TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Тачи се враќа во Владата

А1 - 23.03.2008

Тачи се враќа во Владата. Ова е одлуката на денешното централно собрание на ДПА. Ваквата разврска следи по денешната тет-а-тет средба меѓу Груевски и Тачи. „Партиите ВМРО-ДПМНЕ и ДПА постигнаа согласност во рок од 10 дена да формираат работни групи кои ќе разговараат со цел за изнаоѓање Закон за ...

ДПА се врати во владата

Канал5 - 23.03.2008

ДПА се врати во владата. На попладневната средба што Груевски и Тачи ја имале во владата, неколку часа пред вечерашното централно собрание на ДПА во Сарај, постигнале согласност да се реализираат 6-те барања поради кои лидерот на ДПА објави излегување од коалицијата. ДПА се врати во владата.

За Косово – кога ќе дојде времето

Утрински - 22.03.2008

ЕДИТОРИЈАЛ Тамара Грнчароска Македонија ќе го признае Косово, тоа е неспорно, но кога ќе го направи тоа треба да реши самата, без „сугестии“ од косовска страна за терминот на признавањето. Поради тоа дисонантно прозвучеа изјавите кои деновиве ги даде косовскиот премиер Хашим Тачи дека признавањето ...

Владината криза го замрзна признавањето на Косово

Дневник - 21.03.2008

Одлуката за признавање на Косово од македонска страна е донесена, но е замрзната поради последните случувања во македонската влада. Очекувам деновиве Македонија да го признае независно Косово, изјавил премиерот на Косово, Хашим Тачи, по средбите во Приштина со лидерите на ДУИ Али Ахмети, на ДУА - ...

ДПА е виновна што Македонија се уште не го признала Косово

Време - 21.03.2008

СПОРЕД АЛБАНСКАТА ОПОЗИЦИЈА ДПА е виновна што Македонија не го призна Косово заедно со Бугарија, Хрватска и со Романија, како што беше договорено, обвинија вчера во Приштина лидерите на партиите ДУИ, ДУА и ДНА. Али Ахмети, Бардуљ Махмути и Хисни Шаќири беа поканети во Приштина од претседателот на ...

Без НАТО, државата нема иднина

Дневник - 21.03.2008

Признавање на Косово, стопирање на четири хашки случаи и вработување Албанци се условите што лидерот на ДПА, Мендух Тачи, му ги поставил на премиерот за да остане во Владата. Тој прексиноќа во Тирана прв пат ги обелодени овие три од вкупно шесте барања испорачани до премиерот Никола Груевски.

Хашим Тачи очекува Македонија брзо да го признае Косово

Утрински - 21.03.2008

Во Приштина не отпатуваа лидерите на ДПА и на ПДП, Мендух Тачи и Абдулади Вејсели Светлана Унковска Косово очекува наскоро да биде признаено од Македонија. Оваа порака вчера косовскиот премиер Хашим Тачи му ја пренел на лидерот на ДУИ Али Ахмети на средбата во Приштина.

Признавањето на Косово зависело само од ДПА!

Вечер Прес - 21.03.2008

Признавањето требаше да се случи во средата, заедно со Хрватска, Бугарија и Албанија. Неодговорното однесување на ДПА го пролонгираше процесот, тврди потпретседателот на ДУИ Рафиз Алити ДУИ вчера ја обвини ДПА дека со неконструктивно однесување придонел Македонија во средата да не го признае Косово ...

Хашим Тачи очекува и формално признавање од Македонија

А1 - 20.03.2008

Македонија во суштина веќе ја признала независноста на Косово, иако формално тоа се очекува да се прогласи наскоро. Ова е одговорот на косовскиот премиер Хашим Тачи на вчерашната изјава на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, кој рече дека тој, а не косовскиот премиер го знае датумот на признавање на ...

Мендух Тачи не сака да оди кај Хашим Тачи

Утрински - 20.03.2008

Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу и премиерот Хашим Тачи ги поканија лидерите на ДУИ, ДПА, ПДП и на ДУА денеска да ја посетат Приштина, како што стои во поканата, на средба со челниците на косовските институции. Поканата до Али Ахмети, Мендух Тачи, Абдулади Вејсели и Бардуљ Махмути најверојатно ...

Груевски бара поддршка за отфрлање на предлозите за името

Утрински - 20.03.2008

Од средбите на премиерот со лидерите на партиите се' уште не можат да се видат пукнатини во македонскиот државен став Соња Крамарска САД се за брзо решение за името САД им сугерираат на политичките лидери во Македонија да поддржат брзо изнаоѓање заемно прифатливо решение за името.

