TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ДУИ сака да продолжи дијалогот со ВМРО ДПМНЕ

А1 - 23.07.2006

Преку дијалог да продолжат активностите околу создавањето на новата влада. Ова овластување денеска им го даде централниот одбор на ДУИ, највисокиот орган на партијата на лидерот Ахмети и претседателството. Раководството на ДУИ смета дека радикалните изјави биле наметнати од новинарите.

Мали шанси за преговори меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

А1 - 23.07.2006

Се помали шансите за продолжување на преговорите меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, кои и денеска не се извинија за јавно упатените закани за употреба на сила, доколку и тие не бидат дел од идната влада. Во ВМРО ДПМНЕ не сакаат да ги коментираат најновите сигнали што од Мала Речица ги упатија челниците на ДУИ ...

Меѓународните претставници воздржани за барањата на ДУИ

Канал5 - 23.07.2006

Во ДУИ нема да бидат воодушевени кога ќе го прочитаат писмото -одговор од Солана во врска со нивното барање да бидат вклучени во новата македонска влада. Во ДУИ нема да бидат воодушевени кога ќе го прочитаат писмото -одговор од Солана во врска со нивното барање да бидат вклучени во новата ...

ДИК ги одби сите приговори за нерегуларности при прегласувањето на парламентарните избори

Канал5 - 23.07.2006

Државната изборна комисија попладнево ќе одлучува по приговорите кои за прегласувањето ги поднесоа партиите. Скопје, 22 јули (МИА) - Државната изборна комисија (ДИК) на попладневната седница ги отфрли сите 10 приговори за нерегуларности при прегласувањето на парламентарните избори на 29 избирачки ...

ДУИ нема намера да му се извини на ВМРО ДПМНЕ

А1 - 22.07.2006

Ниту извинување, ниту повлекување, ова е ставот на ДУИ по барањето на ВМРО ДПМНЕ да се огради од изјавите на своите политички лидери кои се повикуваа на употреба на калашникови и народот доколку ДУИ не е во власта. Високи функционери на ДУИ за А1 велат дека не чувствуваат потреба оти треба да му се ...

Алфа Ромео

Вест - 22.07.2006

САКАМ ДА КАЖАМ - Горан Михајловски Мендух Тачи со јато во НАТО 1 Али Ахмети не се заканува. Тој не сака да лаже. Искрено си кажа: "Ако ДУИ не биде дел од власта, односно ако не се испочитува волјата на мнозинството, кое гласаше за коалицијата ДУИ-ПДП, идната влада ќе има проблеми со албанскиот ...

ДУИ праќа писма во Вашингтон и во Брисел за помош да влезат во владата

Утрински - 22.07.2006

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ синоќа одлучуваше дали да ги продолжи разговорите со ДУИ БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Доколку завчера беше извесно дека преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се завршени, вчера таа можност повторно се отвори.

ВМРО-ДПМНЕ решаваше синоќа

Дневник - 22.07.2006

Иако беше најавена за завчера, седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на која требаше да се реши околу преговорите со ДУИ раководството на партијата на Никола Груевски ја одложи за синоќа. Вчера никој не коментираше дали тоа значи дека Груевски си дал уште малку време да размисли дали ќе и рече дефинитивно ...

ДУИ мобилизира на сите нивоа

Дневник - 22.07.2006

Од Канцеларијата на ЕУ во Скопје вчера порачаа дека сите страни треба да се воздржат од изјави во кои се споменува насилство и од изјави кои може да бидат така протолкувани Демократската унија за интеграција од вчера е на нозе, се мобилизира и гради нова стратегија како да биде дел од владата на ...

Реторика

Дневник - 22.07.2006

Изминативе неколку денови како да завладеа некоја нездрава релаксирана атмосфера. Преговорите за формирање на новата влада, барем за јавноста, некако подзапреа, во очекување на прегласувањето во средата. Почетните бранувања во однос на можните коалициски партнери од, условно, албанскиот политички ...

ДУИ со писмо до Брисел: Прекинот на преговорите за влада драстично ги влоши меѓуетничките односи

Канал5 - 22.07.2006

ДУИ ги повикува Николас Барнс од американскиот Стејт департмент, Хавиер Солана од Европската унија и Јаап де Хоп Шефер од НАТО да се вклучат во разрешувањето на новата постизборна и според партијата на Ахмети сложена ситуација во Македонија.

Густо пред конечниот трансфер на власта

Утрински - 22.07.2006

Груевски премногу тактизира околу составувањето на неговиот кабинет Соња Крамарска Изборниот процес не е заокружен сж додека Никола Груевски не ја објави владата, предупредуваат деновиве посматрачите во пресрет на целосниот трансфер на власта од рацете на социјалдемократите во рацете на ...

