TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Бучковски ги заборави неготинските лозари

А1 - 28.05.2006

Се уште нема ни денар исплатено од најавената помош на Бучковски, а неготинските лозари се жалат дека не можат да инвестираат во новата реколта. „Еве, дојде и другата реколта, нема пари да купиме нафта. Не ни е исплатено ништо.

Легализација на прислушувањето, компензација за злоупотребите

Утрински - 27.05.2006

Владо Бучковски вели дека СДСМ игра со отворени карти ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Законот за следење на комуникациите, со кој фактички ќе се легализира прислушувањето, влезе во заткулисните игри и пазарења за измените на Кривичниот законик кои се однесуваат на службената одговорност.

За киднапираните ќе се решава кога Хаг ќе го врати предметот

Време - 27.05.2006

ФОТО-РОБОТ НА ПРОСЕЧНИОТ ИЗБИРАЧСПОРЕД МИНИСТЕРОТ МИХАЈЛОВСКИ Случајот со дванаесетте киднапирани Македонци од 2001 година ќе се решава откако Хаг ќе го врати предметот во Македонија, изјави вчера Љубомир Михајловски, министер за внатрешни работи по средбата со роднините на киднапираните на која ...

Власта ги манипулира пензионерите

Време - 27.05.2006

ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ обвини дека премиерот Владо Бучковски ги манипулира пензионерите со хипотетички ветувања дека Владата ќе ги зголеми пензиите за 10 отсто, јавува МИА. Во партијата велат дека Владата нема капацитет да постигне економски раст од шест отсто, како што вчера најавил премиерот по ...

Премиерот без прецизен одговор, странците негодуваат

Време - 27.05.2006

КРИВИЧЕН ЗАКОН Да се стега обрачот околу функционерите и можноста тие да ги злоупотребат функциите, а не да се намалува нивната одговорност, и порачале странските дипломати на Владата. Таа, пак, според вчерашните изјави на премиерот Владо Бучковски, нема прецизен став за обновената процедура за ...

Бучковски: Секогаш на вистинскиот пат!

Утрински - 27.05.2006

БОРЦИ Непобитен факт е дека народноослободителното движење и антифашистичката војна се темелите на нашата држава од поновата историја. Факт е и дека сите оние илјадници луѓе кои се придружија на борбата против најголемото зло на човештвото - фашизмот, само го продолжија вековниот стремеж на ...

Михајловски: Не е време да се отвори случајот

Вест - 27.05.2006

РОДНИНИТЕ НА КИДНАПИРАНИТЕ ПАК ЈА СЛУШНАА ИСТАТА ПЕСНА ОД ВЛАДАТА Министерот за внатрешни работи на роднините им кажал дека уште чекаат предметот да се врати од Хаг и дека случајот сигурно ќе се реши или за пет или за десет години Случајот киднапираните Македонци во конфликтот во 2001 година ќе се ...

Бучковски ги манипулира пензионерите

Утрински - 27.05.2006

ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ оцени дека премиерот Владо Бучковски ги манипулира пензионерите со хипотетички ветувања за зголемување на пензиите од 10 отсто и дека Владата нема капацитет да постигне економски раст од шест отсто, како што изјави премиерот по средбата со Сојузот на пензионерите.

Кривичниот законик ќе го чека законот за прислушување

Дневник - 27.05.2006

Измените во Кривичниот законик не ги врзуваме со законот за следење на комуникациите и нема да правиме пазар, велат од ВМРО-ДПМНЕ Борбата против корупцијата ќе биде многу поуспешна ако се донесе законот за следење на комуникациите и затоа СДСМ се двоуми дали повторно да ги поддржи измените на ...

Бучковски доби двојка од студентите, Груевски од пензионерите

Време - 27.05.2006

СЕКОЈА ПАРТИЈА СО СВОИ НАВИВАЧИ Александра М. Митевска Сдсмовците утврдиле дека нивниот лидер Владо Бучковски постигнал своевиден рекорд со тоа што за два месеци посетил дури 97 места во четвртата изборна единица, каде што стигна да изигра и фудбал и баскет.

СРБИЈА КАКО НОКИА

Вест - 27.05.2006

ЕВТИНИ ПРИКАЗНИ - Биљана Секуловска СЕКОЈ МОДЕЛ СЕ ПОМАЛ И ПОМАЛ Премиерот Бучковски има широко срце, како планина. И добра душа, што на сите сака да им учини. Ете, дојде хрватскиот премиер Иво Санадер, побара Хрватите да станат малцинство во Уставот, и кај иде сега Бучко да го одбие? И како секој ...