Тачи повторно му се налути на Тачи

Време - 20.03.2008

ДПА - КОСОВО Лидерот на ДПА Мендух Тачи повторно се скара со премиерот на Косово Хашим Тачи за неговите ставови што се однесуваат на Македонија, посебно за изјавата дека знаел кога Македонија ќе го признае Косово. Тачи рече дека му е познат датумот кога Македонија ќе го признае Косово, но не и на ...

Тачи и Ахмети на кафе кај Миловановиќ

Време - 20.03.2008

Американската амбасадорка во Скопје, Џилиен Миловановиќ, вчера ги повика на одделни разговори лидерите на ДПА и на ДУИ, Мендух Тачи и Али Ахмети. До затворањето на весникот немаше детали од средбата, но неофицијално дознавме дека Американците од овие две партии се обидуваат да издејствуваат ...

Тачи навестува смирување на тензиите во Владата

Утрински - 20.03.2008

Според лидерот на ДПА, вицепремиерот Имер Алиу имал „инцидент-изјава“ Дали Имер Алиу ќе биде единствената жртва од проектот да се напушти или не владата на Никола Груевски Светлана Унковска По интензивните средби на лидерот на ДПА што вчера се одвиваа на релација Влада - американска амбасада Мендух ...

ДУИ: Македонија требаше вчера да го признае Косово

Канал5 - 20.03.2008

ДУИ соопшти дека Македонија требало вчера да ја признае независноста на Косово, но дека поради отсуството на министрите од ДПА тоа не се случило. ДУИ соопшти дека Македонија требало вчера да ја признае независноста на Косово, но дека поради отсуството на министрите од ДПА тоа не се случило.

Али Ахмети на средба со косовскиот државен врв

Канал5 - 20.03.2008

Косовските власти очекуваат Македонија многу брзо да објави дека ја признава независноста на Косово – пораката беше испратена по денешната средба во Приштина на косовската тројка – претседателот Сејдиу, премиерот Тачи и спикерот Красничи со партиската делегација на ДУИ предводена од лидерот Али ...

Брзо ќе го признаеме Косово

Дневник - 20.03.2008

Македонија многу брзо ќе го признае Косово, а веќе денеска или утре ќе се сретнат комисиите и ќе почне да се решава проблемот со обележувањето на границата, изјави вчера лидерот на ДПА Мендух Тачи, по вчерашната средба со премиерот Никола Груевски.

Прашање на денови е кога Македонија ќе го признае Косово

Вечер Прес - 20.03.2008

Властите во Македонија и пред прогласувањето на независноста имаа конструктивен став дека ќе го признаат Косово и ќе делуваат заедно со меѓународните партнери. Мислам дека таа линија треба да ја следат, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети Лидерите на ДПА и ДУИ, Мендух Тачи и Али Ахмети, по средбите со ...

Македонија наскоро ќе го признае Косово

А1 - 19.03.2008

Не е проблем дали македонската влада ќе ја признае независноста на Косово. Сега копјата почнаа да се кршат околу тоа, под чија заслуга ќе се случи признавањето. Косовскиот премиер Тачи пред некој ден изјави дека го знае датумот кога тоа ќе се случи. Го демантираше лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Груевски се сретна со Тачи, Шеќеринска и Ахмети

А1 - 19.03.2008

Груевски на поединечни средби ги свика лидерите на големата партиска четворка за да им ги соопшти последните предлози на преговарачот во македонско-грчкиот спор, Метју Нимиц. Според лидерот на ДПА, Мендух Тачи, тоа се стари предлози, кои Македонија веќе ги одбила.

Груевски и Тачи ги смируваат тензиите

Канал5 - 19.03.2008

Вакви сугестии денеска испратиле и од американската амбасада - Владата да функционира во полн капацитет – иако министрите на ДПА и денеска не се појавија на работа во Владата, претседателот на ДПА предност најавува дека ќе му даде на дијалогот.

Тачи условува со Косово и со хашките случаи

Дневник - 19.03.2008

Можно е за двете барања да се постигне договор до 2 април, по што ДПА би се вратила во Владата Признавањето на Косово и непроцесуирањето на хашките случаи се две од шесте барања на ДПА, за кои е можно да бидат начелно договорени до самитот на НАТО помеѓу лидерот Мендух Тачи и премиерот Никола ...

Средба на премиерот Груевски со лидерот на ДПА Тачи за новите предлози на Нимиц

Канал5 - 19.03.2008

Во Владата на Република Македонија во тек е средбата на премиерот Никола Груевски со лидерот на ДПА Мендух Тачи на која ќе го соопшти владиниот став во врска со новите предлози на посредникот на ОН во спорот за името со Грција Метју Нимиц.

Бојкот нема, но нема ни министри

Време - 19.03.2008

МАЛЦИНСКАТА ВЛАДА ОДРЖА СЕДНИЦА Ана Велјановска Министрите и заменик-министрите на ДПА вчера не се појавија на своите работни места иако нивниот лидер Мендух Тачи најави дека партијата нема да ја бојкотира работата на Владата.