Груевски составува влада, Ахмети пишува поплаки

Време - 22.07.2006

АКО НЕ БИДЕ ДЕЛ ОД НОВАТА ВЛАДА Емил Зафировски Демократската унија за интеграција не е подготвена да дејствува во опозиција и постојат големи шанси да го бојкотира Собранието, тврдат за „Време“ високи партиски извори. Дознаваме дека раководството на ДУИ на завчерашното претседателство во Тетово ...

Нема приговори за прегласувањето

Вечер Прес - 22.07.2006

До затворањето на весникот до Државната изборна комисија нема пристигнато ниту еден приговор во однос на прегласувањето за парламентарните избори во средата. Портпаролот на ДИК Зоран Таневски вели дека рокот за поднесување жалби трае 48 часа и истекува во 19 часот за оние гласачки места на кои ...

ВМРО ДПМНЕ ги остави вратите подотворени за ДУИ

А1 - 21.07.2006

ДУИ првин да се извини, а потоа да се врати на преговорите, ова е условот на ВМРО ДПМНЕ. Тие се лути и бараат извинување од лидерите на ДУИ. Како што велат, за недемократските изјави што тие ги давале, мислат на изјавите на Муса Џафери и Али Ахмети.

Меѓународната заедница единствената надеж ДУИ да ја задржи власта

А1 - 21.07.2006

Меѓународната заедница е единствената надеж за ДУИ да ја задржи власта. Истата таа беше иницијатор за влез на ДУИ во претходната влада. Токму затоа ДУИ со писма до ЕУ, НАТО и САД се надева дека единствено тие ја имаат можноста да ја фрлат во прегратката на ВМРО.

Лошиот глас се слуша уште подалеку

Дневник - 21.07.2006

Изборниот апел-императив дека за гласањето на 5 јули „немаме друг избор, мора да биде фер“, имаше прекраток рок на траење Изборниот апел-императив дека за гласањето на 5 јули „немаме друг избор, мора да биде фер“, имаше прекраток рок на траење.

Канонада од партиски препукувања по прегласувањето

Утрински - 21.07.2006

Од која планина и во која самопослуга ВМРО-ДПМНЕ најде гласови во Шестата изборна единица, вели Јани Макрадули Жаклина ЃорЃевиЌ ГоЈко Ефтоски Политичките партии не ги дочекаа официјалните бројки од прегласувањето на 29 избирачки места, туку веднаш побрзаа со меѓусебни понижувачки квалификации на ...

Функционери на ДУИ контра набљудувачите на ВМРО-ДПМНЕ

Време - 21.07.2006

КАКО СЕ ЧУВАА КУТИИТЕ ВО „ШЕСТКАТА“ Повеќето претставници на ВМРО-ДПМНЕ на избирачките места во „шестката“ докрај го следеле завчерашното прегласување и пребројување на гласовите иако ДИК излезе со толкување дека актуелни пратеници и пратенички кандидати не смеат да присуствуваат на местата на кои ...

Груевски денеска ја откачува ДУИ?

Дневник - 21.07.2006

Од извори во партијата на Никола Груевски дознаваме дека преговорите со ДУИ се веќе мртви, откако албанската партија излезе во јавноста со закани Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ синоќа требаше да донесе конечна одлука за прекин на преговорите со ДУИ.

Излегува ли ДУИ од игра за преговори за влез во владата?

Канал5 - 21.07.2006

Веќе три часа трае седницата на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Се очекува да се донесе конечна одлука дали има простор да се продолжат разговорите со партијата на Ахмети, по заканите кои ги упатија од ДУИ дека на владата без нив, ќе се спротивстави албанскиот народ.

Ахмети никој не го искара

Вест - 21.07.2006

СТРАНЦИТЕ ГИ ПРЕМОЛЧЕА "КАЛАШНИКОВИТЕ И БУНТОТ" НА ДУИ АКО НЕ ВЛЕЗЕ ВО НОВАТА ВЛАДА Официјален коментар дојде единствено од амбасадата на САД откаде велат дека "доколку некоја партија реши да не се приклучи или не биде поканета во идната владина коалиција", очекуваат таа да игра позитивна и ...

Портокаловата коалиција ќари уште еден мандат

Утрински - 21.07.2006

ДИК смета дека новиот парламент треба да се конституира на 26 јули без оглед дали дотогаш ќе бидат избрани сите 120 пратеници Оливера Војновска Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, по завчерашното прегласување во три изборни единици, освои уште едно пратеничко место и сега во парламентот ќе има 45 ...