Премиерот ги остави без надеж роднините на киднапираните

Дневник - 27.05.2006

Грешка ни е што почнавме да ја бараме правдата преку институциите бидејќи државата не функционира, велат роднините Роднините на Македонците киднапирани во војната во 2001година на вчерашната средба со премиерот Владо Бучковски и со министерот за внатрешни работи Љубомир Михајловски повторно не ...

Бучковски да не ги манипулира пензионерите

Дневник - 27.05.2006

Ветувањата на премиерот Владо Бучковски за зголемување на пензиите од 10 отсто се нереални и иронични, сметаат во ВМРО-ДПМНЕ. Тие велат дека фактот што зголемувањето на пензиите Бучковски го врзал со пораст на економијата од 6 отсто самиот за себе зборува дека ветувањето нема да се реализира зашто ...

За киднапираните ќе се решава по враќањето на хашките предмети

Утрински - 27.05.2006

„Случајот со 12-те киднапирани Македонци за време на конфликтот во 2001 година ќе се решава по враќањето на предметот од Хаг, а кога ќе биде тоа треба да соопштат Министерството за правда и Јавното обвинителство“, изјави министерот за внатрешни работи Љубомир Михајловски по вчерашната средба со ...

СДСМ се повлекува од Кривичниот законик?!

Вечер Прес - 27.05.2006

СДСМ се двоуми дали повторно да гласа за измените во Кривичниот законик, со кои според експертите, се бришат санкциите за злоупотреба на службената должност. "Партијата се двоуми зашто се јавија различни мислења, изјави вчера премиерот Владо Бучковски, по одлуката на претседателот Бранко ...

Бучковски се двоуми околу кривичниот законик

А1 - 26.05.2006

Не е извесно дали СДСМ ќе гласа по втор пат за измените во кривичниот законик. Партијата се двоуми зашто постојат различни мислења, изјави денеска нејзиниот лидер Владо Бучковски. „По дефиниција, кој прв ја води играта е во предност.

Решение за 12-те киднапирани по враќањето на предметот од Хаг

А1 - 26.05.2006

Бучковски и Џанго ги разочараа семејствата на 12-те киднапирани. Како и на сите средби и на оваа наместо одговори на нивните прашања, тие им нуделе празни ветувања. Премиерот и првиот полицаец се правдале со Хаг. Од таму зависело кога ќе се вратело досието за киднапираните.

Бучковски предизборно ветува пари за стопанството

А1 - 26.05.2006

Сто милиони евра за сто најдобри бизнис проекти секоја година. Бучковски предизборно ветува пари за стопанството, проекти за ефини кредити. „Македонија е држава која постојано говори за развој на малите и средни претпријатија. Сега е дојде вистинското време да се посвети внимание на нив.

Бучковски се пазари со кривичниот законик за сметка за законот за прислушување

Канал5 - 26.05.2006

Премиерот Бучковски јавно побара поддршка од опозициските партии за законот за прислушување. Тогаш, СДСМ веќе немало да се двоуми дали и вторпат позитивно да гласа за измените во кривичниот законик. Премиерот Бучковски јавно побара поддршка од опозициските партии за законот за прислушување.

Бучко вети 10 отсто повисоки пензии

Вест - 26.05.2006

ПРЕМИЕРОТ И ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЗАКЛУЧЕНИ СЕ ДОГОВАРАА Пензиите ќе се покачуваат слично како и при коригирањето на платите во државната администрација, преку декомпресија, и нивото од 10 проценти ќе биде достигнато по 18 до 24 месеци, изјави премиерот Бучковс Пензионерите вчера му побараа на премиерот ...

И со лицитација „Хилтон“ ќе го добие земјиштето

Утрински - 26.05.2006

Бучковски Без разлика на тоа што Министерството за транспорт и врски го дало на јавна лицитација земјиштето што му било ветено на „Хилтон“, за премиерот Владо Бучковски не менува ништо, зашто тој верува дека локацијата, сепак, ќе ја добие познатиот синџир хотели.

Роднините на киднапираните Македонци излегоа незадоволни од средба со Бучковски и Михајловски

Канал5 - 26.05.2006

Уште еднаш роднините на киднапираните Македонци излегоа незадоволни од средба со премиерот и министерот за внатрешни работи. Не го слушнале она што го сакале - дека случајот со 12 - мина грабнати ќе се врати од Хаг пред изборите.

