владата преку Министерството за образование. - рече Узелац.

Полугодието минува без учебници

Дневник - 21.11.2008

Не смее учебниците да се продаваат кога има приговор за нив, велат авторите. Поминува тримесечието од првото полугодие, а шестоодделенците се' уште немаат учебници. Директорката на педагошката служба во Министерството за образование Надежда Узелац на вчерашната прес-конференција рече дека советниците интензивно работат на завршување на учебниците.

Најава за бесплатни учебници идната година

Алсат-М - 21.11.2008

Од идната учебна година учениците од основните и средните училишта ќе добијат бесплатни учебници. Тоа за прв пат го гарантира неодамна усвоениот Закон за учебници во основното и средното образование. Според новата регулатива Бирото за развој на образованието повеќе нема да дава мислење за ракописите за учебници како што беше досега предвидено со законот за средно и основно образование туку таа ...

Шестооделенците најверојатно ќе останат без учебници до крајот на ова полугодие

Канал5 - 21.11.2008

Шестооделенците најверојатно ќе останат без учебници до крајот на ова полугодие. Жалбите се уште се разгледуваат, но кои од предметите се обжалени, кои не се избрани, за кои од учебниците повторно ќе се распише конкурс и конечно кога учениците ќе ги добијат учебниците, новата директорка на педагошката служба Надежда Узелац не знаеше да одговори.

Шестодделенците се’ уште без учебници

Форум - 21.11.2008

Учениците од шесто одделение и натаму остануваат без учебници. Директорката на Педагошката служба, Надежда Узелац, немаше одговори за проблемот со учебниците со образложение дека на функциај е само десетина дена Министерството за образование се’ уште ги изградува правилата за издавање на учебниците финансирани од страна на државата, за кои тендерот ќе биде распишан на почетокот од 2009 г.

Узелац: За прв пат имаме посебен закон кој ја регулира учебникарската дејност...

Нетпрес - 21.11.2008

Узелац: За прв пат имаме посебен закон кој ја регулира учебникарската дејност Со донесувањето на новиот Закон за учебници во основното и средното образование се регулира учебникарската дејност, исто така со овој Закон учебниците ќе бидат бесплатни за учениците од основно и средно образование за новата учебна година, рече директорката на Педагошката служба Надежда Узелац.

Министерството ќе откупува ракописи и самото ќе ги печати

Вечер Прес - 21.11.2008

Со новиот Закон за учебници во основното и средното образование се регулира учебникарската дејност, како и обезбедувањето на учебниците за сите ученици во основните и средните училишта, кое од 2009 година ќе биде на товар на Министерството за образование, вели Надежда Узелац директор на Педагошката служба. - За прв пат имаме посебен закон кој ја регулира учебникарската дејност.