TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Пола лига во борба за опстанок

Вест - 03.03.2001

Почнува пролетниот дел од фудбалското првенство Во првиот дуел со многу жар.- Момент од средбата Работнички К.-Цементарница 55 По тромесечна пауза фудбалските каравани на Првата и единствената Втора фудбалска лига го продолжуваат својот пат.

Дербито во Прилеп

Вест - 03.03.2001

Прва лига - 14.коло Најинтересен натпревар во стартното коло на пролетниот дел од Првата лига е дуелот во Прилеп меѓу Победа и Силекс. На останатите мечеви се среќаваат: Беласица Г.Ц. - Тиквеш, Цементарница 55 - Работнички Кометал, Саса - Борец, Пелистер - Македонија Ѓ.П.

По шест тима во игра за врвот и за опстанокот

Дневник - 03.03.2001

ФУДБАЛ - УТРЕ ПРОДОЛЖУВА 9. ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА Од утре продолжуваме таму каде што сме застанале за да го довршиме почнатото во есенската полусезона, а тоа е - задржување на првото место на табелата во првенството на Македонија - изјави Алексо Мацков, тренерот на фудбалерите на Вардар, лидерот ...

Крстевски и суди на Слога Ј. во првите две кола

Дневник - 01.03.2001

СУДИИТЕ ИЗВЛЕЧЕНИ СО ЖДРЕПКА Љубомир Крстевски, битолскиот прволигашки фудбалски судија од Топ 10 листата, ќе и суди на Слога Југомагнат во првите две кола од пролетниот дел на македонското првенство. Популарниот Крцул ќе суди на средбата со Шкендија ХБ, во Тетово, в недела, но и на дербито со ...

"Играчите играа калкулантски во вториот дел"

Дневник - 27.02.2001

тренерот на слога Ј. Јовановски ПО МЕЧОТ СО БЕЛАСИЦА Ѓоре Јовановски, тренерот на македонскиот фудбалски шампион Слога Југомагнат, не е задоволен од прикажаната игра во второто полувреме од првиот четвртфинален меч од Купот на Македонија, во кој чаирчани ја победија Беласица во Струмица со 1-0.

Пелистер и Слога не им простија на Вардар и Беласица

Вест - 26.02.2001

Натпревари од 1/4 финалето од Купот на Македонија Во првите натпревари од 1/4 финалето на македонскиот фудбалски Куп Пелистер, Слога и Шкендија ХБ успееја да извојуваат победи, додека Цементарница 55 играше само нерешено во Струга, против второлигашот Караорман. Посебно "жешко" беше во Битола.

Гулабите им се одмаздија на кенгурите

Дневник - 26.02.2001

БЕЛАСИЦА ГЕРАС ЦУНЕВ - СЛОГА ЈУГОМАГНАТ 0-1 Со голот на Пресилски во 28 минута, "чаирските гулаби" им вратија со полна мерка на струмичани за поразот во последното есенско коло и се на праг на пласман во полуфиналето од Купот на Македонија.