Бучковски: СДСМ се двоуми дали повторно да гласа за измените во Кривичниот законик

Канал5 - 26.05.2006

Не е извесно дали СДСМ ќе гласа по втор пат за измените во Кривичниот законик. Партијата се двоуми зашто постојат различни мислења, изјави денеска нејзиниот лидер Владо Бучковски. Скопје, 26 мај (МИА) - Не е извесно дали СДСМ ќе гласа по втор пат за измените во Кривичниот законик.

Бучковски ветува поголеми пензии и бесплатни лекови

Утрински - 26.05.2006

Премиерот ги чести пензионерите со ослободување од поштарина ЈАСМИНА ЈОВАНОВСКА Пензиите ќе бидат ослободени од поштарина. Ова вчера предизборно им го ветил премиерот Владо Бучковски на пензионерите. Ослободувањето е извесно и би стартувало со јунската пензија, со што е поднесен амандман до ...

Бучковски: Верувам дека „Хилтон“ ќе гради во Скопје

Време - 26.05.2006

ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ Владата ќе ги продава државните парцели во Скопје транспарентно на јавна лицитација, а ќе се бараат стратегиски инвеститори кои под повластени услови би инвестирале во неурбанизираните подрачја, најави вчера премиерот Владо Бучковски.

Скандинавски пензии и пензионери

Дневник - 26.05.2006

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување соопшти дека има дефицит од 26 милиони евра. Министерот за труд Стевчо Јакимовски ги утеши пензионерите дека нема да биде доведена во прашање исплата на пензиите. Таман Фондот почна да распродава акции за да ја покрие финансиската дупка, премиерот ...

И Бучковски нема да ја враќа Митревска в затвор

Време - 26.05.2006

ОСУДЕНИЦИТЕ ОСТАНАА НА СЛОБОДА Владата не е инволвирана во замената на затворската казна со парична, изјави вчера премиерот Владо Бучковски, по најавите дека Владата ќе го решава проблемот со кој повеќе од еден месец не можат да се справат апелациските судови.

Фондот се празни, премиерот ветува повисоки пензии

Дневник - 26.05.2006

Бучковски предложи Сојузот на пензионери да испрати барања, кои Владата ќе се обврзе да ги оствари Премиерот вети покачување на пензиите речиси истовремено со предупредувањата од министрите дека дупката од 26 милиони евра во пензискиот фонд ќе се продлабочува.

Бучковски покровител

Дневник - 26.05.2006

Првиот човек на Владата на Република Македонија, Владо Бучковски, ќе биде покровител на турнирот во борење слободен стил Македонски бисер, кој годинава ќе со одржи во Скопје, од 2 до 4 јуни. Ова е јубилеен 30. турнир Македонски бисер.

Пензиите ќе се зголемат за10 отсто во наредните две години

Време - 26.05.2006

ПРЕДИЗБОРНИ ВЕТУВАЊА НА БУЧКОВСКИ Зголемување на пензиите за 10 отсто во наредните две години и ослободување од плаќањето надомест за достава на пензиите од Македонски пошти. Ова на Сојузот на здружението на пензионерите им го вети премиерот Владо Бучковски на вчерашната средба во просториите на ...

Хилтон ќе плати милион евра за локацијата

Вечер Прес - 26.05.2006

"Хилтон" е подготвен да плати еден милион евра и на лицитација да го добие државното земјиште од 15.000 квадратни метри под скопското Кале. Ова вчера го најави премиерот Владо Бучковски. Бучковски верува дека американскиот ланец на хотели "Хилтон" ќе ја добие лицитацијата, бидејќи во неформален ...

„Хилтон“ ќе гради хотел само ако победи на лицитација

А1 - 25.05.2006

Власта навива за „Хилтон“, ама потклекна пред домашните хотелиерски олигарси. Американците ќе градат хотел во Скопје само ако победат на лицитација. Бучковски јавно проговори за предизборниот инвестициски џокер. Убеден е дека „Хилтон“ нема да се откаже од намерата да изгради хотел крај кејот на ...

Бучковски не сака да ја врати Митровска во затвор

А1 - 25.05.2006

Бучковски не сака тој да биде иницијаторот за враќање на Татјана Митровска во затвор. Сега и Владата се прогласи за ненадлежна за спроведување на одлуките на Уставниот суд. „Никако Владата не е инволвирана во тоа“, изјави Владо Бучковски, премиер.

