TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Несудениот скопски муфтија синоќа претепан

А1 - 03.07.2005

Таџедин Беслими, несудениот скопски муфтија, синоќа е претепан. Петмина вооружени во Кондово со автомобил му го попречиле патот на голфот, со кој се враќал од свадба во Свиларе. Тројца напаѓачи биле во униформи, а од страна налетале уште 9-мина. Со Беслими биле и 4-ца имами.

НАТЕПАНИ ПЕТМИНА ИМАМИ

Канал5 - 03.07.2005

Сагата за Кондово продолжува со синоќешното тепање на петтемина имами, меѓу кои и несудениот скопски муфтија Таџедин Беслими. Имамите околу 23 часот и 30 минути се враќале од свадба во соседното Свиларе и биле нападнати во близина на некогашната зграда на кондовската општина.

Имамите побараа помош од верниците

Утрински - 02.07.2005

По девет деноноќија поминати во кабинетот на поглаварот на ИВЗ За вчера доцна попладне беше најавена средба на имамите со муфтиите за да се изнајде излез од едногодишното безвластие во Заедницата; од вчерашниот прес Билјана Јовановска Од средбата на Координативното тело на скопските имами кои се во ...

Верниците треба да решат кој ќе раководи со ИВЗ

Дневник - 02.07.2005

ПРЕДЛОЗИ ЗА РАСПЛЕТ Верниците треба да решат во чии раце ќе се најде Исламската верска заедница, по оставката на поглаварот, реисот Ариф Емини, порачаа вчера имамите, кои веќе една недела се во просториите на оваа верска заедница.

ИМАМИ СИ ОТИДОА ОД ИВЗ

Канал5 - 02.07.2005

Побунетите скопски имами вчеравечер ја напуштија зградата на Исламската верска заедница по петдневен престој таму. Вчера попладне имале средба со дел од муфтиите, но не добиле поддршка за нивниот предлог – да се формираат привремени тела на заедницата до изборот на нов скопски муфтија и на нов ...

Кому да ја оставиме ИВЗ?

Вечер Прес - 02.07.2005

“Кому да ја оставиме ИВЗ”, прашуваат побунетите скопски имами, кои веќе десет дена во знак на протест не изглегуваат од просториите на заедницата. Тие бараат поддршка за фер избор на скопски муфтија, но и за нов поглавар, откако завчеравечер реисот Ариф Емини си поднесе неотповиклива оставка.

Скопските имами го напуштија кабинетот на првиот човек на ИВЗ

А1 - 01.07.2005

Вечерва по 9 дена имамите го напуштија кабинетот на првиот човек на ИВЗ, откако досегашниот Реис Емини поднесе оставка. Нема решение на кризата. „За жал, се договоривме со муфтиите на ИВЗ никогаш да не се договориме. Како Координативно тело на скопските имами, одлучивме да го напуштиме кабинетот на ...

Нема кој да раководи со ИВЗ

А1 - 01.07.2005

Кому да ја оставиме Исламската заедница, ги прашаа денеска скопските имами верниците. По заминувањето на Реисот Ариф Емини, велат, нема кој да раководи со ИВЗ. Нема поглавар, негов заменик, ниту генерален секретар. Неодамна оставка поднесе и претседателот на Собранието на ИВЗ, Метин Изети.

Поглаварот Ариф Емини поднесе оставка

Време - 01.07.2005

ИСЛАМСКА ВЕРСКА ЗАЕДНИЦА Поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија, реис ул улема Ариф Емини, поднел неотповиклива оставка. Во завчерашното соопштение тој образложува дека оставката е од здравствени причини и поради неможност да ја извршува функцијата.

Реисот Емини поднесе оставка

Утрински - 01.07.2005

Исламската верска заедница, по едногодишно безвластие, тоне во сў подлабока криза Поглаварот Емини изјавил дека Јакуп Селимовски подготвува уште поголем хаос, тврди имамот Муамер Вејсели Билјана Јовановска По едномесечен молк, реис-ул-улемата хаџи Ариф Емини преку соопштение се огласи за да ја ...

Поглаварот поднесе оставка

Дневник - 01.07.2005

КРИЗАТА ВО ИВЗ ЕСКАЛИРА Поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија реис ул Улема Ариф Емини вчера поднесе неотповиклива оставка. Во соопштението испратено прексиноќа до медиумите поглаварот Емини посочил дека оставката ја поднесува од "здравствени причини и неможност да ја ...