Тачи смирува, а министрите и натаму го бојкотираат Груевски

Утрински - 19.03.2008

Фотелјите на министрите од ДПА повторно останаа празни Светлана Унковска Министрите и функционерите на ДПА вчера не се појавија во Владата, само ден по изјавата на Мендух Тачи дека потегот на вицепремиерот Имер Алиу за повлекување на функционерите од вториот и од третиот ешалон го презел на ...

Време е за покрупни игри

Утрински - 19.03.2008

ЕДИТОРИЈАЛ Соња Крамарска Војводата Тачи се надмина себеси. Минатата седмица излезе од Владата, завчера пак како да влезе, а вчера повторно го снема. Простете, но не сме во состојба да кажеме дали тој денеска е партнер во Владата. Можеби е, а можеби не е.

Груевски: Со закани можете да се елиминирате од политиката

Вечер Прес - 19.03.2008

И покрај најавата за продолжување на дијалогот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДПА, вчера, министрите од партијата на Тачи повторно не присуствуваа на владината седница. Третиот партнер во коалицијата НСДП е разочаран бидејќи е исклучени од случувањата Премиерот Никола Груевски и лидерот на ДПА Мендух Тачи ја ...

Министрите од ДПА не одат на работа, но нема ни оставки

Време - 18.03.2008

МАЛЦИНСКАТА ВЛАДА ПОЛУПРАЗНА Ана Велјановска Министрите и заменик-министрите од ДПА вчера не беа на своите работни места, додека пратениците и директорите кои беа поставени по партиска линија се уште чекаат инструкции од централата во Тетово.

Министри на ДПА не дојдоа на владина седница

Канал5 - 18.03.2008

Денешната владина седница се одржа без министрите на ДПА. На оваа празна фотелја до претседателот на Владата вообичаено седеше вицепремиерот за спроведување на рамковниот договор Имер Алиу. Останатите празни места на министрите на ДПА беа пополнети со заменици-министри од другите партии од власта.

Косово има потврда дека Македонија ќе го признае

Дневник - 18.03.2008

Има добра волја од Македонија за признавање на Косово, потврдено ни е и кога ќе се донесе оваа одлука, изјавил косовскиот премиер Хашим Тачи во интервју за телевизијата „Алсат-М“. Македонската влада тврди дека не го сменила својот став - обележување на границата пред каква било одлука за признавање.

Министрите на Тачи не доаѓаат на работа

Вест - 18.03.2008

ДПА ЈА ОСТВАРИ ЗАКАНАТА ДЕКА ЌЕ ГО БОЈКОТИРА ПРЕМИЕРОТ Министрите и заменици-министрите од редовите на ДПА вчера ја остварија заканата дека нема да соработуваат повеќе со премиерот Никола Груевски. Ниту еден од функционерите на ДПА не присуствуваше на вчерашната владина седница и покрај тоа што таа ...

Многу неодговорени прашања за чекорот на ДПА

Утрински - 18.03.2008

ДУИ е во константно водство во однос на ДПА, што е уште една причина за вознемиреност на Тачи Светлана Унковска Жаклина Ѓорѓевиќ Излегувањето на Демократската партија на Албанците (ДПА) од Владата, освен што ја потресе домашната и регионалната јавност, остави зад себе многу неодговорени прашања за ...

Тачи по средбата со британскиот амбасадор

Канал5 - 18.03.2008

По средбата со британскиот амбасадор лидерот на ДПА Мендух Тачи изјави дека вицепремиерот Имер Алиу вчерашниот потег за повлекување на министрите и функционерите на ДПА од вториот и третиот ешалон го презел на сопствена рака.

Мендух Тачи се враќа кај Никола Груевски

Дневник - 18.03.2008

Лидерот на ДПА ќе бара одговорност од вицепремиерот Имер Алиу за неговиот апел партиските функционери да ги напуштат институциите со кои раководи Груевски Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, вчера со премиерот Никола Груевски разговараше за исполнување на неговите шест барања, како услов за да се врати во ...

Хашим Тачи: Го знаеме денот кога Македонија ќе го признае Косово

Вечер Прес - 18.03.2008

Владата не го менува својот став во врска со признавањето на независноста на Косово. Ќе се раководиме според националните и државните интереси, вели портпаролот на Владата, Ивица Боцевски, во врска со изјавата на косовскиот премиер Хашим Тачи дека властите во Приштина, од македонска страна веќе ...

Тачи одбра преговори наместо уцени?!