Бучковски вети поголеми пензии

А1 - 25.05.2006

10% поголеми пензии им вети лично Премиерот на пензионерите, ама не сега, туку кога економијата годишно ќе растела со над 6%. Економскиот раст веќе подолго време под менторство на ММФ е позициониран на 4%. Пензиите ќе растат постепено, не одеднаш за 10%, туку во период од година и пол до две ...

Мехази го минираше проектот со „Хилтон“

А1 - 24.05.2006

Стоп за „Хилтон“. Министерот Мехази го минираше предизборниот инвестиционен адут, еден од последните за кој се фати Бучковски - покрај кејот на Вардар да го донесе американскиот хотелиерски гигант. Меморандумот за соработка со кој Премиерот ги повика менаџерите на „Хилтон“ и им ја понуди токму оваа ...

ДУИ: Бучковски избрза со ветувањето на Санадер

Утрински - 24.05.2006

ГАРАНЦИИ Прво треба да се види кој ќе победи на изборите ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Третиот владин коалициски партнер Демократската унија за интеграции ќе ја игнорира најавата на премиерот и лидер на СДСМ, Владо Бучковски, дека Хрватите по изборите ќе влезат во Уставот.

Да се почитуваат стандардите за квалитетна храна

Утрински - 24.05.2006

Бучковски СВЕТИ НИКОЛЕ - „Почитувањето на европските стандарди за здрава и квалитетна храна се императив за секој домашен производител, без разлика дали тој своите производи ќе им ги понуди на граѓаните во Република Македонија или на оние од Европа.

Ќе се распределува државна земја

Дневник - 24.05.2006

Премиерот Владо Бучковски најави дека наскоро ќе се уреди начинот за користење државно земјоделско земјиште, јави МИА. - Тоа ќе биде многу важно за конечно да се реши едно исклучително важно прашање за егзистенцијата на Овче Поле и на други региони. Од тоа ќе има двојна корист.

Ќе се дели државно земјоделско земјиште

Вечер Прес - 24.05.2006

Владата наскоро ќе дели државно земјоделско земјиште во Свети Николе. Премиерот Владо Бучковски вчера во Свети Николе изјави дека е многу важно конечно да се реши проблемот со распределбата на земјиштето во Овчеполието. - Од распределбата, државата ќе има двојна корист.

По изборите Хрватите ќе влезат во Уставот

Време - 23.05.2006

САНАДЕР И БУЧКОВСКИ СЕ ДОГОВОРИЈА Ќе се менува преамбулата на македонскиот Устав по изборите, за во него да се внесат Хрватите во земјава и со тоа тие да имаат ист статус како и Македонците во Хрватска. Ова го договориле премиерите на Македонија и Хрватска Владо Бучковски и Иво Санадер вчера на ...

Од кои пари Бучковски ќе ги зголеми пензиите?

Време - 23.05.2006

ЕКСПЕРТИТЕ ЗБУНЕТИ ОД ВЕТУВАЊАТА НА ПРЕМИЕРОТ Како нереално ветување и предизборен маркетинг ја оценуваат економските експерти изјавата на премиерот Владо Бучковски, според кого во наредните неколку години пензиите ќе се зголемат за 10 отсто.

Хрватска ќе даде гаранции ако Љубе го вратат во Македонија

Време - 23.05.2006

САНАДЕР ПРЕСЕЧЕ Хрватската влада ќе даде гаранции за Љубе Бошковски да се брани од слобода, но под услов по привременото пуштање од Хаг тој да се врати во Македонија. Ова вчера во Скопје го соопшти хрватскиот премиер Иво Санадер, а неговиот македонски колега позицијата на Хрватска ја оцени како ...

Тие од ВМРО-ДПМНЕ се арамии, ние од СДСМ сме домаќини

Време - 23.05.2006

БУЧКОВСКИ ВО САМОКОВ Носител во првата изборна единица ќе биде претседателот на СДСМ Владо Бучковски, најави тој самиот завчера за време на престојот во Македонски Брод и Самоков. Лидерот на социјалдемократите нагласи дека на 28 мај во Куманово ќе се одржи Конвенцијата на коалицијата „За Македонија ...