ДУИ: Разговорите со ВМРО - ДПМНЕ не се прекинати

Канал5 - 21.07.2006

Демократската унија за интеграција на синоќешното централното претседателство кое се одржа во партиското седиште во Тетово ја анализираше ситуацијата по прегласувањето на 19-ти јули Тетово, 21 јули (МИА) - Демократската унија за интеграција на синоќешното централното претседателство кое се одржа во ...

Ахмети со заканите си ја затвори вратата кај Груевски?

Време - 21.07.2006

ВМРО-ДПМНЕ СИНОЌА ОДЛУЧУВАШЕ ЗА КОАЛИЦИЈАТА СО ДУИ Членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ синоќа требаше да одлучуваат дали ќе ги продолжат преговорите за коалиција со ДУИ, откако завчера Али Ахмети, лидер на ДУИ, се закани дека новата влада ќе има проблеми со албанскиот народ доколку ...

Молк и воздржаност кај странците и домашните политичари

Време - 21.07.2006

ПО ЗАКАНИТЕ ОД АХМЕТИ И ЏАФЕРИ Никој од претставниците на мисиите на ОБСЕ, ЕУ и САД што беа активни во целиот изборен процес не сака да ги коментира заканите од врвот на ДУИ дека е можна дестабилизација на земјава и враќање на калашниковите в шума, ако оваа партија не влезе во новата влада.

ВМРО-ДПМНЕ се искачи на 45 мандати

Дневник - 21.07.2006

ДПА ги предаде интересите на својот народ, бидејќи со помош на нивните гласови во „шестката“ во Собранието ќе има плус пратеник-Македонец наместо Албанец, реагира ДУИ Задоволство во ВМРО-ДПМНЕ и разочараност во ДУИ по завчерашното прегласување на 29 гласачки места.

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ нема веќе да преговараат?

Утрински - 21.07.2006

Милошоски им порачува на ДУИ да вежбаат „’калашников’-демократија" со Хезболах БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Нови средби меѓу претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, најверојатно, ќе нема, а со тоа и шансите дека овие две партии и понатаму ќе преговараат за заедничко учество во власта стануваат еднакви на нула.

ВМРО-ДПМНЕ со пратеник плус, ДУИ во минус

Време - 21.07.2006

ПО ПРЕГЛАСУВАЊЕТО ВМРО-ДПМНЕ доби мандат плус, а ДУИ остана со пратеник помалку, по завчерашното прегласување на 29 места во три изборни региони. Пресвртот се случи во шестата изборна единица, каде што изборите се повторија на 20 места со вкупно 19 илјади избирачи.

Многу неправилности

Вечер Прес - 21.07.2006

Граѓанската асоцијација МОСТ соопшти дека во 19 часот сите избирачки места биле затворени без какви било нерегуларности, но за време на гласањето набљудувачите евидентирале повеќе типови неправилности. - Набљудувачите на МОСТ кои беа присутни на сите 29 избирачки места, каде што се прегласуваше, ...

ДУИ се подалеку од власта

А1 - 20.07.2006

ДУИ се подалеку од власта. По заканувачките тонови од нејзините челници дека доколку не влезат во новата влада на Груевски ќе заигра оружјето, ВМРО ДПМНЕ не сака да се реши ниту да ги продолжи започнатите преговори. И покрај сите најави, разговори нема.

ДИК го потврди дополнителниот мандат на ВМРО ДПМНЕ

А1 - 20.07.2006

ВМРО ДПМНЕ доби еден мандат на сметка на ДУИ во 6 изборна единица. Нема да има прегласување во Грчец каде вчера поради инцидент беше прекинато гласањето. Според ДИК гласовите од Грчец не влијаат на конечниот резултат. „Подносителите на листи ги освоиле следниов број на мандати: Коалицијата ВМРО ...

За ВМРО ДПМНЕ уште еден мандат на сметка на ДУИ

А1 - 20.07.2006

На вчерашното прегласување во 29-те избирачки места коалицијата на ВМРО ДПМНЕ профитираше за уште еден мандат на сметка на ДУИ, соопшти ДИК. Сега ВМРО ДПМНЕ е со 45 пратеници. 32 се на коалицијата предводена од СДСМ, ДУИ е со 17 пратеници, ДПА има 11.

ОИК Гостивар: Прегласувањето без инциденти

Канал5 - 20.07.2006

Прегласувањето на деветте избирачки места во општина Гостивар помина без инциденти и со 45 отсто одѕив од вкупно регистрираните 9.183 гласачи, соопшти Општинската изборна комисија Гостивар, 19 јули (МИА) - Прегласувањето на деветте избирачки места во општина Гостивар помина без инциденти и со 45 ...

