TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Градоначалникот на Скопје ја користи функцијата за лични цели

Вест - 03.12.2005

ДРЖАВНАТА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА БАРА ДРЖАВАТА ДА ПРЕЗЕМЕ КОНКРЕТНИ МЕРКИ ЗА КЕРМЕС Државната комисија за спречување на корупцијата повторно ги повика надежните државни органи итно да преземат конкретни мерки за случјот "Кермес" врз основа на нејзината иницијатива од октомври ...

Костовски да се воздржи од давање изјави за „Кермес"

Утрински - 03.12.2005

Предупредување од Државната антикорупциска комисија Државната комисија за спречување на корупцијата се огласи по последната изјава на градоначалникот на Скопје Трифун Костовски околу случајот со "Кермес". Антикорупциската комисија е на став дека градоначалникот со иницијативата за организирање ...

Костовски ја користи функцијата за лични цели

Дневник - 03.12.2005

АНТИКОРПЦИСКА КОМИСИЈА Градоначалникот на Град Скопје,Трифун Костовски, со преземање на активностите за наводната јавна расправа за случајот "Кермес" прави обструкција на примената на законите од лични интереси, се вели во вчерашното соопштение на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Паркингот на местото на Градското собрание

Вечер Прес - 03.12.2005

Тркалезната маса што деновиве се одржа со цел да ги "расветли" сите околности поврзани со новиот објект на "Кермес" го отвори и прашањето врзано со паркирањето на возилата, кое како дознаваме не е решено во рамките на самиот објект.

Костовски да се воздржи од јавни изјави за „Кермес“

А1 - 02.12.2005

Градоначалникот Трифун Костовски не смее да дава изјави и да организира јавни дебати и трибини за „Кермес“, оти така ја користи функцијата за лични цели - велат од Антикорупциската комисија. Костовски е сопственик и инвеститор на кафеаната, а како градоначалник може да влијае врз одлуките за ...

Граѓаните без право на глас за "Кермес"

Вест - 02.12.2005

СТРУЧНА ТРИБИНА МЕСТО ВЕТЕНАТА ЈАВНА РАСПРАВА Архитектите си направија стручна тибина за "Кермес" и порачаа дека јавна расправа треба да се бара од некој друг Јавната расправа која требаше да одреди дали "Кермес" треба да се гради со зголемен габарит за сметка на зеленилото во Градски парк, или да ...

Архитектите ги вкрстија копјата за „Кермес“

Време - 02.12.2005

ЖЕШКА РАСПРАВА ЗА ОБНОВАТА НА ПОЗНАТИОТ СКОПСКИ РЕСТОРАН Мими Шушлеска Објектот на „Кермес“ треба да се обнови според новиот проект за да се поправи руината што сега го нагрдува Градскиот парк, сметаат дел учесници на трибината што вчера ја организира Здружението на архитектите на Скопје.

Стариот „Кермес“ е мултиплициран четири пати во новиот објект

Утрински - 02.12.2005

Промовиран проектот и одржана јавна трибина за обнова на кафеаната што беше белег на Градскиот парк Архитектонската фела имаше поделени ставови околу новиот предложен проект ДЕСПИНА ТРАЈКОВСКА Проектот за "Кермес" предвидува површината на новиот објект во основа да изнесува 1.000 квадрати, со ...

Новиот "Кермес" 20 пати поголем од стариот

Дневник - 02.12.2005

ПРОМОВИРАН ПРОЕКТОТ ЗА ОБНОВА НА КУЛТНАТА КАФЕАНА Објектот што ќе се гради на местото на некогашната кафеана "Кермес" во Градскиот парк во Скопје ќе биде дваесет пати поголем од стариот, кој зафаќаше површина од 150 квадрати.

Aнтикорупциска комисија: Костовски ја опструира примената на законите од лични интереси

Канал5 - 02.12.2005

Градоначалникот Костовски со наводната јавна расправа за кермес ја опструира примената на законите од лични интереси. Ова е денешната реакција на антикорупциска комисија откако градоначалникот им порача да се зафатат со поважни работи.

"Кермес" ќе го преполови паркот!?

Вечер Прес - 02.12.2005

Вчерашната тркалезна маса за новиот објект на "Кермес", организирана на стручно ниво од Здружението на архитекти, која по своето завршување сепак доби облик на јавна расправа, од страна на присутните граѓани, кои го проследија излагањето, главно беше окарактеризирана како фарса и протнување на ...

Трибина посветена на „Кермес“

А1 - 01.12.2005

Девет експерти, меѓу кои и оние кои го донеле и го одобриле ДУП-от за Градскиот парк и го проектирале „Кермес“, разговараа токму за спорниот објект. Според проектантот, реконструкцијата на кафеаната била легална. „Со самиот габарит во висина објектот е вкопан во ДУП, што значи далеку од ...

Трифун Костовски: Не сакам да учествувам во урбаната мафија

Вест - 01.12.2005

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ Е ЧУВСТВИТЕЛЕН НА СЛУЧАЈОТ "КЕРМЕС" Проектот за обнова на "Кермес" е даден на јавен увид бидејќи градоначалникот не сакал да учествува во урбаната мафија во која, во моментов биле сите Градоначалникот на Скопје, Трифун Коствоски вчера јавно проговори за неговиот удел во сопственоста ...

Архитектите не се откажуваат од расправата за „Кермес“

Време - 01.12.2005

И ПОКРАЈ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕТО ОД АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА Тркалезна маса на која ќе се разговара за проектот за обнова на ресторанот „Кермес“ во Градскиот парк сепак ќе се одржи, иако антикорупциската комисија завчера оцени дека тоа е незаконско.

