TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Неуиграни не можеа против фаворитот

Дневник - 28.10.2004

КОШАРКА - ЛИГА ФИБА ЕВРОПА Фуриозното прво полувреме на Киев, во кое Фершпед Работнички многу грешеше, беше решавачко за убедливата победа на украинскиот тим од 88-62 на гостувањето во Скопје, во првото коло од Групата А во лигата ФИБА Европа.

Блиска средба од трет вид

Утрински - 28.10.2004

Убедлив пораз на Ф.Работнички на стартот на ФИБА Евролигата од Киев Давитков: Се победивме сами со катастрофално лоша игра Наум Котевски Фершпед Работнички нерадо ќе се навраќа на своето деби во ФИБА Евролигата. Силниот Киев на "перверзен" начин ги истретира "шпедитерите" како небитен фактор, и на ...

Сами се победивме

Време - 28.10.2004

КОШАРКА - ФИБА-ЕВРОПА ЛИГА Самоил Петрески Со катастрофална игра во одбраната и со само три погодени шута од 16 обиди за два поени во првото полувреме, кошаркарите на Фершпед Работнички сами си ја запечатија судбината во дуелот против Киев, 62-88, во 1. коло од лигата на ФИБА-Европа.

На Фершпед Работнички му се стемни европското утро

Вест - 28.10.2004

КОШАРКА - ФИБА ЕВРОЛИГА На украинскиот Киев му беа потребни пет минути за да ги растури сништата на Фершпед Работнички за успешно деби во А-групата на Евролигата на ФИБА. Оптимистичките најави од таборот на нашиот најбаскет колектив за успешно европско утро биле само чиста реторика, бидејќи од ...

Фершпед Работнички во Јадранската лига в година

Вест - 27.10.2004

Ако салата во Скопје биде готова Фершпед Работнички од следната година може да се натпреварува во Јадранската лига, доколку навреме заврши изградбата на новата спортска сала во Скопје. Тоа е и единствената посериозна пречка, која највисоката делегација на оваа Лига, Радомир Лорбек(директор) , Роман ...

И без сала, Ф. Работнички в година во Јадранската лига

Време - 27.10.2004

КОШАРКА Самоил Петрески Македонскиот кошаркарски шампион, Фершпед Работнички, од идната сезона ќе биде вклучен во натпреварите од Јадранската гудјиер-лига дури и ако новата сала, која во моментов се гради во близина на хотелот „Александар палас“, дотогаш не биде завршена.

"Шпедитерите" во Јадранската лига во 2005/06

Утрински - 27.10.2004

Доколку изградбата на новата спортска сала во Скопје заврши на време Наум Котевски Ако новата сала, која моментно се гради во Скопје со капацитет од 8.000 гледачи биде готова на време, реални се шансите 11. кратниот македонски кошаркарски шампион, Фершпед Работнички, да партиципира во Јадранската ...

Работнички Фершпед стартува во ФИБА Европа

А1 - 26.10.2004

Македонскиот првак Работнички Фершед со натпреварот на домашен терен против украинскиот Киев денеска стартува во годинешното издание на ФИБА Евролигата. Првиот противник на Работнички е меѓу фаворитите во групата „А“ , во чиј состав има повеќе познати кошаркари, предводени од Аргентинецот Марсело ...

Фершпед Работнички со пораз стартуваше во Евролигата

А1 - 26.10.2004

Македонскиот кошаркарски шампион Фершпед Работнички со пораз стартуваше во новата сезона во ФИБА Евролигата. Очекувано убедлив пораз од силниот украински првак, еден од фаворитите за висок пласман меѓу четирите екипи кои продолжуваат во втората рунда.

Фершпед Работнички со нова сала во Јадранската лига

А1 - 26.10.2004

Македонскиот кошаркарски шампион Фершпед Работнички против украинскиот првак Киев вечер ја почнува сезоната во ФИБА Евролигата. Во конкуренција уште и на Уникс Казан, Фенербахче, ЦСКА Софија, Хапоел Галил Елион и на Нимбурк, целта е да се биде меѓу првите четири екипи за пласман во втората рунда.

"Шпедитерите" имаат лек за силните Украинци

Утрински - 26.10.2004

Вечерва во "Градски Парк" (20.30) Ф. Работнички против Динамо К. стартува во ФИБА Евролигата Наум Котевски Вечерва во својата сала во "Градски Парк", Фершпед Работнички ја почнува еврокампањата со дебито во ФИБА Евролигата против младиот (постои само пет години) но играчки искусен Динамо Киев, кој ...

Ф. Работнички со амбиции за вториот круг

Дневник - 26.10.2004

КОШАРКА - лига ФИБА Европа Иако украинскиот Киев е многу силна екипа со голем буџет, македонскиот кошаркарски шампион Фершпед Работнички се надева на победа во мечот (20.30 ч., МТВ пренос) во салата "Градски парк" во Скопје, во рамките од првото коло на ФИБА Европа лигата.

Работнички оптимист за мечот со „легионерите“ на Киев

Време - 26.10.2004

КОШАРКА - ВЕЧЕРВА ФИБА-ЕВРОЛИГА, 1. КОЛО Најквалитетната екипа во последниве неколку години гостува вечерва во салата „Градски парк“ (20.30 часот, МТВ пренос), кога македонскиот кошаркарски шампион Фершпед Работнички ќе ги одмери силите со украинскиот Киев, во 1. коло од ФИБА-европската лига.

Работнички стартува против 5 милиони евра тешкиот Киев

Вест - 26.10.2004

КОШАРКА - ФИБА ЕВРОЛИГА Фершпед Работнички годинешната евросезона ја почнува против вториот фаворит во "А" групата на Евролигата на ФИБА, украинскиот Киев. Нашиот шампион вечерва во салата во Градскиот парк ( 20,30 ч.) против себе ќе има клуб чиј буџет се проценува на 5 милиони евра, тим во кој ...

„ШПЕДИТЕРИТЕ“ ВОЗАТ И ВО ЕВРОПА

Вечер Прес - 26.10.2004

Вечерва, во салата во Градскиот парк (20,30 ч.), со средбата против екипата на Киев (Украина), тимот на Ф. Работнич ки ја почнува трката за освојување на кошаркарска Европа, во најквалитетното, клупско, натпреварување ФИБА Евро лигата - група "А".

Кошарка: Фершпед Р. очекува позитивен резултат против Киев

А1 - 25.10.2004

Надежта кај нашата спортска јавност за позначајно меѓународно резултатско остварување што ја разбудија ракометарите на Вардар Про, останувајќи во игра за осминафиналето во Лигата на шампионите со саботната победа во Констанца, ќе се обидат да ја одржат и кошаркарите на Фершпед Работнички.

Волков во Киев собра интернационален состав

Дневник - 25.10.2004

ДИНАМО УТРЕ ГОСТУВА ВО ГРАДСКИОТ ПАРК Русинот Чикалкин, Аргентинецот Никола и Гркот Јанулис се најпознатите имиња кај ривалот на Ф. Работнички во лигата ФИБА Европа Поранешните кошаркари на Бенетон, Русинот Сергеј Чикалкин, Аргентинецот Марсело Никола и Гркот Јанис Јанулис, се најпознатите имиња во ...