Ахмети и прогнозира „народ" на новата влада

Утрински - 20.07.2006

ЗаЈас - Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, прогнозира дека идната влада „ќе има проблеми со народот" доколку неговата партија не биде дел од владејачката коалиција. Коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот Муса Џафери, кој според весникот „Дневник" се заканил со „протести, бунтови и ’калашникови‘" ...

Пратениците не смеат да бидат монитори, тврди ДИК

Утрински - 20.07.2006

ДИК реагираше откако ВМРО-ДПМНЕ како набљудувачи ангажираше партиски функционери Државната изборна комисија вчера соопшти дека директното ангажирање на пратеници во набљудувањето на изборниот процес е незаконско. Реакцијата на највисокото државно тело за спроведување на изборите уследи откако ...

Првични резултати на ДИК од прегласувањето за парламентарните избори

Канал5 - 20.07.2006

Државната изборна комисија ги објави првични резултати од прегласувањето на парламентарните избори за сите 29 избирачки места. Од вкупно запишаните 29.036 избирачи, правото на глас на го искористиле 11.493 граѓани Скопје, 20 јули (МИА) - Државната изборна комисија ги објави првични резултати од ...

ДИК: На прегласувањето коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои уште еден мандат

Канал5 - 20.07.2006

Државната изборна комисија денеска соопшти дека на вчерашното прегласување во 29 избирачки места коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоила уште еден мандат во шестата изборна единица, што значи дека сега има 45 пратенички мандати.

СДСМ: Прегласувањето мина во фер и демократска атмосфера

Канал5 - 20.07.2006

СДСМ оценува дека денешното прегласување мина во фер и демократска атмосфера со исклучок на едно избирачко место во село Грчец каде гласањето беше прекинато, соопшти вечерва заменик портпаролот на партијата Емилијан Станковиќ Скопје, 19 јули (МИА) - СДСМ оценува дека денешното прегласување мина во ...

Недемократска уцена за интеграција

Дневник - 20.07.2006

Прв обид: Изборниот резултат е јасен, победници на изборите сме ние и ВМРО-ДПМНЕ. Втор обид: Победничките партии треба да ги водат разговорите за составот на идната влада. Трет обид: Разговорите со ВМРО-ДПМНЕ поминуваат во многу конструктивна атмосфера и се согласивме за најважните економски ...

На гласање со организиран превоз

Дневник - 20.07.2006

На вчерашното прегласување на 29 избирачки места, најмногу пријави на отворената телефонска линија на МОСТ имало за организиран превоз на гласачи во Зајас и во Грешница, соопштија вчера од Граѓанската асоцијација. Набљудувачите на МОСТ забележале и неправилности при прегласувањето во неколку ...

ДПА: Членови на ДУИ насилно ги полнеле избирачките кутии во Зајас

Канал5 - 20.07.2006

ДПА вечерва на прес-конференција обвини дека членови на ДУИ насилно ги наполниле избирачките кутии во Зајас поради слабиот одѕив на гласачите Тетово, 19 јули (МИА) - ДПА вечерва на прес-конференција обвини дека членови на ДУИ насилно ги наполниле избирачките кутии во Зајас поради слабиот одѕив на ...

Првични резултати на ДИК од прегласувањето за парламентарните избори во 17 изборни места

Канал5 - 20.07.2006

Првични резултати од прегласувањето на парламентарните избори пристигнати до Државната изборна комисија вечерва до 22 часот и 17 минути од 17 изборни места Скопје, 19 јули (МИА) - Првични резултати од прегласувањето на парламентарните избори пристигнати до Државната изборна комисија вечерва до 22 ...

Муса Џафери молчи откако се закани со калашникови

Време - 20.07.2006

ПО ЗАВЧЕРАШНАТА ИЗЈАВА Муса Џафери, вицепремиер и потпретседател на ДУИ, вчера одби да каже што мислел кога изјавил дека „ако неговата партија не биде дел од новата влада, тогаш ќе имало протести, бунтови и калашникови“. Тој вчера изјави дека не може да дава изјави на денот на прегласувањето.

Прегласувањето помина со многу тензии во Зајас и во Грчец

Утрински - 20.07.2006

Гласањето во Грчец беше прекинато неколку часа по отворањето на гласачкото место Жаклина Ѓорѓевиќ ЗаЈас, ГрЧец - Изборните инциденти кои го прекинаа вчерашното гласање на некои избирачки места ја расипаа идеалната оценка за изборите која ја доби државава по одржувањето на изборите на 5 јули.