Вечер Прес - 18.03.2008

Груевски му одговорил на Тачи дека како и со другите партии, подготвен е да разговара и со ДПА, но не под уцени. Мендух Тачи се огради од радикалните изјави на Имер Алиу кој пред два дена изјави дека никогаш повеќе нема да работи со Груевски и дека Косово му е поважно од Македонија Премиерот Никола ...

Тачи: Алиу избрза со повикот

А1 - 17.03.2008

Вицепремиерот Имер Алиу избрзал со повикот за бојкот на владините институции, изјави попладнево по средбата со британскиот амбасадор лидерот на ДПА, Мендух Тачи, кој потврди дека по враќањето од Албанија денеска побарал и се сретнал со Груевски, во обид да се договорат околу, како што вели, ...

Хашим Тачи: Македонија наскоро ќе го признае Косово

А1 - 17.03.2008

Македонија наскоро ќе го признае Косово, изјави денеска во интервју за Алсат косовскиот премиер Хашим Тачи. Односите меѓу Приштина и Скопје се одлични, односи на почитување и добрососедство. Што се однесува до признавањето на независноста на Косово, има добра волја од Македонија, има висока ...

Во Владата се одржа средба меѓу премиерот Груевски и лидерот на ДПА Тачи

Канал5 - 17.03.2008

Во Владата на Република Македонија беше одржана средба помеѓу премиерот Никола Груевски и господинот Мендух Тачи, на барање на господинот Тачи. На средбата тој побара да се дискутира за шесте барање на ДПА. Се разбира, премиерот Груевски досега никогаш не одбил разговор на која било тема и за кое ...

ДПА министри не одат на работа

Канал5 - 17.03.2008

Министрите од ДПА денеска не биле на работа. Нивниот пример го следеле и замениците - министри од партијата на Тачи. Ова е реализирање на вчерашниот повик на вицепремиерот Имер Алиу - албанските функционери од нивните редови повеќе да не работат во институциите што ги води Никола Груевски.

Не попуштам пред уцените на Тачи

Време - 17.03.2008

ИНТЕРВЈУ НА ПРЕМИЕРОТ НИКОЛА ГРУЕВСКИ ЗА МИА Премиерот Никола Груевски смета дека ДПА со својот потег да ја напушти Владата само врши уцена, која Владата нема да ја прифати. Во исто време, во интервју за државната агенција МИА, Груевски тврди дека чекорот на ДПА драстично ја ослабува позицијата на ...

Министрите од ДПА му откажаа послушност на премиерот

Вест - 17.03.2008

ПРОБЛЕМИ ВО МАЛЦИНСКАТА ВЛАДА Премиерот Никола Груевски вели дека од ДПА можат да зборуваат што сакаат, но тој нема да се занимава со нив туку ќе работи Македонија да добие покана за НАТО Министрите од ДПА вчера соопштија дека му откажуваат послушност на премиерот Никола Груевски поради неговото ...

Сите Албанци да го бојкотираат премиерот!

Време - 17.03.2008

ПОВИК ОД МИНИСТРИТЕ ОД ДПА Албанците што работат во државните институции да не учествуваат во работата на премиерот Никола Груевски, побараа министрите од ДПА на вчерашната прес-конференција што се одржа во Владата. Повод за тоа барање е интервјуто на премиерот за МИА.

Малцинската влада на Груевски ставена пред испит

Утрински - 17.03.2008

Вицепремиерот Имер Алиу ги повика сите Албанци да не учествуваат во институциите Билјана Јовановска Малцинската влада што треба да функционира до Самитот на НАТО во почетокот на април вчера не го помина првиот тест. Договорот кој во петокот премиерот Никола Груевски го постигна со лидерите на двете ...

ДПА ја напушта и малцинската влада

Дневник - 17.03.2008

Вицепремиерот Имер Алиу ги повика Албанците да ги напуштат сите институции со кои раководи премиерот Никола Груевски Малцинската влада што ќе раководи до самитот на НАТО на 2 април ќе работи без функционерите на ДПА бидејќи партијата вчера ги повика Албанците да ја напуштат.

Косовска дестабилизација на Македонија

Вечер Прес - 17.03.2008

ДПА вчера преку вицепремиерот Имер Алиу повика на бојкот на институциите под раководство на Премиерот Никола Груевски. Очигледно длабоко погоден од претходните изјави на Груевски дека ДПА со излегувањето од владината коалиција докажала дека работи за туѓи интереси, Алиу рече дека не може да се ...

Авганистан

Вечер Прес - 17.03.2008

Кога комшија ти е Авганистан, не можеш да бидеш ништо друго освен Пакистан или Таџикистан Дали Мендух Тачи постапи исправно со одлуката да ја напушти Владата? Господ знае. Еднаш изгледа дека тоа е негова грешка. Другпат, кога ќе погледне човек од друга страна, и не е грешка.