TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Нека се вратат во МПЦ, не им го бараме имотот

Време - 15.07.2006

ВЛАДИКАТА ПЕТАР СО КОМПРОМИСЕН ПРЕДЛОГ Владиката Петар, администратор на австралиската епархија на МПЦ, им понуди компромис на претставниците на црковните општини што не го признаваат неговото намесништво да се вратат во МПЦ, а тој нема да им го бара имотот на нивните општини се додека самите не го ...

Тие не се црковни лица, туку бизнисмени

Вест - 15.07.2006

МПЦ НЕ ГО ПРИЗНАВА ЗДРУЖЕНИЕТО НА МАКЕДОНСКИТЕ ОПШТИНИ ОД АВСТРАЛИЈА Владиката Петар смета дека тие се група луѓе чија црква е регистрирана како компанија и не ја признава јурисдикцијата на МПЦ Митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиски и новозеландски Петар смета дека ...

Расколот меѓу верниците во Австралија не стивнува

Утрински - 15.07.2006

Групата македонски иселеници од Австралија кои деновиве не беа примени на разговор со поглаварот г.г. Стефан не ја почитуваат Македонската православна црква и нејзиниот Устав и тоа е основната причина што немаше средба со врвот на нашата Црква.

Владиката Петар нуди компромис за проблемите

Дневник - 15.07.2006

Проблемот со имотите на македонските црковни општини во Австралија треба да се реши по примерот на уредувањето што го примениле сите други православни цркви, изјави вчера владиката Петар Проблемот со имотите на македонските црковни општини во Австралија треба да се реши по примерот на уредувањето ...

Архиепископ на верниците, не на владиците!

Време - 14.07.2006

Без намера да го поматиме големиот ден на Македонската православна црква со хиротонисувањето на 11-тиот македонски владика, сепак не можеме да му одмолчиме за, според нашето длабоко убедување, скандалозниот потег на поглаварот г.г.

Митрополитот Петар: Верниците во Австралија, сценираат недоразбирања зашто ги интересирале само пари

Канал5 - 14.07.2006

Злоупотреба на црковните пари – тоа е целта на дел од Македонците во Австралија кои не сакаат да ми дадат отчет за приходите од црквите тврди владиката Петар. Злоупотреба на црковните пари тоа е целта на дел од Македонците во Австралија кои не сакаат да ми дадат отчет за приходите од црквите тврди ...

Македонците од Австралија ќе ја платат одбраната на Бошковски

Време - 13.07.2006

ЦРКОВНИТЕ ОПШТИНИ СОБРАЛЕ 10.000 ДОЛАРИ Здружението на македонските општини од Австралија собрало 10.000 австралиски долари со кои планира да ги плати адвокатите што ќе го бранат Љубе Бошковски пред судот во Хаг. Македонците од Австралија ќе лобираат да му се овозможи квалитетна одбрана на ...

Синодот мора да го заузда владиката Петар

Време - 13.07.2006

ИГОР АЛЕКСАНДРОВ ОД МАКЕДОНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО АВСТРАЛИЈА Боби Христов Синодот на Македонската православна црква мора да собере храброст и да му стави крај на самоволието на владиката Петар, бидејќи неговата атака врз македонските верници во Австралија и носи огромни штети и на МПЦ и на македонската ...

Владиката Петар нагости 200 деца

Дневник - 13.07.2006

Повеќето од децата заболени од церебрална парализа имаа можност да разберат дека не се заборавени Преспанско-пелагонискиот митрополит г. Петар вчера го прослави големиот христијански празник и негов именден Петровден на заедничка трпеза со двесте деца со хендикеп, бездомни и гладни деца од Битола и ...

Иселениците ќе платат за да гласаат на изборите

Дневник - 13.07.2006

Иселениците од Македонија се подготвени да помогнат финансиски за да се организира нивното гласање во Австралија за идните македонски избори Иселениците од Македонија се подготвени да помогнат финансиски за да се организира нивното гласање во Австралија за идните македонски избори, изјави вчера ...

Г.г Стефан: Без присуство на владиката Петар нема дијалог со австралиските Македонци

Канал5 - 13.07.2006

Нема дијалог меѓу поглаварот Стефан и австралиските Македонци без присуство на владиката Петар. Ова е ставот на архиепископот по јавното барање на претставници на македонската заедница во Австралија да се сретнат со него. Нема дијалог меѓу поглаварот Стефан и австралиските Македонци без присуство ...

Македонските влади не прават доволно за Македонците во соседството

А1 - 12.07.2006

Ниту една влада во независна Македонија нема направено доволно за подобрување на правата на Македонците во соседните држави, причина за тоа се територијалните претензии на соседите, смета Питер Брин, пратеник во Парламентот на австралиската држава Нов Јужен Велс.

Г. г. Стефан не ги прими Македонците од Австралија

Време - 12.07.2006

СКАНДАЛОЗЕН ОДНОС НА ПОГЛАВАРОТ НА МПЦ Поглаварот на Македонската православна црква г. г. Стефан вчера одбил да се сретне со претставниците на Здружението на македонските општини од Австралија, кои заедно со пратеникот во парламентот на Нов Јужен Велс Питер Брин барале средба со него да разговараат ...

Ново барање на Македонците од Австралија до МПЦ за смена на владиката Петар

Канал5 - 12.07.2006

Македонците во Австралија повторно бараат МПЦ да го смени владиката Петар од функцијата администраторот на австралиската епархија. Веруваат дека со назначување на нов владика ќе се стави крај на десетгодишниот судски спор што тие го водат со владиката Петар.

Потребна е подобра соработка со иселениците

Дневник - 11.07.2006

Постои потреба од поинтензивна и подобра координација помеѓу организациите на Македонците во Австралија и институциите во Македонија, истакнале австралиски пратеници, кои вчера се сретнаа со претседателот Бранко Црвенковски. Делегацијата од Нов Јужен Велс, предводена од пратениците Питер Брин и ...

Средба Црвенковски со делегација од Нов Јужен Велс

Вечер Прес - 11.07.2006

Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски вчера прими делегација од Нов Јужен Велс, Австралија, предводена од пратениците Питер Брин и Норин Хеј, во чиј состав се и нивните советници Игор Александров, Мајкл Радин, Ицо Најдовски и Роберт Деспотовски.