Инциденти во Грчец и во Зајас

Време - 20.07.2006

ВО ВТОРАТА РУНДА ОД ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ Тензии во Грчец и во Зајас, семејно гласање во Велешта, организиран превоз на гласачи во Грешница, се дел од случувањата во текот на вчерашното прегласување на 29 избирачки места во три региони.

Партиски функционерите не смееле да го следат прегласувањето

Дневник - 20.07.2006

Актуелни пратеници не можат да бидат овластени партиски претставници на избирачките места, оцени вчера Државната изборна комисија. Ова е реакција на одлуката на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА нивни високи партиски функционери да го следат прегласувањето.

Оружјето го прекина гласањето во Грчец

Дневник - 20.07.2006

ДИК ќе го поништи гласањето во Грчец, каде упаднале тројца вооружени Државната изборна комисија ќе го поништи прегласувањето во едно избирачко место во селото Грчец, општина Сарај. Таму гласањето беше прекинато подолго од три часа откако на гласачкото место во основното училиште упаднале тројца ...

Ахмети: Владата ќе има проблеми со албанскиот народ

Дневник - 20.07.2006

Ова го изјави Али Ахмети, лидер на ДУИ, по гласањето во Зајас Ако Демократската унија за интеграција не биде дел од власта, односно ако не се испочитува волјата на мнозинството, кое гласаше за коалицијата ДУИ-ПДП, идната влада ќе има проблеми со албанскиот народ.

Прегласување

Вест - 20.07.2006

На 29 избирачки места во општините Сарај, Боговиње, Струга, Зајас, Врапчиште, Тетово, Сопиште и во Гостивар вчера се повторува гласањето за парламентарните избори 2006 година. На овие избирачки места право да гласаат имаат 27.036 избирачи.

Закана врз демократијата

Време - 20.07.2006

Пишува:Емил Зафировски Потпретседателот на ДУИ и актуелен вицепремиер Муса Џафери се закани со оружје доколку идниот мандатар не ги почитувал изборните резултати на албанската заедница во Македонија и доколку неговата партија не учествувала во извршната власт.

Дали да продолжат разговорите со ДУИ? Дали воопшто има простор за натамошни преговори откако Ахмети

Канал5 - 20.07.2006

Дали да продолжат разговорите со ДУИ? Дали воопшто има простор за натамошни преговори откако Ахмети го уцени својот влез во владата. Партијата на Груевски е соочена со овие дилеми кои планираше да ги стави на маса на седница на извршниот комитет вечерва, но состанокот почна попладнето го презакажаа ...

Заменик-министер во улога на неовластен претставник на ДИК

Вечер Прес - 20.07.2006

Актуелни пратеници не можат да бидат овластени претставници на гласачките места. Ова е ставот на Државната изборна комисија за вчерашниот инцидент во гостиварското село Форино, каде заменик- министерот за одбрана Талат Џафери и уште неколкумина претставници на ДУИ не и дозволиле на Силвана Бонева ...

Мал одзив на бирачите во струшко

А1 - 19.07.2006

До 10 часот одзивот во прегласувањето во трите избирачки места во струшко, во петтата изборна единица, е 1,7%. Според општинската изборна комисија во Струга, тоа е нешто пониско од одзивот во истиот период при гласањето на 5-ти јули.

ДИК: Одзивот до 17 часот е 36%

А1 - 19.07.2006

Државната изборна комисија соопшти дека до 17 часот од вкупно запишани 27.041 гласач на 29 избирачки места излегле на гласање 36%. Најмногу гласачи има во едно избирачко место во Кондово 62,52% од вкупно запишаните избирачи излегле да гласаат, а најмалку гласачи има во Струга на избирачкото место ...

ВМРО ДПМНЕ и одзеде пратеник на ДУИ

А1 - 19.07.2006

ВМРО ДПМНЕ освои уште едно пратеничко место на прегласувањето, соопшти портпаролот на изборниот штаб на партијата, Антонио Милошоски. Пратеничкото место е освоено во 6-та изборна единица на сметка на ДУИ и сега ВМРО ДПМНЕ во парламентот има 45 мандата.

Мирно и без проблеми изминува изборниот ден во Тетовско

А1 - 19.07.2006

Мирно и без проблеми изминува изборниот ден во Тетовско. Според првите информации на општинската изборна комисија во Тетово, досега на гласање излегле над 10% од избирачите. Во тетовско се прегласува на шест избирачки места во Голема Речица, Бродец, Селце, Џепчиште и Боговиње.