Имамите без решение

Канал5 - 01.07.2005

Скопските имами немаат решение за излез од кризата на исламската заедница.Тие петти ден се во зградата на заедницата,збунети по вчерашната оставката на нивниот поглавар Ариф Емини, без подршка од муфтиите. Нема промени во ставовите на пратениците од власта и од опозицијата во врска со употребата на ...

Ариф Емини не издржа

Вечер Прес - 01.07.2005

Поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул Улема Ариф Емини поднесе неотповиклива оставка поради, како што наведува во соопштението до медиумите, здравствени причини и неможност да ја извршува функцијата. "Иако се обидов, не најдов поддршка за надминување на создадената состојба во ...

Поглаварот на ИВЗ поднесе оставка

А1 - 30.06.2005

Првиот човек на Исламската заедница Ариф Емини, си поднесе оставка. Повеќе не можел да ја извршува функцијата поради проблеми со здравјето. Признава дека немал поддршка за надминување на кризата во ИВЗ, но не и дека си оди поради закани и притисоци.

ДПА: Случувањата во ИВЗ се ујдурма на Али Ахмети

Време - 30.06.2005

ИМАМИТЕ СЕ УШТЕ ГО ЧЕКААТ РЕИСОТ Политичките партии на Албанците нема да посредуваат за да се решат проблемите во Исламската верска заедница, изјавија вчера портпаролите на ДУИ и на ДПА. Ариф Емини, поглаварот на заедницата, ги повикал партиите да помогнат да се надмине ситуацијата, но тие зазедоа ...

Муфтиите го разгледуваат предлогот на имамите

Утрински - 30.06.2005

Исламска верска заедница Муфтиите на Исламската верска заедница го потрошија речиси целиот вчерашен ден расправајќи околу предлогот на скопските имами да се формира привремено тело кое ќе раководи со ИВЗ, а во кое директно ќе бидат вклучени и тие како единствени легитимно избрани претставници на ...

Партиите го одбија реисот

Дневник - 30.06.2005

ПРОБЛЕМИТЕ ВО ИВЗ БЕЗ РЕШЕНИЕ ДУИ и ДПА вчера ја одбија идејата на поглаварот на ИВЗ, реис ул улема Ариф Емини, лидерите на политичките партии на Албанците да помогнат во решавањето на проблемите во оваа верска заедница. ПДП, иако не сака да се меша во работите на ИВЗ, сепак е подготвена да ...

Реисот се моли на погрешна адреса

Дневник - 30.06.2005

Бранко ЃорЃевски Реисот во егзил Ариф Емини заклучил дека само средба со лидерите на партиите на Албанците може да ги спречи упадите на вооружени групи во неговиот кабинет и на седниците на Собранието на Исламската верска заедница.

Емини поднесе оставка

Канал5 - 30.06.2005

Поглаварот на исламската заедница Ариф Емини поднесе оставка. Тој во краткото писмено објаснување вели дека си оди од функцијата оти по последните настани бил оневозможен да ја врши функцијата. Емини во оставката вели дека не добил поддршка во надминувањето на создадената состојба во исламската ...

Тајна средба на дел од муфтиите во Маврово

А1 - 29.06.2005

Тајна средба на дел од муфтиите во Маврово. Ја разгледуваат идејата на скопските имами да се формира привремено раководство, кое ќе ја води ИВЗ и ќе ги распише изборите за нов скопски муфтија. Имамите сметаат дека со нивниот план ИВЗ ќе излезе од ќорсокакот и дека конечно ќе почне да функционира.

Терористи ќе го нападнат седиштето на ИВЗ

Време - 29.06.2005

ПОБУНЕТИТЕ ИМАМИ ПРЕДУПРЕДУВААТ Терористичката група што на 18 јуни го нападна Собранието на Исламската верска заедница во Кондово веќе одлучила да ги нападне и имамите што речиси една недела штрајкуваат во просториите на ИВЗ кај Бит-пазар, се вели во писмото што побунетите имами го испратиле до ...

Имамите стравуваат од оружен преврат во ИВЗ

Утрински - 29.06.2005

Незадоволните имами најавуваат формирање привремен совет за спас на ИВЗ Незадоволните скопски имами најавија иницијатива за формирање привремен совет составен од муфтиите, кој ќе ја води Исламската верска заедница сў до решавање на проблемот во Скопското муфтивство, односно до изборот на нов ...