Денеска ќе се одржи јавна трибина за „Кермес"

Утрински - 01.12.2005

И покрај противењето на Антикорупциската комисија Здружението на архитекти на Скопје не прифаќа забрана да се дискутира за работи што се однесуваат на еснафот Здружението на архитекти на Скопје денеска во 10 часот во киносалата во Младинскиот културен центар ќе организира тркалезна маса на која ќе ...

Експерти ќе го ценат проектот за "Кермес"

Дневник - 01.12.2005

НА ТРКАЛЕЗНА МАСА Експерти ќе расправаат за обновата на култната скопска кафеана "Кермес", на тркалезната маса што ја организира Здружението на архитекти на град Скопје, денеска во Младинскиот културен центар. Организаторите велат дека темата на трибината нема да биде дали има корупција во обновата ...

Костовски за антикорупциската: Гледајте си поважна работа, Кермес ке биде бисер на Скопје

Канал5 - 01.12.2005

Градоначалникот Костовски контра антикорупционерите. Им порача: Гледајте си ја вашата работа, Кермес ќе биде бисер на Скопје. Градоначалникот Костовски контра антикорупционерите. Им порача: Гледајте си ја вашата работа, Кермес ќе биде бисер на Скопје.

"Кермес" денес на јавна расправа

Вечер Прес - 01.12.2005

Проектот за изградба на новиот "Кермес" на местото на култната кафеана, во Градскиот парк, денеска ќе биде предмет на јавната расправа и покрај укажувањето на антикорупциската комисија дека таа во конкретниот случај е противзаконска.

Обновата на Кермес била странско вложување

Вест - 30.11.2005

УТРЕ ВО МЛАДИНСКИОТ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР ЌЕ СЕ ОДРЖИ ЈАВНАТА РАСПРАВА ЗА КАФЕАНАТА ВО ГРАДСКИ ПАРК Градоначалникот Трифун Костовски обелодени дека обновата на "Кермес" има карактер на странско вложување, бидејќи 51 отсто од инвестицијата во оваа некогаш реномирана градска кафеана ја има швајцарската ...

Проектот за „Кермес“ конечно на виделина

Време - 30.11.2005

В ЧЕТВРТОК ЈАВНА РАСПРАВА Проектот за новиот ресторан „Кермес“ конечно ќе биде прикажан на јавната трибина што Здружението на архитектите на Скопје ја организира в четврток, во 10 часот, во Младинскиот културен центар. Како што најави Вангел Божиновски, претседателот на ова здружение, на трибината ...

Јавната расправа е противзаконска

Утрински - 30.11.2005

Антикорупциската комисија се произнесе за „случајот Кермес“ Според антикорупционерите, јавната расправа е спротивна на Законот за локална самоуправа Според Државната комисија за спречување на корупцијата најавената јавна расправа за изградбата на кафеаната "Кермес" во која треба да учествуваат ...

Траги од багер на терасата на Кермес

Утрински - 30.11.2005

Изминатите денови беа забележани градежни активности во Градски парк Дали ископаната дупка е заради поставување темели на новиот објект? Додека граѓаните на Скопје ја очекуваат јавната расправа за проектот "Кермес", во импровизираното градилиште веќе неколку дена работеше багер.

Незаконски е да се дебатира за "Кермес"

Дневник - 30.11.2005

АНТИКОРУПСЦИСКА За случајот "Кермес" надлежните органи се уште не презеле конкретни мерки по нашата иницијатива, а организирањето јавна расправа за изградба на кафеаната со зголемен габарит на сметка на зеленилото е спротивно на Законот за локалната самоуправа, соопштува Државната комисија за ...

Нема градба пред јавната расправа

Вечер Прес - 30.11.2005

Новиот објект на "Кермес" во Градскиот парк нема да се гради се додека не се добијат резултатите од јавната расправа, на која стручните лица и граѓаните ќе дадат свое мислење кое што ќе се почитува, децидни се во Градот. Ова е одговор на шпекулациите во јавноста дека на градилиштето околу руините ...

Почна да се гради Кермес

Вест - 29.11.2005

Градежното претпријатие "Илинден" вчера почна со ископување на земјиштето кај Кермес, иако градските власти ветија дека таму нема да има градежни активности додека не заврши јавната расправа од која ќе зависи дали и како ќе се обновува оваа некогаш реномирана кафеана.

Се копаат темелите на новиот „Кермес“

Време - 29.11.2005

НЕМА АБЕР ОД ЈАВНА ДЕБАТА Еден багер, камион и повеќе работници вчера копаа дупка длабока околу два метри на градилиштето околу стариот ресторан „Кермес“ во Градскиот парк. Се уште нема ништо од најавите на градоначалникот Трифун Костовски дека ќе се организира јавна дебата со граѓаните за тоа како ...

Новиот "Кермес" добива темели?!

Вечер Прес - 29.11.2005

Новиот објект на "Кермес", за чијашто евентуална изградба допрва треба да се расправа, по се изгледа веќе добива темели. Или барем така може да се заклучи според она што се гледа на теренот. Оние што вчера го посетија Градскиот парк имаа можност да го видат багерот на Градежното претпријатие ...

Во вторник стручњаците и граѓаните ќе се произнесат за "Кермес"

Вест - 28.11.2005

КОНЕЧНО ЗАКАЖАНА ЈАВНАТА РАСПРАВА ЗА ИЗГРАДБА НА КАФЕАНАТА ВО ГРАДСКИ ПАРК Градските власти ветија дека ќе ги почитуваат заклучоците од јавната расправа на која експерти и граѓани ќе се изјаснат дали кафеаната да се гради во постојниот габарит или да се прошири во зеленилото во Градски парк Јавната ...