Прекинато гласањето во Грчец

А1 - 19.07.2006

Повторно судир меѓу ДПА и ДУИ, предизвикаа инцидент и гласањето во Грчец беше прекинато. Ситуацијата морале да ја спасуваат полицајци. Кутиите и ливчињата беа спасени, а случајот на терен го истражуваа и членови на ДИК. „Имало некакви тензии меѓутоа тоа ќе го напишат во записник, каде што ќе се ...

Активисти на ВМРО ДПМНЕ и ДПА го надгледуваа прегласувањето

А1 - 19.07.2006

Затскриена битка на партиите која да ги освои 4-те мандати по прегласувањето. ВМРО ДПМНЕ и ДПА се засилија со високи партиски активисти како набљудувачи на денешното прегласување. Жителите на претежно албанските средини негодуваа на нивното присуство.

Обезбедете мирно и фер гласање

Вест - 19.07.2006

ДИПЛОМАТИТЕ АПЕЛИРААТ ДО ПАРТИИТЕ Дипломатите во Македонија апелираат до политичките партии да обезбедат спроведување на слободно, фер и демократско гласање за време на прегласувањето на изборите. "Апелираме до сите политички партии да обезбедат спроведување на слободно, фер и мирно гласање за ...

Во три региони ќе се решаваат четири мандати

Време - 19.07.2006

ДЕНЕСКА ИЗБОРИ НА 29 МЕСТА Во општините Тетово, Гостивар, Струга, Сарај, Боговиње, Зајас, Врапчиште и Сопиште, на вкупно 29 избирачки места, ќе се повтори гласањето за парламентарните избори 2006. Во овие избирачки места во првата, петтата и шестата изборна единица, право да гласаат имаат 27.036 ...

Денеска репризно гласање во осум општини

Утрински - 19.07.2006

Денеска во седум часот повторно ќе се отворат гласачките кутии во 29 избирачки места во општините Сарај, Боговиње, Струга, Зајас, Врапчиште, Тетово, Сопиште и во Гостивар, каде што ќе има репризно гласање за новите пратеници, поради нерегуларности на изборите кои се одржаа на 5 јули.

Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ има пратеник повеќе од ДУИ

Канал5 - 19.07.2006

ВМРО-ДПМНЕ по денешното прегласување во шестата Изборна единица има пратеник повеќе од ДУИ, соопшти вечерва портпаролот на Изборниот штаб Антонио Милошоски. Скопје, 19 јули (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ по денешното прегласување во шестата Изборна единица има пратеник повеќе од ДУИ, соопшти вечерва ...

МОСТ: Најмногу пријави за организиран превоз на гласачи

Канал5 - 19.07.2006

Набљудувачите на Граѓанската асоцијација МОСТ регистрирале неправилности во текот на прегласувањето во неколку гласачки места. Скопје, 19 јули (МИА) - Набљудувачите на Граѓанската асоцијација МОСТ регистрирале неправилности во текот на прегласувањето во неколку гласачки места.

Напнато и во Зајас - прекинато гласање од 30 минути

Канал5 - 19.07.2006

Гласањето беше прекинато во кичевски Зајас, откако едно лице се обиде да гласа со туѓа лична карта. Претседателот на избирачкиот одбор се обидел да го заштити и неговото име да не се вметнува во записникот, зашто партиски извори тврдат дека тоа бил директорот на училиштето Сулејман дервиши ...

На секое избирачко место по еден посматрач

Дневник - 19.07.2006

Граѓанската асоцијација МОСТ ќе го следи денешното прегласување на парламентарните избори со 29 статични посматрачи, кои ќе бидат распоредени на секое гласачко место каде што се прегласува. - На статичните монитори, кои целиот ден ќе го следат гласањето на избирачките места, логистичка поддршка ќе ...

МОСТ: Регистрирани неправилности во текот на прегласувањето

Канал5 - 19.07.2006

Граѓанската асоцијација МОСТ вечерва соопшти дека во 19 часот сите избирачки места се затворени без какви било нерегуларности, но за време на гласањето набљудувачите евидентирале повеќе типови неправилности. Скопје, 19 јули (МИА) - Граѓанската асоцијација МОСТ вечерва соопшти дека во 19 часот сите ...

ДУИ се закани со калашникови

Дневник - 19.07.2006

Влегувањето на ДПА во владата би било насилство врз изборните резултати и врз волјата на граѓаните, а тоа може да предизвика бунт и насилство кај албанските гласачи, вели Муса Џафери од ДУИ Ако крајната цел на идниот мандатар Никола Груевски е да не се почитуваат нашите гласачи, односно изборните ...

Прегласување на парламентарните избори на 29 избирачки места

Канал5 - 19.07.2006

На вкупно 29 избирачки места во општините Сарај, Боговиње, Струга, Зајас, Врапчиште, Тетово, Сопиште и во Гостивар денеска се повторува гласањето за парламентарните избори 2006 година. На овие избирачки места право да гласаат имаат 27.036 избирачи.