Сончаница

Време - 23.05.2006

Премиерот Бучковски за помалку од еден месец рафално испали десетина евтини приказни за побогата Македонија. Занесен од предизборната еуфорија, кога во име на сценскиот настап пред гласачите се форсираат ораторските способности на сметка на реалните можности, Бучковски машки се реши на лет до ...

Македонско-хрватски деловен клуб за поголема соработка

Дневник - 23.05.2006

Во Стопанската комора вчера беше формиран Македонско-хрватски деловен клуб, кој треба да придонесе за решавање на проблемите во стопанската соработка помеѓу двете земји. На основањето на клубот присуствуваа премиерите на двете земји Владо Бучковски и Иво Санадер, јави МИА.

Хрватска ќе гарантира за Бошковски

Дневник - 23.05.2006

Хрватската влада ќе гарантира пред Хашкиот суд Љубе Бошковски да се брани од слобода само ако тој биде пуштен на територијата на Македонија. Ова вчера му го ветил хрватскиот премиер Иво Санадер на македонски колега Владо Бучковски во Скопје.

Роднините издејствуваа прием кај премиерот

Дневник - 23.05.2006

Роднините на Македонците киднапирани во војната во 2001 год, издејствуваа ветување од премиерот Бучковски дека ќе ги прими в петок Роднините на Македонците киднапирани во војната во 2001 година, кои вчера чекаа пред Владата, издејствуваа ветување од премиерот Владо Бучковски дека ќе ги прими в ...

Бучковски го повика Белград да се отрезни по референдумот

Утрински - 23.05.2006

Хрватска ќе даде гаранции за Бошкоски, но не сака да замине таму Слободанка Јовановска Хрватска не го сака Љубе Бошковски на своја територија - е пораката на премиерот Иво Санадер вчера од Скопје, кој најави гаранции од Загреб до Хаг за привремено ослободување на ексминистерот, но со тактичка ...

Формиран Македонско-хрватски деловен клуб

Утрински - 23.05.2006

Во Стопанската комора Македонско-хрватската економска соработка во иднина ќе се интензивира преку Македонско-хрватскиот деловен клуб, кој вчера и официјално профункционира во Стопанската комора на Македонија. За унапредување на соработката, според премиерите на двете земји, Владо Бучковски и Иво ...

Црвенковски и Бучковски им честитаа на црногорските колеги

Утрински - 23.05.2006

ТЕЛЕГРАМИ Претседателот Бранко Црвенковски, по повод референдумското изјаснување за независност на Црна Гора, упати честитка до црногорскиот претседател Филип Вујановиќ, во која го поздрави успешниот исход од изјаснувањето. „Тоа претставува реализација и потврда на историските аспирации на Вашиот ...

И Хрватите сакаат во Уставот

Вест - 23.05.2006

ХРВАТСКИОТ ПРЕМИЕР ИВО САНАДЕР НА ГОСТИ ВО МАКЕДОНИЈА Хрватскиот премиер Иво Санадер вчера во Скопје побара хрватската етничка заедница во Македонија и официјално да добие статус на малцинство во македонскиот Устав. Оваа своја идеја ја соопшти на заедничката прес-конференција со македонскиот ...

Референдумот треба да го отрезни Белград

Дневник - 23.05.2006

Демократски изразената волја на црногорскиот народ ќе придонесе за стабилизација на регионот и таа мора да се почитува, изјавија вчера Санадер и Бучковски по референдумот во Црна Гора. - Јас вчера околу 1.30 часот разговарав со премиерот Мило Ѓукановиќ и ја поздравив волјата на граѓаните.

Бучковски и Груевски со боксови се трескаат од земиа

Утрински - 23.05.2006

Премиерот и неговиот противкандидат се вратииа на изборната реторика од пред 15 години Соња Крамарска Бучковски го кани Груевски на ТВ-дуел и вели дека ако треба, ќе тренира и бокс за да се одржи дуелот. Груевски возвраќа дека Бучковски три и пол години тренира економија, но без успех и му посакува ...

Условени гаранции за брат Љубе

Вечер Прес - 23.05.2006

Хрватска ќе гарантира во Хаг за екс-министерот Љубе Бошковски, но само доколку тој биде пуштен на привремена слобода во Македонија, изјави вчера хрватскиот премиер Иво Санадер. "Македонската влада издаде гаранции, а ние може да помогнеме само со некаква когаранција, но под услов Бошковски да биде ...