Имамите очекуваат напад на групата од Кондово

Дневник - 29.06.2005

БЛОКАДА ВО ИВЗ Имамите што веќе шест дена се во просториите на Исламската верска заедница добиле закана дека ќе бидат нападнати од истата група што со "калашникови" го растурила Собранието на ИВЗ. Ова на имамите им го кажал Абедин Гаши, кој бил повикан да учествува во подготовките за акцијата.

Проблемот на ИВЗ е проблем на целата држава

Вечер Прес - 29.06.2005

ИВЗ и понатаму останува затворена за вработените. И покрај обидите вработените да влезат внатре и да преговараат со незадоволните имами кои ги затворија вратите тоа не се случи. "Никој не може да преговара со нас. Не прифаќаме никакви предлози и преговори.

Скопските имами се плашат од напад врз седиштето на ИВЗ

А1 - 28.06.2005

Првиот човек на Исламската заедница Ариф Емини им ветил на скопските имами дека утре ќе се сретне со нив, за да ја решат кризата во муфтивството во Скопје. Откако не успеа сам, Емини на помош ги викнал и лидерите на ДУИ, ДПА и ПДП, Ахмети, Џафери и Весели, тврдат имамите кои шести ден се во ...

На ИВЗ и треба принудна управа

Време - 28.06.2005

СКОПСКИТЕ ИМАМИ НА ПРОТЕСТ Скопските имами, кои веќе петти ден штрајкуваат во кабинетот на поглаварот Ариф Емини, вчера го затворија седиштето на Исламската верска заедница на Бит-пазар и им забранија влез за сите вработени освен за реисот Емини.

ДУИ тврди дека нема да се меша во ИВЗ

Утрински - 28.06.2005

На повидок нема решение за проблемите во Исламската верска заедница БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Политички партии, тајни служби, остатоци од УДБА, криминалци и исламски фундаменталисти. Сите погоре спомнати имаат влијание врз случувањата во Исламската верска заедница доколку им се верува на лицата кои се ...

ИВЗ е клинички мртва

Дневник - 28.06.2005

КРИЗАТА ПРОДОЛЖУВА Исламска верска заедница е клинички мртва организација и само муфтиите сега имаат право да спроведат избори за новите раководни органи, изјави вчера Муамер Вејсели, лидер на имамите, кои го запоседнаа кабинетот на Поглаварот.

Скопските имами формираат тело што ќе ја води ИВЗ!?

Вечер Прес - 28.06.2005

Изборот на скопски муфтија е само предигра за изборот на нов поглавар на ИВЗ, тврдат извори за "Вечер". Редовните избори за прв човек на ИВЗ треба да се одржат во ноември, но незадоволните скопски имами, на кои им е преку глава од исчекување на изборот на нов скопски муфтија, најавуваат формирање ...

Влезот во ИВЗ е дозволен само за поглаварот Емини

А1 - 27.06.2005

Скопските имами ставија клуч на Исламската заедница. Изутрината не ги пуштија вработените да влезат на работните места. Влезот е дозволен само за првиот човек на ИВЗ Емини. Имамите петти ден го чекаат во неговиот кабинет. Упорни се, да им каже како ќе го реши двовластието во скопското муфтивство, ...

Исламската заедница од денеска под опсада

Време - 27.06.2005

ЗАКАНА ОД СКОПСКИТЕ ИМАМИ Скопските имами од денеска целосно ќе ја блокираат работата на Исламската верска заедница (ИВЗ). Тие најавија дека ќе формираат координативно тело што ќе раководи со ИВЗ, бидејќи реисот Ариф Емини не се појавува на работа по оружениот инцидент во Кондово од пред десет дена.

Незадоволните имами од денеска ги затвораат вратите на ИВЗ

Утрински - 27.06.2005

Имамите го обвинуваат пратеникот Рафиз Алити дека е предводник на исламскиот фундаментализам "Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Рафиз Алити, е еден од главните виновници за нефункционирањето на Исламската верска заедница.

Имамите ја преземаат Исламската заедница

Дневник - 27.06.2005

ПРОБЛЕМИТЕ КУЛМИНИРАА Планираме со заедницата во наредните месеци да раководи колективен орган, вели имамот Муарем Вејсели Имамите што веќе неколку дена се во кабинетот на поглаварот на Исламската верска заедница и чекаат да се сретнат со него, вчера најавија дека ќе формираат посебна група, која ...