ДИК: Одѕивот на прегласувањето до 13 часот 23,31 отсто

Канал5 - 19.07.2006

На прегласувањето на 29 избирачки места за парламентарните избори, до 13 часот од вкупно запишаните 27.041 лице со право на глас излегле да гласаат 6.302 или 23,31 процент. Скопје, 19 јули (МИА) - На прегласувањето на 29 избирачки места за парламентарните избори, до 13 часот од вкупно запишаните ...

Неизвесни преговорите на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ

Време - 19.07.2006

СЕ ЧЕКА ИСХОДОТ ОД ПРЕГЛАСУВАЊЕТО Сунчица Стојановска Неизвесно е дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ги продолжи преговорите за коалиција со ДУИ по денешното прегласување, иако од партијата на Ахмети тврдат дека средбите со ВМРО-ДПМНЕ не се прекинати, туку се само одложени.

Најголема битка во „шестката“

Дневник - 19.07.2006

Каков ќе биде конечниот распоред на силите во парламентот ќе се решава на денешното прегласување на 29 избирачки места, каде што се регистрирани околу 27.000 гласачи Каков ќе биде конечниот распоред на силите во парламентот ќе се решава на денешното прегласување на 29 избирачки места, каде што се ...

Прекинато гласањето во скопско Грчец

Канал5 - 19.07.2006

Вербалните закани меѓу партиски приврзаници кои влегоа на ова избирачкото место во скопски Грчец го прекинаа гласањето. Претседателката на избирачкиот одбор решила да го прекине гласањето, плашејќи се дека ситуацијата може да излезе од контрола Ерол Имери член на избирачкиот одбор во Грчец вели ...

Груевски ќе испрати набљудувачи во Зајас

Утрински - 19.07.2006

Монитори ќе нема во Сарај и во Струга, ВМРО-ДПМНЕ не кажува зошто БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Нецели 24 часа по објавувањето на коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДПА, партијата на Груевски и ДУИ максимално ги заострија меѓусебните односи. Неколку потези повлечени од ВМРО-ДПМНЕ ги натера интегративците на Ахмети ...

Заврши прегласувањето за парламентарните избори

Канал5 - 19.07.2006

Во 19 часот заврши прегласувањето за парламентарните избори на 29 избирачки места во општините Сарај, Боговиње, Струга, Зајас, Врапчиште, Тетово, Сопиште и во Гостивар. Скопје, 19 јули (МИА) - Во 19 часот заврши прегласувањето за парламентарните избори на 29 избирачки места во општините Сарај, ...

Прегласувањето ќе го следат над 60 набљудувачи

Утрински - 19.07.2006

Над 60 домашни и странски набљудувачи ќе го следат денешното прегласување на 29 избирачки места, чиј број е драстично намален во споредба со денот на изборите. Од ОБСЕ велат дека прегласувањето ќе го следат само триесетина монитори во кои, покрај претставниците од оваа организација, ќе бидат ...

Изборен молк пред прегласувањето в среда

А1 - 18.07.2006

Изборен молк започна на полноќ пред повтореното гласање, в среда, на 29 избирачки места поради нерегуларности на денот на парламентарните избори од 5 јули. Гласањето ќе се повтори во осум општини, во првата, петтата и во шестата изборна единица, во кои се регистрирани 27.036 избирачи.

Меѓународната заедница и МОСТ ќе го набљудуваат прегласувањето

А1 - 18.07.2006

Меѓународната заедница пред утрешното прегласување на 29 избирачки места повторно со апел до политичките партии. Во заедничката изјава на евро амбасадорот Ерван Фуере, шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ Карлос Паиш како и претставници од НАТО и амбасадата на САД се апелира, сите политички ...

Утре прегласување на 29 избирачки места

Вест - 18.07.2006

Во Вкупно 29 избирачки места во општините Сарај, Боговиње, Струга, Зајас, Врапчиште, Тетово, Сопиште и во Гостивар утре ќе се повтори гласањето за парламентарните избори 2006 година. Во овие избирачки места право да гласаат имаат 27.036 избирачи.

Блискоста меѓу ДПА и ВМРО-ДПМНЕ ја исфрли ДУИ

Утрински - 18.07.2006

ВМРО-ДПМНЕ, ДПА и НСДП се договориле за изгледот на кабинетот на Груевски БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ ВМРО-ДПМНЕ и ДПА ја исфрлија ДУИ од комбинација за состав на новата влада. Челниците на ДПА, Арбен Џафери и Мендух Тачи, и функционерот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски вчера соопштија дека постигнале договор ...