Заврши проектот Југославија

Вечер Прес - 23.05.2006

- Дефинитивно во неделата бевме сведоци на завршувањето на проектот Југославија, кој започна во 1918 година. Ова беше последната фаза на десолуцијата на поранешната држава. Се надевам дека ова ќе делува отрезнувачки кај властите во Белград и тие побрзо ќе фатат приклучок со другите земји од ...

Од први јули ќе не преплават хрватски производи

Вечер Прес - 23.05.2006

Од први јули годинава трговската размена со Хрватска ќе се либерализира и хрватските производи ќе добијат третман на домашни. Ова го најави премиерот Владо Бучковски на основачката седница на македонско-хрватскиот деловен клуб, што се формира вчера во Стопанската комора.

Средба на Санадер и Бучковски во Скопје

А1 - 22.05.2006

24 часа потоа и иако конечните резултати за референдумот на Црна Гора не се готови, македонскиот и хрватскиот премиер не го криеја воодушевувањето, праќајќи и јасна порака на Србија како гледаат на нејзината политика. „Ние сметаме дека демократската одлука на црногорските бирачи е придонес кон ...

Семејствата на киднапираните в петок на средба со Бучковски

А1 - 22.05.2006

Упорни да ја дознаат вистината, семејствата на киднапираните уште еднаш дојдоа кај Премиерот. Чекаа надвор да заврши средбата со хрватскиот Премиер. Бучковски го видоа на поминување. Им кажа да дојдат во петок напладне. Тоа и ги натера пак да заминат за Тетово, иако претходно беа решени овојпат да ...

Ќе се менува Уставот- Санадер побара Бучковски вети- Хрватите ќе влезат во преамбулата

Канал5 - 22.05.2006

Иво Санадер имаше добра вест за Хрватите во Македонија кога денеска се сретна со нив во скопје.. Ќе бидат вбројани во преамбулата на македонскиот устав. Тоа го побарал од Бучковски, кој дал начелна поддршка за идејата. Иво Санадер имаше добра вест за Хрватите во Македонија кога денеска се сретна со ...

Бучковски и Груевски се бркаат низ Македонија

Утрински - 22.05.2006

ОХРИД - Премиерот и лидер на владејачката СДСМ, Владо Бучковски, и лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ја вжештуваат предизборната атмосфера. Во саботата во Охрид разменија неколку политички удари.

Санадер не е расположен за гаранции

Време - 22.05.2006

Хрватскиот премиер Иво Санадер денеска доаѓа во еднодневна посета на Македонија, а според неофицијални информации хрватската влада не е подготвена да даде гаранции пред хашкиот трибунал за Љубе Бошковски да може да се брани од слобода.

Бучковски вети пензии поголеми за 10 отсто

Дневник - 22.05.2006

Лидерот на СДСМ најави и нов проект „Здравствена заштита за сите “ Пензии поголеми за 10 отсто, лекови без партиципација за пензионерите и бесплатно доставување на пензиите од „Македонски пошти“, вети лидерот на СДСМ Владо Бучковски, на завчерашната трибина во Кичево, на која промовира дел од ...

Бучковски и Груевски се изнавредија во Охрид

Вест - 22.05.2006

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој пред охриѓани во саботата ја претставуваше својата изборна програма, а премиерот Владо Бучковски во охридскиот Дом на културата присуствуваше на свечената академија по повод Денот на Власите, својот престој во Охрид го искористија предизборно и да се ...

Санадер денес во Македонија

Утрински - 22.05.2006

Посета Хрватскиот премиер Иво Санадер денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија. Предвидено е хрватскиот премиер да има средби со највисоките македонски раководители. Според агендата, Санадер ќе биде примен од шефот на македонската држава, Бранко Црвенковски, и од претседателот на ...

Власта ветува мед и млеко, опозицијата - работа

Вечер Прес - 22.05.2006

Владо Бучковски, лидерот на СДСМ е подготвен да се обедини со ВМРО-ДПМНЕ околу проектите за европска Македонија. Тој вчера во Кичево истакна дека е подготвен да соработува со сите партии кога се во прашање стратешките интереси и интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО.

Јас сум маж и не следам други мажи

Вечер Прес - 22.05.2006

"Јас сум маж и не следам други мажи", одговори премиерот Бучковски на прашањето на "Вечер", зошто го следи Груевски и во ист ден оди во истите градови каде што Груевски ја промовира економската програма. Само дваестина минути пред Бучковски да ја покаже својата машкост, портпаролот на СДСМ, Борис ...