Груевски состави влада без ДУИ

Време - 18.07.2006

ПРЕСВРТ ВО ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ВЛАДИНИОТ КАБИНЕТ Сунчица Стојановска ВМРО-ДПМНЕ не влегува во коалиција со ДУИ, а ја потврди соработката во владата со ДПА. Ова е исходот од вчерашната средба меѓу Арбен Џафери и Мендух Тачи од ДПА со Никола Груевски, во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Првите пет партии во битка за четири мандати

Време - 18.07.2006

УТРЕ ПРЕГЛАСУВАЊЕ НА 29 МЕСТА Каде ќе отидат четири од вкупно 120 пратенички мандати ќе се одлучува на утрешното прегласување на 29 избирачки места со околу 27 илјади регистрирани гласачи во три изборни региони. Во првата и во петтата изборна единица ќе се прегласува за по едно пратеничко место, а ...

Утре прегласување во 29 избирачки места

Канал5 - 18.07.2006

Повеќе од 27 илјади граѓани утре ќе прегласуваат на 29 избирачки места распоредени во првата, петтата и шестата изборна единица. Најголемиот дел од нив се во тетовско – гостиварската шестка. Повеќе од 27 илјади граѓани утре ќе прегласуваат на 29 избирачки места распоредени во првата, петтата и ...

И прегласувањето под меѓународно набљудување

Утрински - 18.07.2006

Прегласувањето на поништените дваесет и девет избирачки места од парламентарните избори кои се одржаа пред две недели ќе биде повторно под меѓународен мониторинг, ни соопштија вчера од Мисијата на ОБСЕ во Македонија. Но, поради заминувањето од земјава на 250- те краткорочните монитори на ОДИХР кои ...

Утре над 28.000 гласачи пак на избори

Дневник - 18.07.2006

Над 28.000 избирачи утре повторно ќе гласаат за избор на пратеници во петтиот парламентарен состав, откако Врховниот суд и Државната изборна комисија поради неправилности го поништија гласањето во 29 избирачки места. Ќе се прегласува во Сарај и во Сопиште во скопскиот изборен регион, во Тетово, ...

ВМРО-ДПМНЕ ја избра ДПА

Дневник - 18.07.2006

ДУИ ќе продолжи да преговара, но најверојатно ќе мора да биде во опозиција ВМРО-ДПМНЕ ја избра Демократската партија на Албанците за албански партнер во новата влада. Овие две партии, заедно со Новата социјалдемократска партија на Тито Петковски, со Демократската обнова на Македонија на Лилјана ...

Се уште неизвесен конечниот распоред на силите во Парламентот

А1 - 17.07.2006

Се уште е неизвесен конечниот распоред на партиските сили во Парламентот. Се ќе се знае по прегласувањето в среда. ДПА е партијата која најмногу се надева на промена на резултатите. Пресметките се дека може да добие уште три пратенички мандати.

ВМРО-ДПМНЕ и ДПА се договорија да формираат влада

А1 - 17.07.2006

ДПА сигурен партнер, остануваат и НСДП, ДОМ и ПЕИ. За ДУИ речиси е сигурно дека нема место во Владата на Груевски. Ова е исходот од средбата на Тачи и Џафери со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Најавија стабилна влада. „Ние имаме мнозинство, имаме влада, имаме договор за создавање на влада.

ДУИ сака да е капакот на тенџерето на ВМРО-ДПМНЕ

Дневник - 17.07.2006

Додека преговорите за коалиција се во мирување, ДУИ излезе со став дека повеќе не е партија со социјалдемократска ориентација, туку дека отишла во десно Демократската унија за интеграција ја смени идеолошката матрица, а политички посматрачи оценуваат дека тој потег е мотивиран од желбата таа ...

ВМРО-ДПМНЕ, ДПА и НСДП во новата влада

Канал5 - 17.07.2006

ВМРО-ДПМНЕ се реши за ДПА, но се уште остава подотворена врата и за ДУИ. Владината коалиција со ДПА и со НСДП не ја објави Никола Груевски, туку Антонио Милошоски по денешната средба на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со Арбен Џафери и Мендух Тачи.

ДПА категорична - една партија мора да биде во опозиција

Време - 17.07.2006

ВИКЕНД-ПАУЗА ВО КОАЛИЦИСКИТЕ ПРЕГОВОРИ Боби Христов По викенд-паузата во коалициските преговори, трите партии меѓу кои засега се водат интензивните преговори, ВМРО - ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, повторно седнуваат на преговарачка маса во вторник попладне, најавуваат од ВМРО-ДПМНЕ.